Чекај сега да видиме на кај ќе фати трендот, може и градинките ќе бидат беж Не се зезам, ама како и да е, ако биде јас последна ќе дознаам, во мое село модата последна стигнува Трендови, родители и деца. Собата од ќеркај ми беше излепена со нејзини цртежи, во сите можни бои, така сама сакаше и лепеше. Пред некое време (сега има рече дека не ги сакала веќе, оставивме само 2,3. Причината (после малку копање, зошто решила така) - оти кај другарките не било така. А многу сакам да имам дете индивидуалист, ама што јас сакам и што ќе биде, се две различни работи. Фала богу сеуште носи розево (не оти јас сакам розево, ништо розево во животот сум имсла) и силни бои, оти не сите деца носат црно или беж. Униформноста не е добра.
https://www.healthline.com/health/baby/when-can-babies-see-color#partial-color Babies can tell the difference between light and dark when they’re in the womb. This is why young babies may enjoy books or other prints that feature contrasting black-and-white images. However (and contrary to popular belief), babies don’t only see in black and white as newborns. Black and white just happen to be opposite ends of the spectrum, so they do make a good choice for young babies and help draw their attention better than items with more subtle hues. Young babies are indeed capable of seeing colors, but their brains may not perceive them as clearly or vividly as older children and adults do. The first primary color your baby can see is red, and this happens a few weeks into life. Babies begin to perceive colors more and more between 2 and 4 months old. To start, they’re able to tell the difference between shades of greens and reds. Мистеријата и официјало ја прогласувам за решена. Сега можам мирно да спијам вечер.
Не знаев дека ова се одразува на социјалните мрежи. Ама па и не ме чуди што се се случува таму. Реално, јас кога ќе сум родител, детето ќе носи бело додека е мало и дозволува јас да го облекувам. Од кога ќе почне да искажува мислење, ќе носи тоа што сака. Ниту една друга боја не ме асоцира на бебе. Ќе зимам ствари што ме топат, од сорта на принт на слатко папи, или некој готин цитат, ама Мики, Мини, Дино етцетра- Ај донт тинк соу додека јас се прашувам. Но боите не се само облека. Целиот спектар е во околина, и ќе гледа се што може да види, и ќе бира што може да избира. Не мислам своеволно да ставам било какви рамки и да налагам мислење од моментот кога тоа дете почне да разбира.
Нема детето од каде да ги гледа боите па мора баш количката да биде црвена. И мене како @CameliaMiller ми се темни од самата помисла на црвена. Секако дека ќе купам крем или црна, и не оти е тренд, туку бидејќи мене тоа ми се допаѓа. Утврдивме страници наназад колку се битни боите за развојот на детето. Играчки, мечиња, тоа секако се согласувам дека треба да бидат во силна боја. Ама зошто мора и облеката да биде драч. Не сметам дека треба да биде само нијанси на беж. Ама секако сум за неутрални и пастелни бои.
Може и тоа ќе биде па ќе имаме беж градинки. Инаку нешто најубаво ми е детска излепена со детски цртежи. И кај нас беше така. Јас дозволував и цртање по ѕидови. Имавме фаза и на дизни принцези каде Ариел беше главна па им ги цртав на ѕид. Ама се во свое време, детската треба да расте со децата.
Збориме за БЕБИЊА На 3+ има преференци, омилени ликови, бои, итн. И надежно на 3+ веќе бои во боенки, црта, има куп играчки за развој, гледа цртани итн. Оди во градинка, на игралиште, цела една личност е на 3+. Тогаш па ич стимулација не му треба кога е време за спиење. И не, не е осакатено што имало беж ѕид или количка кога се родило побогу. И да, мајките им бираат, развој на бебе не е преку ѕидови и шпилхозни кои не може ни да си ги види само. Бебе не црта, ама бебе има избор од стотици глодалки, тропалки и сл. што се наменети за тој развој. Панталоните и ѕидот, не се.
Не збориме за бебиња. Беж родителство не опфаќа само бебиња. Пак не ти ја разбирам поентата идна беж мамичке? Што сакаш да докажеш? Не им се потребни бои? Потребни им се.
