А зошто мислиш дека црнците не сакаат бела девојка во нивната фамилија? Нивната причина е "белите луѓе со векови не дискриминираат и не ги сакам да се плеткаат со нас", обратниот случај би било "не сакам син ми да има црна девојка затоа што црнците се агресивни/подолна раса/нечисти итн." Гледаш разлика? Првото е предрасуда, да, и не е убаво. Ама сепак расизам кој прво дошол и доаѓа од бели луѓе е во коренот дури и на таа предрасуда. Расизам не може да постои на индивидуално ниво, едноставно не е логично. Пошто таа девојка живее во светот со сите привилегии на бел човек надвор од таа врска и случката има ефект само врз нејзиниот личен љубовен живот, а никаков ефект врз целосната положба на белата раса.
Реков дека постојат примери каде не би сакале. Ама тоа што ти сфати дека општо не сакаат, јасно ми е. А останатото е буквално исто со "можам слободно да удрам маж бидејќи тие се привилегирани, доминираат во сите сфери на општеството и се секогаш виновници за насилството врз жените". Или не мора да го удри, на друг начин да го понижи, повреди, сеедно. Тука исто така таа постапка е резултат на сексизам према жени, коренот е пак во машката привилегија нели и е оправдана. Зошто за црнци е океј да мислат така како што велиш, а не е океј за жени? Или можеби и за нив е океј?
Спојлер Морав да споделам, ја прашувам сестра ми како помлада мислење на темата, ова ми врати: Секој со маката. Ако го нема, правда за Макс.
Многу се испозамаравте за црнците и белците у Америка шо не нѝ знаат дека постоиме. Шо се карате? расизам имало и ќе има
Не се на иста бранова должина примерите. Ко прво, не велам дека е океј да мислат така црнци, велам дека тоа не е расизам и не може да биде. Ако сакаш примери со еднаква вредност, тогаш ќе ја земам за пример ако некоја жена рече дека ги мрази сите мажи, тоа што она ќе го каже тоа не ги загрозува мажите н и к а к о, но ако маж го каже тоа за жените е друга приказна. Ако не можете да го видите тоа, не знам што да ви кажам.
Тогаш и таа што ќе го лаже оти пиела апчиња а не пиела за да затрудни само ги мрази сите мажи вклучувајќи и партнерот. Мислам ако мразиш некого, автоматски не ти е гајле ИЧ за него, не бираш партнер бил или некој непознат. Не бираш ќотек или психичко насилство или игнорирање или мобинг или не знам. Мразиш мажи, толку, без релативизирање. Омраза води кон тие постапки. Некоја што мрази мажи сигурно нема да ѝ е жал ако близок маж ѝ умре. Омраза не останува на зборови само, тоа велам. Ама се потепавте да ги браните таму.
Расизам е расизам. Штом некој може да е расист - значи може да е индивидуално чувство. Расизмот може да биде насочен кон сите раси и народи на планетава. Постојат бели, црни и жолти расисти. Исто така постојат и црни, бели и жолти жртви на расизам.
Лично ми има кажано другарка од Јужна Африка која е плава вели дека сите бели се многу дискриминирани таму и затоа со семејството се преселија во Швајцарија. И многу други примери..
Расизмот не исчезнува затоа што белите луѓе мораат се да направат да се врти околу нив наместо да ја прифатат нивната привилегија и општествена положба која им овозможува НИКОГАШ да не се дискриминирани.
Драга Anah и другата членка која ми спомна дека само терам да бидам либерална без да сум едуцирана - освен постарите мислења, не постои дискусија ваква во која сум се пуштила, а да немам читано доволно за да оформам став и да знам што дискутирам. Така да, поштедете ме од вакви коментари кои не служат ништо освен само да звучат ко вие да сте поинформирани со подобро мислење - дискутирајте ја вашата пресвета информираност, ама со вакви реченици не постигаш ништо.
И тоа е расизам, даваш пример за албино црнци? Ти ко ќе тропнеш нешто, тропнуваш стварно. Меѓу црнците постои нешто што се вика colorism, дури и меѓу нив, подискриминирани се оние што се со баш темна боја на кожа, а оние со посветла - особено мешаните црнци кои се посветли, се „поприфатливи“ за општеството. Тука пак доаѓаме до коренот на расизам спрема црнци, а тоа е дека темна кожа е таа што е дискриминирана и причина зошто црнците се сметани за подолна раса. Тоа за албино црнци може постои само како исмевање дека не се доволно црни, ама расизам да ти било... не е, особено пошто е иста раса. Dear White People е убава серија што ја обработува оваа тематика и самата тема на обратен расизам.
Пишав пример каде отфрлаат некој ради боја на кожа, макар што да, иста раса се. А.. као треба да се прифатени оти се нивни ама не се. Не, не збориме за детско исмевање оти биле албино. Збориме за случаи каде албино црнци се буквално убивани оти се албино. Во Танзанија се мноогу чести албино луѓе и вакви работи има таму. Едит И ти секојдневно си опресирана од мажи па не знам шо кур се дружиш и си во врска со мажи.
@Srckata28 , никој не негира дека црнците биле жртви на дискриминација, и сѐ уште се. Да, постојат расисти кои мразат црнци. Ама, да кажеш дека не постојат црнци расисти, е тешка небулоза. Белите луѓе и те како се жртви на расизам од страна на црнци, особено онаму каде што се малцинство. Процентуално, во фирми каде што газда е црнец, има мноогу мал број на бели вработени, што не е баш случај за бел газда. Овие информации ги имаш онлајн и можеш могу лесно да стигнеш до нив. Еве ти табела за целокупниот криминал низ САД во 2020 година. Имај на ум дека црното населенe измесува само околу 13%, за разлика од белото 58%. И направи ја математиката. Не е се црно и бело. Го сфаќам твоето гледиште, ама упорно зборуваш работи што не се поткрепени со факти. Не е поентата само слепо да браниме некој. Повеќе црнци се убиваат сами меѓу себе, одколку што се убиени од бели луѓе или полицајци(Што не е за оправдубање во ниеден случај, па макар и за најстрашниот сериски убиец се работи). Ама да го препишеме насилството и омразата на еден бел полицаец, на цела бела раса е надвор од сите граници.
Ја мислам дека има двосмерен расизам. Белци: сите црнци не чинат и се лоши Црнци: сите белци се лоши и ги мразат црнците Американците се праат курац ипол и демократија до бола и као напредни и сѐ најнај, а уше не сфатиј дека бојата на кожата нема везе со наравот. Секој народ си има свој табиет и понашање.И кај црнците има добри и лоши и кај белците Нивново е као кај нас Македонци вс Албанци
Ако е баш таква споредбата, се плашам дека се во право Не шала на страна, имам пријатели албанци, подобри и повеќе ми се нашле од наши. Ама тоа дека голем дел се понашаат како диво племе, и никој ништо не им може, и тоа е точно.