„Тажно беж родителство“

Дискусија во 'Дете' започната од Lilit, 18 февруари 2023.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.009
    Ок прати ми пп, сигурно нема бизнис да им правам.
    Ме интересираат беж играчките да ги видам.
     
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.668
    Пол:
    Женски
    Изрекламирај ги, ние шо сме тажните беж мајки да им купиме по една тажна безбојна играчка на децата.
     
    На strelec231992, LiquidLuna, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.009
    :rofl:

    Ми прати во порака, не се беж, дрвени во претежно пастелни бои се.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.668
    Пол:
    Женски
    Кажете страната бре љуѓе, шо сте толку таинствени :^)
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.009
    Е глупо е јас да шибнам линк сега кога Кул веќе не сака и ми прати во пп. Верувај ми на збор или @cooll нека стави линк :D
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.526
    Допаѓања:
    5.881
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.513
    Допаѓања:
    8.933
    Пол:
    Женски
    Ова се на Little Dutch играчките. Не знаев дека ги имало и кај нас. Цениве се горе доле исти како во Грција, имам неколку работи од таму. Мене ми се преубави.
     
    На joy1, IRBBB и Калатеа им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    176.290
    Пол:
    Женски
    Назад сум пишела за застапеност на бои во природа и престимулација на око. Сега сакам да пишам за историја на беж родителство и естетик.

    Беж родителство настана ради три причини:
    • Боите кои се користат во играчките се токсични како и подобро е дрво место пластика, па се користеа бои кои поприродно можат да се искористат и не се толку штетни.
    И ова е о д л и ч н а причина. Проблемот е кога нешто станва тренд, ваквите точки се губат во превод. Па затоа сега на тик ток имаме "тажни беж мамички" кои со металик неутрална зелена прскаат детска елка и играчки за да се совпадни со естетикот на собата/празникот. Спреј, кој содржи боја полна токсини. Шо оди директно против оваа прва точка.
    • Користење мал број дрвени играчки, а не пластични е поеколошки затоа што се инвестира во неколку подобри играчки кои траат и можат покасно да се подарат, ова исто помага детето да има помалку играчки и поќе да учи да цени тоа што има.
    Што пак, е одлично. Но, сепак имаме overconsumption на играчки. Многу играчки, често и пластични играчки кои се вклопуваат во естетик. Така да аспектот на еко-френдлинес и учење на децата на помалку и да ценат тоа што имаат, пак се губи во превод.
    • Родова неутралност. Одбивање да се користат gendered играчки и бои.
    Шо е добра идеја, ама за ова сум пишала и претходно во темата - не се согласувам. Сфаќам "неутрални" работи и искрено сум против gendered работи во смисла, да не ги именуваме како "за одреден род". Туку ако детето ми сака одредена играчка, безразлика на пол, нека ја има таа одредена играчка. Во Светото на Биби кога прв пат биравме играчка за бебе, машко, упорно ни тупкаа диносаурусот кој бил за "машко". Малиот поќе го сакаше "женскиот". Who cares дека поќе го сака другото дино? Дајте му на бебето б е б е т о да игра со то шо сака. Родова борба и неутралност се добива со игнорирање на воспоставени gendered правила на бои, играчки, предмети, не со целосно нивно игнорирање.

    Како шо барав на ова тема, ова беа главните три причини и некоја основа на "беж родителството". И како такво мене ми е доста атрактивно иако сметам дека апсолутно мора да има боја во развојот на детето. Развој на дете го асоцирам со боја. Секоја боја има свој "ефект" и влијание. Шо ме носи до еден од аргументите на беж родителството "против" боја:
    • Бојата носи до престимулирање и дете нема потреба да биди постојано изложено на боја.
    Шо не е точно. Боја како боја не е нешто шо носи до престимулираност. Одредени шеми на бои и patterns како и светкање или не е тоа што носи до престимулираност.

    И последното не е аргумент на "беж родителство" туку обсервација:
    • Беж родителството стана тренд зошто го чува естетикот на родителите.
    Многу луѓе, особено оние кои растеа во хординг семејства, или оние кои не биле имотни па купвале шо има без сенс за естетик - се истите луѓе кои промовираат минимализам како богатство. Беж минимализам се асоцира со богатство и добар општествен статус додека боја се смета за кич. И то е океј се дур нели, не влезиме на територија да играчките на детето по секоја цена прајме да влезат во тој естетик. Како шо пишав погоре, со спреј, во голем број, пластични. Шо оди далеку од основата на то "беж родителство", она примарното.

    Накратко, детето не треба да ни е дел од естетикот. Пошто секогаш причините треба да бираме према тоа што е добро за него, а не за естетикот на домот. Не можи дом да личи минималистички, еднобојно и како никој да не живее таму ако имаш тодлер. Нереално е.

