И овој тренд ли го има Еве јас од мене ќе тргнам. Кога бев трудна и ја спремавме собата за бебето (јас во некој филм си бев дека таму ќе спие од старт, ако не од новороденче од 6м натаму) ја направивме со бели ѕидови, еден нежно крем боја ѕид, бел плакар, итн. Не само што на Пинтерест такви слики ми искачаа за nursery decor и ми беа убави, туку сакав и јас така зошто бело, светло, ме асоцира на чисто. Така ми е и дома уредено, во главно сѐ е светло со дрво елементи. Презаситена бев од дреч бои зошто детската ми беше дреч зелена со лимон жолто, сум носела облека во нападни бои, и едноставно де заситив од тоа, не дека пратам трендови, но мене лично некоја смирена енергија ми даваат тие светли бои. Алишта за новороденче кога купував, купував во нежни бои (а и само такви имаше искрено по продавнициве за новороденче), а кога потпорасна купував и шарени. Така на пример голем дел од облеката за ќерка ми беше од TucTuc, кои беа баш детски, колоритни, но имав и беж облека зашто ми беше полесна за комбинирање и одржување. Покрај тоа, голем дел од облеката беше розева, па и од таа боја ми се здосади и сега речиси нема ништо розово. До одредена возраст секако облекувањето е по вкус на мајката, без разлика дали било беж или дреч. Ќерка ми уште е мала за да искажува желби каква сака да ѝ е собата, облеката, постелнината и слично, но кога ќе почне да кажува ќе ги почитувам нејзините желби како и јас што сум сакала да ги почитуваат моите кога бев дете. Е сега за играчките. Нашите играчки беа (и се) во ситее бои, и сметам дека треба да бидат такви, зошто децата се деца и сакаат бои. Искрено многу ми е безвезе кога ќе видам по инста мајкиве дека дури и играчките се во такви беж-пастелни-неутрални бои. Па уште и родендените така им ги прават, со такви торти и балони, безлични и досадни комбинации на неутрал бои. Не дека не изгледа убаво, ама кога го гледаш нон стоп кај секоја една, веќе здосадува. Сѐ повеќе гледам декорирано за детски роденден а изгледа како декорација за свадба и тоа не ми се допаѓа лично мене. Инаку да, во оние слики шти ги постира @JuLleE од онлајн продавницата баш како живот да нема. Безлични, досадни, а веќе и секоја втора детска интернет продавница се такви. Ама стана тренд и се повеќе гледам и профили такви на инста мамички, и наши и странски. До толку ми се досадни што не ни застанувам ни да видам што има на сликата.
Јас па мислев на бебе се облекува удобно и практично. Не мислам дека е лошо таа беж комбинација, ама навистина ми е претерано да е се во таа комбинација. Посебно не играчки да се така ограничени. За гардероба мање више. Ако нешто ми се допаѓа, ќе го купам, каква сака боја нека е. Фурање на тој стил, демек еве се да е у склад е пување за мене искрено. Исто како и купување исклучиво од брендирани бутици(знаете на кои мислам не у стилот на ваикики и синсеј). Апсолутно ништо подобро нема таму од рандом бутик во гтц или бисер да речеме. Исто така и со боиве. Апсолутно детето не е поздраво или попаметно во онаа или оваа комбинација на бои. Ние не сакавме ништо розево и не купивме ништо лично ние. Што не значи дека фрливме се што доби розево. Количка црна со бели ѕвездички. Креветче бело. Хранилка бела со бувчиња. Корито сино.... Ај да не набројувам сеа се со ред. Апсолутно е ок да се облече дете и во беж комбинација, но буквално целата гардероба да е во тие нијанси ми е премногу. Пастелни бои ми е ок. Апликации од ликови ни јас не сакам. Некои рандом дезени ми се ок. Не гледам да е модерно, гледам да е практично. Не е дете што седи и не праи ништо, туку трча истражува игра со земја, се валка. Не се оптеретувам како некоја флека ќе се испере, само за да имам совршени слики на инста.
Во држава каде што секоја трета мајка бара донации т.е алишта за бебе,уште трендов фали. Да не почнеме да читаме како донираните алишта мора да бидат во беж боја.Ццц.
Јас сум тип која сака сива, бела и црна боја, ама тоа не значи дека детето така треба да го облекувам. Црвена и жолта не ја поднесувам, но малава има таква облека и треба да има и тоа не и го пренесувам на неа. На крај памет не ми е да и купам нешто црно. Ќе пораснат ќе имаат преференци за бои и тоа ќе купуваме, до тогаш нека си живеат во светот на боите и апликации. Ова за мене е мизерен и навистина тажен тренд , не велам дека дете не треба никогаш да облече беж боја, но дајте бре зарем се треба да биде во беж боја, па не е ни боја тоа. Мислам ајде дали би боеле нешто со беж фломастер?!
