Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Обратен“ расизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Directioner005, 11 септември 2022.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Каде спомнав расизам? Али добро што ти го спомна, дефинитивно и расизмот е фактор за ваквите ултра десничарски движења и на запад а и кај нас.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Се едитирав. :) Па алудираш на расизам, затоа го спомнав.
     
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Не алудирав на расизам, туку на ултра десничарски движења. Не се сите десничари по дифолт расисти, али ваквиве интернет хајки против филмови/серии најчесто се водени од десничари кои ете по некоја случајност често се и расисти, па баш добро што ти го спомна. :D

    Искрено, кај Клеопатра единствениот проблем е што го класифицираат како документарец. Оти самото менување на расата на Клеопатра автоматски го прави се' освен документарец. Не го имам гледано, немам ни желба да го гледам, ама затоа едвај чекам The Little Mermaid :D
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Интернет хајки. :D Јас спомнав расизам, но баш спомнав дека нема расизам. Дека реакциите се затоа што некогаш нема логика да тупнат црнец за лик кој треба да е белец. Нема врска со десничарско движење тоа. Не сме се собрале на темава сите конзервативци да џавкаме против црнците, а на сите ставот ни е скоро ист. Да си измислат нови приказни а не за, пример, некоја девојка што треба да биде со руса коса, сини очи, светол тен, тие да ја упропастат со црнкиња. Ништо против црнкињите, убави се, ама тие во друга некоја приказна.
     
    На Elenpelen и VDT2906 им се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Ептен се познава дека немаш појма што е review bombing и останати дејствија што спаѓаат во интернет хајки, па затоа ти е смешно.

    Ова не го зборам за фемина форум, тука други хајки има. И мислам, смешно е да кажуваш дека на сите што пишуваат во темава ставот е ист, читни ја темава назад, очигледно е дека не е. :D
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Немам појма јас, ти имаш. И не пишав сите, туку скоро сите. Заклучокот е тој, за црнци - нови приказни.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    8.284
    @staycalm Јас не сакам некој утре Мухамед Али кој ми е фејв, да го глуми белец. As simple as that :D

    Ако ставаат глумци само поради боја каде треба и каде не, пак ќе биде исто како порано.

    Ако сакаме напред и да се решаваат работите, актерите треба да се бираат според талентот.

    Пример, не може утре Кевин Харт да го глуми Мартин Лутер Кинг. Ако е и тој црнец. Едноставно не би бил соодветен.

    За Клеопатра, и на другарка од Каиро и е филмот глупост :D За Малата Сирена, дури и на Инста ми излегуваа црнци како are over the drama :D

    Не оти е црна, бела ило розева, туку оти е досадно веќе по 100 пати нови изданија на веќе виденото :D
    Обичниот народ од било која боја барем по коментари што читам, е реален. Се друго е delusional :D
     
    На *Amethyst* и Directioner005 им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Проблемот е што со вакви филмови пробуваат да решат расизам кај што го нема. Демек еве ќе ставиме црн актер да се покажеме либерте. А не гледам дека им е забрането на црнци да глумат во филмови неповрзани со реални историски ликови или па за црни луѓе. Ниту имаат повеќето против кога се работи за такви улоги.

    За хорор филмови се прават маски, шминки, бираат актери според глас, смеењето, специфично лице и тело (Бони Аронс, Хавиер Ботет, Бил Скарсгард) ама за историски ликови дај шта даш.
     
    Последна измена: 1 јуни 2023
    На *Amethyst*, VDT2906, Directioner005 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    За Клеопатра се согласувам, документарец е документарец, не е измишљотина, па како сакаш и што сакаш да правиш со ликовите и приказната.
    За Ариел ај, не знам како е опишана во приказната оригинална, не ми смета нешто посебно, актерката ми се допаѓа и има преубав глас.
    Ама да, првично е досадно истите приказни да се обработуваат, нека измислуваат нови работи, со црнци, белци, што да е, само не овие римејкови.
    Би ми сметало и лик од книга да е во филм обратно од описот, во било која насока. Да е црнец, а да го глуми белец, или да е белец, а да го глуми црнец.
     
    На Victorian, Евроазија, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Freudian slip? :D
    Како нешто ко боја на тен, коса, очи може да пази...упропасти нешто? Ко целата смисла на филмот да се базира на бојата. Особено па ко беше дискусијата за Ариел.
    Освен ако е документарна за Хитлер, не гледам многу влијание врз приказната. Може да си го викаат документарец до утре од Нетфликс, ама документарец дефинитивно не е.

    Дали е глупаво што ги менуваат сега сите бели ликови да се у боја? Да, глупаво е. Ама има лесно решение за тоа. Не ги гледам ако ми се глупи. Секако не планирам да ги гледам, било шо боја да се. Ја имам веќе гледано Ариел, ја знам приказната. Нема да гледам сега како топла вода измислуваат. Реално ова е повеќе насочено кон генерален хејт на remakes во толку краток рок, али да не бегам од темата.

    Расизам секако не е. Ептен им е гајле на Нетфликс за чувствата на луѓето. Ако тоа го бара маркетот, тоа ќе го прават. Ако нема публика и гледаност, нема да го прават. Некако не можам да сфатам што се тригерираат луѓето за бојата до толку, ко тоа да им е најголем проблем у животот.
     
