Драги феминки, Со особена радост ја отворам оваа тема во категоријата Религија, инспирирана од апликацијата YouVersion, која ни овозможува секојдневно да се поврземе со Божјото слово преку „Стих на денот“. Целта на оваа тема е да ни помогне да го започнеме или завршиме денот со духовно надградување и мудрост. Оваа тема е наменета за сите нас кои чувствуваме потреба од духовно насочување и утеха во нашиот секојдневен живот. Во време кога стресот и предизвиците се дел од нашето секојдневие, еден краток стих може да биде извор на внатрешен мир и инспирација. Верувам дека ваква тема недостасува на нашиот форум, бидејќи овозможува не само духовно богатство, туку и можност за меѓусебна поддршка и заедничко размислување. За оние кои немаат допирна точка со Библијата и / или апликацијата YouVersion, ова е одлична можност секојдневно да се запознаат со различни стихови од различни глави и теми, и да се вклучат во оваа дискусија. Темата е отворена за сите кои сакаат не само да се збогатат духовно, туку и да учествуваат во дискусии за стиховите, да ги толкуваат и да ги споделат своите размислувања за нив. Секојдневно ќе биде објавуван нов стих, со надеж дека ќе биде инспирација и благослов за сите кои ќе го прочитаат. Топло ве поканувам да се приклучите, да ги споделите вашите мисли.
Галатјаните 5:14 MK2006 [14] Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе. https://bible.com/bible/1501/gal.5.14.MK2006
https://forum.femina.mk/threads/Библија.768/page-21 https://forum.femina.mk/threads/Цитати-од-Библијата.4868/page-19
Делува едноставно, но најтешко од се е да се исполни овој Закон, бидејќи целокупната животна суштина се состои во оваа навидум проста реченица. Првенствено треба да се знае дека ближни ни е секој човек, пријател или непријател, познат или непознат, симпатичен или антипатичен... Човек. А секој човек во себе има делче Божјо, како што и самите имаме и кое во другиот треба да го пронајдеме, да го засакаме, преку него да се поврземе, запознаеме, запознавајќи се и себе си воедно. Тешка и целоживотна задача е тоа, со многу падови и искушенија, борба постојана. И на може без љубов кон Христа, тој треба да биде нашето огледало. Христос, совршениот човек без грев кој ги сакаше сите луѓе подеднакво....а ние ситни како зрнца песок во своето самољубие, гордост, страсти....среќа е што на сака така совршен и секако не чека да го побараме....
"Не очајавувај и не се плаши, зошто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зошто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.“ Зборот "не се плаши" бил запишан 365 пати во Новиот Завет.
А сепак се плашиме, додуша некои премногу, а некои со малку вера или премногу невера, малку помалку страв покажуваат. Се плашиме од болести и војни , од глад , од студ и од жештина , се плашиме за децата панично дури , се плашиме дека нема да можеме да го контролираме утрешниот ден , а за годината тек.... А и не плашат додуша , секој Божји ден некоја нова причина за страв. Можно е да ги има 365 причини за страв , бидејќи Христос е секогаш мета. Важно не се плашиме од Бога, па уште и да му почукаме. А убаво си пишува, да не се плашиме, бидејќи во заедништво и со Бога и најслабите, најсилни можат да бидат.
Секое живо суштество составено од крв без разлика дали е словесно како луѓето или без словесно како животните, во себе содржи чувства и емоции и страв. Човекот се плаши од животното а животното од човекот, прост пример за страв. Секое срце се плаши макар колку и да е закоравено. И Римскиот цар кој имал закоравено срце и мислел дека не се плаши од ништо и мислел дека е семоќен, сепак попуштил кога Бог заповедал царството да му го нападнат скакулци и секаков друг вид на инсекти а потоа и болести удирајќи му во детето а потоа и природни катастрофи. А Бог заповеда верниците да ги обележат портите свои со црвена крв за да не се соочат со ова зошто поверувале во него. Човек со цврста вера, не треба да се плаши од ништо, ни од природни и антропогени незгоди како војни итн, ниту од смртта, зошто Христос страдаше и умре заради нас и нашето спасение и се вознесе во небесата и пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и неговото царство не ќе има крај. Ние како луѓе и православни верници, доволно е само да го отвориме нашето срце за Бог да влезе во нас, да бидеме црвсти верници, а со тоа да го возљубиме со сето наше срце, зошто Бог е љубов. Ако човек е праведен, не треба да се плаши од ништо, зошто Христос е тука со неговата голема легион армија на Ангели и Архангели кои ќе те чува, како што се наведува во цитатот: "Не плаши се; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.“ И секој праведен кој го возљубил Бог со сето свое срце, на второто судење ќе живее вечно во царството небесно.
Во овој хаотичен свет, во кој човекот е постојано изложен на немир и несигурност, Христовите зборови ни се дадени како водилка и поткрепа. Неизмерно е значењето на внатрешниот мир кој го носи вистинската вера. Оваа вера не е само ритуал, туку жив и динамичен однос со нашиот Создател. Христос нè повикува на љубов, но и на храброст – на непоколебливост пред искушенијата и на доверба во Неговата божествена промисла. Иако светот ќе ни наметне безброј причини за страв, Христос, нашиот пастир, ни го ветува својот мир и заштита. Да се потрудиме да го отвориме срцето за Неговата љубов и мудрост, која ќе нè води низ животот со сигурност и благослов.
Да, баш тоа е и, цаката на некој начин, да речам. Често знае да ме заинтересира стихот, па и цела глава да ја прочитам.