Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Обратен“ расизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Directioner005, 11 септември 2022.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.249
    Пол:
    Женски
    Они имаат права на хартија, но не им се реализираат многу во реалност.
    Државата треба многу да направи.
    Да ги прибира од улица и да им даде покрив над глава.Да им даде документи.
    Повеќе да вложи во нивното образование за да бираат образовен и кариерен напредок пред брак.
    Да ги поправи законите за да се намали и потоа елиминира дискриминацијата врз нив.
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Значи они се као и кај нас.
    И кај Македонците имаш луѓе шо не идат у школо пошо нивните немаат пари, или немаат телефон пошо немаат пари.Оние од по Шутка мутка, можат и сами да си најдат работа.Било каква.
    Они сакаат да просат.
    Друго, гоолем дел од нив, уопште не ни постојат.Они се фантоми.Не се ни заведени како живи битија, знаеш колку време ќе фати вадење документи на илјадници фантоми? Поготово шо сигурно не ни знаат кога се родени.
    Ја сум да ги нема на улица пошо жив страв ми е кога ќе ги видам и не се осеќам безбедно.
    Знам дешавка кај што двајца Роми ја скршија од ќутек жената кај што работеа, затоа што ѝ побарале пари (не за исплата!) и не им дала.
    И од полиција рекле ,, знаеме кои се ама ништо не може да напраиме”
    Немаат права? Ама може да кршат туѓи фаци од ќутек, а ни полиција ни бутур да ги замара.
    Башка шо си праите филмови.Глеате дека ние стануваме граѓани од втор ред, мамата нѝ ја ебаваат 30 години по ред.Ги губиме своите права, за други се замараме.
    Извинете ама мене баш ме заболе.Ја гледам да добивам третман шо ми следи по раѓање и по Устав.
    Не сум факинг шелтер и да плачам и да се борам за сите, коа гледам дека тлото под нозе ми е сѐ поклимаво.
     
    На Alm., BlackNight, fbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Како што они ја најдоа грешката кај цела бела раса поради насилство од полицаец. Јас тогаш не познава еден нормален човек(белец) што не застана од нивна страна. Отвори социјални мрежи, пиши the little mermaid, и читај коментари од типот: we are making history, we are winning this era, black girls do it better, понатаму зошто пак принцот на Ариел останал бел, на што личело тоа црна девојка со бел принц…и ред други работи. Тоа е типичен расизам.
    Мајка ми и ние како “бела раса” не сме виновни што ромката додека била трудна пиела и се дрогирала. Значи ромката го уништува животот на ромчето. Не јас, не ти. Сама му го сече крилјата уште пред да се роди.
    Лично сум имала многу непријатни ситуации со роми, ничем изазвани ме напднале.
    Еве зошто јас сум игнорантна и расист, а ти си великодушна кажи ми како да се подобрам, како да помогнам во преобразба на еден народ што не сака да му е помогнато. Народ што не прифаќа работа, сака да проси и да живее паразитски(чест на исклучоци). Што би се десило со Светот ако сите дигнеме раце и пееме по цел ден и палиме депонии и се размножуваме ко глувци? Кажи ми што може државата да им даде повеќе од ова? Знаеш колку протекти, работилници, станови се дадени, за стипендии па да не зборам. И резултат? Никаков. Еве најсериозно, кажи ми што можеме ние како поединци, и државата да направи за да станат “нормален” народ со права и должности?
     
    На Alm., winnie02, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Аааах, а толку вистински проблеми во светот!
     
    На Aнонимус_, Аргентина * и Beautiful Dreams им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Ариел ја паметам како девојка со бел тен, и црвена коса, сите ние така ја паметиме, ама ајде сега ќе кршиме табуа демек, и еден специфично препознатлив лик, ќе го менуваме, и не, не е исто да се споредува со костимите на Спајдермен, кои нели, со тек на годините се менувале, ама основата им била иста, и ликот си е таков како што е, без разлика кој го глумел под маската, и без разлика колку црвена, а колку плава боја имало на костимот низ годините, маската-костим, не изгубила од значењето и препознатливоста. Додека во овој актуелен случај, се губи целата смисла на претходната долгогодишна Ариел.

