A да секако, го чувам детето во дом без никакви бои и има исклучиво дрвени необоени играчки. Ништо друго не е дозволено и не му дозволувам да фати нешто колоритно во продавница. Ако некој му донесе зелено количе го фрлам пред да го види. Мислам, да не се претерува малку? За такви екстреми зборуваме? Зашто мислам дека не постојат.
Пастелни и беж се супер лесни и практични за комбинирање,плус не можеш да ги зезнеш на перење Мене не ми се тажни,ми делуваат смирувачки.И од каде тврдења дека мора баш јаки бои на облека,порано не се фарбала облеката фабрички,се било неутрално. Боите се насекаде во природата,има доволно начини да ги впијат децата во текот на развојот. Не сум ни инста мамичка нит па 100% беж,ама самиот насловен текст е извадок од инстаграм,нечија желба за публика Плус,до кај 2-3 год мајките бираат,после сами се фаќаат за што пошарено.Ништо страшно.
Па не се претерува,ти лично ги сфаќаш работите. Никој не збори за тебе туку за трендот на беж свет кој постои и тоа како.
Не се претерува малку туку премногу се претерува во темева. Се прикачува screenshot од Зара со една страничка беж алишта, а во меѓувреме има уште 5 страни со шарена гардероба. Одат во крајност дека ако е облечено неутрално, дома во крем боја куќа живеат без ниедна боја. Отидоа и до дете 1 и дете 2 и gender neutral или whatever мислам сериозно? Уште од првиот пост од авторот на темава се виде колку е саат и за каква цел е отворена, а за инфлуенсерките нема ни да коментирам. За се ви се криви и трн во очи, божем преку ИГ ве натераа да искречите дома во беж боја. Ужас…
Тажно без родителство А може некогаш да ти се допаѓа некој тренд без да ти биде изваден низ нос. Легендата вели дека може. Ај малку да ја елаборираме реалноста. Веќе беше спомнато, бебињата воопшто и не можат да си ја видат облеката, а тогаш кога ќе можат сигурно нема со саати пред огледало да си ја гледаат. Мислам.. Собата. Дали некој има бебе што поминува време во собата? Веројатно има и такво, ама повеќето ги носиш веќе заспани таму или поретко го легнуваш и самото заспива. А за да заспие сигурно црвена и зелена боја нема да помогнат. Собата на бебето/детето, подразбира смирена енергија која според експертите се постигнува со бледи розе, сина, жолта, односно пастелни кои дотичната ги плука крстени под беж. Кое бебе поминува часови гледајќи беж ѕидови? Сите што ги знам ги шетаме по цел ден во раце од една соба во друга, на тераса, во количка, во парк, до супермаркет, по гости. Тоа се многу бои. Играчките. До 4 месеци прво учат вратче да си држат, па се развива координација око-рака, до 7-8 месеци по некоја тропалка и глодалка и тоа која ќе се погоди далеку од сите миЉон купени, еве уште нема 8 и се друго веќе му станува поинтересно од неговите играчки. Исто е со сите бебиња. Кај и да е ќе пролази, па ќе прооди, од моментот кога ќе може едно бебле да се истегне од една точка до друга ништо нема да го задржи на едно место а најмалце меѓу беж ѕидовите. Ќе истражува и ќе отвара фиоки и играчка ќе му биде се она што не е. Ќе оди во кујна и набрзо омилени играчки ќе му станат пластичните садови за складирање со шарените капаци, дрвените лажици кои се беж и тенџерињата кои патем се сиви, за што сите експерти се согласни да се остави детето. Беж деталите и играчките во собата ќе останат најверојатно само тоа, детали, ама мајката ќе биде среќна. Понатака доаѓа фазата на судопери, диносауруси, багери, кранови.. И време кога самото ќе си изрази желба за боја во собата и ќе пројавува интереси за играчки и облека. Сумирано, да, на децата и те како им треба боја за развој и тоа е генерално. Не, беж собата нема да ги остави неразвиени. Може и да влијае негативно на развојот секако, ако го чуваат бебето исклучиво само во беж соба, облечено во беж шпикозна, пред беж огледало без допир со надворешен свет. Инстаграм беж собите се само тоа, соби за на инста. Мене беж собите ми се убави. Ми се убави и пастелните. Лив енд лет лив. @CameliaMiller за детска соба не се препорачуваат јаки бои кои може да престимулираат, како црвена и зелена, и бои што содржат црвен подтон како циклама и слични.
За мене се преслатки и во црно, гледаш некој рок фазон се. Ако и самото дете сака, и те како би го облекла. Како бебе сигурно, кога ќе пркне нели, само како сака. Мене ми се прееееслатки и во црна боја.
