Најдена е причината, се пробува да се помогне, значи признаваш дека некој бара помош. Едноставно, во тој процес на помагање, не смеат да страдаат еден куп.
Преубави дизајни полни со бои и шари. Претпоследната е особено слатка. Првото е некако кич, второто е постилско, преслатко. Сепак не е едноставно и екстра минималистичко.
Мене па не ми се допаѓа шаренило во облека. Од практични причини. Му купувам темни и светло сиви нијанси, бело, црвено... за се' да одговара со се'. Зелено комплетче е зелено комплетче, прво не ми изгледа убаво ко униформирано, второ не му одговара со, пример, портокаловото и црвеното. Вака можам да му купам малку облека и да не се мислам што ќе ми се фати да му облечам. И навистина има само основна облека, се пере и носи нон-стоп. Секако дека кога одбира сам е друго. Еве го во комплетчето со багери моментално, нормално дека ќе му го купам кога ќе се фати за тоа. Дека нешто заостанал зашто се лигавел на сива блузичка ко бебе а не на зелена, не мислам. Сите бои се околу него, ги препознава.
Ќе му бираш ти до 3 год преку сила. И јас викав дека не ми се свиѓа детска гардароба со Спајдермен, Супермен ама еве скоро се му е со тие апликации, во продавница сам си бира алишта, ако му купам нешто сама, а не му се свиѓа нема шанси да го облече. За 1. Април го молев да не е спајдермен дека сите деца ќе бидат така облечени, ама не тоа сака и точка, многу му е гајле на него дали сите ќе бидат исти.
Бебињата до 6 месеци не седат, лежат или се во раце, воглавно лежат! Од таа перспектива бебињата не ни можат да видат што носат на себе освен можеби ракавчињата и чорапчињата кога претаат. Па и потоа, многу повеќе гледаме во опкружувањето околу нас отколку во сопствената облека, затоа мислам дека многу штета со облеката не може да се направи, и секој да си го облекува детето како што милува (додека може). Нема да се согласам дека е тренд едноличната облека,беж тоновите и дека нема колоритен избор. Пролетната облека за девојчиња сега што ја вадат пршти од бои, цветови, весели тонови, ликови од цртани…
Интересна тема, посебно затоа што "инфлуенсерките" практикуваат такви трендови со своите бебиња... no comment. Јас разбирам некогаш да се облече и беж и тоа е боја, но сите алишта, играчки, па дури и релаксатори, колички се им се неутрални беж бои (крем, сива, евентуално кафеава) Мило би ми било кога некои профили како мој психолог, здраво родителство и слични би дале свое мислење, за да допрат и до пошироката јавност. Бидејќи реално некои мајки несвесно пратејќи ги профилите на инфлуенсерките може и своето дете да го доведат до таков безбоен свет на почетокот од нивниот живот кога најмногу учат.
Немаат други бои од истиве парчиња или слични? Овиe се ок, пример: било кое може да се комбинира со чорапчиња пошарени, или чевлички, јакничка. Баш се бејзик сетови некако.
Пастел розе само приметив ама малку. Генералната слика е оваа. Бледо,сувопарно. Каде се веселите детски бои не знам.
Абе еве јас поима немам од Зара, набрзина најдов, а има уште не знам ова како не е колоритно, а одбрав само бебе девојче и комбинизони/фустанчиња. Испаѓа кој што бара, тоа ќе најде.
Има за сечиј вкус, не дека не. За новороденчиња се понеутрални боите, што до некаде и ми е океј. Може да се искористат и за второ без да мора да ставам шноли за да не мислат дека е машко Ама за над 6 месеци и година, има бои, кој какви си сака.
Па коа ќе видам девојче мало, пример 3 години облечено во црн фустан и црни хулахопки. Катастрофа човече
A зошто па таков израз, тажни? Ете пример сликата со облечените дечиња. Ич не ми изгледаат тажно. Напротив, доаѓа до израз лицето, а не облеката. Нејќам да се фокусирам на облека џиџи-миџи кога гледам дете. Носи се' и сешто моето дете, од купено до подарено. Ама најсимпатичен ми е во темни или бели блузички. До вкусот е веројатно. Сега ако сакаш психолошки позадини да бараш, повели. Ќе најдеш во се'. Дали истражувањата покажуваат дека боите се важни? Апсолутно. Ама дека дечињава што носат ваква облека не гледаат и сфаќаат бои околу себе, не знам баш. Има такво истражување или нешто е извадено од контекст?
Затоа што боите сами по себе се загасени,затоа се тажни. Во бела боја додадено кафено и сосема малку жолта. Тоа е беж. Па Сива,крем,црна,загасено светло маслинаста…. Секако дека секој ке си го облекува детето како сака. Но останува фактот дека изостанува шарен детски колоритен свет,а потребен е ,детето кора да гледа јасни бои ,потребни се за неговиот развој. @CameliaMiller И жолтата е пастел.(Бела +жолто) И розевата . Цела палета е загасена,а не мора.
Никако срц вакви алишта. Дете е тоа. На радост треба да алудира, на живост, полетност... Не да се отепува во црнини. Он топик да сме. Беж, а преслатко.
Ама зошто мислиш дека ако носат ваква облека немаат шарен детски колоритен свет? И од каде е тоа факт?
Затоа што се гледаат и себе и околу себе. Гледа беж панталони,а не црвени. Гледа крем ѕидови,мебел и мечиња. Играчки дрво боја со многу малку боја. Каде се боите?