А зошто пишувате дека Ариел ќе нема црвена коса во филмот? Тогаш од каде е сликата во воведниот пост? Ме збунивте. Расна дискриминација во филмската индустрија постоела кога била нанесувана црна боја врз лицата на бели актери и статисти, и тие глумеле црнци при толку Африканци што можеле да бидат на нивно место, и во случаите кога малиот дел црни актери не ги добивале заслужените награди и признанија. Денес не би рекла дека има некаков расизам кога се филмови во прашање, барем не од она што е пласирано во јавноста. Еве најнов филм што го гледав беше The Northman и не видов црнци да ги презедоа улогите на белците. Исто така критики од другата страна од типот, зошто Исус на филм бил претставен со сини очи и костенливо-руса коса, или зошто Египјаните биле бели во филмовите, мислам дека се излишни и не верувам дека тоа било производ на расизам, туку мнозинството актери кои во тоа време говореле перфектен англиски, биле светли, често имале сини очи како што е вообичаено кај Американци, Британци, Ирци, Австралијци... Едноставно во американско-британска копродукција, пример, се знаело кој ќе глуми, не можело да претпочитаат актерска екипа од анонимуси со лош акцент, пред славните.
Не е обратен расизам, ама е форсирано наметнување промена. Не е проблем промената на некој детаљ кога се бара дозвола од авторот, семејството на авторот или народот од чија култура произлегла некоја приказна.Проблем е кога се прават промени без дозвола. И измислени и приказни и записи произлезени од вистинити настани имаат автор(и).Секогаш има некој кој прв ги кажал.Та еден, та повеќемина.
Темно портокалова и суканици, огнено црвена нема во никој случај. А баш по тоа е препознатлива. Сега па и куп коментари од типот зошто Принц Ерик останал белец, девојчињата се охрабрувале на “забранети врски” со белци. Офффф..
Не знам ни како да ти вратам кога мешаш основни работи плус игнорираш историја и општествени влијанија а го гледаш само крајниот резултат. Споредуваш живеење на црнците во Америка со тројцата Турци што ќе ги сретнеме ние тука, мислам, ни еден аргумент не ти држи вода затоа што немаат логика.
Ромите ги земам за пример затоа што и они се вечито дискриминирани. И се, од околината, ама дали ја заслужиле таа дискриминација? воглавно да. Дадени им се сите можни права и многу повеќе, на факултети се запишуваат со никаков успех, со никаква партиципација, и пак не учат, пак повеќе од основно не завршуваат, пак просат. Им се нуди работа соодветна на нивото на образование(читај:никакво) а и многу повеќе(пр. Амди Бајрам). Пак се мажат на 15, пак раѓаат по 10 деца што немаат услови да ги чуваат, пак просат… исклучоци секогаш има, само треба да се има воља. А за тоа не сме криви ние, државата барем по ова прашање прави и повеќе од доволно. Исто е и со одреден дел од црнците во Америка, само што таму се во многу поголем број. Имаш мал милион примери на црнци што успеале: Обама, Опра, Бијонсе, скоро цела рап сцена и да не набројувам понатака. Значи тие што сакаат да излезат од кругот на “вечити жртви” искачаат и се успешни луѓе. Тие што не сакаат, не знам какви права дај им, ќе ги “посерат”. Исто е и со белците. Ама тоа е нормално прифатено. За разлика од црната раса каде секој неуспех се препишува на некој друг(читај:белци, институции). Не си реална.
Типкава ја глуми Ариел а не сирена со друго име. Сите знаеме дека има црвена и долга коса, по тоа е препознатлива и пак ќе речам во сите слоковници Ариел е така прикажана, децата по маскембали, родендени така и се маскираат и тоа е нејзин автентичен изглед. Јас не сум ја читала првичната приказна на Андерсен и не можам да тврдам дали е така опишана во книгата, а некој и спомна погоре дека не се викала ниту Ариел во приказната, што знали Дизни и дал автентичен изглед и име општо препознатливи така требало и да си остане. Тоа е исто што и бетмен во некој нареден филм костимот да му е кариран.
Значи пак доаѓаме на тоа дека не е до “бојата”, туку однесувањето. И Опра да не била Еврејка и богата? Не, се се изговори. Да, некогаш сме сами виновни за третманот кој го добиваме. Не е секогаш друг крив. Ако тебе некој упорно се обидува да те интегрира во одредено општество од кое зависиш, ти ги дава сите поволности, поени плус за образование, бесплатно образование, стипендии шанси за вработување и што уште не, а ти упорно одлучуваш да се мажиш на 15, да немаш основно ниво на хигиена, и да просиш на -20 држејќи го бебенцето наклукано со дијазепами, ти си крив. Чест на исклучоци, кои сами се срамат од овие горенаведените, што за жал се мнозинство. Еве ние да не чиниме, ги има насекаде низ Светот, и секаде се “дискриминирани жртви” , работава никој не чини-само они чинат. Ова за ромите, а за црнците е малку поинаку.