Што убаво престимулирано бебе од најразлични дразби, а скоро сите мали бебиња се така на почеток, да го смируваш во јако обоени ѕидови оти науката вели дека требало боја. А таа наука тотално погрешно се интерпретира. @INNERBEAUTY покри за трендовите. А мислам сите ќе се согласиме дека нов тренд вака почнува. Една мајка обоила соба беж, се допаднало на други и тргнале по неа. Друга да излезе помајка вади истражување дека оваа првава не се грижи доволно за детето и донакалемува дека сирото дете само беж гледа сигурно и само на банана диета е. И други “прогресивки” тргнуваат со идејата дека домот мора да се прилагодува на бебето и такви напади кон другите. Почнува етапа на шарени ѕидови, теписони во црно бели црвени контрасти, враќање таписерии по ѕидови во прејаки бои. На фемина бар има голем клуб фанови. И така почнува новиот шарен тренд, дур не излезе ново истражување дека јаките бои не се толку пожелни цело време. Шала на страна деЌки, кога се вели дека бои требаат не се мисли секој дел од денот, секое парталче и секое ќоше под дифолт да е обоено, исто како што беж родителството не опфаќа исклучиво беж без други бои. Одите до крајности, а во други теми ве читам што непотребни и често небезбедни глупости купувате. Домот несомнено е најбитниот простор, ама не само за најмалите, туку за сите. Од една страна се труби животот не завршува после децата, од друга страна се да се прилагоди на нив, па дури и домот целосно што е битно што сакаат или уште повеќе, што им е потребно на родителите. После работа, стрес, бурни денови сите само сакаме дома во комфорно. Може некој сака да одмара во јаки бои, јас лично не. Престимулирана сум по цел ден со 2 деца и најубаво ми е кога маж ќе преземе деца и јас ќе се повлечам во спална каде се ми е светло и лесно и ништо дополнително не ме оптоварува. Во Македонија станот ми беше уреден така што преовладуваа шампањ, капучино и кафена. Со други зборови перфекција. Сезонски се менуваа детали во боја и добиваш освежен и различен изглед секоја сезона. Овде бев со идеја на дневен простор каде гарнитурата ќе биде Ројал блу. И такви 2 троседа имам што е прилично јака боја. Ме убива и едвај чекам да се преселиме и да ги мафнам и да се вратам пак на шампањ и песок. Што сакате правете со домашниот простор, односно правете онака да не ве гуши да е добар за сите членови, оти како што возразните се враќаат дома напнати и престимулирани, така и децата од градинка и и на едните и на другите им е потребно мирно и комфортно катче. И да, ако детето им добива доволно обоени дразби од секаде, некој ѕид дома, детал, партал и играчка што ќе се погоди со помалку боја нема да направат никаква штета. Јас тука завршувам. Знам дека сте сите најмајки, меѓутоа убаво би било фор факс сејкс, да намалите со пасивно агресивниот напад и влевање вина кон оние што се поразлични од вас. Не сте ништо подобри мајки ако немате ништо беж по дома, ниту децата ви се понапредни ако меѓу сите бои немаат беж тропалка. Чус.
Да кажам нешто на темава бидејки сум мајка на 3 месечно бебе. И јас така пред да се породам купував беж постелнина некои беж играчки и мојава сега кога почна да се врти и да гуга најмногу и се смее на Мина која е цела шарена и на едно перниче што ми го даде мајка ми шарено везено. Ете ,со нив почна да гуга и да се смее.... За облека и јас сум за да не се претерува да ги има сите бои на бебето ама не и да биде само во беж.
https://www.huffpost.com/entry/sad-beige-parenting-trend_l_63c5cf84e4b0cbfd55f587f3 Добри поенти имаат Хафингтон на темава на кој му се читнува. Нема I'm right you are wrong во ситуацијава. Секој е во право. Од пред месец дена им е статијата.
Искрено на две годишно дете да подариш 12 ка бројкс е стварно без поента . Имам куп бебиња околу мене ,секогаш земсм поголеми броеви зошто поаѓам од себе колку многу ми се наоѓаат после. Ама ова со цела декада да чекам да го облечам на детето ми е без врска и скроз те разбирам.
Да се надоврзам на муабетов, ќерка ми има цела кутија поклони за 4+ години. Има едни дури на кои што пишува 8years. Ќерка ми е 15 месеци, а ситничка е и моментално носи 9-12 месеци облека... Јас ќе заборавам на овие алишта додека дојде време да ги носи.
И јас имам добиено така алишта и сосема ми е разбирливо. Ене ги со етикета и прва прилика ќе ги подарам некаде. Ајде да е 1-2 год плус. Ќерка ми е 15 месеци и носи 2-3 години алишта ама 4-5 години ми е too much.
