Кај мене не постојат женски и машки бои. На девојчето мое омилена боја и е сина Сакам шаренило. Сакам и неутрални бои, ама пак и тие ги комбинираме со некоја вивидна боичка, па да не речам и дреч Собите и кај двајцата се баш детски, со боја, со шарени играчки и сл. Ова беж родителство и кај нас сум го приметила. Ај за облеката не се фаќам толку, ама се во беж од соба до играчки... па кога ќе видам и цел профил во бледи беж бои и ефект исти блед на секоја можна слика за уште побледо да е
Има научници кои прават испитувања, па други ги побиваат итн. не навлегувам во тоа. Ама дека новороденче препознава фарби, тешко веројатно. Ја не реков дека има токсични облеки во неутрални бои, има и те како, и бели! Пишав дека ја така го облекувам ама сепак пазам и на тоа. Осудувачки е оти се гледа една страна на паричката, мене не ме тангира, сметам дека доволно литература и сл. користам за воспитување и генерално за правилен раст и развој на деца, зошто ете преозбилно го сфаќам тоа и сакам да помогнам колку можам. Исклучиво био за деца, без омекнувач. Избегнуваме пластика колку е можно, посебно за дете и за храна! И додека не се фатиш за нешто трето, не може да се огради потполно никој од штетни влијанија, отрови и сл. ама може да редуцира колку може и сака. За коментарот за монтесори играчките само ќе ти кажам дека не само родители го користат, општо прифатен по градинки и школи е (на запад) и има обуки за воспитувачи и наставници, така да исто не ме тангира вакво размислување.
Не, буквално како што реков со милениуми, до пред едвај некои (100 и нешто) години. Исто како што и облекувањето на бебиња/деца во ''бебешка''/''детска''облека и бои е релативно нова ствар. https://lisalouisecooke.com/2019/02/13/baby-clothes/ Спојлер: едукација Baby clothes were not colorful or eye-catching. Traditionally, baby clothes were white so they could be easily bleached. With the advent of washing machines in the mid-1800s and the expanded availability of store-bought fabrics, baby clothes began having a bit of hue to them. Initially, there were no colors assigned to either sex, but this changed in the mid-1800s. И нема што да пишувам накнадно, проучувам и чекам и заслужам одобрение од тебе ваљда ако на тоа мислеше? Јас веќе се изјасниив по ова прашање, кој разбра разбра, кој не , негов проблем. Одобрение не ми е потребно ни преобраќање, како ни ''едуцирање'' ако веќе не бев доволно јасна да се појаснам. Спојлер: . И се повеќе е јасно дека овде не се работи за бебињата, колку дискусијава ги тангира милениумските сеедуцирани и сеекспертни мамички со се сите нивни едиствени проблеми неразбрани од другите генерации, со самоубеденост дека светот се врти околу нив и почнал од кога они се родиле/ откако родиле. Them millenials. Иначе дискусијава може да биде и интересна и поопширна (и навистина едуцирачка), како и секогаш да не беа самопрогласените, сеприсутни експерти на се што се знаат и нема што понатаму да дискутираат, туку идеме право на ''едуцирање''(читај наметнување мислење). Не дискутирам, само си мислам гласно* Иначе трендов нели од Скандинавиа дојде(со се интериор декор) а таму нели најсреќни луѓето беа( а децата се луѓе ваљда) со се студии и научни докази? Слава науци!
Кај и да е нема ни да им даваме име. Нека одлучат ко ќе пораснат како ќе се викаат. До тогаш дете 1 и дете 2
Не, не се работи за мое одобрение, како што реков, не ме интересира ти како ќе си го растеш детето, мене ме интересира моето. Па затоа ти викам, кога ќе имаш личен интерес во работиве, ќе ги сфатиш поинаку. До тогаш, ете, во камено дома растеле во сива естетика и топ испаднале децата. Нема проблем
На толку интересна облека со разни патерни и уникатни додатоци, да облакаш бебе/дете во неутрални бои е тажно. Истото важи и за декорирање на собата, играчките, приборот, што год. Иначе, ќерка ми секој пат кога ја облакав во сино или зелено, ја викаа батко. Па ставав шноли за да се знае дека не е батко.
Во мое време џендер неутрал беа жолта и портокалова. Times change изгледа. Имав едни плави тренерки и фејв ми беа
Децава ми пораснаа во наследена гардероба, па незнам дали има тоа некаква врска со развојот. Сигурно има, ќе дознаеме Ќерче мало, иако цела во розе,ја правеа машко до 3,5 г оти коса немаше. Беж ни за себе несакам, не па за деца. Малава е пинк лејди, сите нијанси на розе се на неа. Големава е "голема" и у црно сака да се носи . ЈБГ сметам дека ништо не може да с.ебе дете/ адолесцент, како социјални мрежи, ама ние сме први што имаме се, ФБ, тик ток, инста.... Така што у беж или не, нека трча надвор и нека се ваља во кал, потешко ќе го испереме, ама барем ќе се научи што се бои.
