1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени што се однесуваат како мажи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 26 мај 2010.

  1. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Леле ме пресмеа хаххахахахахахахахаха, Петре ти си имал смисла за хумор. Ама сепак мислам дека таква жена ќе биде нешто што може да те среди како личност.

    Ако некоја жена сака да се однесува кко маж тоа е ок, само за мене лично жената треба да има нешто нежно во себе.
     
    Последна измена: 4 февруари 2015
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Како човек кој нема предрасуди можам слободно да кажам дека воопшто не ми пречат. Впрочем, сметам дека секој има право на самореализација, со цел да се чувствува удобно во своја кожа.

    Е сега, некој спомена дека е голема веројатноста да станува збор за хормонално пореметување. Лично, мислам дека не треба комплетно да се исклучи можноста, но истовремено и не сметам дека под дифолт за таквото однесување дисбалансот е главен причинител. Впрочем, мислам дека зад таа добро замаскирана репресија и комплетно оградување од женственоста преку имитација на машките карактеристики, лежи потребата за заштита. Како плус фактори кои секогаш може да се земат се и семејството и општеството кои играат голема улога при формирањето на карактерот, желбите, потребите на идивидуата итн.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Шо знам, проблемите или ги решавам како маж или како жена (иако, уау, маж и жена не може секој да стане), со тоа што ако ги решавам според женската страна на душата од дама станувам драма и после си лепам шамари зошто не сум била поразумна. Ја сакам женската своја страна дека сме месечина, иако имаме особини на мачка и сме злобни никогаш без причина. Типична женска страна на решавање на проблеми низ историјата и низ историјата на светската литература е отровот и неговото припремање (е, имаше таква жена од грчките драми која место отров употреби секира, ко андрогин). Е и овде се пронаоѓам, со прва фаза на вештерство, припремање најслатки јадења за овој да ме сака само мене, и да не трча по други кујни.

    Ако мажот е сонце, не можам да не ја сакам и таа страна. Пошо сум активна, брза, имплусивна, енергична преку ден, а навечер ме фаќа некаква меланхолија и оп, жената ќе стане во мене и ќе сака да се гали иако преку ден го освојувала светот како некој император цртичка психопат.

    Ги имаме и двете страни, иако мажите се повеќе оние кои се обидуваат да ја потиснат својата ранливост. Жени во кој се развива принципот на сонцето, бидете така, само престанете со розевите феминистичко- бичести цитати на фејсбук и тоа дека се уркохолици, фала!

    На овaа тема, секогаш ми текнува на Лејди Мегбет и нејзиното unsex me. Сите сме некогаш под товар на нашиот пол, али додека се држи просечниот разум, со заслужена почит и без даркести мисли дека секој тебе те мрази и никој не те прифаќа како таков, се ќе биде океј.
     
    На do-re-mi, FridaKahlo и tessie им се допаѓа ова.
  4. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Како што има мажи кои се однесуваат како жените така и постојат жени кои се однесуваат како мажите.

    Процесот кој се одвива во телото на мајката додека го носи плодот(икс и ипсилон хромозомите) и како последица од тој ефект- варијацијата на секс хормоните кои го маскулинизираат или феминизираат органот за репродукција се тоа што го карактеризира полот.
    Во врска со тоа што се случува при тој процес и каков ефект има врз развивање на мозокот, даааааалеку сме или некаде на самиот почеток за да го разбереме или пак дефинираме.
    Разликата во половите и начинот на кој тие размислуваат е помалце реален а повеке претеран и злоупотребен не само од масовната медијска машинерија туку и од научниците со цел да се предизвика зголемување на стереотипите и перпетуалните митови за половите.

    Додека некои ке тврдат дека разликите во однесувањето на половите се предмет на билогијата други ке кажат дека се повеке предмет на културните влијанија.

    За на крај, во одсуство на цврст доказ за тоа дали е нормално или не е нормално да се мутира од конзервативниот начин на однесување, ОДЛУКАТА ке мора да го препуштиме на нашиот локален МЕНТАЛИТЕТ.
     
