„Тажно беж родителство“

Дискусија во 'Дете' започната од Lilit, 18 февруари 2023.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.125
    Допаѓања:
    124.428
    Првите тропалки на децава мои им беа црвени. По совет на педијатар. И сега се е јасно.
    Лично јас преретко купувам беж боја за двајцата, на големиот ми е незамисливо , тој ме застанува да трча, а бебе со кашиве во беж никако :D Нити за дотерување не ми е убаво и за сликање, досадно е. Соба никогаш не би им направила јас таква освен утре они ако се запнат. Трендов е за мајки кои следат инста и последна “мода”, јас не сум таков тип. Јас сакам шаренило , не ми е проблем бебе да е во розево, син ми во сино:)
    Детската им е жолта/тиркиз, плус огромен тапет и утрово им лепев стикери од Али :D
    Се што е тренд, брзо поминува.
     
    На felisitas, Калатеа, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Ова е општопознат факт изгледа?
    Зелената е контрасна на црвената и со тоа е битна( за контраст), иако е секундарна, заедно со виолетова и портокалова.
    А зелената и зеленилото е по се изгледа битна, не знам така имам слушнато.
    И небото, морето и езерата децата го гледаат како сино, овие општопознати факти што на нас возрасните ни се познати на страна, сфаќала ти или не.

    И повторно
    Значи дјдовме до заклучок дека е битна за контраст ок добро е.:D

    Е фала ти на просветлувањето ама ова веќе го знаев ( дури и спомнав во постот изгледа).
     
    Последна измена: 21 февруари 2023
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Не мора од зара и инстаграм продавници да се купува облека. Сигурна сум дека во помалку познати полокални бутици се нуди таква каква што пишувате, шарена, со апликации...во поголеми продавници се продаваат трендови, нормално.
    А за другите луѓе, па освен ако не го чува бебето во беж кутија со беж облека и не го вади од нејзе, не знам дали треба толку загриженост. :D Мислам, да, интересна е конверзацијава дали се претерува со следење трендови за деца, ама да бевме волку засекирани за други работи што родителите ги прават а се стварно многу штетни ќе бевме ептен напред. :D
     
    На Nausicaa, IRBBB, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Затоа што кога се спомна црвената ( не прво во мојот пост) се збореше само за црвената( не и зелената), но одат заедно(односно за контрастот се работи), како и битноста на зелената/зеленилото уствари заклучокот.

    Не знам кој ти е и зошто имаш потреба од извртување какои немаш попаметна работа во животот, ама тоа не е мој проблем.
     
    Последна измена: 21 февруари 2023
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.440
    Пол:
    Женски
    Тренд е. Ќе помине. Кога станува збор за мајчинство секогаш се наоѓа нешто да се критикува.

    Башка сите гледаме слики на интернет и од тоа купуваме. Никој од нас не е изоставен. Само сеа разликата е дали по едноставно или пошарено. И ајде ќе се расправаме околу тоа.

    Факт е дека боите се битни за развој, ама и факт е дека со нив секаде се среќаваме и нема беж собата да го намали тоа. Друг факт е дека собата каде се спие треба да има смирени тонови што ќе стимулираат сон, а нема дополнително да го стимулираат мозочето. Оти тоа веќе цел ден во градинка, надвор, во парк, супермаркет, трчкање по улица, во количка, тропалки, возење тротинет се стимулира доволно.
    Јас не верувам дека некој дома има искучиво само беж играчки. Ај тие што немаат деца може да си маштаат посовршено, ама ние што имаме знаеме дека купиш еднаш беж не ја ферма, купиш друга беж не ја ферма, трета беж уште помалце.. валда после ќе почнеш со бои и ќе тераш да видиш што ќе се погоди. Затоа не може некој да ме убеди дека под беж родителство значи само беж. Не можеме да го ставиме на страна фактот дека децата, се свои индивидуи и од најмала возраст пројавуваат интереси. Дур го погодиш а верувам сите родители така праат има сите бои и нијанси да се сменат. Бежовите ќе останат за на слика.

    Иначе не потценувам инста воопшто. Пострашно од бежовиниве се гнездата на пример што се ризик по бебињата и се промовираат на големо и сите ги купуваат. И иако се збори за тоа пак сите купуваат ама битно не се беж. :)

    Родителството си бара внимателност и како и за се останато баланс. Јаките бои се битни за стимул, несомнено. Ама исто така и светлите, нежни палети се потребни да се смири мозочето и да е успие. Се си има своја улога.
     
    На Nausicaa, mssuniquee, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.109
    Допаѓања:
    257.645
    Па локална е продавницата што ја постирав де:D.
    Не сум во Мк инаку.
    Поентата ми беше оти имаше прашање кај гледаме се во беж. Еве каде, јас боја не најдов, а ова е моментално што го нудат.
    Инаку мислам дека за одредени трендови и те како треба да бидеме загрижени.
    Често секое зошто има затоа.
    Промените се неминовни, ама некои работи кои зимаат замав и имаат некаква позадина, еден ден ќе направи карикирам беж бојата да не била и толку наивна. Значи карикирам. Не мора и да значи нели.
    Но многу трендови, еве станаа секојдневие.
     
