Да бе, за мене си ја правам. Секој од свој аспект коментира, па дури и да се потрудеше на оваа да и' отвориш инстаграмот, ај. Еве се потрудив и сметам дека е сра*е, не ја бендисува конкретен бренд, мене не ме бендисува Дизни, ајде мувмент ќе правам сега. Си видела некаде некој само беж играчки да дава? Јас не. Сум видела пастелни и шарени соби, зборам за реален живот, не на инстаграм. Сум видела претежно шарени играчки - какви и што треба да бидат. И инаку, некои деца замисли се хиперсензитивни на бои, али ок, црвено до креветче МОРА да е прав избор. И пак, не знам во реален живот некој да постои само во беж и да не го напушта тој простор. Можеби ти познаваш.
Ако сè е пласирано од виши сили, тогаш и твоите убедувања се. Ако јас го немам кредибилитетот да им се смеам на теоретичари на заговор, го немаш ни ти да тврдиш дека господарите финансираат ствари. Зошто па ти мислиш дека си во позиција да знаеш што се дешава горе? За џендерите ниту сум зборела тука ниту ќе зборам. Со години ви служат само како евтина смешка колку да се собере по некој лајк. Еден да се најдеше да се запраша малку подлабоко да види од каде доаѓа тоа, па може и ќе ги оставевме семантиките на страна и ќе го најдевме коренот на сè тоа. Муабет за друго време, до тогаш ќе се мислиме зошто децата не ни прават муабет. Критично мислење значи да најдеш баланс меѓу екстремен скептицизам и екстремен отворен ум. Ако некој упорно за сè што не му се свиѓа мисли дека е потплатено, пласирано, наместено, му треба стручна помош едноставно. Не знам што е спорно тука.
Кај мене детето само си бира алишта. Сугерирав, ама од 4та година наваму, се сама бира и се е шљокици. Кога купувам битни работи како јакна и чизми, влијаам на изборот заради тоа што сакам да и е топло, ама .... Маички? Сама. Хеланки? Сама. Има маичка со зашиени животни на неа, не само принт Има хеланки со толку шљокици што не знам како ги облекува. Сака плаво и розово, сака слики со мачиња и тоа е нејзин начин да се изрази. Не сака да е облечена у една боја, мора да има две најмалку. Кога беше бебе не пазев на бои. Што ми се свиѓаше. И бежот не е толку страшен како модата да се исто облечени со мама. Значи или детето е облечено како жена или мајката како дете. Невкусно у двата случаи.
Сфатив, вакво нешто не сакаш Спојлер: Скај апликација ... ама вакви и послабо веќе ги има. Особено па за бебиња, нема со некои вакви апликации залепени. Со вакви залепени апликации има баш со одредени цртани ликови (намерно), зошто има деца кои многу ги сакаат. Па каква и да е со Чејз или Скај да е и јакната што ја носи на сликава, сама ја одбра (иако јас сакав една крем со сребрени ѕвездички), ама стилот и е таков сега за сега и си бира поколоритни парчиња облека
Ако се водиме според инстаграм профилот поради кој е отворена темава, дефинитивно се проблем и пастелните, не само бежот (за авторката на мувментот) Еве кратко видео, погледни и сама по профилот, па ај ќе се договориме. https://www.instagram.com/reel/Cnz__PnvUN_/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Тоа е (драматичната) поента што ''Sad beige parenting'' пробува да ја долови, но ''Beige parenting'' ги вклучува и пастелите односно беж/неутрални пастели и е пооопширен. Додека пастелите сами од себе се (уште) поколоритни. Спојлер: . Види го прикачениот фајл 829810
Мислам дека меѓу толку многу работи што можат доживотно да заебат едно дете, изборот на облека е на последно место. Многу ќе му смени дали е облечено во вреќа за компири или дреч жолт фустан. Инаку во врска со маубетот позади дека ова водело кон тоа децата да се џендер неутрал, не мислам дека е до толку длабоко. Ова се само мајки што следат инста и тикток трендови, минливо како и другите трендови кои рапидно се менуваат. Моментално се популарни и gender reveal забави, цели вешти прават со розево/плаво, ако сакале да ги бришат половите немаше да се толку популарни забавиве.
