Абе кога ке им текне на ТВ-ве наши да смислат нешто поарно од ваквиве срања..се тоа па тоа...се истите "таленти" кружат по државава малку на идол малку на м2....Ништо едукативно,ништо забавно,само исмејување и крадење со тоа смс гласовите ...божем некој пак гласа...и ова како онаа поговорката "мижи Митре толумби паѓат"
И јас органски не ги поднесувам а за тоа да Елена швалерка му била сакал да му биде и Сања Левкова и затоа таа се оддели од нив а Ламбе бидејќи не е педер- неможе да му биде швалерка па затоа Дарко му се наметна во песната Врати ми го срцето затоа сите други ги прекинаја договорите со м2 несекој ќе си ја "продаде" душата за да биде славен
Леле ај не зборете глупости за дотичниве личности! Лично познавам некои од нив и тврдам дека не е вистина тоа со швалерајот. Ако е за тоа познавајќи ја Лефкова сеа у скут ќе му беше на Дарко а не да бега од него... за тоа си ја знаеме. И тука се коментира потрагава по ѕвезди а не нивниот личен живот. Јас се извунувам за испадов ама за сите знаете што да истрачарите а уствари немате појма со реалноста, едно е да се кометира за изглед карактер ова она, ваше мислење, ама ова е претеризам, не за друго мене искрено ми е гајле што се збори за Елена Дарко или Лефкова ама треба да се има осет, ако не друго може тужба да испиете некој ден. Се извинувам уште еднаш, ама морала сам Вистината е дека М2 им овозможи кариера која само Елена и Ламбе умееа да ја користат, другиве очигледно не сакаа или незнае како. Некои беа поамбициозни, а некои ја поминаа границата на толеранција на менаџерите па не заслуѓија да се инвестира во нив, како на пример групата 4PLAY што беше избрана покажала тотална несериозност, бавење со анркотици итн... Не гледам ништо лошо во ваквите потраги по ѕвезди, напротив нудат стимул за оној кој навистина има талент за пеење. Зашто го сфаќате тоа негативно неможам да разберам. Сепак секој со неговото мислење
M2 - Потрага по ѕвезда Искрено мене ова шоу ми е далку подобро за разлика од Македонскиот идол каде разбрав дека има многу монтажи и шпекулации со што шоуто ми паѓа на најниско ниво. Веќе се завршени аудициите од М2 и јас присуствував на аудицијата што беше во мојот град и можам да кажам дека навистина ми се допаѓа целокупната идеја. А она што најмногу ми се допаѓа е што жирито не критикува и не ти дозволува да испаднеш смешен па дури и да незнаеш да пееш. Денес се објавени резултатите кои се првите 60 финалисти: http://mmm.com.mk/WBStorage/Files/M2_Polufinalisti.jpg Полуфиналето ќе започне на 19ти Декември (недела) во клуб Колосеум а истото ќе се емитува во живо на Сител телевизија.
Абе ајде на се мана да се наоѓало. Ваков/таков факт е дека од оваа потрага излегоа добри ѕвезди, па Елена и Ламбе се најактуелните пејачи кај нас, и плус не дека се без талент и квалитет. Еве една од последниве песни на Елена е голем успех, зборувам за "А можевме", која мене лично многу ми се свиѓа и ретко некој да оспорува дека е одлична песна, а Елена е лице на естрадата благодарение толку на оваа потрага. Александра Пилева, Туна, Димитар Андоновски, Магдалена и други пејач(к)и се прославија токму со овој избор. Реално М2 се единствените што се трудат за оние пријавените и оние што ќе победат (јасно дека имаат корист ама сепак, обострана корист). М2 снимија еден куп албуми и песни, најмалку сите пејачи од финале имаат своја песна...за разлика од ова, каде се оние што учествуваа по идол и слично, она со Белов (забораив како се викаше целиот настан). Толку, собраа парите и после ги нема, толку од пејачите, ниту албуми, ниту песни, ниту промовирање. И мене тотално ми се антипатични Димитров и Иво, нема ни да го гледам шоуво, ама неоспорен е фактот дека со помош на ова добиваме нови имиња на естрадава кои сами неможат да си овозможат Голем плус за тоа што ги давале само тие што знааат да пеат, без правење циркуси од оние што незнаат. Може се смешни и воопшто не треба да излегуваат таквите по аудиции, ама не сме ние ништо супериорни за да ги измејуваме јавно, ко шо го прават тоа на идол (па и монтирано) А такви трачеви, кој на кого била швалерка, која зашо избегала...не ни коментирам, страшно непотребни инфорамции и тотално небитно
Од кај Весна Бејби ја ставиле во жири? Ем нај некомпетентна од сите таму, ем се прави дека највеќе знае. Страшно ми е одвратна.
весна е ставена за да биде интересна демек уствари ич не е интересна.пошо у идол нели тони и игор лупаат глупости,да не испадне дека кај овие нема кој шо да каже.дарко и иво си коментираат од музичка гледна точка,некогаш не ни коментираат,а весна се прави на интересна.уствари везе нема.бев на една аудиција како подршка на моја блиска од фамилија.некои коментари без везе даваше.колку само да лупне нешто..на мојата роднина и вика"a ти која песна ке ја пееш"и она и одговори и на тоа весна"пих,ама песна си одбралаа"a na песната нишо не и фалеше,нова песничка,ама не и текнуваше на весна да каже нешо попаметно изгледа
Многу ми е глупава оваа "потрага" на М2. Од водители, па до ценетото жири, сите ми се некако вештачки и шо знам, глупаво ми е и затоа не го ни гледам... Едноставно не ми го задржуваат вниманието повеќе од 5 минути...
Значи Весна не дека не ја можам, ами ми буричка во желудецов. Толку антипатика на едно место, во една личност мислам дека никогаш не се собрала. Сите особини што ги мразам кај еден човек, тргнувајќи од неприродно однесување, се собрани во неа. Налет што има фаца како Секиролика и ми е опасно грда. Незнам од каде таа нус појава се проби на телевизииве. Озбилно, ништо квалитетно нема да понуди, а ја буткаат. Се прашувам кој ли воопшто ја сака Весна?! Бејби бре?! И за крај цитат од Игор Џамбазов. "Да имам нозе како нејзините, ќе одам на раце"
На почетокот на Вртелешка во тој период Весна не беше толку неподнослива како сега, и тоагаш беше претерано лигава ама пак некогаш и ги гледав емисиите знаеше да каже нешто интересно, ама сега е крајно вештачка, ни малку не ми се допаѓа како водител и како јавна личност, никакви квалитети не гледам кај неа. Од кога се омажи со тој маж и ( не ми текнува како се викаше ) уште повеќе и се дигнаа акциите па уште толку почна да се занесува. А на М2 не им беше доволно тоа што Елена Ристеска на рекламата ја емитира Кејти Пери, па сега и оваа водителката на шоуто почна да ја емитира Тина Тарнер со фризурата и облеката. И на крај пак исто како Кејти Пери, вика „Чао и благодарам“.
Незнам со каков тон го кажал и на кој начин (дали имало иронија,сарказам) али всушност ова вака дефинирано е комплимент
Гледав демек полуфинале вечерва, и само едно нешто разбрав: Весна е ставена само да се согласува со Иво и Дарко. Сите различно дрдорат, и плус ме нервира кога ќе речат стајлингот сменете го, па децава сигруно немаат по 300 евра да се скоцкаат од глава до пети за полуфинале. А ми се допаднаа неколку
Јас сакам да се пофалам дека денес си ја видов братучетками. И одлична беше. Имаат глас некои од денешните. Мислам дека една Мила се викаше која одлично испеа. А баш приметив дека Весна бејбеее на сите им даваше критики. Критика до критика. Па добро според неа нема некој асален?
Јас однапред се извинувам со вака секој пост во темава ми е мрчење ама мора и за ова да кажам. Критика не значи нешто лошо. Критиката може да биде позитивна и негативна значи тие се таму за да даваат критики, сеа ваљда сакаше да кажеш дека "совршената" бејби цело време лоши критики давала
Мене шоуво, потрагава ми нема врска затоа што истите ликови од „Идол„ се. Таа малата што се расправаше, ја шутнале од „Идол„ а на „м2„ е у полуфинале, помала конкуренција а? Без везе.
Ако е таа што мислам (девојката која ја пееше Halo од Бијонсе), мене ептен грдо ми испеа. Се издераваше некако цело време.