    Мило ми е дека ми текна на темава оти периодов тука сум фиксирана, а дур би дошла на ред за дискусија во темата за интернет трендови и дискусии - ќе остарам поќе од шо веќе сум. :D
     
    На Lizi, Amellie13, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.668
    Пол:
    Женски
    Не би рекла. Син ми секој пат кога беше изложен на многу шарени играчки во јаки бои беше раздразлив, ниедна играчка не му држеше внимание, ќе ги префатеше сите играчки и за 15 минути веќе не ги сакаше.
    Откако почнавме да му купуваме играчки во угаснати бои, стана друго дете. Не мислам само на играчки во беж боја, туку и темно зелена, плава, црвена, жолта, само угаснати, не дречави. Дури и diy играчки и активности направени од нешто од секојдневието, него му држеа (држат) внимание, смирен е, сака да ја научи и да ја оствари целта на играта.
    Ако од 5 играчки шо му се на располагање една е со дреч бои, секогаш прво таа ја бира. Ама и секогаш најбрзо му здосадува.
     
    На Lovebug01, 1209, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.574
    Допаѓања:
    184.789
    Пол:
    Женски
    Слично како кај нас. Кај нас и дречава може да е, ама секогаш се претпочита една боја. Може да е било која боја, посветла или потемна, така беше кај ќерка ми, сега исто приметувам кај син ми, за играчка што се држи во рака секогаш бираат една боја. Шарено и светкаво за стимулирање им беше само кратка фаза после 3-4 месец кога развиваа фат.
     
    На IRBBB, Coco31 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    176.290
    Пол:
    Женски
    Неќам да испадни дека те игнорирам, ама сум многу уморна за детално и поткрепено да вратам па ќе бидам брза оти сега толку можам. :D

    Боја и контраст особено кај бебиња и тодлери се доста важни за когнитивен развој. Нормално дека меѓу неутрални бои, и една дречлива - ќе биди привлечено од дречливата. Не само бебе, туку и возрасен. Нормално меѓу неутрални бои и виножито - ќе биди постимулирано од виножитото оти најчесто е дречиво, сме привлечени од него и поќе не стимулира и зависно колку долго трае тоа и која е целта (играње, когнитивна стимулација, смирување, решавање сложувачки, сензорно сензитивизирање) зависи дали ќе сме само стимулирани или престимулирани. Ама пак, за јака боја да е престимулирачка - мора да се види како е презентирана, во комбинација со кои други бои и во кој pattern.
    Screenshot_20231223_224940.jpg
    Шо пак се сведва на едно нешто: :*:баланс:*:. Да има време од ден кога е постимулирачко во поглед јаки, дречливи бои, и време кое е одредено за мир и дестимулација, каде би биле презентирани неутрални и мутирани бои.

    Како и да е, секој најдобро си го знај своето дете. Мислам дека проблем на луѓе е кога детето е дел од естетикот, место да се пратат неговите индивидуални потреби.
     
    На IRBBB и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.668
    Пол:
    Женски
    @theowndemon се согласувам со тебе, сакам да се појаснам на какви бои мислев и хиперстимулација од нив оти се чувствувам ко неискажано, иако мислам дека сфати шо ми е поентата.

    Кога реков дречави бои, мислев на вакви играчки plaa.jpg

    Наместо како нив, купувам како овие SnapPea_Test_7.jpg

    Пак има бои, ама посмирени, побалансирани. Барем така му делуваат на моето дете.

    Играчкава е со повеќе бои, со иста намена, а сепак "не е иста".
    educational-colorful-plastic-baby-kids-teddy-sorting-and-original-imag56p9qzkabweb.jpeg wood.jpg


    Или овие. Не дека ми се вклопува во ентериерот или естетиката дрвен лимон, туку изгледа пореален. И би го купила и од пластика да е, ако е со ваква боја
    28219.jpg за разлика од T2D_t0XxhaXXXXXXXX_!!51847410.jpg

    Кога сме кај матријалот, никогаш не би му купила дрвени фигури од животни или диносауруси, оти пластичните се поблиску до реалната боја и форма.
    388922365_max.jpg il_fullxfull.3859171209_ok8e_8818394a-28f7-4ccd-a488-44db61322d09.jpg


    Во однос на ентериерот на неговата соба, цел е сонома, не за да биди модерен и во тренд, туку навистина мислам дека доволно боја има во играчки, постелнина, облека и ако и тој е обоен сметам дека ќе биди хаотично. Барем мене ми смета максимализам.
     
    На Coco31, Lovebug01, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.604
    Допаѓања:
    191.987
    Ама овие твоиве ноу ноу бои не се јаки бои, радиоактивни се:tmi:. Или кинески наспроти европски.
    Се знае кои се основни бои, ниту неонските ниту пастелните не спаѓаат во нив.
     
