Мислам дека треба да е јасно карактерите од филмот се инспирирани од грчка митологија. Таткото на Ариел, кралот Тритон побарајте веќе постои како лик во грчката митологија..Triton (/ˈtraɪtɒn/; Greek: Τρίτων, translit. Trítōn) is a Greek god of the sea, the son of Poseidon and Amphitrite, god and goddess of the sea respectively. (За кои веќе има скулптури како би изгледале) Triton lived with his parents in a golden palace on the bottom of the sea. Колку убави книги има од црна раса што никогаш не се преточени во филм и баш е штета...
Уствари темава е доказ дека некои работи може да се наметнат и да се прифатат без многу да се разработат во мозокот. И за сите што кажувате дека црна Ариел нема да го реши расизмот, можеби за нас не, ама за наредните генерации некои работи што ние сега ги дискутираме, ќе бидат дифолт. Прилично сум сигурен дека децата што сега ќе ја гледаат новата Ариел, за 20 години ќе ја немаат конверзацијата за тоа која верзија е правилна. Толку од мене на темава.
https://vm.tiktok.com/ZMF1t7FMR/ Ве молам изгледајте го видеово, па да се слушнеме дали некогаш ќе постои вакво нешто за бели луѓе. Црнците се од самиот почеток исмевани не само за боја на кожа, туку и за нивните типични физички карактеристики како поголеми усни, поголем нос. Истото важи и за Азијци во врска со нивните очи. Такво исмејување не постои за белци.
Интересен момент, ова е тема на која немам став, но во исто време и имам став. Во принцип, кога си малцинство, многу е важна видливоста. Пример- глумицата Nichelle Nichols (Ухура од Звездени Патеки) сакала да ја напушти серијата зошто добила можност да игра на Бродвеј. Дала и отказно писмо, Роденбери ја молел да остане, се било џабе се додека на еден настан не ја замолиле да се запознае со голем фан на серијата. Фанот испаднал Др. Мартин Лутер Кинг кој ја убедил да остане, зошто преку нејзината улога, како офицер во вселенски број ќе биде прв пат црнците да бидат видени „како што треба да бидат гледани секој ден, како интелегентни, способни, убави луѓе кои можат да пеат и танцуваат, но и можат да одат во вселена, да бидат професори, адвокати“. Децении после серијата Вупи Голдберг изјавила (слободен превод): „Имав девет години кога Звездени Патеки почнаа да се дават. Погледнав и почнав да врескам по дома, Дојди мамо, сите, дојдете брзо, дојдете брзо, има црна жена на телевизија и не е слугинка! Во тој момент знаев дека можам да бидам се што ќе посакам“. Првата црнкиња во вселената, Меј Џејмисон, исто има изјавено дека нејзина инспирација кога била девојче за да стане астронаут била токму- Ухура. Тука може да го спомнеме и Ефектот Скали. Односно, после прикажувањето на Досиејата Х, многу пораснал интересот кај младата женска популација за S.T.E.M полињата (science, technology, engineering, mathematics/ наука, технологија, инжeнерство, математика). Денес, две третини од жените кои работат во овие полиња ја сметаат Дејна Скали како нивен личен идол (role model). Битно е да има некој како тебе на телевизија, во книги, во игри, особено ако потекнуваш од група која е дискриминирана. Идол кој ќе те води кога ти е тешко и кој ќе ти биде симбол на успехот. Кога пред неколку години беше избрана жена актерка да биде следната реинкарнација на Доктор Ху, имаше плачки „Ама кој ќе им биде идол сега на малите момчиња??!??“ Малите момчиња имаат идоли околу нив колку сакаат, целата класична и модерна уметност е насочена околу нив, колку идоли имаат малите девојчиња за да се угледаат на нив?? Со тоа кажано, немало потреба Ариел да биде црна, исто како што нема потреба Снежана да биде латино. Немаше потреба Скарлет Јохансон да биде мајор Кусанаги. Ама затоа има и тоа каква потреба од нови приказни, нови ликови и нови идоли.
Се согласувам речиси со целото мислење но... Ариел нема потреба ни да биде бела. Некој беше спомнал за косата и очите, жал ми е, но и да беше бела немаше да ја има баш таква интензивна црвена боја на коса како во цртанот, 10000%. Вака сакате со перика?
Ако веќе прашуваш што сакаме, еве: Lea Michel, само со bright red hair. Преубав глас, иста Ариел, го има истиот тој “happy” глас на Ариел, скроз нефер што не ја доби улогата. Најдобар избор беше без сомнение, ама нели треба да докажеме поента некоја и да расипуваме класици. А колку убаво ќе се вклопеше..
