Прво, лепењето етикети е џабе. Има и десничари и левичари кои не се сложуваат со ова. Второ, и зад реална и зад измислена приказна има автор. Трето, автор(еден човек, група на автори, народ, држава) кој одредил карактеристики на ликовите. И тие не смеат да се менуваат без негово одобрение. Неговите дела се дел од културното наследство на државата.Ако авторот сега не е жив, тогаш се бара одобрение за промена/нова верзија од потомците или државата). Четврто, крајно глупо е да се менува историјата и нејзините факти.
Уште ли се нервирате што Ариел е црна? А не е убаво малите црнчиња кои гледаат сирена што изгледа ко нив да се радуваат на филмот? Стариот цртан е тука и секогаш можете да го гледате, live action си е друг филм со променети работи и тоа е тоа.
Истиот ефект ќе беше постигнат ако измислеа нова црна сирена, вложеа толку пари и маркетинг. Апсолутно истиот, само ќе немаше незадоволни страни. Ама нели, и лош маркетинг е маркетинг.
Како тоа Гркинка а Птоломеј по потекло? Фактот од Тик ток е или Јутуб. На кој му текна си напиша историја како што му одговара, и потоа холивуд ви е крив оти ја направиле црнкиња. Расата е најмал проблем во документарецот ако го гледавте. Историски факти се превртувани и романтизирани. Во однос на малата сирена, морам да кажам дека урсула е топ. Треба филм за урсула исто како и за малефисент.
Добар маркетинг. Знаат денешнава младина на што се пали, за што се конта, каков одзив ќе има за филмов...Бесплатна реклама плус огромна гледаност и профит. Вие вадете си очи колку им е битно црна или бела да е, дебела или слаба, лева или десна...ич не им е. Инаку бела треба да е, без дискусија. Евтин трик за гледаност.
Ај малку седнете и размислете дека ви смета тоа што фиктивна риба е црна. Дека ве навредува тоа што измислена риба не е бела. Спешл сноунфлејкс во ситуацијава сте точно вие. Единствено за Клеопатра е валидна критиката, Клеопатра е вистински историски лик и секако не била црна раса.
Мене воопшто не ми смета тоа што новата Ариел е црнкиња, мене повеќе ми смета тоа што се прават римејкс на култни цртани/филмови, ама нели не е тоа тема на муабет. Сосема ми е океј да има цртани/филмови со репрезентативност на другите раси, нормално дека дечињата сакаат да гледаат принцези/херои што личат на нив, ама затоа постои и можност да се направи нов контент, пример како Моана, или со princess Tiana, мене тие исто ми се култни цртани и си ги обожавам. Во однос на Клеопатра, скроз се согласувам со мислењето на Амели. Едноставно не може да правиш документарец кои што нели е наводно базиран на факти, а да ја правиш Клеопатра црнкиња. Тогаш веќе не е документарец, него е фикција. И ова не е никаков хејт ниту расизам. Исто како и во сериине пример базирани на книги чие што дејствие е во одредени области, еве последно ми текнува на Witcher, дејствието на книгите и серијата се во Полска, а во Полска да бидеме реални немало црнци во периодот на дејствието и малку е смешно и чудно да ги гледаш во серијата, иако е нели фикција. Не дека ми сметаат да ги гледам, ама едноставно мене лично не ми прави смисла.
Тоа и е целата поента, на кратко кажано. Демек 30 годишни луѓе толку се емотивно поврзани со Ариел, докторат спремиле, ја прочитале приказната на 3 месеци. Ова со филмов испадна сите што се расисти да си кажат дека се ама без да кажат директно. Јас не ги гледам цртаниве, ама апсолутно можеше да помине цела ситуација без толку драма да не беа луѓето расисти.
Никаква потреба немаше римејкс да прават на старите класики, едноставно си се перфектни и не треба да се ѓибаат повеќе, изгледа немаат идеи па сега на славата на оригиналите сакаат пари да прават, а што се оденесува до Ариел кога веќе прават римејк нека си биди блиску до оригиналот а не со толку измени, пример ми е Princess and the Frog од 2009та, главнната личнот е црна и воопшто на никој не му пречи, баш супер си функционира филмот и ми е еден од поубавите. Никој не побара бела да биди или live action римејк да се прави каде што принцезата е бела така да не е расизам во прашање на тие што му пречи новата Ариел.
