А зошто треба во се да се споредуваме и да гледаме кој е подобар. На деца најбоља беж боја на облека треба да им е кал на нив. Таков начин на воспитување традиционално секаде го има. Овој беж тренд е против прљање колку што гледам (се е поредено, средено, без дамки). На бебиња им треба можност за сетилна стимулација. На бебиња им треба црвени детаљи во соба (според наука). На деца им треба облека што е прљава.
Балкански начин: "Не се занесувај дека си Данец". "Биди среќен што имаш своја соба, не да бараме на инстаграм како да се декорира по најнова мода". "Не сме ладни и смирени ко Данците, на Балкан ти треба врела крв за да опстанеш, иста таква за да си го бараш чарето во странство. Ако те воспитаме ко Данец во вакво општество, ќе ти се намалат и така малите шанси за успех"... И таквимитиработи...скроз реални.
И никој не го оспорува тоа. Чисто од другарка ми пример, со нејзина дозвола ставам слики. Девојчето е 99% облечено пастел, ама не верувам дека и' фали визуелна стимулација, a ни кал богами Во однос на воспитување и глобализација, знам дека си преписмена да ти објаснувам бејзик работи како тоа дека и македонското и јапонското бебе прво гледаат црвена боја, бебе е бебе и баш му е гајле за националност, култура и традиција. Секако дека треба да се споредуваме, никогаш нема да сфатиш дека тоа што ти го правиш е лошо, додека не видиш како некој го прави истото подобро од тебе. Без ќутек воспитување не измислија балканци, впрочем и на форумов пишуваат како си шлапаат деца. Традиција да се запази.
На сликиве има дете што расте со бои. Играчките се сите во боја. Тоа што носи облека со кафеави тонови нема врска со трендот се да е беж околку детето. Овие слики баш и не ти се пример за тоа што се дискуитира на темава. Баш се доказ за спротивното, односно дека на детето му требаат бои за развој. А за балканските родители еве не коментирам. Само ќе кажам дека не се сите луѓе исти и не треба да се ставаат во ист кош. Особено не на денешницава. Тепањето деца е екстрем. И да на форумов има луѓе што викаат ОК е да се удрат деца, ама број па ќе видиш дека има многу повеќе што викаат дека не е ОК. И денешниве родители се сосема различни од тоа што биел твоите/моите и многу такви од нивната генерација. И затоа имаш луѓе што мислат дека стерилен простор е ОК за бебе, па имашп совети дека дете треба само да преспива ноќ на 3 месеци, па имаш дека треба да спие со тебе до 3 години.... па имаш ова па имаш она. Ако сака некој да се едуцира, а верувај ми сакаат многу луѓе за да не ги повторат грешките на родители има од каде и најголем дел од родителите читаат и се едуцираат и прашуваат.
Ама бојата на пантолоните и ѕидот се небитни за развојот, тоа се зборува. Имањето нијанси на беж/пастел облека, ѕидови, мебел е избор и вкус на луѓето што живеат таму. А во однос на споредбите, да не се споредувавме/земавме од оние понапредните, на жими мајка ќе имавме каде да дискутираме, може уште ќе раѓавме по 12 деца па ко преживи. Не сме баш некои пионири балканциве, ние па ич па, во ниедна сфера, педагогија ми е смешно и да дискутирам. И тие прават подобро, не научиле од воспитувањето на баба им
Па еве живеам тука и како дете, и никогаш не сум добила по газот или како и да го нарекуваш. Сигурно има паметни луѓе ете да ги насочиме нашите деца, по стандарди прилагодливи за тука, а не скандинавски. Само едукација фали, а тоа да се спроведе е скапо. Цел систем на образование пропаѓа, па најмал проблем е беж родителство. Да не бидам офф топик, тоа е друга тема
За тоа ќе си прашаш педагози, психолози кои се стручни да извадат книга за воспитување потребно за нашите деца, па може да си направиш паралела. Општо поим воспитување е комлексен а не дефиниција шлапање по газ - балкански метод или беж играчки скандинавец или дрвени играчки 5 на полица тогаш си Монтесори мама. А дома некој да ти влезе и да ти каже дали ќе тераш јапонски, црковно или монтесори, не може! Затоа се се сведува ко што пиша @Noranora за вкус не се дискутира се одјавувам
Па ти рече дека јапонско е за Јапонци, данско за Данци итн... не кажа што е тоа уствари Aj, со здравје
Иначе кој бараше потемни нијанси. Мене ова ми е ко за Персијски/a принц/еза стил, а ко што сум моментално into Oриентален стил
Секој својот дом треба да си го гледа и уредува по сопствен вкус, ама нели нас секогаш кај комшијата не интересира да ѕирнеме па уште мани да наоѓаме. Мене лично очи и глава ме болат од дреч розова или циклама посебно на ѕид, а никогаш детето не сум го облекла во црвено, ама тоа не значи дека играчките што ги има немаат понекогаш таква боја. Неутралните бои во детските соби се добра основа која прави поскладно да изгледаат за кога ќе се наполна со еден куп различни играчки нема да делуваат хаотично. Исто секогаш гледам постелнината да е неутрална, или во пастелни боја, наспроти барби, спајдрмен и слични дреч дизајни. Јас не сум за крајности во ниеден случај, ама ако сака некој дома се да му биде бело и беж воопшто мене не ме тангира. И можеби не сте размислиле дека некои родители бираат неутрални бои на облека посебно за бебеиња за да можат и за двата пола да ги користат наместо да трупаат облеки кои се носат краток период.
Па убаво изглеа вака естетски, со вкус е и софистицирано ама дека претеруваат родителиве со следење на модни трендови и копирање, претеруваат и тоа многу. Не знаев дека и имало негативно влијание врз здравјето на бебето и неговиот равој. Ако е точно и научно потврдено навистина, нека размисламт малце родителиве не ќе е лошо, а не само естетика да гледаат у се и пратење на трендови.