    На elisabeta и tessie им се допаѓа ова.
  5. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    и јас до четврто се дружев со машки но од петто па натаму почнав многу почесто да се дружам и со девојчиња. нез. може кај мене останало тоа што не сакам да носам фустани, штикли, да се шминкам (ако се нашминкам, ама тоа е многу ретко. неколку пати во годината). повеке сакам да носам фармерки и тренерки. ама секако тоа не ме дефинира како машкоданка.
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка што баш се однесува, а и изгледа како маж одкога ја знам, уште во прво одделение ја мешаа со машко.Никогаш не сакала кукли, ни шминки, да се дотерува, воопшто не се грижи за изгледот и никогаш нема облечено сукња или фустан и стално е по широки маици и дуксери, си се интересира за коли, игри, за љубов не се ни замара, ама девојчето стварно си има добра душа.Мислам дека тоа и е последица од детството и сеуште е тоа така.
    Искрено и јас повеќе сакам со машки да се дружам, многу ми е поинтересен муабетот со нив, иако се дотерувам, и шминка и штикли и се, за некои работи повеќе машки размислувам, не се мислам дали да опцујам а и да се степам ако треба(добро во скоро време не, ама ко мала и со машки се имам тепано:D) а и растена сум со братучеди така да плачење за скршен нокт или на пример акање од земја по машки или да се скарам со некој ради машко ми се банални.
     
    На citiesinflames му/ѝ се допаѓа ова.
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.280
    Пол:
    Женски
    За жена што повремено пцуе, пуши, пие или па не ужива да носи 15ка штикли и фустани секој викенд не можеме да и залепеме етикета како жена која се однесува како маж.Еве јас сум пример.Пцујам повремено да ми излези негативното во мене, секако нормално пред определни личности, ретко пијам, не пушам воопшто и сеуште не носам штикли а и искрено немам ниту желба за тоа.Ама далеку од тоа дека се понашам како машко.
    За мене жена која се однесува како маж е онаа жена која воопшто не ја интересира мода, козметика и сл.Фустаните, штиклите и општо женската елегантна гардероба за неа е непознат поим.Нема некоја женственост во неа, не се средува, постојано е по дукс, тренерки, фармерки и такви кежуал комбинации.Не се замара со љубов, ме погледнал, не ме погледнал, ме сака, ме нејки.:rofl:А и да, воопшто не ми сметаат таквите девојки, напротив интересни ми се и добро ми доаѓа муабетот со нив.Некогаш смачено ти е од женски што пискат на се и сешто, леле нокт ми се скрши, леле се здебелив 100гр, леле веѓата ми падна итн итн..:whew:
     
  8. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.304
    Пол:
    Женски
    Мене грациозност, елеганција и женственост ми се основни поими кои отсликуваат една жена. Самото држење и женскиот од ми даваат од прилика некаква претстава за девојката која што ја гледам.
    Под девојка која се однесува како машко подразбирам девојка која не поседува ниедна од работите која што ја споменав, не девојка која пие, пуши или не ужива да носи фустани или сукњици секој ден.
    Има други работи кои ми се на пример важни кога девојка што пуши е во прашање. Сите тие работи се однесуваат на хигиената која според мене е најважна. Девојка што пуши е важно да не мириса на цигари, да не шета со пожолтени заби и сите тие работи кои идат под рака со цигарите.
    Јас кога ќе се напијам најважно ми е да си го задржам однесувањето како што доликува, а не да се влечкам, со смеење да привлекувам внимание или да почнам да се глупирам до тој степен што утредента нема да сакам да излезам од дома од срам. Да не се лажеме, сите пиеме/пушиме, или бар сме имале по еден таков лапсуз во животот, ама тоа не не карактеризира како девојки со машко однесување.
    Сум видела и преубави девојки кои едноставно имаат машко држење, машки потези, зборување кое е карактеристично за машкиот пол и шознам...мене тоа ми е стварно буквален трн оф.
    Исто и преубави девојки кои одат со искината облека, мирисаат лошо и тоа па ми е бетер полошо.

