Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Обратен“ расизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Directioner005, 11 септември 2022.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Расистичко е размислувањето: Ариел ќе ја глуми црнкиња. Ариел ќе ја глуми Хели Бејли која е преталентирана глумица и пејачка со преубав глас. Плус, девојката има специфични црти на лицето кои играат огромна улога во митскиот изглед на сирена.
    Јас стварно не мислам дека биле ко, мора да е црнкиња по секоја цена. Хели стварно е совршен фит за улогата.

    Секоја генерација има различни верзии на приказниве. Тие со кои сме израснале ние не секогаш биле стандардот, ниту па моменталнава Ариел ќе остане засекогаш.
     
    На theowndemon, Stephen Amell, ane.bella и 10 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Мислам дека во некоја од книгите на Ден Браун пишуваше дека тој изглед на Ариел е религиски поврзан, црвена долга кога, сини очи …
    Не требало да и го менуваат изгледот, така си е во стариот филм како и во сите сликовници …
     
    На Elenpelen, senjorita-v, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас ко што знам во првичната приказна, опишана е само како најубава од сите сестри, со сини очи. Ама во првичната приказна Ариел на крај умира, така да Дизни и во цртанот кој ние го сметаме како "оргинален", имаат направено некои промени.
     
    На Elenpelen, theowndemon и elimkd им се допаѓа ова.
  4. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    46.304
    Пол:
    Женски
    Повеќе од детските приказни се модифицирани и приспособени од Дизни, во спротивно би биле морничави за децата.....
    Еве што најдов на интернет, ама сум го прочитала и порано на друго место
    https://www.kafepauza.mk/zanimlivos...i-stojat-zad-vashite-omileni-crtani-od-dizni/
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Расист не сум. Далеку од тоа. Не сакам да ја гледам Тијана бела, Тијана е таква каква што треба да биде, и не би сакала да ја гледам поинаку, нема поента.
    Исто како што ми нема поента и Ариел да ја гледам поинаку од тоа што ја знаеме. Тие ликови се култни ликови, и не треба да се менуваат.
    Секогаш може да се направи нов лик, нова Дизни принцеза која ќе биде од црна раса, дефинитивно треба повеќе.
    Ама да се менува веќе постоечки и доста познат лик, е nonsense.

    Во врска со позадината на приказната и културата и Ариел има приказна. Пишувана е од Дански автор, треба да претставува старогрчка култура, таткото на Ариел е инспириран(и всушност претставува) лик од грчката митологија- Тритон-син на Посеидон. Ова нема никаква поврзаност со black culture.
    Пак ќе прашам, какви би биле реакциите ако Тијана во следниот римејк ја глуми бела глумица?

    За други примери, секојдневно на социјални мрежи гледаме навреди за “white girls” oд типот на flat ass, не знаат да играат, не знаат да готват, глупави, површни…како и за бели мажи..(кои нели, не се на расистичка основа, зошто само “ние белите” можеме да сме расисти)
    Можете да проверите и дека во САД, во фирми и компании каде што работодавецот е од црна раса, најголемиот број на вработени се од црна раса. За разлика кај бели работодавци, од кои се очекува нели да не бидат расисти, и да дадат еднаква шанса. Криминалот само погледнете го. Секој еден што некогаш бил во Америка, е запознаен со проблемот и не гледа на работите толку површно. За среќа, овие индивидуи не ја прават цела раса, ама и те како зафаќаат голем дел.

    Муабетот е, ако си црн- не значи дека си добар човек и дека заслужуваш почит, и обратно-ако си бел човек не значи дека си лош и не заслужуваш почит.
     
    На Elenpelen, Rama, ToksycznaReakcja и 9 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.425
    Пол:
    Женски
    Горе долу, приказнава со црнциве во Америка е слична со албанците во МК. Секогаш се они обесправени, дотолку што понекогаш и смешно делува.
    Да, црнците биле робови, немале право на глас, да се уште некои трпат дискриминација, меѓутоа божесачувај они да го прават истото |( нееееее!!!! А постои и обратен расизам, дали е минорени или не, не е важно, сепак го има.
    За Ариел, искрено мене ми е сеедно дали е бела или црна или жолта или црвена... само, смешно е што на ваков начин сакаат да покажат дека еве, не се дискриминирани? Или?
     
    На christinnn, Heidi, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Грчката митологија е дел на Дизни, во книгата ниту Ариел има име, ниту татко ѝ се вика Тритон.

