Оти на темава така кажаа И плус некоја статија без референци што не знаеме ни од каде е. Се надевам дека луѓето барем приближно толку внимание вложуваат во тоа децата да им пораснат во добри и спосoбни луѓе, колку што вложуваат во тоа дали бебето ќе гледало беж, бела, црвена, сина или жолта пантолона
На бебињата им треба јак контраст за стимул во развој, затоа што они не гледаат. Не дека мора да е црвена, ама црвената дава јак контраст. Кај пастелните, кај бежовите тонови, нема контраст, еднолични се, избледени. Ако една тропалка има само бежови пастелни тонови без контраст нема исто да влијае на дете ако истата пример е со контраст, не мора црвена, може црно и бело, ама контраст јак. А понатака па треба да ги учи и разликува боите. Ќе реди чашки или прстени со беж тонови и што ќе викате ова е боја #e1c699. Не, туку ќе се земат црвени зелени жолти чашки и ќе ги учи боите. Во бетонов не црвена уште малку ни зелена ќе видиме. Почекај ги полјаните со булки годинава, ама надвор од градот.
Точно и се слоужвам ова за контраст, не си ме разбрала небитно,само мене зборот во овој случај ми беше стриктно за црвена како што некои спомнаa дека е нужна и важнa за во собата/облеката и секојдневието на бебето/детето. Да не се повтарам.. Спојлер: .
@CameliaMiller јас проблемот не го гледам толку во облеката, еве и јас купувам пастелни бои, баш приметив бебка од раѓање е претежно во бели, крем, нежно розе, пастелни бои. Проблемот на пример е овој. Гледаш бои некаде? Сликите се од бебешка продавница која моментално споделува што има на продажба. Во лп можам и линк да дадам. Не се рандом слики од нет. Да бидам искрена преубави се сликите, ентериерот, боите. Ама има едно НО. Како тоа влијае врз развојот на децата? Еве како тоа бебе ќе регира на белите играчки?
Мене не ми се толку тажни овие беж бои за облека или интериер, освен ако мајките не претеруваат секогаш децата да изгледаат совршено за на Инстаграм/ тикток. Зависи до кој степен пробуваат да биде се беж, ама за дома мене беж ми е убава боја зашто е светла ама не е депресивна ко бела па да се осеќаш ко во болница да си. А не е па ни црвена па ко да си во некој билјард клуб. Потажно ми е градското сивило и мислам дека тоа повеќе влијае на децата. Сите згради веќе се сиви и бели, асфалтот сив, улиците сиви, еднај едно дрво да видиш. Ретко прават згради со темно црвена цигла боја. А и кога има малкку шаренило ќе се паркира некоја кола. И џабе што се колите сите во различна боја и алиштата што се шарени кога естетски пак е се грдо.
@INNERBEAUTY Дречливи црвени секојдневно можиш да најдиш за почеток во овошја: Ама генерално црвена, а и дречливо црвена се чести во природата. Покрај ова имаш дречливи цвеќиња, животни, зеленчуци (пиперки пример). Најретка боја во природата е сина. Е сега сем ако нема во двор пауни, ете на та боја не би било "природно" изложено сем денско небо кога гледа. And that's pretty much it.