Абе небитно што е, битно е дека личи на Ариел. И верувај тука ќе смееа да стават црвена коса и плави очи.
Мене и двете ми се преубави. Само што на Леа повеќе ќе и прилегаше Ариел. Лоша аматерска снимка и звук, ама доволно за да се слушне талентот.
Ко прво зошто толку стара жена да ја игра Ариел ко второ како сега не ти сметаат кафени очи? Не си ни subtle со расизмот. Јас би била бунтовна оваа да е Ариел која е 16 годишна сирена.
Мене ако некој ме праша (а никој не ме прашува ), Ариел нема потреба воопшто да биде Ариел. Место да се рециклираат стари улоги, од стари филмови, нека се напишат нови. Зошто да не се сними филм, со црна сирена, ама со нова, уникатна приказна? Па место да дискутираме дали и колку и е црвена косата на новата Ариел, новата сирена нека има фризура карактеристична за црнкиња. И воопшто, целиот стајлинг нека биде во таков фазон. За мене, снимање на лајф екшн верзии на добро познати и сакани цртани ми е само мрзлив потег на алчно студио. Искрено, верувам дека ги заболе за расизмот, ова е само добар начин да се заработи на драмата и контраверзиите кои ќе потекнат од кастингот. Црна Ариел, латино Снежана...Encanto беше прекрасен филм за латино семејство, Принцезата и жабата ја имаше првата црна принцеза. Новава „Малата сирена“ ќе блесне за секунда и толку, ќе им се придружи на „Пепелашка“ и „Убавицата и ѕверот“, заборавени во истата секунда откако ќе престанат да се прикажуваат во кино. Потребни се нови, оригинални ликови кои ќе го остават својот белег.
Интересно би било да се слушне што мислат африканските црнци (не афроамериканците) во поглед на целата работа? Имено да се става припадник на нивната раса во приказна на белците (кои биле едни од главните покорувачи и злоставувачи на црниот континент) приказна која не е дел од нивната изворна и богата африканска култура. Како уметничка слобода на изразување немам ништо против, оргиналната данска приказна (Den lille havfrue) на Х.К. Андерсен ионака е само делумно земена и со драстично изменет крај од страна на дизниевото студио. Но кога тоа е ефтин обид на светски позната и пребогата компанија да се замаскира недостигот на креативност со политички коректна обланда, тогаш тоа е веќе друга приказна. Проблемот почна уште со римејкот на Кралот Лав кога за да го покажат дострелот на најновата компјутерска технологија, направиа филм со визуелно совршени но бездушни сцени. Нека повелат нека смислат нови приказни... Речиси исто како да снимат филм за Мартин Лутер Кинг или Малколм Екс каде некој белец или азијат ќе ја толкува нивната улога. Или ете ако се тие вистински историски личности за разлика од измислената малечка сирена, замислете снимат филм за мариовскиот Итар Пејо со црнец. Лично немам ништо против, но доживувањето би било сосема поинакво. Би било можеби нешто како спотов (кој инаку е со сосема друга тема):
Имам теорија дека Дизни сакаат да дадат tribute на првичната глумица која стои зад гласот на Снежана, затоа што во минатото биле ептен шејди према неа. Иначе, те сфаќам што сакаш да кажеш, ама не мислам дека на сите им доаѓа од исто место размислувањето. Ко, повеќето од тие што се против Хели да ја глуми Ариел, не ги ни гледаат филмовите на Дизни. Само тврдат како не смее Ариел да е црна и истото звучи ај да не кажам расистички, ама tone deaf за white privilege.
Ахам, значи не дискриминираш на било каква основа, освен возраст за жена. 35години е толку стара жена???? Да не заборавиме дека Ариел е всушност и мајка, ама ај нема везе. И не, вака изгледа жената приватно, за филмот сигурно ќе добиеше сини очи и црвена коса, за разлика од сега, што не се ни осмелуваат, небаре автобиографски документарец снимаат..
И за Ариел ме нервира изборот, и за новата верзија на Пинокио каде самовилата е црнкиња, и пред некоја година за "Lady and the Tramp" каде жената која ја чува Маза е црнкиња (да, баш во тоа време била црнкиња мажена со белец и така богато и среќно си живееле), ме штрекна и Вил Смит во улога на Џини, ама ај зашто дух па некако се навикнав. Иначе обожавам филмови, цртани, серии со сите раси, ама вакви извртувања, глумење добрина-не!