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    4.798
    Дека се основни бои? Да. Ова не сте учеле во школо? Ако една од овие не постои ќе гледаме веројатно дво боен свет со подтонови од само 2 бои. Без црвена, збогум кафеаво и беж, без плава збогум зелена трево.
    Да, црвената има добар контраст во однос на други и тоа го пишав и затоа е често застапена на играчки, вклучувајќи ги и тие контрасните црно бели карти за бебиња.
    Зелената исто треба да е застапена, виолетова, портокалова, разноликост е потребна за развој.
    Ај еве еден пример. На првата слика ги знаеме боите, ги има и основните бои, ова на вторава стварно не знам што бои се и како да ги именувам за да му кажам на детево еве ова е црвена и зелена.
    Screenshot_20230221_105246.jpg Screenshot_20230221_105328.jpg
     
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    48.280
    Пол:
    Женски
    оваа беж боја, играчките, собите, облеката некако ептен крипи ми се, ко од викторијанска доба, се мислам во позадина некаде во некој ќош леш има скриено:lol:

    Тешки филмови,што не ќе измислат, не вреди ни дискусија, бебе/дете сака шаренило од бои, колорит
     
    На senjorita-v, eli25, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Дали ти сфаќашш дека ова го утврдивме и се договоривме дека е факт и дека е така уште пред два-три поста и продолжуваш да се повторуваш, вртиш у круг и си дискутираш сама со себе само? :fubar:
     
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    4.798
    О боже па ти праша дали е факт |(. Калм даун.
     
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Кога личност се облекува во само една боја,поточно во нејзините нијанси само, психолог еден дава мислење дека длабоко во себе таа има голем проблем, иако не делува така . Вистина ли е ова, психолози на темава?
     
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Не прашав, кажав.:) Ок, извини моја грешка пишав саркастично не си ме разбрала, само три пати ми враќаш, се повтараме и вртиме у круг само, а горе долу истата поента ни е/ се разбираме.:handshake::)
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    57.077
    Пол:
    Женски
    Колоритната кула помага за да ги научи боите. Има моето дете, исто и колоритна кула од прстени со патче горе, класика од играчка.
    Пастелната помага да се научи концептот поголемо-помало без да се престимулира од бои.
    Имаме и ваква пастелна - бухууу страшно за детето.
    Од сите можни играчки најмногу ја одбира, посебно пред спиење. Ја реди, прави мали и големи кули, една чаша во друга, со нив често и се бања, ги става ко тркала на тракторот за да прави monster truck, ги врти на прсте, става на глава за да биде Аладин... безброј работи смисли сам со една најдосадна играчка.
    И ич не мислам дека детството му се ограничи од страшната пастелна кула од чаши.

    Сликите од Инста се тоа - Инстаграм естетика и маркетинг. Одбираат една шема и тераат така за цел профил да е препознатлив. Дека некој живее така без никакви стимули од бои за детето, не верувам.
     
    На IRBBB, Lella, do-re-mi и 6 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.109
    Допаѓања:
    257.645
    Нека остане на тренд само, ама и како тренд , исто и како гнездата е лош за развојот на децата.

    Јас со тропалки немам мака, прифаќа се, ама се е во драч боја. Жолта, црвена, плава. Софи не ја сакаше многу на пример, сега и стана интересна заради што си ги чеша непцата.

    Трендови имало и ќе има, и факт е дека секој од нас нешто прифаќа и применува. И се тоа е во ред и нормално, се додека не се рефлектира врз развојот на детето. А ме плаши дека доста трендови од преамбициозни мајки да бидат ин на Инста, влијаат негативно врз децата.
    Не ги оставаат децата да бидат деца.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz Да се јави во слободно време и да ја објасни мистеријата со црвената што и e otkriena и дo каде сме со разрешување оти овде е тензичнан ситуацијата.:D

     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.440
    Пол:
    Женски

    Секакви родители има. Точно некогаш се претерува. Ама лично сметам дека покрај огромен колоритен стимул околу нас надвор од детската соба каде всушност се проаѓа и најмалку време нема некој негативен инпакт.

    Иначе јасно. Сите барем еднаш сме прифатиле некој безобразно добар маркетинг. Кој зема гнезда, кој фарба соба во беж, кој купува хранилки и релаксатори што коштаат повеќе од цел сет столици во трпезарија :drunk: мал милион партали, па вакви цуцли, онакви шишиња. :D

    Јас имав идеја за собата на ќерка ми да е со праска тонови. Ама таа сакаше вселена. Ете и цел ѕид вселена сеа. Таа среќна, ја уште посреќна ми се мавна од мојот кревет, па ако посакаше и црн ѕид ќе и обоев. :wasntme: Уште малиов да го решам и да терам втор ханимун со маж ми конечно. :wasntme: :rofl: Лажам. Да се наспијам ко човек.
     
    На senjorita-v, Thinkerbell., CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.666
    Допаѓања:
    273.566
    Не е мистерија, факт е дека црвената е прва која ја гледаат и ги стимулира да подигнат вратче или да свртат глава во некој правец.
    Што не значи дека треба де да спијат во џиш црвено креветче.
    SmartSelect_20230221_114330_Chrome.jpg

    https://www.healthline.com/health/baby/when-can-babies-see-color#black-and-white
     
    На Lianna Anna и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.109
    Допаѓања:
    257.645
    Релаксаторот конкретно 4moms е спас и е нешто што го користам максимално. За тоа вреди да се даде пари. Нам ни е подарено, ама секако ќе го купев. Веќе ни е мало оти бебе само го лула и седи во него (facepalm)
     
    На mssuniquee и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.272
    Допаѓања:
    226.751
    Пол:
    Женски
    А?
     
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    A ако контрастот/ите ги стимулира/ат во ова односно испраќаат појаки сигнали до мозокот, дали и зелената како контрасна на црвената односно зеленилото/ времето поминато во природата, како и зеленилото во домот логички игра улога во ова?:?:

    @LiliBoz види цитатот, за она во постот е прашањето, воедно и ова.
     
    Последна измена: 21 февруари 2023