Да, ептен сум привилегирана што сум родена во Македонија, што да ти кажам… ептен се привилегирани моите што работат од јутра до сутра за да имаме убав живот, ептен сум привилегирана што плаќам факултет и бркам просеци, додека некој “дискриминиран” се запишува на кој факултет сака(може да се запише), зема социјално, детски додаток, социјален стан, и живее на мојата и твојата пот, а освен штета на општеството со ништо друго не придонесува. Ај те молам..
Која ми е привилегијата, освен празни зборови? Како ти како caucasian се чувствуваш привилегирано? Не можеш да си нападната? Се осеќаш безбедно да шеташ сама на улица? Како јас како caucasian загрозувам нечија безбедност? Можам од личен пример да ти кажам, во основно една година со нас учеше црнче. Сите го дружевме и булингот на расистичка основа беше сведен на нула. Што не е пример со бели деца во училишта каде што воглавно се црнци.
Ok Karen или Трамп би било посоодветно Очигледно не го разбирате зборот white privilege, white privilege, не значи дека нема да работиш, нема да плаќаш факултет итн, во држава како САД значи дека нема да бидеш убиена од полиција за ништо, значи дека самото “бело” име веќе ти е предност за вработување, купување куќа, земање на кредит и мал милион други работи кои им се оневозможено на луѓето од црната раса. White privilege е што не мораме да ги учиме децата како да се однесуваат ако ги застане полиција, white privilege е и тоа што повеќето имаме amassed wealth, ние наследуваме имот од генерација на генерација а ним до 1990 год им било забрането да земат кредит, само за илустрација јас во 1999год купив куќа за $120.000 сега истата куќа ми вреди $880.000 тоа ти е тој аmmassed wealth кои ним им бил оневозможен со векови. Така да примерот со тоа што си учела со црнчеи замисли си во бела држава не сте го малтретирале е стварно пример за аплауз Со самото тоа што се чувствуваш навредена со тоа што во филм, замисли си во филм Ариел ќе ја глумела девојка со темна кожа е доказ дека си расист, ќерка ми што е 7 години и за кого е и наменет филмот воопшто не ја боли уво која боја на кожа ќе е Ариел.
Привилегија не значи дека немаш свои struggles, туку дека тие немаат врска со твојата раса. Не знам како го вртиш муабетот дека сите раси на светот не се дискриниминирани туку прифатени, само белата е - особено си некако ти дискриминирана во држава во која нема ни кој да те дискриминира.
Не само што костумот се смени низ годините, како и глумецот, туку и приказната доживеа 150 верзии. Ама на никој не му е гајле додека глумецот што го глуми спајдермен е бел. И Џокер, и Харли Куин е менувана низ историјата, ама очигледно тоа не е проблем додека ја глуми најубавата бела актерка од Холивуд. Секогаш луѓето се сентиментално поврзани само кога во новата верзија ќе решат боја на кожа или сексуална ориентација да сменат на карактерот. И Ариел ќе има џинџер коса, сцената во трејлерот е темна, затоа и не се познава толку.
Mене оваа боја ми се допаѓа повеќе , поприродна е од таа на Малечката сирена во цртаниот. A, уствари, каква врска има нијансата на нејзината фарба со тема "расизам над белци"? Баш можат црнците да се бунат, актерката не ја задржала црната коса, туку наликува на џинџер белкиња. Mене Ариел никогаш не ми бил омилен цртан, крајот не беше како во приказната, туку променет заедно со други моменти, и језа ме фаќаше и од него и од приказната која беше претажна за деца. Во филмот онеме за да биде во врска ама имала таква и таква црвена коса, OK. Во приказната се претвора во морска пена за да му ги мие нозете на принцот додека тој поминува низ плажата Траумии од детство, дефинитивно треба да преземат нешто околу крипи перцепцијата што ми остана во сеќавање. Уште и Урсула прерушена во згодна бринета го џапна принцот, и тоа го имаше
Не знам колку познаваш и колку се движиш околу роми. Преглупо е што велиш секоја чест на исклучоците, бидејќи оние што живеат како ти што велиш (мислиш) се всушност исклучоците. Во Шуто-Оризари од 14-15 000 роми ти зборуваш за некои 200-300 души што "се мажат на 15, немаат хигиена и просат на минус 20" иако и нив маката ги натерала да се однесуваат како што се однесуваат. Што ако државата им дава да се интегрираат во јавното образование ако тоа дете нема кај да живее? Коментаров е пример како може да земеш мал број на луѓе од еден народ, кои се единствените со кои имаш допирна точка, и да стекнеш предрасуди за цел етникум на луѓе.