другарка има .. Спојлер околу 7-8 маици и 3 фустана за излегување и 3 пара фармерки ..1 хеланки.. 2 џемпера..пролетно/летно палтенце нема... ама задоволна е со тоа што го имам колку толку не е без ич..тешки врмиња дојдоа...и даваме пруслоци со другарките..позајмуваме облека за излегување.. патиките и се лепени од преку лани..замислете Спојлер ова излезе како озборување ....само што мене реетко ми даваат пари што соберам купам поевтинко и готово..во месецот 1 работа до 900 ден. купувам (парфем,парче облека,пудра поефтинка за да имам пари да купам и др. дел од козметика...)
Имам 3 пара фармерки (хеланки,панталони и тренерки немам),два летни фустани,есенско палто,една зимска јакна,два дуксера,еден џемпер,две блузи,15 маици. И не ми треба многу.Колку ке си заштедам толку ке си купам бидејки не можам постојано да барам од моите.Сега да си прособерам уште малку пари за неколку блузи и супер. Инаку сета облека секогаш ми е чиста и никогаш не ми е искината.
така е кој што има тоа..не може секој да има по многу... само да не се менува често килажата тоа ке е добро за да се носи облеката
Убаво од твоја страна што не им бараш постојано пари на родителите,доколку се во тесна ситуација,туку си собираш поздрав до тебе Јас месецов се подновив со 10тина блузи и еве сега се пребројував, имам 26 летни и 19 зимски блузи ама сепак треба уште малку да купам
Не дека немам што да облечам, колку што немам за убаво да искомбинирам. Стално нешто не ми одговара, или немам соодветни обувки, каиш, или палтенцето не ми одговара најмногу со бојата или моделот... Ама не можеме секогаш да имаме на располагање во сите бои и соодветни модели. Затоа гледам да не се замарам многу, а и на другите да не судам. Тие се можностите кај нас. Затоа, гледам кога ќе купувам да е убаво, да можам да го носам и комбинирам повеќе. (Но, без разлика колку облека имам, имам многу необлечени работи и секогаш си носам, вртам едни исти та исти работи, како најомилени.)
Абе женско како женско. Не дека баш нема што да облечеш ама секогаш пред излегување магично исчезува се од плакарот. Најтешко е за комбинирање, ова не стоело со она а не можеш се да имаш, од обувки до чанта. А ме нервира и кога нешто не ми стои, или комбинација што сум си ја замислила во глава не изгледа баш добро онака. А секогаш е тука и тој баксуз, баш фармерките или блузата што си планирала да ја носиш е за перење или не е во плакар. Сите се тука само таа ја нема, ова безброј пати ми се случувало . А и имам некои парчиња што така ги имам, а не сакам да ги носам.
Хаха.. многу се пронајдов.. значи да не речам секој ден..ама скоро секој втор дури и плачам пред плакар од нервоза. А внатре уште "на попот ушите" што би рекла мајка ми фалат.. плакарот неможам да го исчистам од летни за зимскиве да ги ставам.. ама пуста јас секогаш " немам што да обчечам" зошто Оваа недела сум ги носела тие работи и како демек сите ме памтат како сум била облечена.. пуста женска глава .. секогаш нешто фали..
Искрено и да имам премногу облека не знам што би правела.Што ке ми се повеке од 5 блузи,15 маици,два дуксера и еден џемпер и 3 пара фармерки? Секако за 2-3 месеци ке си купам нов пар фармерки.Но сакам да кажам не ми требаат 10.Важно си имам да менувам.А и сега и немам каде да одам за да се дотерувам.Школо-дома и обратно.А во школо имаме униформи.Не се замарам многу со облеката.А кога ке дојде лето е тоа е друго,тогаш ке си се подновам убаво.
Колку и да имаме облека нема да сме задоволни ние жените Во принцип во последно не се замарам лично јас до толку,имам облека доволно да си сменувам,ама не сум заразена како порано леле ова видов еј морам да го имам леле она видов некогаш бараме и трошиме пари на непотрени работи,не дека облеката е непотребна ама пример сакаме од едни исти модели да имаме во повеќе бои,ке ни мине кефот и така ќе дреми ќе фаќа прашина
Јас се имам изјаснато во темава, дојдов само за да ја оставам сликичкава со совет за сите оние кои мислат дека немаат што да облечат
Па немам милион парталчиња,од најновите трендови,ама имам многу облека. А во последно време не ми се оди ни по шопинзи,мразам да пробувам парталчиња и не ја користам фразава,пу пу! И да се сложувам со феминката од погоре,некој со многу малку,а со стил може да изгледа као да носи незнам што. Тоа е.
Викаме: "Немам што да облечам" затоа што имаме многу.. да немавме навистина тогаш да видите како лесно ке наоѓавме па и 3 парчиња да се...
Пораноо на мајка ми и го кревав притисокот со реченицава! Значи на жената и идеше да ме врати од каде што сум излегла!Ќе излезевме во шопинг и ќе ми купеше 2-3 ствари и ќе ми речеше ова ти е за цел месец-два немој да се жалиш дека немаш што да носиш! Јас?!Нема шансиии! Помини недела-две и јас повторно туфкам низ дома со истото! Арно ама кога почнав да работам гледам колку вреди парата и се што ќе си купам ми е посебно драго и мило и не сум се пожалила па можеби 2-3 години дека немам што да носам! Наравоучение:Вработете се!
Мислам дека ова е мојата најкористена реченица Баш вчера си го средував плакарот и сфатив дека имам алишта шо ниеднаш не ми се облечени и ги немам вметнато во ниедна комбинација и просто останав зачудена. Си реков како барам преку лебо погача јас со толку ич не клаени алишта. Време е да се затнам
Ова е една од моите мн чести реченици иако плакарот ми е полн,дури и повекје од тоа ,затоа што обожавам да купувам,мн често се подновувам со нови и нови работи сепак таа реченица не изостанува Иии секако тука е мајками да ми каже па сигурно дека од толку многу работи незнаеш што да облечеш женска посла, ко да разумее