Ова се слики за на инстаграм Јуле. Кое бебе вака фино ќе го дотераш и седнеш и ќе јаде киноа и просо и банана цел живот? Знаеме како е, ќе го дотераш за сликање, ќе се ушљака, ете ти флеки од бои колку сакаш. Дека на бебето ќе му дадеш беж тропалка и тоа одма ќе земе и ќе си ја тропка. Да, на филм. Ех да беше толку едноставно со децава. Не знам колку тропалки имам купено додека не улета некоја која ќе ја прифати самото. Да не го заборавиме фактот дека повеќето деца од 9 месеци тргнуваат во градинка каде престојуваат поголем дел од денот и гледаат големо шаренило. Ако се вратат во смирена беж соба никакво влијание на развој нема да има. Да јаки бои им требаат и контрасти, ама па и ако во собата ѕидовите се црвени и зелени само ќе се престимулира. Боите се насекаде. Повеќе од тажно, смешно е ако некој воопшто верува дека можеш бебе/тодлер да ограничиш во простор и боја. Да, можеш собата да му ја претвориш во беж, ама тоа е само еден мал дел од сложувалката што тоа дете ја сложува растејќи. На другите делови немаме апсолутно никакво влијание, а тие се секогаш, без сомнеж обоени. Иначе лично Зара ми е едно од омилените места за купување за децава. Имаат сешто на понуда и сосем ок квалитет. За новороденчиња топ се неутралните бои, беж, розе, сина и резеда. Има и кафени. И освен фустанчиња и блузички со карнерчиња, сите парчиња облека во сите бои, сите модели се прилагодени и за двата пола и истите ги има и во делот за момчиња и за девојчиња. Што е супер. Една работа по која нема да се делат, се додека родителите не ја оплескаат понатака. Иначе, далеку сум од беж мамичка ако некој го интересираше.
Па нужна е во животот на сите затоа што е основна боја. Исто така дава добар контраст. Моментално не ја гледаш во класичната нејзина форма, ама да не е таа пример нема да имаш ни кафено, ни беж, затоа што тоа се под тонови добиени со црвена. Немам да ти дадам пример ко небово сино, дека има таква површина со црвена боја. Ама небото е сино само дел од денот (во Скопје ни толку) зајдисонцето и изгрејсонцето се мн. често црвени. Кафени дрва има во зима. На есен запримети всушност колку многу дрва се црвени. Застапена е повеќе од што мислиш, а не ја приметуваш затоа што реално не сме ни во природа. Да инаку и јас знам како сината е најретка во природата.
Да, точно, но повторно прашањето конкретно беше отприлика зошто баш црвената е толку важна/клучна? Зошто во природата има по клучни како на пример и е најмалце застапена во природата (градска или не градска). @theowndemon Димн имаш сино небо погледни над тебе. Исто така и мориња и океани,реки (околу 70проценти од земјината површина). Останатото е зеленило/беж/дрво/кафено отприлика, не? Реков секако цвеќиња, овошје и зеленчук. Но повторно ова во споредба со ова горе набројано ? И повторно се вртиме во круг. Ај читајте постови до крај не избрзувајте ако не, само се вртиме во круг и (само)цитираме и повторуваме безпотребно по 10пати. И повторно прашањето конкретно беше за црвената зошто некои ја спомнаа баш црвената како многу нужна ако не и најнужна во развојот на децата, и потребна во облеката/домот.
Каме, сосем валидно е да не ти се свиѓа нешто. Е сега тешко кога детето ќе почне да прибира да си го тераш кејфот. Јас на пример, покрај играчки што промовираат насилство како пиштоли, митралези и некои коли со оружје што ми се ноу ноу, највеќе што мразам е војнички дезен на облека. Не можам да опишам какви одвратни чувства ми буди. Таква облека ни за по дома само не би ми прошла. Ама како што кажа, секој со својата болест.
По твоја логика, не е дречливо. Ама и е единствено секојдневно сино шо ќе го видиш шо иди во природата. Сината е најретка боја во природата. Најретко ја има во исхрана, растенија, животни. Ја има де. Ама преретко. Спомна дека вода била сина ( те читам де само враќам на то шо сакам). Не е. Небото над неа е. Покрај небо, следно шо би видел сино е паун. Да бевме во некоја џунгла можда и некоја отровна жаба или пајак. Ама и не е ни поентата која боја е најретка и кои се позастапени. Само вака од страна е смешно да речиш дека сина има поќе од црвена ( и причината зошто те цитирав, немам подлабок интерес). Една од почестите бои на сметка на една од најретките. Црвена е важна боја генерално, и за развој. То шо тешко ти е да се помириш дека е честа и сметаш дека има поќе кафеави нијанси во природата, that's on you lmao. Лично, јас неќам црвено, нека ми извини @nextredstyle , буквално сум виножито и како така ја сакам. Ама како поединечна боја ми е off limits. Ама не можам да речам дека ја нема во природата или дека не е важна. Ама важно е да не мешаме шо е лична перспектива и преференца, а шо е, well, a fact. Ама ако нешто ме мотивира, е сега ќе цртам по бои и како се застапени во природата. За то, фала.