Количките се секако неутрална боја од внатрешна страна, бар нашата беше бела внатре, иако зелена однадвор. Ама беља- нејќеше ни под разно да седи во количка. Па и сошив едни платнени цветови од внатрешна страна (во дреч бои), па седеше некако. И како не може да си ги види шпикозните, па главна занимација беше играњето со рачиња. Јас ова се искуствено, како баба, ама сум немала друга работа (можда инста ми фалело) па сум ги следела преференците на бебето. Фала богу, нема да ти каже, ама ќе ја чапне црвената бубамара во продавница, па или објаснувај или купувај, трето нема.
Кај нас е шаренило од бои во плакарите, играчките, детските соби. И баш секој стил целосно ја отсликува девојката. Кога спремавме беа на возраст кога секоја од нив сама одлучи за модел на кревет, вид на тапети, детали и деко. Некаде од 4г беше нивна одлука, односно возраста на најмалата. Да ги спремавме порано, барем година, сигурно сеуште ќе беше нивна одлука. Оти стварно не би ми било сфатливо дете да одбере беж соба, каде се совршено се претопува и вклопува едно со друго. За бебево купувам се и сешто. Е за него јас сама одлучив за боја на ѕид, вид на тапети, вид на шкаф. Сега има само еден кревет, 90-200, кој ќе биде тргнат во монентот кога детското креветче ќе биде сместено. Искрено не ми се исплатеше, не само финансиски, туку цел стрес и работа, да спремам некаква совршена бебешка соба бидејќи бебето воопшто не поминува време во таа соба. Најчесто спијат во креветче во спална. А по година две на ново да преуредувам не фала. И сега, има шарено ќебе, шарена подлога со тие играчките кои висат итн.
Скоро секоја онлајн продавница за бебиња го форсира овој стил, и некако имам забележано дека цените се и доста повисоки на беж играчки, облека и слични беж/кафени/песок боја работи за бебе, со додаден опис безбедно, органско или не знам како сертифицирано. Немам инстаграм, па не бев ни свесна дека има ваков тренд и ептен ми беше чудно зошто сите одеднаш скандинавски стил фураат, посебно имам приметено мајки со беж дуксери/маици, бели панталони, крем капути и слично. Лично за мене, не би сакала да го ограничувам детето само зошто мене ми се свиѓа, небитно дали сакам екстра шарено или досадно беж, од причина што ми е себично и чим науката вели дека на дете му се потребни бои - така и ќе биде. Престимулирани стануваат од премногу дразби одеднаш, не од бои. Ако за 1 саат на бебе му се пушти тв, музичка вртелешка, звук на фен, сообраќај во позадина, гласна музика, различни гласови, па уз тоа и секакви шаренила, нормално дека ќе биде вознемирено, лично и јас би била, иако има и деца што различно толерираат дразби.
И играат со стапалата. Па и чорапчиња соблекуваат. Кои бои на хулахопки и хеланки се сега,порано се беше шаренило,мојава имаше со барбики Сега нема шанси да најдеш.
Да бидеме реални, треба да се има избор и од еднобојни неутрални парчиња, затоа што правиме разни комбинации. Ако фустанчето е шаренко и со патерн, не мора и хулахопките да се.
Па јас себе не сакав да си облечам со барбики како дете, зошто на бебе би облекла? Немам ни намера веќе да реплицирам на тебе искрено, мојот вкус е мој, твојот твој, тебе ти се слатки бебиња во барби или бубамара хулахопки, мене не ми се. Тоа е убавината, за сите има се'. И барби хулахопки, ако тоа сакаш. Се' уште немаш некое релевантно истражување дека пастелни бои на ѕидови/облека штетно влијаат на бебешки развој, туку се сведува на "мене не ми се свиѓа, мора да е така". Оќе. И ќе ги имаат. Каде што и треба да ги имаат. Кога се бебиња. Кога сами ќе бираат, ќе трпам мини мики апликации, тоа е.
Немам релевантно истражување? Дека боите се битни и за развој на видот и за сензомоторниот развој на детето. Боже Камелија.