    И малку ми е без врска да се убедуваме како е што е, само сакам да посочам дека е себично верзијата со која сме пораснале ние, да очекуваме цел живот да биде иста, кога не било така претходно.

    Цртанот си останува тој, никој не го менува. Може да си го пуштите кога сакате. Веризјава не мора, а и не треба да ви менува нешто околу истиот.

    Мене Мулан ми е еден од омилените цртани. Филмот не ми се свиѓаше, иако беше скроз базиран на цртанот.
    Така да и да ја ставеа бела глумица со портокалова коса и сини очи, не верувам дека ќе ве придобиеше исто ко што сте поврзани за цртанот.
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Па така ако гледаш, во колку филмови, особено постарите холивудски, американски белци глумат стари Египќани, или Евреи од Блиски Исток од библиски времиња, Арапи, или Персијци, Грци (Грците многу често имаат медитерански, араповиден изглед), а и Римјаните тешко дека биле бледи и нежни колку луѓето од англо-сферата.
    И тоа да не е расизам, кон Египјани, Арапи и Персијци пред се?
    Или едноставно користеле актери какви што имале на располагање по дома?
     
    На theowndemon, elimkd и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  9. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Нека се смени, ама контрадикторно е. Кажи ми еве дали вакви реакции ќе имаше и ќе се прифатеше ако сменеа црн лик, еве Black Panther од Марвел во двојката да го игра бел глумец. Па боже сачувај, хаос ќе настане.
    Сакам да кажам дека во обратен случај ќе беше типичен расизам, никој немаше да каже можеби белиов посоодветен бил на аудиции. А вака, истите тие поборници против расизмот, се тие што се гордеат на менување на раса на еден култен лик, нели зошто им оди во прилог. И насекаде коментари “black girls do it better”. Твитеров ми е полн со коментари од тој тип.
    Ако сакаш да се почитува твоето, треба да го почитуваш туѓото. Ниту сакам Блек Пантер бел да го глуми, ниту Ариел црна. Двајцата се идеални такви какви што се, и се губи поентата кога е поинаку, безврска.


    Расизам е. Ама мислам дека ја поминавме таа “холивуд ера” каде се форсираа белци. Има прекрасни глумци од секоја раса, секоја нација, кои одлично ќе изглумат соодветни ликови.
    Хале е прекрасна глумица, талентирана, убава и нема збор тука. Само не е соодветна да ја глуми Ариел. Просто е.
     
    На Rama, Lady D ❤️ и daylight им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Хмм не знаев дека ние во Македонија сме имале период во историјата кога сме чувале Албанци како робови и сме почнале да ги гледаме како луѓе пред нецел век.

    Класика, не сум расист ама - дополни нешто расистичко.
    Црнците во Америка биле робови, па после ај ги сегрегирале каде што пак биле сметани како некоја нечовечка врста што не смее да ги загади белите, па пред нецели шеесет години конечно решиле да им ги вратат правата кои им ги одземале - и сега според вас магично не постои расизам. Да, не дека пола и повеќе Америка уште е конзервативна и си ги негува расистички вредности од минатиот век. Таа ултра либерална Америка која што се прикажува како норма е само еден мал процент.

    Има разлика меѓу системска и индивидуална дискриминација, не е никако исто кога од цел систем и општество си гледан како човек кој треба да докаже дека е на "ниво" на белците и кога некој таму тебе лично ќе те навреди за нешто што никако нема да ти влијае. Во ниеден момент од историјата во сад црнците немале моќ врз белците, ниту пак имаат сега. Затоа е пресмешно да се тврди дека шала од типот "white girls can't dance" се на исто ниво како предрасуди со кои се соочуваат црнците и кои ги коштаат и живот.

    Бел е привилегија, како сакате свртете, треба да си слеп да не го препознаеш тоа. Кога на еден Балкан кај што сме скоро сите белци од мали нѐ учат да асоцираме темна боја на кожа со грдо и непосакувано, тогаш што останува за такво хетерогено општество? Па замисли да растеш во средина каде што уште од мал/а се осеќаш непосакувано поради бојата на кожата. Како белец, можеш да отидеш каде сакаш и никаде нема да се осетиш дека луѓето те гледаат како опасност.

    Како што кажав, работата е кај кого се моќта и парите и кој ја испишал историјата - црнците сигурно не. Според тоа, нормално дека "обратниот" расизам нема да носи иста тежина и апсурдно е да се тврди дека може.