Не знам по што заклучи ова (дека по моја логика не е дречливо) одма да кажам. Ама овде темата е боите ( и нивното влијание над луѓето односно децата, а децата не го поимаат ова ти што го пиша, само ја гледаат сината на небото (и реките,езерата,морињата) тоа е темата. А небото, реките, морињата и океаните се дел од природата. Епа зошто де, која поента? Има попаметен начин на трошење време и енергија. Епа сеа ова може да се рече и за обратното, какои ова што го испиша за сината. И не поентата што не ја сфати повторно(дека одбираше што и како да сфатиш и на што и како да вратиш изгледа) не е дека јас имам проблем да се помирам дека е честа/дали е честа, ни дека е битна, туку дека е повеќе битна од овие другиве.
Не сум се нафатила да истражам зошто, ама од некоја причина баш црвената боја е вклучена во црно-белите бебешки карти за контраст, кои се покажуваат во првата половина од првата година на бебињата.
Вероватно затоа што е контрасна на зелената, а зелената/зеленилото знаеме дека е важна/о за децата, па и сите нас. Но тогаш значи и зелената е битна/нужна за во соба изгледа. Ако истражиш пиши, за мистеријата со црвената навистина ме интересираше, затоа и потпрашав.
Пак да повторам, клучна е затоа што е "основна" боја. Три основни бои се, црвена, сина и жолта (зелена не е). Боите треба да се учат. За застапеноста во природата исто ти посочив примери. 70% вода на земјата не е сина, и да ти се гледа сина тоа е во некоја плитка вода каде има бел песок. Океаните се мрак темни, рекава наша најголема едно синило убавини.
Слики од Инстаграм на бебешка продавница која нуди генерално вакви производи. Постојат и земаат замав. Се надевам дека е само тренд. Ама факт е дека доста родители деца гледаат според Инстаграм. Од облека до детски соби, па деца имаат профили. Да, не можеш детето да го ограничеш на беж особено кога ќе појде во градинка, ама еве не гледам и толку наивно на ваквиот тренд кој може постепено да се манифистира насекаде. И на крај и да е така, зарем еве мислиш дека поради следење на трендови, на децата им се скратуваат доста работи битни за развојот? Не го потценувај Инстаграм само, некогаш не сме свесни колку е моќен.
Тренд е, никој не доаѓа по дома да го наметнува. Си постои, го следат многу луѓе, твој е изборот дали ќе го следиш или не. Малку параноично звучи ова дека некој од икс причини го наметнува. Има и мал милион друго трендови што се ин моментално, следиш тоа што сакаш, ако не сакаш не перцепираш. Алгоритмите се водат според твој вкус, нема да ти прикажува инстаграм беж соби ако не ги лајкнуваш, пример.
Извини smarty pants. Праша кај има црвена Ко ДеДо МрАз во природата и секојдневието - и доби. И нормално дека не е то доволно добро за тебе пошто тО нЕ е ПоЕнТаТа и сега природно, одиш во друг правец. Е сега шо ќе прајш со та информација и како ќе ја свртиш, пак, е до тебе. Важно ја доби. Колку си среќна со то, пак, it's on you. А за то шо почна после да збораш: Спојлер Види спојлер @MissChievous
Точно, ама ете се прават студии во врска со истото и како тоа влијае врз развојот на децата. Мене лично не може да ми влијае, но на други и те како може. Алгоритамот е таков да, ама што ако маркетот ги нуди само тие бои? Еве ставив слики од инста профил на бебешки маркет. Нудат само беж. Ќе виде родител ќе купи. Колку од вас знаат како се стимулира бебе на преглед кај педијатар и со која боја? И зошто се први тоа? Така да, далеку е од паника, еве дебатираме, интересна тема и ок е да размениме мислења.
А јас само саков да ти покажам дека природата ги нуди сите бои....кога веќе се повикуваш на природата и природните бои....