1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Тажно беж родителство“

Дискусија во 'Дете' започната од Lilit, 18 февруари 2023.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.108
    Допаѓања:
    257.623
    Кога носеш бебе на преглед, на систематски, педијатар вади црвена топка од вуница. Знаете зошто?
    Ова е доволно само.
    Бои треба. Трендот беж се осеќа по Еу и те како. На пример, есента повеќе од гардеробата за бебе во некои познати бебешки продавници беше беж, крем, некоја неодредена виолетова и зелена. Не драч зелена, беж зелена.
    Едвај најдов розаво оти јас лично обожавам розаво и мерак имам за бебе да е во розаво. И многу малку избор има на розе.
    За машки деца исто. Се е крем.
    Прибор за јадење беж. Нема изразени бои, да дречи. Се е со во беж нијанса. Розе има, ама мава накај беж.
     
    На Coco31, lackygirl, andrejko82 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.917
    Па за тоа ли ти чекаш гости?
    Може немале, може така мислеле, аман што ви е?
    А ти што носиш по гости? Се надевам кашмир од скоро стрижен јарец од хималаите кој чини мало богатство.
    Зошто си мислите дека заслужувате нешто посебно? Ај малце погледнете се себе си.
     
    На Bella*, nena2010, DoubleK и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.339
    Допаѓања:
    90.060
    Пол:
    Женски
    Ова е баш лошо,од измислување секакви збеслуци и трендови на крај ке наштетат на децата.
    Не смее розе за женско,сино за машко.
    Неутрал.
    На детето апсолутно му е потребен колорит.
    И во облека и во опкружување, играчки , детски соби.
    Беж е баш неутрална боја, недефинирана боја се добива од примеси на бело, жолто,кафено,кога не знаеш и ти е страв од бои ќе одбереш беж.
     
    Последна измена: 19 февруари 2023
    На Coco31, azelea, andrejko82 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Јас сум за баланс и во боите.
    Не сакам сѐ да е во беж или сиви нијанси, ама не ни прејаки, милион бои. Оти реално ни тоа не е здраво, оти пак му прават хиперстимулација на мозокот, наспроти овие што не го стимулираат.
     
    На Lovebug01, mal.ecka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Секакви бои и облекувам и сино и зелено и црвено. Девојче е.
    На золва ми детето и го направија девојче во вакцинален зошто носеше костум дедо мраз илити црвено (facepalm)
    А имам братучедка еден ден ни се разлика децата ,све беж ,бело со врни апликации.. песок такви неодредени бои.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Не ,гледам бројка да погодам 12 ка јакна ее за 12 г дете на 2 годишно носи. Па прашај за бројче не е ни глупо ни срамота.
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.108
    Допаѓања:
    257.623
    Од повојница, синко носеше до кај 3-4 години. Супер било. Сега приметив оти за ќерка се купувам сама. Подарок е, ако не за надвор, за дома е топ. Особено сега кога јаде и се прави лом.
     
    На JoyJoy, VDT2906, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.917
    Не збориме за бројките, туку за боите.
    Тебе и боите ти пречеле, а за бројките исто не мрчи - ќе подариш некаде или ќе дојде време.
    Малце запрашајте се од друга перспектива. Не се врти сонцето само околу вас.
     
    На nena2010, baby-star, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Дај боже ова да не стигне кај нас, иско мислам дека не би го ние баш така прифатиле 'трендов'.

    Животот на децата треба да биде колоритен/шарен поради самото значење на боите, нека го замислуваат светот шарен.

    Дете никогаш не би облекувала по трендови!! Утре ако Кајли Џенер ми каже детето на 5° да го изнесам голо надвор, сите ли ќе го сториме тоа? Нив им треба здрав развој а не да го монотонизирам зашто мамичка сакала беж боја и некој друг и има кажано дека така било aesthetic!
    Децата нека бидат деца...
     
    На azelea, JoyJoy и Осе им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Не е до гардеробата само. Поентата се боите, кои имаат удел во детскиот развој, а особено се значајни за сензорна стимулација. Понатаму, координација око-рака врз основа на истото итн. Истражувањата се прават со цел подобрување и стимулирање на детскиот развој, што е сосема во ред.