    И тоа пак е поврзано со...што? Со образование, можности кои ти се нудат и финансиска состојба. А дали тоа е еднакво достапно за луѓето од двете раси за кои правиме муабет? Не е толку тешко да се знае одговорот на ова, освен ако не сакаш да кажеш дека црнците се природно инфериорни со криминални тенденции.

    Ај вака да преформулирам- со години немало репрезентација на црна принцеза за деца, конечно креирале една(замисли, една) и сега треба да се прашуваме зошто би имало негативни реакции ако ја сменат со бела?
     
    На ane.bella, WildMk, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Не знам дали има расистичка позадина ама пример не е автентично Клеопатра која имала темен тен да ја глуми Елизабет Тејлор, не може да се долови во целост приказната.
     
    На Feminka22, elimkd, _beautyy_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Не е се така црно и бело. Сме биле и ние во минатото под турско ропство, па не значи дека денес треба војна да водиме со нив и да ни се клањаат и да ни простуваат секакви непромислени чекори, зошто некогаш во минатото биле “лошите”.
    Како да не. Не знам кој те учел тебе тоа, ама јас никогаш немам такво нешто слушнато како мала. Ниту од родители, ниту од наставници, ниту од медиуми. Имаш мал милион документарци и податоци за бели деца во “mostly black” училишта, не би било лошо да прогуглаш како поминуваат, ако навистина сметаш дека белите се декаде заштитени. Во Америка верувам дека не си била по пишаново, верувај ми 90% од времето се плашиш од црнечки гета. Буквално имав ситуација каде ми дојде до мене, буквално ме претресе, и ми ги зема целите 30 долари што ги имав. И ништо не можеш да му направиш. Не велам дека сите се такви, ама не е дека се тоа е измислица со цел да се навредат и дискриминираат. Вистина е.
    Претседател на САД беше црнец. Тоа ти е доволен доказ дека ако некој вреди како човек, интелектуалец, го бива, бојата на кожата не игра битна улога. И кај нас ромите имаат милион повеќе погоднодти за образование, па колку од нив ги користат? Да не им е забрането да отвараат фирми, да бидат доктори, бизнисмени? Ама со ситни криминали и улично продавање дрога на некои им е полесно, па ти ако сакаш и на Хардвард дај му стипендија, нема да учи.


    Ама треба да има негативни реакции, зошто менување на раса на одреден лик е расистичко. Без разлика дали е бел или црн. Не може да едните мајка за другите маќеа. Друга работа, јас ако пишувам книга, или правам филм, нормално е ликовите да де блиски до мојата култура. Сигурно нема да пишувам за Кинези рецимо, што не сум скроз запознаена со нивната култура. Така и Дизни. На било кој црнец автор не му е забрането да направи нови црни принцези, херои.. ама да се менува раса на веќе постоечки е целосно контрадикторно со она за коишто самите се борат.
     
    На Rama, Bratot, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Тие примери што ги наведов според мене не се расизам. Апсурдно е да се очекувало увоз на комплет странски глумци специјално за некој филм, наместо домашните и популарните кои носеле најмногу профит да работат.

    Ни Ариел не ми менува ништо кој ќе ја глуми. Измислен фиктивен лик за деца остава простор за разни интерпретации.
    Да се работи за историски период црнци да глумат белци, тоа како преупадливо во очи, мислам дека ни една шминка не може да го среди, освен ако не носат metamorphose masks, и би било од една страна смешно, од друга искривување на историски и животни факти. Ама ни на тоа не се противам, за свои пари продуцентите можат да снимат што сакаат, јас не сум обврзана да гледам.
    Не сум сигурна за неа, Клеопатра конкретно немала египетска крв, била потомка на Птоломеј, но други египетски фараони не ги опишале верно според описите за нив и сочуваните слики.
     
    На _beautyy_, Ketchup и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    13.559
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е било каков расизам што ја направиле Ариел црна. Сеедно ми е.
    Ми смета што косата не и е црвена. Ако може да има опашка од риба, може и да има оган црвена коса.
    Ама сепак се работи за измислена приказна, како сакаат може да си ја интерпретираат и претстават, и не гледам поголемо значење во тој избор.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.425
    Пол:
    Женски
    Ако ова се однесуваше на мојот коментар, само направив паралела. Не биди толкав буквалист :?:
    Муабетот ми беше дека некогаш биле репресирани и дискриминирани, сега веќе не се, ама... вечито они права бараат.
    И уште еден интересен факт, за Обама гласаа сите црнци, без разлика дали го поддржуваа или не. Погодете зошто? Оти беше црнец. Кој и да беше белецот од другата страна немаше да го гласаат. Ова не е дискриминација?
     
