1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Загубената ќерка (Дајен Чемберлен)

Дискусија во 'Книги' започната од LoveIsAllAround, 6 јули 2012.

  1. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    113
    Често животот нѝ спрема чудни изненадувања и нѐ става пред тешки крстопати, пред кои мора да донесеме важни одлуки од кои ќе нѝ зависи понатамошниот тек на нашиот живот. На тој начин сами си ја одредуваме сопствената судбина.
    Токму тоа ѝ се случува на Сиси Вилкис- главниот лик во овој преубав роман. Кога Сиси има шеснаесет години нејзиниот живот тргнува во сосема спротивен правец, сосема спротивно од она што таа го планирала и посакувала за себе.
    На дванаесет годишна возраст Сиси останува сирак, кога нејзината мајка умира таа живее по домови и различни семејства.
    На шеснаесет години Сиси конечно го средува својот живот- работи како келнерка во еден ресторан и собира пари за да се запише на колеџ. Тогаш се вљубува во убавиот Тим Глисон.
    Тим полека ја вовлекува Сиси во неговиот свет и ја убедува да учествува во неговиот план да ја киднапираат жената на гувернерот за да може да ја намали казната на својата сестра која е осудена на смрт поради убиство. Сиси е премногу заљубена во него и прифаќа да учествува во тоа. Нејзината задача беше само да ја чува жената на гувернерот додека Тим и брат му Марти преговараат со нејзиниот сопруг.
    Но работите се комплицираат...
    Животот на Сиси се менува од корен и таа е свесна дека ова не ѝ го направи судбината туку си го направи самата таа и сега мора да ги трпи последиците од тоа.
    Каков ќе биде животот на Сиси и Корин ве оставам да откриете сами, мене оваа животна приказна ме обзема и не можев да ја оставам сѐ додека не ја дочитам, бидејќи оваа книга нѐ учи дека некогаш самите си ја одредуваме својата судбина, а последиците од тоа ги чувствуваме цел живот.


    Сте ја читале ли оваа прекрасна книга?? :)
     
    На praski4e, Hipica и sparkle.q им се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Преубав трилер, обожавам вакви книги. Да не откривам премногу за тие што не ја прочитале, сепак ми беше жал за мајката на крај :tmi:
     
  3. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    За книгава едноставно немам коментар,преубава книга,дека не читам вакви книги трилер/мистерии,мајка ми ја доби на подарок и кога земав да ја читам неможев да престанам додека не ја прочитав.
    Вреди да се прочита,а се чита не повеќе од 3 дена иако е накај 500 страни.
     
  4. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    *Вистината секогаш излегува на виделина.*
    Книгава воодушевува,ми ја препорача една пријателка,не можев да престанам да ја читам,ми има оставено голем впечаток.Ја обожувам !
     
  5. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Многу интересна книга која ми остави силен впечаток. За брзо време ја прочитав, чинам беа 3-4 дена. :)
     
  6. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Преубава книга,ја прочитав во еден здив.Голем пресврт има на настаните.Книга што вреди да се прочита
     
  7. grdoto.pajce

    grdoto.pajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    8
    навистина прекрасна книга
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    препрекрасна книга земете ја нема да зажалите
     
  9. Lemony

    Lemony Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    66
    Една од книгите што не ја испуштив од раце додека не ја прочитав целосно
     
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    61.346
    Прекрасна книга, со многу поучна порака за сите - што може да се случи ако сме наивни и непромислени, макар и само момент во нашиот живот...
    Ја препорачувам на сите феминки - се чита без престанок од првата до последната страница...
     
  11. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    Не можев да ја оставам ни минута. Би ја препорачала на сите кои ја немаат прочитано. Навистина вреди и сигурно нема да згрешите..
     
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Мене книгава не ме фасцинира нешто посебно..малку нереално ми се одвиваше расплетот ама добро, тоа си е избор на писателот :)
    И да, има поента ок, ама јас сепак не би ја препорачала. Многу е предвидлива и некако обична ( секој со вкусовите :) )
     
  13. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Навистина една преубава книга.Книга за една млада и наивна девојка која е заведена од шармантниот Тим на кој безусловно му верува и во кого е вљубена и за кого е спремна и животот да го даде.Заведена од шармантниот Тим,Сиси се впушта во една многу опасна игра не размислувајки за последиците и за она што може да се случи. Нема да ви откривам повеќе од содржината,ве остам да ја прочитате.:))
     
  14. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.738
    Допаѓања:
    21.366
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена книга,дефинитвно.
    Ја прочитав за неполни 2 дена, иако имаше околу 400 страници.
    Толку заразна книга, која не те пушта да ја оставиш ни за момент.Не сакав ни до тоалет да отидам додека ја читав, а не па да излезам негде.Цело време мозокот ми беше во неа, и на некој начин тажна бев кога ја дочитав.
    Освен тоа има и голема поука во неа.Сето она што сме го направиле, никогаш не може да остане скриено, се се дознава на крај.
    Прекрасна книга.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Preubava kniga.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.758
    Допаѓања:
    324.409
    Пол:
    Женски
    Истиот впечаток и мене ми го остави.
    Единствена книга што не ја проследив друг да ја чита од страв да не ми ја загуби и не врати :)
    Цел ден и нок ја читав без прекин.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.