Среќа не си ја видела мојата детска, бел ѕид немаше оставено, циклама и портокалово добитно комбо. Кога ќе размислам повеќе, детството на мајка ми било, не во беж, туку во кафеаво тажно родителство. Некои доцни 60ти, каде исто преовладувала монотонијава од бои, тогаш потемни, ама пак без некој особен колорит. И ден денес мрази кафеаво. Кога прв пат се преселила од дома, во новата дома прво вратите жолти ги офарбала пошто биле кафеави. Кај нас преовладувале јаки бои, а и јас сум храбра со боиве, ми смета мене едноличноста ми прави баш депресија, боите ми даваат живот, стварно ги обожавам, инаку сум десно размислувач како и да е на македонски тоа. За разлика од другарка ми што боја не сака да види. Инаку за роденден ни даде црно бежово комплетче, кое најмногу го сакам, пошто ми се повраќа од розево моментално, а ми е омилена боја. Зборот ми беше, мајка ми израснала во тоа време кафеаво тажно родителство можда, па кога пораснала си ги задоволила потребите.
Ќе да е до тоа. Мене ме облакале во црвено. Ме фаќа депра кога сама себе ќе се видам како дете. На мајка ми одговорот? Тоа беше МОДЕРНО. Ок, сега е модерно неутрал, пастел. За 10 години нешто трето. И не верувам дека било кое дете живее во беж свет, ама ајде Освен можда во Сирија кај што од пустина, урнатини и изрешетани куќи, прашнави облеки, не стигаат до боја. Оваа од комедија страна пошо не бендисува облека (која никој не ја тера да ја купи секако) до децава испадна тревка не виделе, ни една играчка во боја немаат, сликовница не виделе исто така. Драма за популарност, ај се' што не ни се свиѓа, мувмент прајме. Ако гледаме трендови и капитали и бла бла, мислам, хејтот према Дизни и сличните ми е оправдан.
Моја омилена А јас ко мала бев облечена во се само во црвена не. И синчето дури во црвено го облекувам
Јас многу сакам деца особено девојчиња во црни комбинации. Синко е голем и носи црно, маслинесто, војничко, тегет. Бебка ја облечувам по мој вкус. Носи и пастелни бои оти есента во C&A само такви имаше. Пастелно зелено, крем, некоја пастелна виолетова. Розава немаше за лек. Еве јас сакам анимал принт па и нејзе знам да и облечам. Црвено не сакам јас, ама и облекувам. Јас купувам посветли оти се перат во една машина, се комбинираат полесно. И мене пастелните бои ми се смирувачки, отмени, ми имаат посебен вајб, ама бебињата сакаат бои. Кога ќе пораснат ќе носат алишта со апликации. Син ми на пример сред лето се шеташе облечен во маска Спајдермен. Но она што се зборува на темата не е само облеката, туку трендот кој се наметнува од некои х причини, а тоа е безбојноста. И факт е дека е така.
Секој со траумите Сакав црно и пастелно. Во мое време немаше баш. Деца мои идни, спремајте се P.S. Црвена е скроз џендер неутрал.
Добро. Дали во реален живот, кај некој дома, си видела апсолутно се' да е беж? Децата да си играат со беж играчки без боја? Секој предмет, се' живо, да е беж? И на крај краева, ваљда детево го вадат од соба негова. Од дома ваљда искача. Исто е како да земеш се' да офрабаш црвено дречаво, оти ајде да не е беж. Нереални крајности се. Барем околу мене сите се со мали деца, јас не сум видела дете кое е навистина лишено од бои. Еве розево конкретно мене не ми се свиѓа, пример, ама ми се свиѓа зелено пастелно темно за девојче. На крајот се сведува на желба на родителите како ќе ги облекуваат и ок е. Повеќе драма околу нечиј вкус и нешто што мене не ми се свиѓа, па мора да не чини. Од Зара што ја прочачкав има и дречави бои. Има се', па и црно и розево и црвено. А фала Богу не е само Зара.
Како и природни/ земјени бои со кои природно изобилува природата(вклучувајќи и цветни дезени) кои имаа смирувачко дејство над човечкиот/бебешкиот/детскиот организам. Еве примери за поколоритен beige/neutral/natural/earthy стил. Оваа мислам @CameliaMiller веќе ја постави, оваа во nursery верзија.
Иначе на тема црвена каде во природата има (дреч) црвена? Спојлер: . Освен Дедо Мраз секако, него не го рачунам он е света ствар, не се дира.
Што подразбираш под дреч црвена? Нема боја што ја нема во природата јагода, патлиџан, не ги знам имињата ама еве иде пролет па почни да заприметуваш, не знаеш колку цвеќиња има во дреч црвени и розеви бои.
Баш онаква Дедо Мраз црвена. Озбилно се мислам. Како што е на пример во изобилство кафена(дрвјата), беж(исто така асоцира на дрво како и песок/земјата), зелено/зеленило (трава, дрвја) тиркиз/плаво(море/реки/езера), како и плаво( Небото), жолто(Сонцето), и колоритне бои на небото(меѓу кои и розева). Да била толку нужна вероватноо природата ќе ја ''набавела'' во изобилство за децата, ко што се друго убаво ни дала во прекрасно изобилство задолжено за здрав развој и функционалност кај бебињата, децата и луѓето у глобала. Цвеќиња и овошје/ зеленчук не рачунам, тоа секако. И не велам дека не е битна, но толку битна како што некои спомемнаа да е, толку нужна за бебињата и децата баш црвената?