Мене па gender neutral ми е баш шарено. Бу-факинг-ху дека сина била машка боја или розова била женска. Со то шо се одбират неутрални бои поќе се удира во то дека има машки и женски бои, машки и женски играчки. Шо према мене е нерелевантно и по малку глупо. Боја е боја. Играчка е играчка. Ако те прај среќна ја носиш, ако не друга земаш. Прекраток е животот за да се лишиме и ние од шаренило, а не па да лишиме деца од шаренило. Ај алишта за слики ако прати некој некој естетик куц туц ама не стално, треба и детето да е среќно и меѓу беж и шарено знајме поќето шо ќе одберат. Ама играчки? Лично сум фан на монтесори, дрвени и шарени играчки се секогаш победник за мене, прилагодени на возраста, да ги опфатат сите сетила. И искрено, за mommy influencer канали, баш дете асоцира на шаренило. Колку поќе сензори стимулираме на дете со игра, слух, гледање, допир, пропратено со стимулација на логично и креативно мислење - толку подобро за детето.
Не ни знаев дека имало тренд за беж боја а ние сме стигнале веќе до револуција против тој тренд Глупи трендови и противтрендови евривер. Значи доволно е да си познат инфлуенсер и од секоја ситница може да направиш светска (инстаграм) војна. Боже сачувај да се бориме за побитни проблеми во општествата во кои живееме. Не, на ниво сме да се расправаме дали бебето ќе ни напредне или уназади ако цела соба му е во една неутрална боја. Пошто нели и мајката и таткото ќе се во беж стално облечени па нема да гледа други бои. Бабите и дедовците исто. Храната која му се нуди исто. Играчки, други бебиња, родендени, кога ќе шета надвор...се ќе е беж па кутрото нема да знае за други бои. Страшно. Со ова се занимаваат мајките со малку повеќе пари и малку повеќе слободно време? Начин како да се одделат од моменталната обична раја?
Нијанси на беж сакам само кај облека, ама мислам дека од дното на душата го мразам трендот на беж минималистички ентериер, би полудела во таква куќа без живост. Автоматски, ни за дете не би правела соба во неутрални бои ниту би купувала такви играчки. Не се разбирам детално колку се боите битни за развојот, ама интуитивно мислам дека балансот е најдобар, ни премногу безлично, ни премногу стимулација со дречави бои.
Доволно е што дошле луѓето да те испочитуваат и што им било кеф да го видат бебето. Што е битно што донеле? Срамота, на такви како тебе во куќа не би им стапнала, не па да ги испочитувам и поклон однесам каков таков. Што е битно бројката, кога тогаш ке му ја облечеш или подариш на некој друг. Пред некој ден добив на подарок гардероба за 2години, а малото има 3 месеци. Баш се израдував, ке си ја чувам и здравје кога ке дојде време ке му ја облечам. Па ке стигне до 27, нема тука да му застане стапалото со раст. Што е спорно? Инаку трендот воопшто не ми се допаѓа. Сакам колоритна детска соба и гардероба. Тоа ми е отсекогаш асоцијација на бебе и детство.
Ок ај така нека е Немам намера да се оправам. Фала богу што не ми стапнувате такви ко тебе ,зошто г-ѓата за која што зборам инаку се праи најмодерна најпаметна и сл ама ете вакви ко тебе сметаат дека сум ја потценила па не мора да идете убаво ми е и вака И две г. ќе летнат ,ама 10 и нема баш. Ми носеле и за 4 и за 5 ама не се осетив вака како со нив ,пишав погоре и зошто. Тука завршувам.
Искрено, секогаш ме нервира ло она "розево за женско-сино за машко". Едно дете 7 годишно ме праша пред некое време зошто Миа носи сино, нели е таа машка боја. Се запрепастив дека сеуште родителите си ги учат децата дека има боја за машки и боја за женски. Ќерка ми ја облакам во сите бои, па има нешто и беж но не се водам по никакви трендови. Се што е претерано ми е
Јас сакам неутрални бои и детето го облекувам претежно во такви - не исклучиво. И да, гледам да се произведени без хемикалии, а купувам доста и на старо - не се евтини што е нормално бидејќи цената за новото парче е висока, ама пак се пери-носи и изгледаат многу убаво. Собата исто е со бела/неутрални боја/бои, ама пак имаме скоро па исклучиво играчки како горе постираните дрвени кои се во појаки бои. Маж ми беше против неутралното уредување на собата и за компромис нарачав стикери за цел ѕид со животни. Уште не беа стигнати читав дека не се препорачува такво нешто или многу шарена соба особено за мали деца, зошто доведува до престимулирање и може да има штетно влијание и на сонот. Ми олесна па ги вратив одма назад. И покрај неутралноста, бели шкафови, бел кревет и остатокот од дрво, монтесори играчките се повеќе од доволни за колоритност. Во текстот пишува дека новороденчето треба да има јаки бои да ја крене главата, што не е точно. Тие гледаат црно и бело и има такви книги соодветни на кои од лично искуство супер реагираат. Комплексна е темата а текстот осудувачки. Како што спомнав горе, не значи дека ако му облекувам таква гардероба, дека за нејзината изработка е малтретирано дете. Од др. страна јас лично купувам 90% играчки од дрво, зошто пластиката ем е штетна за детето а и за нас (има мн. испитувања), ем за околината и брзо се кршат/расипуваат па и не можат да си ја вршат функцијата за играта како што треба. Исто и дел од играчките купувам на старо и нормално дека се во супер состојба, јер дрво. И за крај не сум инфлуенсерка, имам регистрирано акаунт со без врска име и без следачи, исклучиво за идеи - си го користам како пинтерест.