    Слободно можеа да создадат нов култен лик, ама не, ај поарно вака да задоволиме нечие его|(
     
    На christinnn, BlackNight, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Само со тоа што е црнкиња се губи смислата?

    И не, не можеа да создадат нов покултен лик, затоа што Ариел е од ерата на првите анимирани филмови. Историја е тоа, која никогаш нема да се смени.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    На staycalm, Ugly Duckling и Ketchup им се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Современиот свет е создаден по замислата на белиот човек.
    Сите останати раси се обидуваат да се прилагодат,помал дел од нив успеваат, но мнозинството сака нешто друго,бидејќи има поинаква перцепција за среќа, најгрубо речено.
    Еве Ромите на пример....нивната животна филозофија е светлосни години поинаква од онаа на белите луѓе.
    Тоа што ни е неразбирливо, зошто не се трудат да бидат наши копии е наш проблем.
    Убавината на светот би требала да почива во неговата разноликост, а не во гушењето на нечија автентичност.
    Тогаш зошто некоја црнкиња би посакала да биде Ариел? Сигурна сум дека би била посреќна некој лик од нивната литература,усмена или запишана, па стане планетарно познат како ликот на Ариел...
    Но,белиот човек дава трошки....лажна демократија.
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Дека ти ќе отидеш да гледаш приказна за црнци. :drunk:

    Види заработувачката на Фроузен, види ја заработувачката на Моана во првиот месец. Бројките кажуваат сѐ, нема потреба од дискутирање за квалитет.
     
  12. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Ако се водиме по таа логика, каква ќе биде гледаноста на Ариел со црна глумица?
    Преслатко е. Сметам дека треба и уште многу повеќе да им се даде, само не по цена да се земе од друг. Истата реакција би произлегла и да направеа нова црна сирена.
     
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не можам да предвидам какви ќе бидат бројките на филмов. Од една страна преработкиве немаат некој голем рејтинг, од друга страна Хели си има верна фан база(јас), кои ќе одат да го гледаат филмот само поради неа.
    Ама не верувам дека ќе биде нешто револуционерно.

    Не знам што толку ви е тешко да верувате дека во Америка голем дел фамилии не би однеле деца да гледаат филм со црнци. И не само постарите, кога излезе веста дека Ариел ќе ја глуми Хели, ептен беше изреволтиран народот.

    Ако веќе сте толку заинтересирани за филм со black culture, ете ви го Black Is King. На Дизни е.
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    32.370
    Пол:
    Женски
    Темава е малку глупа сама по себе.

    Ама Ариел веројатно е замислена како плава и со плави очи од страна на оригиналниот автор. Не ја измислиле Дизни. Малата сирена е приказна од Ханс Кристијан Андерсен кој е Данец. Така што Малата сирена во оригиналото издание веројатно била светла во тенот. Во Копенхаген има и статуа за малата сирена. Е сега оригиналната приказна е всушност трагична, Дизни ја имаат направено со среќен крај. Како впрочем и сите бајки кои за почеток биле повеќе приказни за возрасни отколку за деца и имаат морални пораки. Во 20 век се романтизирани и адаптирани да имаат среќни завршетоци. Ама генерално оние бајки што се популарни од Андерсен и браќата Грим се од Европа и како такви во оригинал тешко дека биле со ликови од друга раса.