Не е толку за родот, колку што е за matching outfits мајка-дете и инста естетика. It's not that deep. И секако, ко секој тренд и овој за десетина години нема да биде толку актуелен. Генерации се менуваат и не секоја ги сака истите работи. И мислам дека секогаш по интернет ги забележуваме работите кои на некој начин нѐ тригернуваат. На пример, ако ви бодат очи повеќе родови, секако дека работи поврзани со тоа повеќе ќе ви го поттикнат мозокот да размислувате на таа тема. На пример, Џефри Стар, маж, кој се декларира како маж, а се облака и шминка ко женско, во едно интервју кажал дека they/them се глупости. Во коментари ниту еден немаше што се спротистави на тоа. И сега треба да мислам дека цел свет е хомофобичен? Мене па ми излегуваат мајки од некои заборавени стејтс во Америка, каде што таткото е цело време на работа, а мајката со едно дете во рака, со другата лазања прави. Муабетот ми е дека интернетот е огромно место на кое може да најдете буквално сѐ. Тоа што беж трендот е во пик, не значи дека е пресуден за сите и дека е тука да остане.
Да добивав паричка секој пат кога некој за ќерче ќе ме праша "Колав е баткото?", до сеа ќе се обогатев. Нејсе, мразам дречливи бои од дното на душата и никад ниту јас ниту ќерче нема да бидеме облечени во такво нешто. (Барем додека јас и ја бирам облеката) Далеку од тоа дека и е беж облеката, ама гледам да е неутрално и универзално, чак многу пати ми се случило од машки оддел да и купам по нешто. Едноставно не сакам све ми бое лепо стое ко циганче некое па затоа прв избор ми е сива и бела боја со исклучок на Црна бидејки не ми е за дете таа боја. Е сеа дека е само во тие 2 бои не е. Носи и розево и сино и сите бои доколку не се дречави и ми се свиѓало парчето облека. На тема играчки дома ни е се шарено во сите бои без разлика дали е кујна или мрежа за фудбал. Си игра и со кукли и со камиони зашто сметам дека нема женски и машки играчки. Исклучок од ова ми се сите видови пушки и пиштоли зашто смета дека играчки без поента кои ги учат децата на насилство. Лично овој тренд на беж бои многу ми се свиѓа и од секогаш сум ја сакала таа палета на бои за разлика од шареила на сите страни како да си на ЛСД 24/7.
Outgroup homogeneity во акција. Ако другите се против мене за скроз рандом тематика, значи се против мене и за сè друго за што имам мислење. Ако видам нешто што ми оди на нерви (беж играчки) значи сигурно тие луѓе практикуваат и друго нешто што ми оди на нерви (џендер-нутрал родителство). Мислам, озбилно ли мислите дека мајките што ги следите на инстаграм се за недавање имиња на деца и дека стварно тренд во бои за детски играчки промовира дете 1 и дете 2? Или можеби само барате изговор да го истурите незадоволството што вториве работи ви го предизвикуваат и барате начин ги материјализирате тие измислени луѓе за да ги нападнете зашто реалноста е дека постојат само во хипотетички ситуации, а не во реалниот свет? Ама возот отиде, и секако дека од рандом тема за влијание на боите врз развојот на детето мора да се премине на "лошите либералци", како што е и стандардна практика веќе.
Јас едно знам. Боја ок. Ама да имам бебе нема шанса да го облекувам во оние, не знам ни како се викаат, со лепенки маици. Пример лупам Снежана, или не знам, Супермен. Мене лично ми се грди, уште како дете не сакав јас да ги носам, кога ќе ми подареа таква облека - не ја носев, ден денес немам блуза со некаков таков принт. Играчки се друга работа, зборам САМО за облека. Чисто да доловам на што мислам дека лично ми е многу грдо: И што би одбрала Бојата не е беж, ама тие принтовите не ги можам, ни себе не се облакав така, ни дете не би облакала. Пастелни бои се повеќе, не е САМО беж, а и не мислам дека е баш толку длабоко. За развојот на едно дете е потребно многу повеќе од бојата на облеката. Навистина, најважни се играчките и не знам дали постои некој што само дрвени необоени играчки дава, ама се' е можно.
Изгледа ќе бидам беж досадна и тажна мајка Другарка ми е бремена, девојче, и баш пред некој зборевме како ќе ја облекуваме Еве јас што и' праќав
“Тажно беж родителство” Дали сериозно отворивте цела тема за ова? Што ви е проблемов со боиве не сте ми јасни, јас до сега немам прочитана една “беж” мајка да плука по шаренила а од друга страна вие другите напнавте. Како ви се замара со вакви работи не сте ми јасни, абе и дома и во плакар ќе му влезете на човек. Па и за Монтесори, како педагог ми се плаче кога ве читам…
@CameliaMiller твоите слики не се беж Зборуваме за ова Сликите се од ист профил.Да не ставам повеќе ама се е во ова боја
Е како не плукаат? Еве погоре една мајка ги нарече цигани оние кои носат шарени бои. Иначе, друг е муабетот за боите и е многу покомплексен, ама вас изгледа не ви се чита, затоа
Јас многу убаво знам кој е муабетот и колку е комплексен, а разликата помеѓу тебе и мене е што моето знаење не се базира на неколку статии постирани од некојси форумски лик. Терајте си со муабетот, јас немам намера да трошам енергија на истиот со понатамошно коментирање на темава