    На Coco31, danichap, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.057
    Допаѓања:
    46.002
    Пол:
    Женски
    Моето доби на поклон вакви пастрлни древни играчки од братучедка му ама ич не му се интересни, веќе цела недела ги има и воопшто не ги бира нив за игра.
    Секогаш се фаќа за нешто што е шарено, многу се загледува и во моите слики, јас претежно сликам со весели бои, нема ноќ да не си “муабети” со сликата над спалната која е апстрактна и со многу бои, гледам дека е воодушевен од неа, така да откако ќе почнат да ги разбираат боите мислам дека е сите се различни во тоа што им е интересно и треба да ги оставиме они да си диктираат.

    Ништо нема да ни биде нам ако купиме и такви и такви играчки, да може дрвените се похигиенски дека не задржуваат бактерии многу, поеколошки и поздрави со боите, ама не мора да се дрвени во пастел само, јас би продолжила мешани да купувам па нека си бира сам што му е интересно за игра.

    Знам дека темава е за мајќи кои апсолутно по секоја цена избегнуваат бои, не сметам дека е здрав пристап.
    Сепак не гледам и ништо лошо во тоа собата да е неутрална или во една боја, да се купува неутрална облека барем додека не разбираат што носат оти нели алишта не се износуваат па добро е да се неутрални за поклом/друго бебе итн иако според мене нема машка/женска боја.

    Како и да е не сум за одење во екстреми со ништо па нито со ова, дречливи или пастелни, боја е боја и секоја има своја убавина.
     
    На IRBBB, sweet-cherry и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    176.290
    Пол:
    Женски
    @IRBBB па, и твоите се дречливи а не мутирани/неутрални. :D Само башка бои, башка pattern. Баш шо носи до поентата дека кои бои, во комбинација со други бои + шемата на поставеност е шо носи до престимулирање. :D

    Кога велам јаки вс неутрални мислам нешто вака:
    Blog_pictures_1_6928af2d-31d8-4021-ac16-fcb09a10809a_grande.png

    И за ваквата комбинација на јаки бои е која велам дека е стимулирачка (ама не престимулирачка) и доста потребна за когнитивен и сензорен развој. Како што учиме текстура со допир, бојата е "текстура" за очите. И е неопходна за развој.

    Или јаки бои вс мутирани/неутрални бои:
    91HtOQF55rL._AC_UF1000,1000_QL80_.jpg Screenshot_20231224_022457.jpg Screenshot_20231224_022509.jpg IMG_1925_large.jpg

    Мутирани(muted)/неутралнизирани бои:
    il_fullxfull.2936065502_o04r.jpg
     
    Последна измена: 24 декември 2023
    На IRBBB, sweet-cherry и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.514
    Допаѓања:
    91.393
    Пол:
    Женски
    Мутирани бои или загушени се бои кои се добиваат со додавање на црна/бела/сива.
    Тие не се потребни кај децата.
    Особено не за играчки.
    Најдобри се чисти бои тие воопшто не доведуваат до престимулирање.
    А Овие мутираниве се баш “тажни” бои.
     
    На andromedae и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.578
    Пол:
    Женски
    Кај да најдам коњче, што се клацка?? Ама "тажно" да биде??
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.604
    Допаѓања:
    191.987
    Нели се сите коњчиња по дефиниција ,,тажни,,? Мислам природни бои се бела, кафена, немам видено црвено коњче сеуште:D.

    Дел од проблемот со боите, што го објаснуваше @theowndemon погоре, е од аспект на нивна хемиска токсичност. Дрвени играчки, од масивно дрво, без лепаци, премази и слично, од тој аспект се безбедни, и би требало да изгледаат вака upload_2023-12-24_9-49-21.png . Ама пошто обично не е дедото дома што работи со масивно дрво, туку играчките идат од којзнае каде, најчесто Кина, аспектот на безбедност е пуштен по вода. Само дополнување, ништо посебно не сакав да кажам.
     
    На IRBBB, Annath, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.549
    Допаѓања:
    289.218
    Има доволно истражувања на овие теми, што е потребно и стимулирачко за детскиот развој.
    Се останато е погрешни приоритети, каде акцент се става на ентериер или сцени/слики кои се “совршени” од аспект на вкусот на родителот, без да се зеде во обзир првото.

    Од определена возраст децата веќе и сами учествуваат во изборот на мебел и облека.

    Моиве се све ми бое лепи стое, и ок е.
    Се чувствуваат удобно во средината, своите соби, и покрај шаренилото од бои.
    Важно ми беше само делот каде е биро да не е престимулиран.
    Остатокот сами одбраа, јас ги давав насоките во однос на производител поради квалитет и цени.
    Ниту едно од триве деца не избра беж, не знам четвртово ќе си каже и оно за некоја година. За сега јас бирам шаренило и од се по нешто.
    Мене ми е чудно мало дете да нема удел во одлуките за просторијата кое е негово мини царство, а уште почудно ако одбере совршена хармонија од пастелни бои.
     
    На lackygirl, IRBBB, Skyler и 9 други им се допаѓа ова.