" A member of the Ptolemaic dynasty, she was a descendant of its founder Ptolemy I Soter, a Macedonian Greek general and companion of Alexander the Great." Родена е во Египет, но има грчко потекло, исто е и првата од династијата која течно го зборувала египетскиот јазик. И да, проблем е ако пребојуваш личности што постоеле вистински а правиш документарец, во ниеден случај не била црнкиња. Им менуваш култура и историја на други луѓе без да ти е гајле како би реагирале, имаат скроз право да се навредени. Ако е во Африка не значи дека луѓето мора да се црни. Според критики што читав не е само расата тотална утка, и многу други работи се погрешни. Така да, ова не е документарец, туку очаен неуспешен и навредлив обид за документарец.
Ne e prv pat Kleopatra da bide pretstavena so temen ten vo filmski sodrzhini, a taa imala crvena kosa I pegi. Inaku, diskriminacija i potsmev nad belcite najchesto pravat drugi belci, na primer vicovite za "glupavite plavushi" ili primerot od UK koga barale deca glumci za reklama na Milka i potencirale decata da ne bidat gingers. Ili onie komentari zasho e nekoj bled da odi da se isoncha i posle drugite rasi bile krivi oti se posvesni na taa tema i ne davaat nikoj da gi navreduva ili potturnuva nastrana zaradi nivniot izgled.
Па ако не е проблем расата, можело бела актерка и никому ништо нели. Работава е што кога бираат црни актери за бели ликиви, пробуваат да бидат инклузивни, woke а нема потреба у секоја можна ситуација да тераш инклузивност. Мислам не може бе, што кажав поназад, за Conjuring Бони Аронс да е совршено одбрана за лик на некој демон ради острите црти на лицето и големите очи па со шминка баш се добива така морничав изглед или Бил Скарсгард во It ради крипи насмевката и смеењето, тоа што може да ги мрда очите одделно и да ја витка долната усна. А за историски ликови да не се замараат ни малку. Не сум ја гледала серијата инаку ама гледав ова околу реакциите. Не дека е расизам у права смисла на зборот него баш самите вадат расизам и пикаат инклузивност кај што стварно не мора. Буквално ретко кој дига фама кога за сосем други рандом улоги бираат црни актери. Ако беше до расизам, и овие ќе им сметаа.
Многу пати се пиша во темава дека нема да биде во ред и бела актерка да ја глуми Тијана. Ама, кој разбра... Нетфликс да имаа почит, ќе ангажираа Египетска актерка за Клеопатра.
Фактот е од гугл, се е јасно. @Munchmallow20 еве и тебе ќе те тагнам за да ја доловам поентата зошто бојата на кожата ми е најмал проблем. Каков е тој термин Македонски Грк, или Грко Македонец како што се обидуваат да протнат и низ документарецот, а и нашиот сосед, а гледам и вие сте прифатиле дека многу напредни. Мене како Македонка еве до срж ме заболе кога рекоа многупати Грко-Македонци, а таму направија скоро па етничко чистење на Македонците па сега биле грко-Македонци. Иди објасни им на бегалците или на Македонците доле што сеуште не можат да зборат на мајчин јазик а камо ли да имаат други права, или пак на тие што загубиле некој, дека се грко-Македонци. Па уште и навредени биле грците. Навредени за што? Она што го прават и се обидуваат да го направат американските афро-американци во филмот они го направија, го прават и ќе продолжат да го прават у ријал лајф. И да скоро па се што е наведено во документарецот е историски грешно еве почнувајќи од раса и етничко/национално потекло па се до приватни работи кои се запишани и се знаат за неа. Единствени кои треба и имаат право да се навредени се Египјаните, Македонците и Италијанците како наследници на римската империја, и никој друг.
Црн Хитлер. Јас разбирам некои во фикција работи да се сменати, вклучително кожа, коса итн. Иако за работи шо многу ги сакам нема да ми е сеедно оти сум ги навикнала на одреден начин. Ама то е буквално мој проблем. Не е исто да менваш црн лик во бел зошто најчесто имаат типичен бекраунд шо одговара само за POC. Ако нема таква позадина... Оти да не? Е сега ако некоја проба да прај документарец и менва јасни факти - не е документарец. Клеопатра да не беше означена како документарец, мислам дека значително помалку луѓе ќе имаа проблем со серијата него сега. Пошто од старт е утка.
Ариел е Ариел, бела , со сини очи и жар црвена коса. И со плава коса да ја направеа ќе имаше побуни. Воопшто не е расистичко ако сакаме еден лик да изгледа како што всушност изгледа. А нешто што баш ми падна во очи е како црнциве сите се во толку голем хајп и еуфорија, а реакција ни приближна немаат за Тијана на пример, оргинална црна принцеза. Ама нели, чувството на супериорност, на некој да му “земеш” нешто е тоа што ги вози. Го изгледав филмот, симпатичен, со убав глас на Хале, ама воопшто не дава Ариел вајбс. Ко скроз различен филм да е.