    На Hoss Delgado, christinnn, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Делот кај што живееме во посебни земји и не сме обврзани да имаме било што со Турците го прескокна.
    Не оспорувам дека има гета и дека се небезбедни. Како што пишав и претходно, тоа е последица на сиромаштија и недостаток на образование, не последица на природната инфериорност на црнците.
    Друго, дека не те учеле нема да ти поверувам, кога расизмот си е убаво вграден во нашата свест и потсвест па дури и да нема директен расизам има индиректен и суптилен. Не мора никој ништо директно да каже, се подразбира од "невини" коментари и генерален став кон другите раси колку луѓето кај нас се затупавени(океј постарите повеќе).
    Значи ај пак. Причина - последица. Ги мешаш работите. Системска дискриминација исто така ми се чини дека баш не разбираш како функционира, особено па дека ги спомна и ромите.
    Обама бил претседател и тоа значело дека ако те бива ко човек ќе стигнеш. Важи. Исто како што јас ако се трудам ќе станам богата како Бил Гејтс.
    Напишав и претходно дека ја нема иста тежина и сега пак пишуваш ама исто е...не не е, има репрезент ација на една црна принцеза а сто бели, нормално дека не е исто ако и таа една ја сменат во бела.
    Да, за твојот се донесуваше.
    Од кај тврдиш дека не се? Или завршиле ропството и сегрегацијата и наеднаш туку така се сменила колективната свест, магично си отишол расизмот. Многу наивно.
     
    На bittersweet, staycalm и Srckata28 им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е се отидено во бестрага.
    Од моја работа со клиенти и автори црнци ,имам приметено дека доколку е автор на детска книга,ликовите треба да се иллустрирани како црни,доколку е дизајнер модните илустрации треба да бидат преставени како црни,и колекција чевли кои ги нацртав на бели стапала требаше да ги преправам во црни.
    Не се ни тие толку нерасистички настроени.
    За Ариел како веке формиран детцки цртан лик,мислам дека е грешка изменава.
     
    На 1209, Rama, emiliana и 8 други им се допаѓа ова.
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Аман, не гледајте ако не ви се свиѓа ама не барајте проблеми таму кадешто нема.
     
    На WildMk и Ketchup им се допаѓа ова.
  19. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Ариел е автентичен лик, и кој и да ја спомне прва помисла е црвена коса.
    Не ми е гајле за расата или боја на кожа, ама би сакала да не се уништуваат нечии 'препознатливи' карактеристики.
    Ама и не се замарам многу за еден филм, подобро е расизмот и 'обратниот' расизам да се намали во реалноста.
     
    На Rama, daylight и Directioner005 им се допаѓа ова.
  20. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Имаме турци во Македонија, и македонци во Турциja. Јас не сум приметила омраза и нетолерантност од ничија страна. Ама ај, да препишеме на тоа дека живееме одвоено.
    Зошто белите луѓе се криви за необразованието на црните? Очигледно има огромен број на црни луѓе што успеале, затоа што сакале, учеле, се труделе, и стигнале дури до претседателко место. Значи ако црнците го немале тоа право, Обама како ќе станел премиер? Ама нели, најлесно е да обвиниш некој друг за својот личен неуспех. Не разбирам што сакаат, да земат некој што продава дрога на улица, и министер да го стават…па после ќе има кукање како во Македонија што ни ги ставија најголемите криминалци на функции, зошто нели гревчињата дискриминирани биле, па ај да им покажеме великодушност.
    Пак ќе кажам, само затоа што е некој црнец, не заслужува подобар третман, колку и да биле дискриминирани во минатото.
    Всушност, самите тие дискриминираат.
    На ниту еден црнец автор или режисер или шта год, не му е забрането да креира лик, кој ќе биде од црна раса и ќе биде најубавата принцеза со најубава приказна на свет. Меѓутоа, да менуваш веќе постоечки лик, е надвор од сите норми и граници, особено па за поборниците против самиот расизам. Контрадикторност до макс.
    Зошто да очекуваш некои права од некој друг, кога истите можеш сам да ги оствариш. Створи, креирај, пронајди ја грешката прво кај себе, а потоа барај права, ако и тогаш ги немаш.