Можеби затоа што имам малку поголемо искуство од тебе заради годините делно и не ми е првпат или вторпат да гледам како се креираат и рушат трендови, како се ставаат на пиедестал ствари за по 10 години да се плука на нив и обратно, како сега се потценува нешто што ќе се става на пиедестал после неколку години. Како се пали раја, како се смирува раја...како се користи желбата и потенцијалот на 20 годишни желни за промена, полни со револт и енергија за подобро утре, на сосема погрешен начи, дури жално за гледање. Евтина смешка оние кои биле против џендерите можеби биле на почеток, кога сите понесени од нова идеја слепо се фрлија кон прифаќање на истата, освен вечити скептици кои ионака без размислување негираат новости. Сега веќе не е. Сега евтини смешки се оние што веруваат во нив и ги пропагираат. Подлабоко да се размисли, секако, ќе седнат научници да размислуваат зошто ти не се осеќаш ко машко и женско во вторник а во петок си...евентуално. Се засрамија сите што некогаш озбилно ги сфатија. И јас една од нив. А размислуваа не дека не, пробаа да ги сфатат дури не им се качија на глава и почнаа да се мешаат секаде т.е пробаа светот да го прередуваат по свои делузии. Мало сутра. Кога инстиктивно нешто не ти се свиѓа уште пред да добиеш конкретни информации, значи или дека се водиш по веќе познато и отфрлаш се што е ново, или имаш доста знаење и искуство на многу теми па ти смрди оддалеку. Како и да е, тие што дискутираат против џендери дискутираат со информации, факти, не знам јас некој да рекол - ете така, оти не ми се свиѓа не сакам да верувам. Кога дискутира а не станува да тепа кога нема одговор, значи има критична мисла и не е кандидат за во ментална институција.
И шо праЈме сеа? Дефинитивно не да дочитаме она што е (до)пишано и (до)објаснето , туку да што побрзо да избрзаме со заклучоци и посолиме памет, тоа е секогаш подобра идеја.
Леле Лиа, играчките зарем ти се убави? За разлика од ова: Освен тоа, овие играчки од инста профилот, мислам боите се скроз неспоредливи со оние од детските соби шо ги прикачи ти.
Слободното време да им го имам, умот да им го немам. Со какви работи се занимава светот што сериозно почнувам да се прашувам дали со мене нешто не е во ред. Тажно богами
Тие мене ми личат на корпи, а не на играчки, мислам можеби и се играчки, не би знаела. Поентата ми е дека не е фокусот само на "беж" има на профилот деца и во црно облечени, а пример мене ми се преслатки така облечени ете. Авторката не е концентрирана на "беж", туку општо на неутрални бои. Не знам дали играчките како такви припаѓаат во темава, оти има премногу аспекти, не само бојата.
Океј, општо познат е фактот што мислиш дека знаеш сè. И пред 5 години кога си пробала да ги сфатиш си знаела сè, и сега кога им поминал трендот знаеш сè. Знаеш што мислат, знаеш кој ги поттикнува, знаеш како делуваат, знаеш што сакаат. Јас ете не сум толку самоуверена, иако имам искуство што не доаѓа од фб статии туку од вистински луѓе (ама ти ги немаш годините за тоа). Луѓе што одма заклучуваат нешто не размислуваат критички, без разлика колку искуство имаат. И џендер дискусијата не е затворена зашто ти си решила дека се шарлатани, ниту пак ќе се затвори во брзо време. Мислам, правете си шалички за дете1 дете2, неутрални деца, марсовци, самовили, кој за што сака, ама тешко ќе ме убедиш дека има некоја критична мисла удрено пред тоа.
Затоа што така ти одговара да мислиш. Така почнавте, земавте неколку примери игнорантни и закоравени и иако со тек на време еден куп луѓе си чукнаа во главите и менуваат став свесни дека претерале, вие уште со истите финти мислите дека водите. Побиено ви е се, не со хе хе дете 1 и дете 2, туку со факти, докази, разум, критична мисла. Префрли се на страната на разумот со време. Инаку ќе станеш иста како оние на кои денес им се потсмеваш. Не е грешка дакажеш дека си згрешила, многу поголема е ако од гордост се држиш ко слеп за стап. Уште пострашно е ако сериозно веруваш.
Водиме? Значи проблемот со родовите идентификации кај тинејџери и млади луѓе го сведуваш на натпревар меѓу страната на разумот и страната на неразумот. А не е главна цел да се открие зошто се појавил феноменов па да се помогне кај што треба. Многу едноставен поглед, да не речам детски. 1-0 за Бриџет, јеј. Уште подетски е што од прееска пробуваш да ме убедиш дека критички сте мислеле пред да преминете на шалички, уште малце ќе помислам дека ти е битно како те восприемаат џендер-опседнати детишта.