Јас настојував да ми биде дома беж со црвено-цигла боја де , пред 5 години ( а и повеќе ) . Дури и мебелот во дневна ми е беж . Сега , после толку години , дури и на мене ми е преку глава од беж и кафеава темна , што на другиот кат кој е во фаза на реновирање , ќе биде бело се освен мебелот . Сакам да си поиграм со боите на мебелот . Ќе има нешто сино , нешто жолто ( на пример , табуретки , лејзи бегс и слични додатоци кои може лесно да се претапацираат во друга боја кога ќе ни здосади таа одредена боја ) во дневна , кај девојките исто ќе има неколку бои во комбинација од кои , ќе преовладуваат лаванда виолетова и нежна розова ( но нема да бидат само тие ) . Среќа што навреме ми се смачи од трендов . Сега гледам и дека психолошки влијаел на децата , што верувам е вистина . Кога ги носиме во игротеки се далеку посреќни отколку дома ( не е поради сите реквизити и дечиња таму , има некој посебен жар кога ќе влезат во тоа шаренило , тоа е она што јас го викам " детски свет " ) .
Бираат. Син ми често бира да шетаме надвор а тој да е во спајдерменско. Собата ке остане пастелна само ако ги фрлате сите играчки кои ке ги добие. И алишта. Конкретно за овие за редење како кула, на родителот е да одлучи дали ке ги избере тие пастелните со бои кои не ги знае да ги именува, или ке избере шарени за детето да учи бои итн. Зборуваме за беж дом? Дневна соба?
Порано детската соба сум ја декорирала во шарени бои . Завеси со шарени нијанси , ѕидовите со розеви , зелени бои . Сега за бебе не ми паѓа на памет да земам да ја офарбам собата во некоја јака дреч боја . Како прво јас ќе добијам очобол. Собата на малото ќе биде во некои земјени тонови . Облеката негова јас сама ја шијам и 70% е во земјени бои . Некои материјали останати од пред некое време,во јака плава боја денес не планирам да ги искористам. Нема ми се допаѓаат веќе. Некои нови играчки се со пастелни бои. Останатите од другите две се стандард , шарени . Монтесори играчки се нормални јаки бои . Имаме и такви. Мене денешната мода за деца ми е преубава . Некои алиштенца ми се неутрални и може после да ги носат и машко и женско .
Постои нешто, што се вика тероија на бои. Сите ја знаеме изреката, ако не знаеш што да облечеш, облечи црно. Јас на пример не мислам дека е до црното, туку до едната боја. А кога станува збор за нијанси, црното е и најлесно за комбинирање. Меѓутоа, аутфити во една нијанса секогаш изгледаат чисто, уредно, елегантно и скапо. Не мислам дека Зара и останатите брендови имаат некоја друга идеологија, освен што е можно да продадат повеќе. А рекламните слики што ги постирала Јуле, секако ќе продадат многу повеќе од некоја ваква реклама: Сега и јас се замислив дали е тренд, или само доволно е истражена психологијата на човекот кога станува збор за маркетинг.
Овој ''тренд '' започна заедно и паралелно со здрав/органски/природен/чист/органски живот со се веганство/вегетеријанство, како и минимализмот и бавен живот ''трендот''.Со се природни/ земјени бои и материјали со кои природно изобилува природата кои имаат смирувачко дејство над човечкиот/бебешкиот/детскиот организам.Како реакција на брзото високо стресно/ високо анскиозенo и токсично (психо-физички) темпо во овој свет што го живееме денес оддалечени од природата. Поготово последните неколку години. Така што психолошки гледано да. Но, не секој тренд започнува од тренд сетери и Илуминати и што ти јас знам. Најчесто започнуваат органски, потоа секако од и за бизнис причини и се превземаат со се сите психолошко-маркетиншки стимулирачки методи. Во меѓувреме и забегува од првичната намена(како што имаш на пр. екстрем вегани/фрутаријанци итн.) ама добро.И тоа секако се искористува и за и од бизнис причини дополнително. Во меѓувреме кај луѓето одвреме навреме настапува досада па за да им е интересно доаѓа до најприимитивната склоност за компетиција и делење на ''вакви и такви'', секако проследена со борба за суперирорност. Како што ги имаме традиционалните вмро vs есдеес, христијани vs атеисти/ vs изгубени души, но тоа одвреме навреме здосадува па така настануваат и нови ''трендови'' и поделби зошто да не (како што е за веганството пр. карнивoр диета, за минимализмот -максимализмот, беж мама/ скраја да е никад беж мама #ултраколоритнамамафоревр итн.) И ова секако е искористено понатаму за и од бизнис причини како и психолошка контрола успат што да не. И така the human experience&condition си врви.