И јас немам сретнато девојка да биде со ваков тип на веѓа.(освен тинејџериве - но не сите ) .Никогаш не би направила таква веѓа,ептен ми е селска таа работа зошто бе правите такви работи и сакате да изгледате глупо во очите на другите,ич не ми е јасно ц,ц,ц,ц,ц
Не може секој да ја носи, тоа со сигурност го тврдам. И дека одамна и помина модата - и тоа е така, едно 3-4 години секако можда и повеќе. Глупаво ми е мене лично, а и вакви веѓи имам видено само на Punk is not dead стилови.
Јас ја имав несакајќи скинато така веѓата и ја цртав додека да ми порасне зошто многу глупаво изгледаше...
Никогаш не сум имала ваква веѓа, а не ни сакам да имам. Што знам, мене ми е глупаво. Една од моите симпатии имаше ваква веѓа и ја гледам сликата и се прашувам што му се случува на овој. Оно модата била во прашање. Добро, повеќе не му е таква.
Ова не е мода, ова е мрдната работа, естетски за никаде. Јас искрено прв пат сега дознав за оваа „мода“, кога го прочитав насловот помислив дека се работи за барање помош за скината веѓа. Свашта, и од вакви работи мода ли направија. Уште сто пати да се родам нема да шетам така како искубана кокошка.
Aуу не би фала. Сељачка работа исто како тоа со лажичката од кафе цел ден во уста. Мислам .. кога ќе видам некоја девојче со искубани веѓи како кокошка без пердуви ми е. Неубава слика. За некого модерно ама за мене не.
Мене ова воопшто не ми се допаѓа, другарка на сестра ми 14 години си ја исече вака и во школо ја бркаат од часови наставниците и викаа кога ќе ти порасне појави се а не сега или цртај си ја додека не ти порасне..така да на женско не ми се свиѓа како стои, а за машкиве можеби но сепак сум против тоа.