Не најдов ваква тема, ако има - КЛУЧ. Се мислев дали да отворам, но сепак решив да го сторам тоа. Овие денови се` почето гледам девојки со скинати веѓи на врвот, а и момчиња. Порано го сметав за многу глупаво, а сега немам нешто многу против тоа. Мислам дека веќе знаете на каква веѓа мислам кога ќе кажам СКИНАТА. Па што мислите вие за овој „третман“ на веѓите? Го одобрувате ли ова? Сте пробале ли? Имате ли искуство и какво е? Дали препорачувате некому да и ја земе невиноста на својата веѓа? Да подискутираме, мислам дека има многу што да се каже.
Хит во Париз во 2008. Малку касниме, малку повеќе... Страшно сељачка работа. Јас мислам дека нема, најискрено.
Jaс еднаш се скинав Несакајки де. Се чупав и по грешка неколку влакненца и отиде веѓата на пола. Инаку ич неќам вакви веѓи ни порано ни сега. Не ја сваќам таа "мода". Ај кај мажи донекаде да разберам, иако мене ми e како синдром сељо бој. Ама женски? Ја грубат веѓата, апсолутно неженствено. Не сваќам убавина во ова. Што е убаво тука? Или уште и на два пати скинато. Уф
Не сум знаела дека некад било у мода вакво срање. Што ефект треба да постигне?! Ај кај мажите,најсилниот победил у некоја борба и тоа му е ко орден. Ама жените?!
Скината веѓа ми е исто ко порано кога лепеа фластери на сурат ко раперон Нели. Ок е, ако си машко, носиш рамбовки, не си ги миеш мишките и љубиш да искачаш у Ванила. И пушташ евтини пијачки на евтини цуциња. Пре би рекла дека е сељачизам отколку мода.
И според мене ич не стое на убаво нежно женско лице, да се уништува убавината на веѓата. Сепак, во врска со ова за дискусијата, може некој има искуство, па би сакала да позборуваме, бидејќи ми врват многу мисли да ја кинам мојава веѓа.
Ко ќе не ми се средени веѓиве еднава веѓа ми забегуват и во влакната изгледат ко скината. Инаку намерно никогаш не ми била таква, нити па некогаш така ќе ја направам. Истото важи и за пирс на веѓа, одвратно ми е.
Шознам, ете од чиста љубопитност... А многу сакам да пробам, но сепак најпрво да избројам до 3 пред да направам некоја глупост.
Ау синоним за сељанчерос ми е. Многу ми буричка у дигестивниот систем тој "стил" и ич несфатливо ми е.
Ау не никако скината веѓа Кај ќе одиме така?Уф ми се кога ќе видам таков сељак прва класа или сељјачка кои се влезени во некој селски филм и бркаат мода.Каква мода бре
ми се пповраќа кога ке видам некој ваков ми изгледа како мафијаш многу е грозно и сама никогаш не би го напраела тоа..!
Ми беше еднаш таква, козметичарката по грешка ми ја направи. После ја пополнував со моливче зашто ме нервираше. Јас сама никогаш не би си направила ова, а и многу грдо изгледа. И на женски, и на машки.
Вооошто не ми се допаѓа и ми личи како знак на некоја секта. Самата никогаш не би направила, ама мене десната веѓа ми е "скината", "силувана"- лузна уште од мала, па морам да ја цртам на две места.
Не,брат! Не си шема ако имаш скината веѓа! Тоа ти е како да имаш знак на себе на кој пишува АЈ ЕМ СЕЉАК СО ТАПИЈА.
Еееее... сега е сељачизам, ама Дилан од Беверли Хилс ко ја носеше, сите паѓаа во несвест по него и јас де штовише, ја поише си го сакав Дилан него Брендон, досаден ми беше овој вториов Шала на страна - НЕ сакам такви неприродности, освен ако, нели, се работи за лузна, на пример - и мислам дека Лук Пери а.к.а Дилан не ја носеше од мода, туку му беше лузна... ама беше секси, мајке ми :geek: