А темна соба може? Со шарени играчки, нормално. Спојлер шала на страна, мене тоа најмногу ми се свиѓа. Ако не е штетно, би правела таква соба.
Темно само дополнително го оптоварува видот. Но, секако, еден ѕид може да е колоритно потемен. Тој е ѕидот каде што стои креветчето односно главата, за кога е време за спиење, тој ѕид не се гледа, автоматски не може да стимулира. Исто се случува и со спалната соба на возрасните. Ѕидот во боја скоро секогаш се наоѓа на страната каде што се перниците. Кога ќе легнеш гледаш горе и право и за таму се препорачуваат нежни ненападни нијанси и детали. Шарени играчки доле на под секогаш. Плус тоа се разнесува секаде низ дома, најмалку во детската остануваат.
Родител кој е посветен на психо-моторен развој на своето дете нема да подлегне на ниту еден тренд. Вклучително газиран сок со шеќер, мед на цуцла, дубак или беж алишта. На темата сум видела шарени патики кои тежат еден тон и ниеден ортопед нема да ги оддобри како соодветни за дете во развој. Ама тоа е некако посебна тема. Денес барем има многу достапни информации, студии, интервјуа, па и статии и ако сакаш можеш да се информираш што е добро а што не.
Знам, повторив многу пати, зборам за бебиња, не за дете што има преференци. Ако му е мерак црвено со апликација Мики, јбг ќе трпиме
Aбе ова е за на инста итн. Дали во реалноста кај некој дома си видела вака еднобојно? Јас не, а генерација сум кај што буквално сите околу мене имаат бебиња и мали деца.
Тоа се продава, тоа се купува. Не е само слика. Ова е од локална продавница. Дали има? Да има и постои.
Како нема во реалноста? Јас имам во фамилија три каде детските им се во земјени тонови и крем ,за да им оди со станот. На едното жирафа му цртав во соба. Сега сретнав внука од прв братучед со бебето. Црна количка,облечено во песок боја,иста трака на коса и прекривка. Значи не е само на инстаграм туку во реалност. Еве и колички за бебиња,,знаеш кои бои преовладуваат?
Сите примарни бои играат улога. Сепак црвената е прва која ја гледаме, зошто баш црвена - не сум седнала толку да се занимавам. Тоа значи дека треба да има тропалка и слично што ќе го стимулира, а не да живее во црвена околина, или џиш зелена пример. Треба да е едно нешто што ќе го наведува да дигне/сврти глава, што ќе му привлече внимание. Дречави соби никогаш нема да бидат погодни за спиење, и за тоа постојат истражувања, нит за деца нит за возрасни, ама да, децата треба да си играат со играчки во боја. Што е уствари важното, а не каква панталона носи или каков му е ѕидот. Секако само ќе пројави интерес и желба за одредени предмети, ете тотално нелогични за нас возрасните. Немам доказ за ова нормално, но @Yowannty баш ме замисли, можеби мојата лична одбивност кон црвена е баш што знам, дека претежно црвена ми беше собата како најмала. Кога дојде време сама да изберам, одбрав нијанси на пастелна виолетова, од ептен светла до баш темна, тоа на некои би рекла 6 години. Сега како возрасна основата на мебелот ми е беж/бела, со колоритни пастелни аксесоари, пример еве Спојлер Исто и во спална, основата на мебелот е беж/бела, прекривките ми се пастелни итн. И како дете преферирав да ми е пастел. Сестра ми сама кога стигна да бира за нејзината соба, исто околу 6, одбра црно/бела, со јако црвени акценти. Преференци се, секој човек ги има, и не мислам дека било кое дете е навистина ускратено од бои.
Има и? Мораш да купиш? Што е проблемот во тоа секој да купува што му е драго? Постојат милиони брендови, едноставно купувај кај има тоа што ти се допаѓа.
И додека го шетаа, во беж парк бевте? Децава не одат во градинка? Маркет? Сликовници немаат? Играчки? Едит: за колички знам, купував за драги личности. Песок боја. Наједноставна за чистење реално. Каква побогу да биде количката? Дреч жолта? Кому е убава нека купи. Мене не ми е, на луѓево околу мене не им е. А имаше жолта, не дека не. И црвена. Мојата во 1991 е бела со светло пастелно сино. На сестра ми во 2003та тегет.
Проблемот е во трендот кој се однесува на боите, а тие бои се битни за развојот. Се избегнуваат боите. Темата е подлабока, не сфаќаме дека одередени трендови ги менуваат нештата во погрешен првец.
Не џиш зелена, зелени растенија во домот, како што постави ти од твојот, како што имам и јас, како и прошетки во природа. Зошто прашав, дека во овие земјени/неутрал/беж стилови највише што се приметува изразито дека фали е црвената, па од научен аспект гледано околу тоа. Успат и сфатив дека и јас не сум нешто луда по црвена, мада и носам и би го облакала и во црвено ако покаже желба, а во соба/декор црвено не. Па се замислив да не има недостиг на црвена. Потоа ми текна и примерот со природата нели. А нит планирам да бидам исклучиво и само беж мама. Нит сум бремена. Нит имам план за бебе во блиска иднина А пак се потресов и подзамислив и почнав да мозгам алтернативи. Е до толку е работава.
Не е толку длабоко, претерувате. Трендот ќе се промени, како и секој впрочем. И следниот ќе има за, против... Еве да ти кажам, асални чевли не можам да си најдам, оти трендот (за мене) е глуп и грд. Ама чим е тренд, ќе шетаат со зелени папучи по град, ќе чекам да пројде.
Ова е интересна тема, заради неколку битни точки: безбедност и хигиена, развојот на бебенцата како на видот, така и психомоторниот, и социјалниот аспект во однос на трендовите. Прво, што мислам дека е најбитното е - во однос на развојот на бебето и што треба да гледа една бебе. Клучното прашање е колкаво е бебето? На која возраст е? Видот на бебето кое е штотуку родено е многу ограничен, за разлика од поголемо дете што е да речеме toddler. Најбитно е нивото до кое е развиен мозокот на бебето. Уште во матката можат да препознаваат светлинска дразба некаде од 16-та недела. Но, очните капаци се отвараат некаде во 26-та гастациска недела и видот и интензитетот на дразбите нормално е ограничен. Односно фетусот има сензорен апарат ама мозокот нема искуство и треба буквално да научи да гледа. Кога ќе се роди бебето тоа може да гледа појасно само објекти кои се на некои 20-30 см од него односно можат да го фокусираат само ликот што им е пред нив. Подалеку од тоа растојание гледаат без фокус и нејасно. Кога ќе се родат бои не препознаваат. Не дека не ги гледаат, туку мозокот не знае да ги препознае. Некои научници сметаат дека дури можно е да гледаат новороденчињата се наопаку, она што е горе- да е долу и обратно, со тоа што ова тешко се докажува. Теоријата доаѓа од знаењето за начинот на кој светлината се превртува во окото и се одразува на ретината - а тоа е наопаку. Мозокот е тој кој што потоа ја превртува сликата, а тоа го прави затоа што научил така да ја толкува дразбата. Новороденче разликува сенка и светло и интензитет, па ако сакате да му покажувате нешто во тој период, одете на контрансти и гледајте да е на соодветна оддалеченост. Во секој случај ликот на најблиските е она што ќе му биде најсоодветен стимулус. Научниците не се сигурни кога точно бебето почнува да разликува бои. Но знаат дека прво почнува да ги препознава примарните бои. Обично првата боја која бебето почнува да ја разликува е црвената. Не постојат универзални правила кога бебето почнува да гледа бои и нијанси на бои, секое дете е различно. Но до 4 месеци веќе се смета дека ги гледа и тоа може да разликува нијанси. На 5 месеци би требало да ги гледа сите бои, со тоа што уште учи некои работи како длабочина и допрва, нели, учи координација око -тело. Така да ако бебето го држиш секојдневно во свет изолиран од бои, зошто од естетски причини си го уредил така домот, неговата соба, креветче, количка и дури и гардероба, најверојатно побавно ќе му научи мозокот да ги разликува боите на кои не бил изложен. Не треба сензорна депривација во период на развој! Ако земеш во предвид дека оддалеченоста на која гледа бебето постепено се зголемува како што расте, треба она што му е во видното поле да не е неутрално. Рачињата, играчките, оградицата од креветот, предметите во близина на креветот, се нешта што ќе ги гледа. Оние вртелешки над креветчето се со причина дизајнирани да бидат над бебето. Играчките за најмала возраст исто така се поставуваат во лак над бебето - за да може да ги види, да пружи раче кон нив и да му се на дофат. Тоа е битно. Ако сакате да има развиен осет за бои и нијанси, не треба да го затварате во свет без бои. Подеталното разликување нијанси е културолошки условено. Тоа значи ако има потреба човек да знае повеќе различни нијанси и тоа е пренесено како нешто битно, корисно или добро, од другите луѓе и од средината, тогаш ќе му се развие таа способност. Пр. во онаа суб-култура на компјутерџии кои се занимаваат со графички дизајн постојат индивидуи кои со еден поглед можат да одредат точно за која нијанса се работи, колку е во неа содржана секоја од основните бои и да ја идентификуваат со бројот со кој таа нијанса е евидентирана во компјутерскиот програм што го користат. Научиле зошто биле изложени, им требало за работа, им било корисно. За втората работа што ја спомнав- хигиената на облеката. Можеби првичниот интерес за ваква облека е заради оваа причина ама се отишло во крајност. Не знам. Обично материјалите во силни бои не се перат на вриење и на високи температури, дури и ако се памучни по состав. Па прашање е колку се чисти ако се перат во млака вода. Можеби од таа смисла за новороденче подобро е да биде облеката во материјал кој е попрактичен за перење, пеглање и сл. Ама кај поголемко бебе, дете кое веќе створило имунитет веќе нема логика. Или бар нека се однесува на долната облека, за горната стварно нема потреба. За третата работа - трендовската не би навлегувала. Веќе се изнапишав... само ќе кажам дека е најмалку битна модата кога се работи за благосостојбата на моето дете. Така јас гледам на работите..
Зборуваме за наметнати трендови и наметнување од страна на родителите и ускратување на чисти бои поради тоа. Не бил модерен зелен тепих туку беж Не збориме каде и што гледаат децата туку за примарното, домот. Домот е примарен каде живее детето , а во домот боја нема, во детската нема. А и не живеат сите во сончеви,живописни предели,живеат и во тмурни/сиви или не се надвор многѕ време. Од секогаш и во сликарството така биле прикажувани градовите,сликарите од Фиренца сликале темно и загасито,од Венеција светло и живописно. Со ова беж родителство детската соба се прилагодува на останатиот ентериер. Зошто количка да не биде жолта? Што и фали на бојата? Или зелена,црвена? Тоа е тоа наметнување. Имаш за избор црна,сива и беж. И ќе купиш. За тоа збориме. Еве сега ми помина пред мене уште една мајка со црна со беж колица и беж бебе. Па ова е многу повеќе во реалност отколку на инста
Не е. Длабоко би било или изолирано во “беж свет” само и само доколку не го напушта домот или својата соба. Ова паѓа во вода оти реалноста е поинаква. Бебињата се најчесто хиперстимулирани во обид да се најде начин да престанат да плачат. Особено првите месеци кога грчевите се на најјако. Едноставно нема бебе со беж соба кое не добило доволен стимул од бои надвор од таа соба, а знаејќи го фактот дека и воопшто најмалку време поминува во таа соба. Еве од дискусијава нов тренд ќе произлезе. Пред бебето да дојде до сеа се кречеше да се избелат нели ѕидовите, а потоа се ставаа безбедносни клучки на врати и фиоки, сега веројатно ќе треба да ги шараме и адаптираме на бебето за да докажеме која мама најдобро го стимулира бебешкото мозоче. Како во болница, со штркчиња и Дизни ликови. Не да се претерува… се оди во крајности. Сите се сложуваме дека боите се битни. Ама за да говориме за “беж свет” кој би имал негативно влијание, треба да немаме никаков контакт надвор од дома. Тоа не само што не е точно во ниеден случај, не е ниту возможно.
Затоа што не ми се свиѓа жолта, толку е просто. И да, има и жолта, и црвена, барем јас кога купував пред цц 3 години имаше. Се одлучивме за светла беж со мајка му оти таа на двете ни' се свиѓаше. Не знам, реков, може некои деца немаат допир со играчка во боја, сликовница, парк... ама тука посериозен би бил проблемот од боите.
Ама до тоа е и проблемот . На мајките не им се свиѓа жолта, не им се свиѓа сина,црвена итн. Мајките се следбеници на трендови. Мајките се плашат од боја. Децата сакаат бои, не сакаат беж фарбани ѕидови или тапети во тие тонови дома. Зошто едно 3+ годишно дете кое може да поминува време во детска соба , да има беж детска соба ако цел стан е беж? Зошто да има беж мебел , завеси,ѕидови ? Зошто е модерно? Зошто е тренд неутралноста? Или зошто на мајката и е гајле повеќе да ги задоволи сопствените желби, а не на детето? И на крај еве да, ке оди во градинка каде ќе има боја,шкафчиња се портокалови ,ѕидови сини,шаренило секаде, зошто дома да му скратиме боја која му е потребна во развојот. Не ти го сфаќам ставот , еј нека живее во беж бои дома па што, надвор ќе гледа бои Па домот е најважен.