Ноуп. Туку ова што го пиша погоре Лилит. Уствари, малку пошироко е. Трендот го налага она што е достапно да се купи. Кога купуваш за бебе, пошто многу брзо расте, зависен си од она што е достапно во продавница. А ако е трендот беж, од кои и да е побуди, тогаш отепај се- не можеш да го облекуваш во дреч зелено. Особено на западот, мада веќе па и нема разлика, ако купуваш од ејџ енд ем, сегде е исто. Глобализирана брза мода, брзи трендови носи. А мене лично, повеќето бои ми немаат род. Уствари род постои само во јазикот, и тоа не во англискиот, ама тоа е друга тема. Сега пакував куп играчки за донирање, баш од тие за најмали деца. Прекраснотии се сите, силно модри, црвени, зелени. Ама може се демоде, одамна се купувани, кој знае. Да не ми ги вратат како несоодветни
Па дека гледаат црно и бело односно матно не ти сугерира на тоа што треба? Не било точно НАУЧНИЦИ што истражувале. Крем бојата се бои како и сите други, не е помалку токсична. А дома не користите воопшто пластика? Со каков прашок переш? Ако имате поента, бидете доследни до крај. Текстот не е осудувачки, туку ти го доживуваш така затоа што не се подудира со твоите убедувања. Монтесори играчките се плодна почва за убава заработка на "родители во потрага по посебен идентитет".
Тажно е што возрасни луѓе што гледаат деца ставаат лајкови пред здравјето на детето. Не е само бојата (што утврдено е дека влијае врз развојот на детето) како што сите сме депре кога е сиво и тмурно времето, а сме расположени на пролет, на зеленило и шаренило, туку да не смее ништо да се мрдне, да се растури, за да стои перфектно како што е на инстаграм.
Кој како сака нека си ги облекува децата. Никој тоа не го спори. Ама е овде темата сосема друга и е многу јасно и концизно поставена во воведниот наратив. Точно е дека бебињата гледаат црно и бело, односно сенки. Ама и реагираат на надворешни стимуланси, а посебно на форми и бои. И токму е тоа причината да се стимулира длабинска перцепција со вивидни нијанси. Што не значи дека треба да се исклучат црно белите контрасти, кои исто така се стимуланси. Но целосно исклучување на колоритот ја ограничува визуелната стимулација. Исто како што преголема стимулација може да доведе до сензорно преоптеретување. Значи, баланс дечки. Трендот не го следам, ама си постои. Реалноста околу мене е сива.
Ја читав статијава, ја отворив и типката и се пресмеав на еден реел, ќе ставам слики. Стварно се сложувам со имињава, исто се осеќам кога ги гледам. Некако се ова ми почна од скандинавскиот стил на уредување на дом, безличен, бел, беж, дрвен декор, неутрален. Колку и да е природен, мене природата ми е далеку поколоритна од тоа, очигледно кај нив тоа студенило и сивило вака резултира. Па од таму најчесто ги гледам скандинавски брендови со исти тонови на играчки, опрема, гардероба за деца. Очигледно и глобачно се проширило. И што е најтрагично има боја ама е анемична, испиена, измиена и не можам да ја разберам потребата да е таква (а може па штедат на боја, бојата е скапа). Ај може некој тренд од Африка ќе ни дојде таму се со фулл колор сите. Поборник сум на бои цел живот иако не дречам на улица, а ниту дома.
За кого како за ќерка ми дефинитивно е женски Инаку, јас ептен заостаната сум била, пошо ја облекував ќерка ми во најдречливи бои на свет (жолта, црвена, сина, зелена, розова, виолетова, портокалова....) Никакви пастели и слично, само јаки бои Затоа сега она јака женска е
Ама кога, во камено доба? Генерациски наназад се користело шаренило, сега е нова мода беж. Како и да е, спомна дека сакаш да имаш деца, така да кога ќе дојде време, ќе прочиташ, ќе проучиш, па ќе видиш. До тогаш, уживај во беж естетиката.
А да, како не ми текна, како да се заборават сина и розева, дај ќе измислуваме трендови во неутрални бои, пошто и бебињата нели неодредени ни се дури сами не си кажат што се. Малку ко теорија на заговор личи али ништо не ме чуди денес. Многу суптилно, али така се почнува.
Па тоа ке да е поентата,нема машки/женски, џендер неутрал. Какво розево и сино,се ке биде беж.Па после здравје.Плус модерно и ин на инста.
На децата им треба шарен свет. Дефинитивно.. Но..кај да е и кога ќе се родат ќе треба да кажуваме се роди "дете" а само ќе одлучи што ќе е после. И ова е во овој правец...