    Од друга страна пак, морам да признаам дека не сум девојка која сака да носи тренерки, па и фармерки нешто многу, сакам да уживам во облеката што е баш наменета за девојки и во која и поубаво се чувствувам, убаво се чувствувам и кога носам високи потпетици и мислам дека секоја девојка треба да практикува колку што може да ги користи „предностите“ на нашиот пол ако можам така да се изразам, но се` си зависи и од стилот, од она во кое што и самата девојка се чувствува пријатно што е всушност и најважно, така да не осудувам според стилот. Како што кажав, девојка и во тренерки може да е премногу секси и женствена ако знае како истите да ги носи. Девојка облечена во најубавиот фустан може да е делува премногу грубо и „машкодањесто“ ако не знае да го носи.

    И ондак то :hai:
     
  9. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ич не ми е убава глетката на жена која имитира маж во стилот на облекувањето и во понашањето во смисла на гестикулација и начин на движење. Нешто слично како феминизиран маж,само во случајов маскулирана жена. можеби сметаат дека стекнуваат рамноправност со мажите со овие одлики,или пак се осеќаат како мажи заробени во женско тело па таа нескладност се изразува во изглед и понашање својствен за мажот.

    Познавав една голема жена шо по нашки би се рекло машка жена. Не само шо мкнеше сама цел намештај при преселувањето, возеше џип, обожаваше да збори за коли познавач на сите мани и предности на колите од wolkswagen оние јапонските тојота митцубиши а ја биваше и за домаќинка, најубави сарми правеше. Она ми беше колешка и отворено се спротиставуваше за нешто шо не и чини. Ја ставија во одделот со мажи и вршеше машки работи.
    А имав и друга која дозволуваше емоциите на работно место да ја преплават, па еднаш заплача затоа што не и дадоа одмор за Божик ( иако додуша на никој не дадоа) и втор пат не се сеќавам , углавно нешто банално.
    Би рекла дека второто однесување е типично женско а првото е жена со машко однесување иако жената беше мажена и имаше син.

    Друг пример ќе се земам мене ја и мм знаеме да си ги смениме улогите по дома така што на моменти тој станува приемчив, нежен и екстра љубезен како мила женичка а ја лута пиперка.

    Не знам, некои однесувања се предодредени дали од традицијата, воспитување итн за машки и женски а неммат врска нити со хормонални пореметувања нити биолошки.

    На пример за мажот е неприфатливо пролевање солзи во јавност затоа што не е тоа одраз на машкост а е осудено како слабост резервирана само за жените (иако и тие имаат солзни жлезди)или амбициозна жена која има натпреварувачки дух и размислува со ладна глава е типичнно машко својство.



    Магнолија убава споредба даде женскки и машки принципи преставени преку Сонцето и Месечината. Сонцето како енергија, натпреварувачки дух, амбициозност но и нестрпливост и слаб праг на толерантност и Месецот женственост, стрпливост, емоции, искреност но и пасивност итн.
    Овие принципи верувам дека секој од нас ги стекнува со раѓање затоа што секој од нас е створен од маж и од жена, само што кај некои тие доаѓаат до поголем израз или пак се менуваат во 24 часа во зависност од тоа кој принцип доминирал во текот на денот, реално и досадно е бе па да бидеш 24 часа само жена или 24 часа само маж.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Kako sto nemozam da gi razberam mazite so premnogu zenski maniri taka nemozam i zenite so maski.
    Ne deka imam nesto protiv niv no ne mi se prijatni ni za oci ni za druzenje.
    Umerenost mozam nekako da izdjvakam.
    Razbiram da zena ne obozava da se sminka,no so toa mrsnite kosi,neizbricani pazuvi,rascepateno sedenje i stoenje na javni mesta,zdriganje,agresivno ponasanje,pcuenje,plukanje,smrkanje :doh: ..teteravenje po ulici vo pijana sostojba...:doh:
    Ne mi se dopaga.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Можноста секој да се чувствува физички и психички удобно во сопственото тело, понекогаш наметнува особини кои се надвор од стереотипите, па по дифолт тешко се прифаќаат во средината.
    Ослободена од предрасудите не ми пречи ничие однесување се додека постои личен став и цел за реализација, бидејќи секој има право на сопствено достигнување и причини за таквото однесување по кои не би сакала да трагам и да ги анализирам.
    Секој е посебен на свој начин. Индивидуалноста ги карактеризира и двата пола без оглед на нивниот дисбаланс.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.867
    Пол:
    Женски
    Познавам една таква. Играше фудбал, сега веќе не, а и се изразува како машко. И чуден стил има. Немам ништо против таквите. Некогаш дури им се восхитувам колку се силни и храбри.
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Мене ми е жал за ваквите девојки, за оние што си се нормално хетеросексуалки. Оставаат многу погрешен впечаток кон спротивниот пол, зашто и ставот кон мажите им е машки. Се поставуваат премногу пријателски кон мажите што им се допаѓаат, така што мажите во никој случај нема сексуално да ја перцепира.
    Имам повеќе такви во моја околина, и покрај тоа што се убави девојки, машкоданоста ги остава сингл :(
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Жена треба да биде жена, маж треба да си биде маж. Иако се почесто гледам повеќе храброст од страна на жените. Мене ми се несфатливи оние кои комплетно се облекуваат, движат и изразуваат типично машки а не се транссексуалци. Непривлечно и невкусно е, си се родила како жена така и однесувај се. Во нивни очи секако изгледа различно ова и едноставно не ги интересира околината, што е до некаде правилно. Секој за себе живее.
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Кај мене па бива обратната ситуација..
    Некогаш кога намерно тргнував со такви ,,машкоданести'' потези како би изградила уникатно пријателство со некого, ми се случуваше токму спротивното.