    Јас сум баш баша за еднакновст, ама не ваква декларативна туку вистинска. Вакви екранизации само заилуваат расизам кај оние што се веќе расисти зашто тие се чувствуваат предадено (баш како во оригиналниот пост на темава).
    Прикажување на разлини успешни раси во филмови, на ТВ и слично дава поголема самодоверба и модели за идентификација кај децата, ама инсистирање на формули за расна застапеност за жал не е начин. Ако сакаме прикажување на разновидност во филмови за деца и во бајки треба да се потрудат Дизни и остали да популаризираат приказни од други краеви на светот коишто природно имаат ликови од различни раси. Така не само што ќе се смени бојата на кожата туку децата и ќе се запознаат со други култури посуштински.

    @WildMk за жал уште дискутираме за расизам и еднаквост. И нема мрдање. Отворениот расизам се намалува, ама прикриениот останува. Да знаеш какви истражувања има за скриен расизам коса на глава ќе ти се крене (главно во САД и Западна Европа, кај нас уште сме на отворен расизам/етноцентризам).
     
    На Cosmic Girl, MilaSs12 и WildMk им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    И не гледате проблем што Дизни пред 100 години вметнале елементи од грчка митологија во приказната, ама сега кога одлучиле Ариел да е црна.. хорор.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Паметно... не ми текнало на ова.
    А всушност колку би било од помош...

    Мислам дека и сите големи Холивудски продукции, ќе се адаптираат со време, пошто Нетфликс, Амазон и такви ми ти, им го растури монополот кој го имаа во седмата уметност.
    Повеќе гледаме diversity во кинематографијата сега, отколку било кога претходно.

    #CautiouslyOptimistic
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    32.370
    Пол:
    Женски
    Мене лично ич не ми е проблем каква е Ариел.
    Ама вакво само менување на бојата на кожата без менување на ништо друго од приказната создава повеќе проблеми со расизам отколку што решава. Некој што е расист нема да му го прикаже филмот на своето дете (кому е и наменет), ама ќе се навреди и ќе почне да се жали како е белата раса угнетена во моментов. На тоа укажуваат истражувања. Подобриот пристап е да се прават нови филмови, нови книги и слично кои ќе ги заменат полека полека овие принцези. Инаку бајкиве со принцези се лоши сами по себе од многу аспекти расни, родови итн итн.
    Јас сум за комплетно нови бајки, со нови пораки. Бајки што може да ги гледаат и машки и женски заедно и што праќаат подобри пораки до децата.
    Има сега толку добри книги за деца од современи автори што се супер што навистина не ја гледам потребата од екранизација на уште една приказна која вика на жената во животот и е најбитно да најде љубов и да се омажи (за принц ако може). Нека се екранизира нешто од Јулиа Доналдсон на пример или Нешто Друго на пример или милион такви нови ствари. Или спомнав и претходно бајки од различни кареви на светот.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Au kolku si pametna!
    Jajce snesov! :clap:
     
  19. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Хели е прекрасна. Талентирана, убав глас… штета што е дел и што се “троши” на вакви ефтини пропаганди. Колку би било поубаво да се појавеше во сосема нов филм, како нова црна сирена. Тогаш многу од оние кои од револт нема да одат го гледаат, би отишле. Расисти ќе останат расисти па ако сакаат и сите принцези нека ги сменат. Вака само се засилува револтот.
    Јас лично, и Моана, и Похахонтас, и Тијана сум ги гледала и ми се еднакво драги како ликови. И сега ај замисли ја Моана со плава коса? Без врска. Исто е..
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.940
    Пол:
    Женски
    Се е до навиката. Ние сме навикнати да ја гледаме бела со црвена коса.
    Секоја продукциска куќа има право да прави измени.
    Ова ќе резултира или со смирување на страсти кога ќе излезе филмот и ќе не совладааат емоциите од што ќе биде прекрасен, или ќе има бурни реакции сеуште за промена на бојата на кожата на актерката.
    И јас еве како мајка на 8 год . девојче кое тема за роденден имаше бела девојка со црвена коса и едвај чека филмот да го гледа и можеби ќе имам проблем да и објаснам оти не е таква сега. Баш таква како во цртаниот.
     
    Последна измена: 13 септември 2022
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.