    На Victorian, Ketchup, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Така, може. :) Некогаш, имаш лик што треба да има одредени физички карактеристики. Таква си е приказната. Замисли, прават филм според книга, убаво си е тука опишано како изгледа некој, и гледаш во филмот спротивност од тоа. Тоа е упропастување на приказната. Не дека мене ме заболе, јас не ни гледам толку филмови, ама кога правиш нешто или прави го како што треба и како што е или измисли нешто ново. Некогаш физичките карактеристики не значат ништо, некогаш значат. Зависи.
     
    На Elenpelen, *Amethyst*, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.828
    Пол:
    Женски
    Јас поназад имам пишано дека сум океј со тоа малата сирена да ја глуми црнкиња, бидејќи и онака е фикција и изменета од оригиналната приказна која е сурова и има тажен крај. Иако повеќе сум за креирање на нови приказни наместо само преработување стари, досадни станаа со преработките. Ама за ликови кои вистински постоеле сосема не е во ред да ги пребојуваш. И да, расизам е, бидејќи треба да е документарец, а форсираат инклузивност и таму каде што не и е местото.

    Нормално дека ќе се чувствуваат навредени Египќаните и Грците, лажно им ја претставуваат историјата и културата за сметка на инклузивност. Нормално дека ќе има негативни реакции од секаде. Како вие би се чувствувале ако земат сега и направат документарец за некој дел од македонската историја и наместат црнци за глумци во името на инклузивноста? За Обама или Мартин Лутер Кинг да наместат белци глумци ќе има протести (што и со право, бидејќи не треба, но дволичност има). Ама за ова радикалниве левичари ептен забегаа.
     
    На Victorian, *Amethyst* и VDT2906 им се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Не е исто да се менуваат црни ликови со бели и обратното. Веќе е објаснето истово неколку пати во темава зошто, и комплетно се согласувам.

    Мој впечаток е дека актерите никогаш не се бирале само според талентот, секогаш има и други релевантни фактори.

    За Клеопатра искрено не сум читал многу, избегнувам такви shit shows, само знам дека има многу низок рејтинг и од критичарите не само од публиката, па сигурно има валидна причина зошто (покрај црниот главен лик). Мене лично, како што кажав и погоре, главен проблем ми е класификацијата на филмот како документарец, оти тоа не е документарец.

    За малата сирена најверојатно читаме различни извори, јас на фејсбук и инста гледам многу позитивни реакции, особено ми се насолзија очите од малите црни дечиња што ги снимале до тв. :) Овие другиве „anti woke“ инфлуенсери што сигурно јадат гомна за ова како и за се' друго, нит ги следам, нит сакам да ги слушам што имаат да кажат. :D
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Ариел е баш најдобар пример да се земе за ова. Да не се лажеме дека кога излезе Ариел ja имавме читано книгата, па демек на 5-6 години бевме "Ах, да. Тоа е. Ете ја соодветната боја. Сега можам да уживам".
    Во цртанот да била зелена, пак ќе го гледавме и ќе ја знаевме истата приказна.

    Затоа тврдењето дека бојата на тенот до толку ја упропастила приказната е како да кажам...расистичко.
     
    На Victorian, Ketchup, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    8.284
    How so?
    И јако. Од една страна за Ариел ти одговара да следиш, ама за Клеопатра не ти одговара. :D
     
    На VDT2906 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Накратко кажано, заради историскиот лош третман на црнците, а дури и денес во одредени држави има многу расизам.

    Па да, ми одговара за Ариел да следам затоа што ми се допаѓа и ме интересира, ова другово не ме интересира и не сум заинтересиран да гледам, ко и се друго што следиме заради тоа што не интересира. Што е спорното тука?
     
  17. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Женски
    @staycalm : Овие другиве „anti woke“ инфлуенсери што сигурно јадат гомна за ова како и за се' друго, нит ги следам, нит сакам да ги слушам што имаат да кажат.


    Како бе ние по на десно сакаме да слушнеме што имате да кажете, па да се спротивставиме на ставовите што не се во склад со нашите? Претпоставката е мајка на сите незнаења :) Како и секогаш, кога не се согласуваме со либерал шит тингс секогаш сме конзерви и затуцани, па дури и кога се буниме дека не ни одговараат филмови каде за бели историски личности се прават филмови каде што личностите не изгледаат воопшто како самите историски личности. :smirk:
     
    На *Amethyst*, VDT2906 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Појма неам, ваљда имате некаква сатисфакција од тоа да се рчкате.
     
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    8.284
    @staycalm Аха. Значи поради историски лош третман, сега задолжително мора да бидат дел од секој филм, без разлика дали некој го бива или не? И ова ти го нарекуваш напредок? :D

    За мене лично, напредок е да глуми глумец кој е најсоодветен за дадената улога.

    И таман работа. Нема ништо спорно да си следиш содржини што си ги сакаш. Ама гласен да си за Ариел, а за Клеоптра, ах сигурно се друго не чинело, тоа што е црна е мање битно :D

    И толку си завлечен со таа woke култура, што мислиш дека расизам е само белец кон црнец и како и за духови, само е по Америка :D

    Пример Јужна Кореја. Наострени и кон бели и кон црни.
    Читав некаде дека Италијанци воопшто не сакале Азијци, па некои туристи не ни биле услужувани.

    Anddd, расизам е и кога по емисии, подкастови и слично, црнци ужасно вреѓаат белци. Ама тие не мислат дека тоа е расизам. I wonder why :D
     
    На Konfetka, Munchmallow20, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Диверзитет, репрезентација, инклузија, и не е само за расите туку и другите малцинства. Да, диверзитет и репрезентација е напредок. Жал ми е што тоа ви смета толку, решението е едноставно, не гледајте "woke" серии и филмови.