    Колоритни играчки се потребни и се одлична стимулација, за разлика од беж боите на пример. Истото важи и за облеката, собата итн.
     
    На JuLleE и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Што сака нека е, во толку burning questions во светов повеќе од смешно е какви истражувања добиваат грантови.

    Во Македонија деца растат со секакви бои, пошто добар дел и од други бебиња земаат облека, играчки, ќебиња што и да е, еве ниедно дете не останало неразвиено.
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Дискусијава е валидна во кругови на луѓе што имаат по неколку десетици илјади евра годишно, поточно западниот свет. Кој од тукашните родителите избира посебна палета на бои за децата (и за домот) според која строго се води? :D
     
    На Bella*, Anaroz1, _beautyy_ и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.917
    Па би рекла дека жалосно е што не си информирана и што сметаш дека вакви истражувања се вишок. Боите имаат огромно влијание и на развојот на децата, но и на возрасните. Цели маркетинг кампањи се прават врз основа на истражување на бои, бојата во спалната во која спиеме има ефект на сонот, просторот во кој живееме генерално всушност.
    Ако боите не се битни, тогаш нема да е битно дали некој е далтонист или не.
    Боите директно влијаат на развојот на мозокот. Дефектолозите кои работат со децата често ги користат кога работат со дете со задоцнет развој.
    Дали ќе купиш нешто во продавница или не, зависи од боите - а не си ни свесна за тоа.
    Само затоа што ти имаш некакво си мислење, не значи дека не е битно.
     
    На azelea, Harper, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.917
    Секоја втора инстаграм мамичка.
    Секоја втора инста продавница за еколошки играчки е ваква.
     
    На Coco31, senjorita-v, nena2010 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.948
    Допаѓања:
    327.127
    Пол:
    Женски
    Многу.Не можам да постирам слики бидејки се профилите приватни на луѓе со кои се следиме на инста.Ама премногу ги има со соби,детали,играчки и облека во беж боја.Па ете ја Маја Кикириткова барби ќуката на девојчето ја препраи во беж цела ,пошто така и се бендисала повеќе.
     
    На _beautyy_, Harper, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    Планирав да купувам gender neutral ( бело, крем, жолтеникаво, сиво) за бебе од проста причина да може после и друго дете да носи, било јас да имам второ или да предадам на пријатели и роднини. Реалноста е што не најдов многу работи, а и дел ми се купени од роднини така да бебе (женско) сега има куп работи, розови, плави, жолти итн. Си ги носи сите што се за возраста без разлика на боја.

    Во врска со играчки, пред да имаме бебе секогаш купував дрвени слагалици, лавиринти и слично. Битно ми беше да се дрвени затоа што често чувавме деца на братучеди или ни доаѓаа пријатели со деца, па дрвените од аспект на трајност ги земав, никогаш не сум размислила за бојата.

    Сега за бебе купуваме/добиваме според возраста и се е колоритно.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.753
    Допаѓања:
    129.172
    Пол:
    Женски
    Глупав тренд со кој се зафаќаат и инфлуенсерки од тука. :D
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Заклучокот ми е дека луѓето имаат повеќе вишок пари отколку што сум мислела. :drunk:
     
    На Ketchup, theowndemon и joy1 им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.917
    Отвори само Префино на инста, ќе ти стане јасно.
    И ништо од тоа не е за децата, туку во суштина е за родителите.
    Ќе спие во кревет од 500 евра од дрво во вид на куќичка, но душечето ќе биде обично од 50 евра, ама душечето не се гледа нели... Така се прават "приоритетите", естетиката пред се друго.
     
    На firequeenn, Isabel, andrejko82 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Не бојата ја спомнав бидејќи мислам дека на 12 г. нема да сака да облече зелено.
    Патиките пример ми се баш топ што се шарени бидејќи ќе одговараат на се. Ама носи 21 ,кога ќе стигне до 27 ?