Леле луѓе, не се замарав многу со темава ама видов ball pit за дете, наместо шарени бои, само бели??? Која е поентата.
Зошто е така модерно и во склад со просторот за сликање... И тие најчесто се поскапи и купени од продавници со име и реноме, зошто нели, купени од џамбо или рандом продавница за играчки се ѓубре. Иако буквално на се пишува made in china. Еве ќерка ми капче зимско од Зара, купено 1500 на попуст, made in China исто како и оние на пазар од 300 само овде има една етикета плус која кошта 0.001 денар. Ама битно бренд е. И не ме сфаќајте погрешно. Не зборам на памет, сме имале бутик и знам како одат работите. Трендови, мода, сакаме да бидеме ко другите, секогаш туѓото ни е убаво, со стил итн.. У принцип, тоа што ни го наметнуваат секогаш мислиме дека е вауууу..... Ако мене лично ме изрекламира некој инфлуенсер, и рече дека сум најдобра, сите ќе ме бараат, без оглед на тоа дали нудам квалитет.
Има беж игротека некоја нова во Карпош и продава книга да воспитуваме децава на дански начин. Никој ли не му текна книга да напише за децава од Балкан, зошто дански? Данска е за Данци, Јапонија за Јапонци итн. Па и така беж е за инстаграм не за real life. Облека на бебе/дете неутрално ми е супер, ама опкружувањето каде што треба да стимулира сензорно, да учи и живее се знае како треба да изгледа. Не е животот стори на инстаграм.
Среќа што нема,на ове простори еден начин на воспитување се преферира....Ќотекот од рајот бил излезен! Страшно дете паднало плаче ,да се смири ќитек. Дете лоши оцени ....ќутек...... И да не ги редам х ситуации Недај боже да се вложи напор да се објасни,да се покаже ,да се практично нешто демонстрира. Така да добро е што има да се прочита и малку да се избега од балканскиов менталитет,се не одобрувам и не се придржувам до некои наметнати трендови.Облеката не не праи подобри .
Каков ќотек, бог да чува. Еве Ранко Рајович е најблиску до нас, па е одличен. Не се мисли на менталитет од прабаби или некои од неукост па трауми, туку на поддржано и педагошки. А и Данциве сигурно не се носат во беж облека и не спијат во беж спални 100 години.
Леле побогу. Знаев дека ова постои како тренд, ама не занев дека е до толку забеган. И дефинитивно има погрешна интрепреација на бои. Беж бои не стимулираат развој на дете. Никогаш и никаде. На бебе му требаат бои. Ама не бои да вриштат на сите страни. Од крајност у крајност одат моабетиве. Инаку науката вика да прво се гледа црно-бело, првата боја која почнуваме да ка познаваме е црвена. Потоа ги учиме другите и да колку посилни се обите (позаситени на спектарот на бои) повеќе внумание привлекуваат зашто окото на почеток гледа подобро заситени тонови. И крај. Толку. Тоа е научно докажано. Сите глупости од типот беж смирува, плава, жолта и зелена престимулирање и такви слични тврдења извадени од научен контекст годат некому и се пторуваат како трендови за некој да направи пари. Она што е исто јасно е дека не треба ни да се претера со бои па се да вришти зашто тогаш не се знае каде да се сврти бебето и јасно е дека ќе му дојде многу стимулација. Ама пак ќе кажам неокој од маркетинг ќе смисли нешто ќе плати неколку инфлуенсери и ќе тера тренд (и порано и сега само порано инфлуенсери биле маалски сега се инстаграмски) Во се треба умереност па и во боите. Ама на децата им требаат играчки во боја. Баш затоа што привлекуваат внимание и затоа што полесно се перцепираат. И не може тоа вас што ви одговара автоматски да мислите дека и на вашите деца ќе им одговара. Зашто веројатноста е дека до 3 години (возраст на која не се сеќава никој) друго ви одговарало од тоа што ви одговара на 30. Наместо инфлуенсери може да прашате педијатри што му одговара на едно бебе.
Повеќе тажно од боите, ми се мајките "инфлуенсерки" (и наши, и српски и од секаде), што се се копија една на друга. Детските соби повеќе ми се без вкус, отколку софистицирани. И не само собите, туку се исто ми се облекуваат. Многу ми е некако некреативно, неоригинално. Не се грозни другите бои, прашањето е чувството ма естетика. Наместо беж, јас секогаш би избрала други светли и пастелни тонови, бидејќи детето треба да си е дете. Пример: Ем на детето интересно, ем на мене убаво.
Балкански шлапни по газот кој е иначе "балкански" начин на чување деца и на кој начин сме подобри од скандинавци?