Ќе звучам клише, ама ова ни се дешава затоа што ретко кој е вистински посветен на сегашниот момент. Мислите ни се де во минатото, де во иднината, а сегашноста проаѓа без да забележиме, а со неа милион убави прилики.
Го знаете ли вицот или што и да беше.. Влегуваат неколку жени во зграда, каде може да си одберат маж. Ама не смеат да се вратат кат назад. И така на првиот кат има просечни мажи, се качуваат на следниот има не знам високи мажи со убави очи, и викаат аха значи колку погоре се качуваме, тоа мажите се сѐ поубави. И така се качиле на третиот кат, кога таму навистина уште поубави од претходните, високи, со убави очи, убаво обликувано тело.. Но и тоа не им било доволно, и се качиле на уште еден спрат погоре. И таму било празно, немало никакви мажи, и си останале со празни раце. Така и јас направив, не бев свесна што имав, не ми беше доволно, барав уште и уште.. Добивав едно време, и се залатев се додека на крај не останав со празни раце. И научив, дека за среќа не треба многу!
Гледам дека им е смешно, ама I feel you иако мене за други храни ми беше вака. За движење, слобода.Пандемијава нè уништи. За материјални работи не бидејќи човек може да ги изгуби и да ги врати многу полесно.
Го изгубив, бидејќи не бев свесна дека имам личност покрај себе која е посебна, единствена и златна. Сега знам, али касно е веќе за се.. глупава