Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Обратен“ расизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Directioner005, 11 септември 2022.

  1. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.984
    Пол:
    Женски
    Замислете ако белец ја имаше главната улога во црниот пантер, одма ќе се бунтуваа дека е расизам.
    Извесно период гледам дека многу некако оди накај "blackwashing the whitness" така речено за многу улоги и од една серија на нетфликс што ќе излегува овој месец која е базирана на книга, главната улога во книгата е опишана со руса коса и блед тен, а на нетфликс сосема спротивно од тоа односно црнкиња. Реално за малата сирена не се замарам толку, ама за серии или филмови кои се базирани врз основа на книга и има детален опис во книгата како треба да изгледаат, а они зимаат спротивно од она што треба сосема разочарувачки, али тоа е што е.
     
    На Chickadeer, _beautyy_ и Directioner005 им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Маж ми има потемен тен од глумицава.
    Македонец е.

    Кузнај со кој ни се пердашеле бабите по полињата, ќе зборате за раса.
    Ајт таму!
     
    На Feminka22 и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    https://www.thesun.co.uk/tvandshowb...mmed-rapey-racist-homophobic-woke-snowflakes/
    Баш така. Нека адаптираат некој лик по некое нивно литературно дело ( верувам имаат дела кои значат нешто кај нив па би сакале да ги претстават пред светот) по некоја нивна детска бајка, нека создадат мјузикл, црните имаат преубави гласови, по мене најизвонредни вокалисти, ем ќе ја донесат приказната најдобро, ем светот, оној разумниот, ослободениот од предрасуди ќе почне да ги препознава по вакви дела, а тие ќе имаат со што да се гордеат. Која побогу црна Ариел, името, ликот од приказната не соодвестува со црна жена.Инаку сум гледала филмови каде актерите биле 99% црни и мелези, белец освен во епизодна не се ни појавувал, ми биле интересни, сум ги гледала и не најдов некои реакции заради ваквата застапеност. Веќе ваквото нивно вметнување по секоја цена и каде нема простор за тоа, се повеќе ми личи на рамковниве вработувања во земјава ни, па некој по основ на националност ќе се бутне да зема 50.000,00 + плата, поготово АЕК, АЦВП и ним сличните, иако има поквалитетен Македонец кој би аплицирал, ама нели нема ни да аплицира зошто во огласот пишува што мора да е по националност. Патем, вакви „обединувачки,, политики се страшно разединувачки и разорни, создаваат револт и жалам ама тек има да видиме расни превирања во сите правци.
     
    На Rama, baguf4e, Directioner005 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Не негирам дека некогаш било така, ама денеска ги имаат сите права, дури некогаш се попривилигирани. Немој да пипнеш некого веднаш те осудуваат за расизам, дури и без да ја знаат причината. Пошто имаат таков начин на размислување, мислат дека во ниеден случај белите луѓе не се дискриминирани.

    А дискриминација не е само по основа на боја на кожа, религија, припадност...дискриминација е секаков вид омаловажување, а со тоа секој е подложен на дискриминација или расизам.
     
    На Alm., ToksycznaReakcja, baguf4e и 4 други им се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1663174932033.jpg
     
    На Angie1432, Ketchup и Srckata28 им се допаѓа ова.
  6. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    7.967
    Пол:
    Женски
    Нема ништо расистичко со филмов. Според мене, да, требале да стават девојка со плави очи и црвена коса, но ништо страшно и неа што ја одбрале. Голема работа.
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Многу кастинг директори да ти имал еден обичен филм.
     
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    3A71C8C9-AC6F-4BBF-85C0-A7D24D0BA211.png
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Се бара еднаквост ама не се применува :)
    Сум видела расизам од бел кон црн, црн кон бел, бел кон бел човек, жолт кон црн и сто други.
    Ама морам да кажам дека коментарот што го напиша членката @Srckata28 дека расизмот не е индивидуално чувство ме пресмеа.
    Од небо ќе ти падне расизам или како? Сите војни и промени во историјата започнале со еден човек и негова идеологија која е примена од остали индивидуи.
    Ти, како индивидуално битие со свој мозок имаш избор дали ќе дискриминираш некого.
    Сите го имаме тој избор, бел, црн, кафеав, портокалов јбг
    Тоа што си бел не значи дека си толку моќен што омраза и говорни/физички агресии од страна на некој со различен или потемен кожен тен неможе да те допрат или повредат на емоционален или физички начин.

    Размислете пред да пишете вакви глупости..
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    66985d8eba22487dd712753a045024c5.jpg
     
    На staycalm, Amellie13 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.828
    Пол:
    Женски
    IMG_20220915_132937.jpg

    Обично сум повеќе за создавање нови ликови со различни раси наместо менување на старите, но не можеме да плукаме по актерката на Ариел кога ги имаме овие прифатени како сосема нормални, глумени од бели луѓе кога попрецизно би било да се од други.

