Прво, не постои такво нешто како обратен расизам. Расизам е облик на систематска дискриминација, а црнците и останати people of colour во ниеден период од историјата немале систематска надмоќ врз белците. Во врска со инклузивноста во филмската индустрија, не гледам разумна причина да пречат POC актери во адаптации на фиктивни ликови и приказни. Имаше серија преслатки видеа на ТикТок од црни девојчиња како се радуваат дека новата Ариел личи на нив. Репрезентацијата многу значи, посебно за деца.
Ako navistina tolku gi raduva da bide crnkinja ja licno nemam nisto protiv, samo cisto se somnevam deka na dete mu e bitno bas Ariel da e crna. Moze da bidat pokreativni da izmislat nova prikazna so crna akterka, vaka so dva razlicni likovi a ista prikazna se rasipuva detskata magija, site deca gi dozivuvaat na nekoj nacin tie likovi, ova mu doagja isto koga na malo dete ke mu kazes dedo mraz deka ne postoi i ke go razocaras.
Искрено, кога ќе прочитам вакви мислења се прашувам дали воопшто некој обрнувал внимение на нашите часови по историја, материјалот го имаме и учиме и не е македонскиот систем крив колку што се учениците кои сакаат да се "американизираат". Расизмот постоел и кон белите луѓе, и со самиот исказ си ја негираш сопствената историја. Еве ти и доказ. За време на отоманската империја источна Европа особено балканот се под Отоманската империја. Секое семејство плаќа т.н "данок во крв", а жителите се т.н. закрепостени селани. Што малтене е роб или slave но со друго име. Пред тоа се Викинзите кои пустошат по источна Европа и грабаат жени и деца. Тие што ќе им се допаднеле ги земале за расплод останатите ги продавале по Арапските земји и far east Asia се до Кина и Јапонија. Нема потреба да напоменувам дека за западна Европа slav не значи личност која пишува кирилица туку значи white slave. И сето ова и многу повеќе се учи на час по историја во Македонија. Во однос на афро-американците најголем % доаѓаат од Средна и Јужна Африка, а од кои биле "ловени" пред таму да отидат "напредните западно-европски земји"? Од северно-африканците и middle east кои по боја на кожа се исти само што биле муслимани, па ги продавале на бродови. Дури и во американска историја се запишани десетици бродови со black slave-masters од денешна Сомалија кои отишле кон Америките и биле поседници на црни робови. За Азијатите особено far east подобро да не почнувам можам томови да пишувам колку самата култура спрема нивните припадници е пред се расистичка (уште пред да дојдат во контакт со бел човек), а камо ли кон странците. Од сите нации и етникуми кои сум ги сретнала и соработувала и работам и ден денес они без конкуренција се нај-расистички земји. Има доста статистички истражувања кои баш потврдуваат дека по ниво на Расизам Кина, Кореја, Јапонија, Индија и сличните се први. Со инклузивност и јас се согласувам се додека е целосна, фиктивни ликови па може да се менуваат и адаптираат. Но сепак останува дилемата барем за мене зошто принцот е секогаш бел, а принцезата ете е подложна на промени. Зошто принцот не е црн, азијат, арап, абориџин, туку е бел? Затоа што ако играме на карта расизам "бел маж" особено во Америка има значење. Бар така трендовите диктираат де. Или само играме на карта Расизам кога нас ни одговара другото се турка под тепих.
Малце да те поправам овде. Тоа што го опиша се нарекува систематски расизам, ама само расизам е каква било дискриминација врз основа на раса или етницитет и може се разбира некој да дискриминира против белци. Но систематски расизам, каде што државата како институција дискриминира врз одредена раса, не постои за белците.
Малата Сирена го гледав во кино и морам да признаам, беше одличен. Инклузивноста беше супер дел од целиот филм. Го препорачувам! И да, киносалата беше скоро полна, што позитивно ме изненади со оглед на тоа колку негативен фидбен имаше од македонци пред да излезе филмот.
Оваа не е црнкиња баш ај. Ама маќеава бе, ко сестра да и' e. Гарант и бабичката ќе ја глуми некоја актерка што изгледа помлада од неа ќе ја глуми Туку ако мене ме нервира нешто со ваквите цртани и live action филмови е што ретко се дава кредитс на оригиналните автори на делата. Јебал ве Дизни мислам.
Ајде, сега ќе се јадат слатки за Снежана, кој од кој поувреѓен ќе биде од бојата на кожата и на крај сите киносали ќе се наполнат, а мрчаторите ќе ги снема . Oh, the irony.
Мене искрено баш ми е гајле дали некој измислен лик е кинез, црнец, марсовец, али пак го иаме тој момент дека не секад е сеедно, оти еве утре замислете си да снимаме Итар Пејо филм, и го зеаме Дензел Вашингтон да го глуми... Е сеа шо перат мозоци на Нетфликс демек Клеопатра била црќиња, е тоа е расизам... Шо не си снимаат филм каде ги ловат своите луѓе, и ги продаваат на белците? Али не, боље ќе фејкаме историја, и ќе переме мозок на својот народ, као со филмот The Woman King. И шо е тоа обратен разизам? Не-расизам? Самата изјава само белци можат расисти да бидат, е расизам. Али црнците не можеле расисти да бидат, према оние кои ги дискриминирале... До кај сме со метеорот? Кој расизам го збориме коа црнците први се расисти против белците, а па да не праам муабет против азијатите, и систематското насилство кон истите во црнечките маала. Али не, некоја Стојна со испран мозок од твитер, СЛАВ(slave)јанка, ќе ни кажуе прикаски за расизам у Америка, каде кутрите црнци без своја воља, у 21 век, место да се школуваат и работат, идат по банди, па и спортисти и рапери со милиони се чаламат со криминал, и каде водачите на BLM се напунија со пари од донации, а кутрите протестирачи кршеа, палеа и ограбуваа. Истото го прават и денес, и после расизмот бил крив коа само козметиката за темна кожа била заклучена по дуќаните. Па сиромаштија ово оно. Ако било сиромаштија, лебот и кашкавалот ќе ги заклучуваа ко у Британија, а не пудрите. Али ок, место да се ствараат нови филмови со нови главни улоги со малцинства, као шо беше на времето, па денес ги име Марфи, Дензел, Фримен и други, мачкај им очите со чкљ нискобуџетни преработки, да се осеќаат помалце расистички опресирано у капиталистичко општество. Додека има офци, ќе има и вуна.
Има ли тема за било кое малцинство на која ти немаш назадно, дискриминаторско мислење (освен за жени)?
Па, како? Може ли Снежана само така да помине? Мислам, погревничко е што маќеава треба да е завидна на убавината на поќерка ѝ, а она е далеку поубава. Огледалото во филмов изгледа скршено ќе биде. Патем, ова е стандардно мрчење ко за лик од книга кога ќе нема да ти го погодат во филм.
Оу ноу, па не баш, баш белата кожа ко снег е објаснувањето зошто името ѝ е Snow White. Нејсе, мене секако не ми смета да не е бела, сепак е прикаска нели. Тоа што ќе се пењават десничари по интернетов си е нивен проблем.
Знам, ама самото име не и е битно за приказната. Единствен битен детаљ е Снежана да е поубава од кралицата за да започне конфликтот во приказната.