Некои викаат дека е , некои дека не е , јас ке кажам за мене , не ја фарбав косата 9 месеци бидејки ми беше страв имам слушнато дека во урината се излачува дел од фарбата т.е. тие материи. Сега незнам колку е точно. Исто така и гинекологот ми препорача да не ја фарбам. Инаку пред да се породам земав фарба од Палете без амонијак ама ипак не ја ставив. Така да освен ако немаш некој проблем сериозен со косата , не ти препорачувам да ставиш фарба. Сепак се најдобро за бебето,нели
офф лелеле а јас што треба свадба да правам а косата ми е кафеава светло а природно ми е црна што е жалното а и јас мислам само додека е подрасната да ја офарбам слицна да биде ко мојата природна да не ја фарбам од корен
Kолку што јас се распрашував штетно е во првото тромесечје бидејќи тогаш се формирал плодот. Инаку јас со првата бременост се исфарбав после 5-от месец, се шетав со 6 прста корен , а со вторава се фарбав пред 2-3 недели мислам, сега сум 21 недела.
Јас се фарбав два пати во бременоста. Еднаш при крајот на првиот триместар, а вториот пат при крај на 7ми месец. Еве син ми се роди жив и здрав. Јас мислам дека не треба да се претерува, ама 1-2-3 фарбања цела бременост не би штетеле. Повеќе ми оди паметот на тоа дека фарбите мирисаат јако, па поради тоа не се препорачува фарбање во бременоста (да не и стане лошо на трудницата). Не само фарбање, многу работи треба да се избегнуваат во првиот триместар додека трае органогенезата. Сепак сеуште стојам зад тоа дека неколку фарбања не би направиле којзнае каква беља.
мене ми треба само 1 фарбање да ја затемнам како мојата природна боја повеке не ни планирам да се фарбам
И јас многу се мсилам дали да се ишатирам,ептен сакам,и сега некако и ми се зголемува желбата,но еве тука прочитав дека постојата дилеми,за и против...совет ке ми дадете ли девојки?
Јас знам дека шатирање е дозволено, нели прамени се вадат со капа и бојата не допира до кожата на главата. А и за ова со фарбањето не сум многу убедена дека е штетно за плодот, ама шубе ми е, ќе почекам уште една недела да влезам во второ тромесечје па ќе видам, може ќе ставам колор шампон а може и да извадам прамени.
еве и јас пред една недела се шатирав,а веке сум била бремена другиот ден правев тест не би требало да има проблем кога бев бремена на првото дете,цело време се фарбав
Јас се фарабам па ајде де не се фарби плава сум а мојата природна коса е црна на што ќе личам со корен а и знам многу девојки си се фарбаат цела бременост па иако има толку различни мисленја мисалам дека не е штетно после 3 месец
uFFFF и јас сум плавуша и се мислам дали да се фарбам но сеуште е рано 5та недела сум ќе почекам па здравје за Нова година може ќе се исфарбам
Јас се фарбав редовно за време на бременоста, а еве се фарбам и сега додека дојам, па фала богу на детето ништо не му фали
Јас се фарбам, но не толку често како пред бременост, на 2 месеци. Прашав на гинеколог и ми рече дека нема никаков проблем фарбање и депилација, поштетно е лакирањето на нокти.
А зашто поштетно лакирањето со нокти.Прв пат слушам за тоа. Инаку и јас се фарбам, гинекологот ми рече дека не е проблем, само малку поретко од претходно...
До 12 недела се имав и исфарбано и си правев маникир со гел во салон. Па никому ништо. не претерувајте само со фарбањето, инаку не е ништо страшно.