Ништо не се зима од друг затоа што веќе постои огромна репрезентација на бели Дизни принцези. Цртанот секогаш ќе постои со БЕЛА СВЕТЛА АРИЕЛ, никој не може да го земе.
Ако имаш 100 денари, и некој ти земе 1 денар, сепак ти зема. Зошто да се делат тие 100, ако може да се добијат нови 100, и заедно да имате 200? Или воопшто не требаше да направат ремејк, или ако веќе прават да останат доследни на главните карактеристики на ликот. Нов филм, со нова црна сирена, со нова приказна, секогаш можеше да се направи, и сигурна сум дека ќе имаше многу поголем успех од вакви контрадикторни пропаганди. Ем ќе добиевме нова принцеза, ем сите среќни и задоволени
Не можам да се повторувам по стопати истото. Најпрво не гледам поента на дискусијава, затоа што очигледно не ја ни следите работата на Дизни, а ниту па верувам дека ќе го гледате овој филм. Последниве години поголемиот дел на анимирани филмови се базирани на различни култури и настани. И не е поентата да се најде принц во истите, напротив. Сите ќе гледате филм со нова принцеза од друга раса, ама никој немате чуено за тие што досега се излезени.
Дирекшнр, расист си. Затоа што никој кој не е расист не е до толку навреден за оваа работа и не ситничари. Не си загрозена ако некоја принцеза ја направила црна. Толку. Се надевам не те заболе глава од нервоза
Значи сите црни луѓе што ќе бидат навредени и револтирани доколку Тиана ја глуми бела плава глумица се расисти. Аха океј, јасно.
Црнци можат да бидат расисти. Секој може да биде расист. Се стремиме кон еднаквост, а бараме супериорен третман? Второво нема да го коментирам
Во Maleficent(вештерката од Заспаната убавица), има plot twist дека е добра и дека она ја има израснато Аурора ко ќерка, што е 180° различно од оргиналната приказна на Дизни, ама никој не се тригерна од тоа јер Анџелина Џоли е во главната улога. Мислам, сите Дизни live-action филмови имаат некоја промена, ама само кога станува збор за различна раса, е тогаш и историја, и првична приказна, и мислата, и потеклото, и предците на авторот од 1550 и сѐ е битно и од сентиментална значајност.
Ај настрана од темава за Ариел ама самата дефиниција за расизам вклучува дискриминација према било каква раса. Не е по дифолт од бели према црни.
Не можеме 10 пати да објаснуваме зошто обратен расизам не постои, или читајте или едуцирајте се сами.
Maleficent не е remake верзија на Sleeping beauty. Само е приказна за истите ликови, но од скроз различна перспектива. Различно е, и не е поврзано со темата. Исто мислење би имала и Тиана да ја глумеше бела глумица. Секое исфорсирано менување на раса на култен лик препознатлив по своите физички карактеристики е со расистичка основа. Аман!
Постои како појава Ретка е можда, ама постои. А апропо на "црнците имаат право да дискриминираат бели луѓе" и жени имаат право да тепаат и силуваат мажи јер нели, векови опресија си го прават своето
Омг лелеее, замисли има некој што има различно мислење од твоето и мисли дека секој може да е расист. Лутајќи да се пронајдете себеси, забегувате со либералност и сте brainwashed од тоа што ви се сервира и наметнува. Слепи поддржувачи сте на пропаганди од кои сите имаат корист, освен оние за кои се “наменети”. Еве, се реши расизмот со тоа што ја сменија Ариел, после емитувањето на филмот сите ќе паднеме на гз од талентот и убавината на црните луѓе, јер нели black girls do it better. Најјака си, ај.
Не велам дека имаат право, велам дека не можат да дискриминираат, ја немаат таа општествена моќ да се расисти.
Поединечни пример секако се возможни. Обичен пример еве - бела девојка фаќа црн дечко ама неговата фамилија не ја поддржуваат врската јасно кажувајќи дека неќат бела снаа. Прекинуваат сите контакти со него дур не ја прекине он врската и не донесе црна девојка. Имало вакви примери, не е ништо "чудно" Не е на општествено ниво ова ама да, родителите се расисти во случајов, како сакаш врти.