Еве и Снежана ќе биде темна. Оти кожа бела како снег е исто како и кожа со потемна боја. Дури ни јас не би можела да ја глумам Снежана оти не сум до толку бела како снег… ама ај нека тера.
E како ова до денес, вчера не го знаевме Дур да искочи Ариелов, им беше гајле изгледа за чувствата и сексуалната определба на ХКА
Освен ужасот што го добивме со менување на расата на Ариел, најнови вести дека актерката за Урсула НЕ е виолетова туку БЕЛА. Хаос..
Настрана од дискусијата за Ариел, ако мене ме прашате многу подобро на ликот и музичката тема на Урсула стои некоја бедес црнкиња ко Квин Латифа што беше И се надевам нема да ја сменат / тргнат песнава пошто е мастерпис Исто unpopular opinion Урсула е закон
Книгите ги читав во 2013та година. Главниот лик е Rose Hathaway која е бела со кафеава коса. Овде гланиот лик е толкуван од Афроамериканка (no hate) што ни малку не личи. на Rose. Lissa Dragomir е русинка, бела нежна со руса коса и сини очи. Овде е играна од глумица со потекло од Венецуела, со црна коса. Значи WTF, никогаш нема да ја гледам серијата, разбирам да вметнат црн и латина лик со оглед на тоа што во книгите сите главни ликови се бели со руско потекло, ама баш да ги сменат двете главни е катастрофа. Нема да ме чуди тука да се со украинско потекло наместо руско.
Во моментот е актуелна серијата за Клеопатра, како една од најлошите серии, бидејќи Клеопатра ја глуми црна актерка во она што треба да е документарец. Последно на Rotten Tomatoes имаше рејтинг од 3%, што многу луѓе коментираат дека и тоа е многу, а да не заборавиме дека Нетфликс ги затвори коментарите на трејлерот на Јутјуб ради огромниот број дислајкови. Најинтересното во сето ова е што адвокат од Египет поднел тужба против Нетфликс бидејќи документарецот е историски неточен и тоа е навреда за тој народ, за нивната култура и историја. Меѓутоа факт е дека Клеопатра има грчко потекло, била припадничка на Птоломејската династија, која во серијата иронично ја глумат црни луѓе. Или сепак Американците како типичен неедуциран народ за се што е надвор од нивните граници се воделе по тоа „чим е во Африка значи биле црни“. Во видеото подолу зборува и како во серијата се избегнува суптилно се што укажува на потеклото на Клеопатра и дека била се освен црнкиња. Се поставува прашањето, зошто наместо да се пребојуваат познати историски фигури, не се направат документарци за actually црни историски луѓе, бидејќи...постеле? Или да се земат актери од местото на потеклото на човекот за кого е документарецот? Или се во име на екстремен woke-ness, бидејќи ако не го прават бели луѓе не е расизам. Спојлер Свесна сум и дека има многу примери како порано ставале бели луѓе да глумат на места каде што посоодветни би биле од друга раса, што скроз не е во ред секако, но сега актуелно е ова.
Буквално имаше една на подкаст сега кога беше крунисувањето на Чарлс. И цело време се расправаше зошто биле сите белци во семејството, требало црнци да вклучат Значи не сфаќа дека тоа е an actual семејство, туку го гледа како на филм Како тргнало, вака ќе е https://youtube.com/shorts/jrcbmIRcdLM?feature=share3 Веќе не е ни расизам, туку како и за се друго, претеризам. Само се оди од една во друга крајност.
Ултра конзервативните движења од запад се повеќе и повеќе се присутни и кај нас. Најголем проблем на угнетените белци - црни глумци. Едвај чекам да излезе убава снимка од The Little Mermaid, да гледам.
Исто направија и со новиот филм Петар Пан. Го пуштив некни , абе се индијци , црнци во него. Па тие не отишле во Недојдија, отишле во Африка.
Од оваа мода веќе, и глумци почнаа за премиери да местат, пусти енглези со Сунак. Уште Бајден да го информираа кој е главниот лик, да не се бламира онака.
Мене лично, а верувам и на повеќето што искоментираа, баш ништо не ни менува расата и бојата на кожа на глумецот, забелешката е само и единствено за ликови кои треба да бидат белци. Да се снима филм за Обама, дали глумецот што ќе биде во улога на Обама треба да биде црна раса, бела, Кинез? Одговорот е јасен. Или, се снима филм за луѓе во Тајланд, а актерите сосема други физички карактеристики имаат од луѓето што живеат во Тајланд. Тука ќе има реакција, што е нормално, и тоа не е расизам. Накратко кажано, ако сакаат филмови со црнци, нека измислат нова приказна, а не белци да претвораат во црнци. За тоа има реакција, а не дека ултра конзервативните движења станале се' поприсутни и гласни за црните актери.