    Плус, Ариел е фиктивен лик, и самиот цртан филм е изменет во однос на оригиналната (морничава) приказна за да е поприлагоден за деца.
    Да стануваше збор за период од историјата кој некогаш се случил ќе беше друго. На пример, во филм за Хитлер (ќе треснам) да стават црнец да го глуми.

    Мене ми е симпатична актерката, и реакциите на дечињата на трејлерот ми го стоплија срцето. Нас можда ни изгледа како да не е big deal, ама тоа е големо нешто за дете да се пронајде во некој лик.
    Единствено посакував косата да и беше повеќе црвена, како нешто по кое сите ја препознаваме Ариел.

    Патем, target audience се деца, смешно ми е колку се вознемируваат возрасни луѓе за ова.
    Јас ќе го гледам секако. :)
     
    На Angie1432 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Женски
    Halle Bailey има преубав глас. Јас кога ја слушнав веќе немав многу дилеми дали треба да биде она во оваа улога или не.
    Ликот на сирената не е само бојата на кожата, тоа сакам да кажам.
    Гласот на Ариел е клучен момент во дејствието, може да го сметаш за посебен лик во приказната...
    Еве линк за оние што не ја чуле како пее.
     
    На Frosty! му/ѝ се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Пораката е важна, не бојата на кожата.
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.469
    Допаѓања:
    114.826
    Пол:
    Женски
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Добро, примерите од Блиски Исток јас прва ги спомнав, но рака на срце, спорно е расното потекло на тие простори, особено кај тамошните владејачки лози.
    Шахот Исмаил бил црвенокос (го опишувале како најубав маж на своето време), ѓоа Елизабета I.
    [​IMG]
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Во сите сфери постојат милион култни ликови, не е сега дека Ариел е прва и последна ко лик, и ај ќе ја модифицираме по потреба, еднаш бела ќе биде, еднаш црнкиња, еднаш Индијка и што ти знам таму. Ко што кажав, можеа слободно да измислат сосема нов лик, неважно дали ќе биде принцеза, пчеличка, мече или сирена.
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Хале е преубава и преталентирана. Нејзините квалитети можеа многу подобро да се искористат и да добие нова улога, како нова сирена, каде што ќе издоминираше. Вака повеќе хејт добива, ни крива ни должна е дел од провокации. Ама тоа е, секое чудо за 3 дена..
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Рама, веќе објаснив, ама еве пак и тебе ќе ти објаснам.

    Во 1989, Дизни одлучуваат да направат цртан базиран на книга од 1845. Во меѓувреме имало мјузикли, претстави, сликовници и ред други работи, кои си давале свој twist на приказната.
    Дизни исто така си прават своја верзија на приказната. Ѝ даваат име - Ариел, додаваат дел од грчката култура, ако не се лажам и принцот Ерик имаше некоја позадина. Таа верзија станува најпопуларна, бидејќи Дизни како и денес, така и тогаш биле лидери во продукција на анимирани филмови. Ние растеме со таа приказна.

    30 години подоцна, Дизни, значи креаторите на истата приказна што ние ја сметаме за оргинална, решаваат да направат филм и повторно одлучуваат да направат промени во некои работи. Зошто сега би немале право да го направат тоа?
    Само затоа што таа е најпопуларна и една генерација израснала со истата?

    Сѐ се менува генерациски. Нашите родители израснале со стаклени шишиња кока кола, ние со пластични, нашите деца кој знае, со хартиени? Ама кока кола, останува кока кола, зар за секоја нова амбалажа треба име да менуваат?

    На крај краева секако Ариел е веќе бренд, кој сигурно ќе има заработка поголема од некоја нова сирена, што по примеров погоре, би била пепси. :D
     
    На theowndemon, Ajronmen, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.169
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1663276496009.jpg
     
    На Cosmic Girl, elimkd и Srckata28 им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.522
    Пол:
    Женски
    Има разлика дали лик е одредена раса ако му е јасно нагласен како дел од идентитетот. Пример black panther шо цел идентитет му е околу африканска култура. Зато споредбите за него ви се мех. Неспоредливо.

    Ариел од друга страна е ... Риба. Во океани. Шо се простираат ... Сегде. Ликови константно се менваат и од бели кон луѓе од боја и обратно. Да, да, и обратно. Пример Wanda е романи. Нигде не е спомнато во MCU. Или R'as Al'ghul, во ни една адаптација шо ја имам гледано не е арап иако во една го збора кратко јазикот. Ама актерот е бел.

    Према мене, секој актер треба да можи да аплицира за скоро секоја улога освен тогаш кога е стварно важно улогата да е врзана за одредена боја на кожа. Пример приказната ако е за азиска принцеза. Не можи тука да се вклопи некој шо не е азиец пример, пошто е нивна култура. Се друго е флексибилно. Како шо видовме и низ годините, а и сега. And at the end of the day, who cares.

    А дека секој можи да е жртва на расизам и дека можи да е индивидуално чувство... Duh. Али филмов? Ништо страшно.
     
    Последна измена: 16 септември 2022
    На Cosmic Girl, Bezimenka90, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.