Не е беж, ама е пастелно. Лични трауми имам од облека јас како дете. Уствари сфаќам дека никогаш не сум сакала дречави бои. Најрано детство што памтам барав пастелни или темни. Е сега, се надевам не е пребитно бебето да носи црвена или зелена дреч блуза. За црвено, играчки, за зелено, играчки и растенија ќе гледа. Не сакам дречава облека, ни на деца, ич.
Да, но овде во овј случај и цела тема се отвори за ова (осуда). А и ''трендот'' ''Tажно беж родителство'' е настанат со опозиција на веќе постоечкиот тренд, односно ''Беж родителство''. Подобро ќе беше насловот да беше ''Беж родителство'' или ''Беж родителство''/за и против, затоа што очигледно има и за и против, па изволте на дискусија слободно, вака од старт со негатива и осуда е формулирана.
Буквално земав да читам, и од брзото читање конкретно облекава на децата дефинитивно испаѓа дека е до вкусот на родителот, посебно на бебињата. Мислам... не си ја гледаат својата облека. За да ја крене главата кон нешто црвено, гес ват, нештото треба да не му е облечено. Го отворив и профилов на дотичната, СЕКАКО дека е за капитализирање, јер вај нат. Мислам испаѓа се исмева и со здравата исхрана на децава, или јас нешто пропуштам? Иначе упорно хејта само еден единствен бренд кој не сум го сретнала кај нас и е очигледно дека баш има свое niche брендот, мислам ок, јас хејтам Дизни, ајде ќе отворам анти-Дизни облека, свашта. И на конкретниов модел баш ништо не му фали, и себе и дете вака би облекла. Мене тука око ми фаќа безличнава играчка; а не облеката. И уште еден дисклајмер: коментирам облека, не играчки. Не е исто, и сосема друга тема е кои играчки се соодветни, верувале или не, традиционалните играчки од типот на девојче кујна, на момче пушка, не влијаат позитивно, напротив. Ама пак... друга тема си е тоа.
Оукеееј, пошо ти знаеш што јас знам т.е не знам, не гледам поента во „дискусијава„ со тебе. поздравче
Каме ко бебе нема да го облакаш, ама ко ќе пркне сам бара кажуе мајката што вчера Спајдермен тренерки му купи јер такви сакаше
И во друга тема имам нагласено, нормално дека кога само ќе сака, јбг, ќе се исполни желба. Од тие сум што синот без проблем и ќе си го лакираат ако тоа сака. Ама дур е бебе, збориме за бебе, нема желби за облекување, мајка како сака Назад ми е зимата, ама мислам дека ќе бидам од "мамичките" што точно имаат контрола што и како допира до дете. Пример ми беше играчката пиштол, ќе се има тантруми и мн. веројатно нема да се добие јер... зашто побогу. Ќе видиме, потсети ме за Х години за играчкиве
Па и нема зошто да знаат што е. Мислам... која улога во нивниот развој и забава има оружјето? И е, и не е офтопик. Поарно со беж играчки да игра, него со црни пиштоли, ако изборот е тоа. @theowndemon баш кул играчки постираше.
Видот кај децата е особено сензитивен и слабо развиен во почетокот. Екстремна глупавост и неинформираност е да нема бои.Беж не е боја.Крем исто така,бела,светло сива. Потребни се и на себе и околу себе јасни бои кои ке стимулираат. Детето има право да го види светот во шарени бои,а не да му ги ускратиме.
Бебето не се гледа себеси како е облечено, ама гледа околу себе. Затоа е важно да е надвор, на воздух, во природа, да гледа бои. Да е дома стимулирано со соодветни играчки во боја. На почетокот како и во која боја е облечено не сметам дека е баш релевантно. Што ако го облекувам во дреч бои ако ништо друго не правам за да му го стимулирам развојот. Некако ми нема логика. А за понатаму, како ќе расте и разбира, е тоа е веќе друга приказна, и затоа секогаш ќе се смеам на видеово https://www.instagram.com/reel/CjQKEdMgxhY/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Mене oва не ми изгледа безлично и еднобојно, вклучува и пастелни/ пастелно-неутрални, + и бело. Спојлер: . Спојлер: .
Мисли си ти дека бебе нема желби за облекување Ко ќе и си соблечев шпикозните со жирафи, тоа беа тантруми. Или не знам, такво ми се погоди мене, од бебе со изграден вкус, преференци, идентитет
Зборам во споредба со некои што беа поставени овде како пример буквално еднобојно без нијанси. Ок е и тоа(тебе да ти бидат), сепак за вкусови се збори.
Да не знам како функционира светот, медиумите, инстаграмушите, подкастовите, јутуб инфлуенсирите, фирми познати, веб страни и селебритис...може и ќе се подзамислев на твоето мислење. Скоро ништо не е случајно. Се што читаш, слушаш, начинот на кој размислуваш, се ти е всадено во глава од погорните. Кога им успеа на цели генерации да убедат дека постојат безброј џендери сериозно мислиш дека си во позиција да се потсмеваш како светот природно си се движи и менува а некои измислуваат теории на заговор? Многу работи не се природни и спонтани туку се финансирани и форсирсни со намера. Не сме тешки за манипулирање. На глупава тема за боја на облека на бебе ми е сеедно дали е или не е дел од тој тренд, но помина времето кога им се правеше шејминг на луѓето оти сумљаат во одредени работи па се поистоветуваа со неразумни паничари. Критична мисла се вика инаку и ако не е тотално надвор од памет по сите закони и правила...дозволено е да ја имаш.
Баш така! Ај не сака фустани, го прифаќам тоа и не ја форсирам. Ама сакав за роденден да е ете како @CameliaMiller нешто што стави, купив целосни фармерки и уште маиче некое слатко да и земев од Окаиди... ама јок, блуза со paw pаtrol носеше Инаку голема е разликата меѓу само беж нијанси и пастелните, јас ова го сфатив баш за беж нијанси само (без бои).