    Дури, имав ситуација каде после една многу пијана вечер, кога речникот и однесувањето ми беа хаос, еден тип кој многу ми се допаѓаше веќе подолго време, (а кај кого мислев дека немам шанси), следниот ден другарка ми да ја тргне на страна и замоли да прати абер до мене. Рекол нешто у стил демек сум му оставила добар впечаток поради силниот и стабилен карактер. Врз основа на што ја донесе проценката, и ден денес ми oстана мистерија. :D
     
    Последна измена: 2 август 2015
  16. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    edino so ne razbiram e so ne e ured so zenite so glumat maski body language

    kako/zoso go praat toa
     
  17. Janina

    Janina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Стилот на облекување не го гради карактерот кај човекот,а и насочувањето кон љубовта.На кој како му одговара така нека се однесува,подобро да бидете тоа што сте,немора поради туѓите мислења да се променувате.
    Имам најдобар другар кој поради мислењата на другите се облекува малку по маженствено.Знам дека му е убаво да биде како нас женските но околностите се такви што повеќе гледат да им бидеш тема за разговор у град.
    Не ми пречат воопшто,познавам многу девојки што се понашаат како мажи и поубаво им стои тој стил и однесување одколку обратно.
     
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Имав еден таков другар ( другарка ) , имаше пичиња повеќе од пола машки што ги знам заедно сите споени и нема да ја надминат таа цифра.
    Таа је класична лезбејка али има алтер его и се понаша како машко , се претставува како машко, мисли како машко итн итн. Чуден феномен .. ептен ја проучив и се работи за нормален човек во принцип и сеуште го дожувувам како другар иако е женско и има цицки големи и се тоа , меѓутоа тука се јавуваат некои социјални бариери и не се дружиме повеќе , од време на време се гледаме и често го ( ja ) гледам со девојки млади , најчесто малолетнички кој најверојатно не ни знаат дека се лапаат со женско.
    Со дилдото има скинато неколку девојчиња па после се чешаат што им се случило... јебига , отворете очичките и мислете повеќе со главчето него со клитот. :)
     
  19. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Зависи во кој контекст, има ѓени кои претеруваат со фурање машки фазон, како машка фризура, делумно бричена глава, строго патика, фармерка и исклучиво спортска гардероба, машка гестикулација и движење итн. Неприродно е дефинитивно. А, жените кои си се природно храбри, а изгледаат и се однесуваат нормално како жена е ок.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    48.811
    Пол:
    Женски
    Знам некој пат да се испонашам ко машко.Во просек со премногу машки се дружам.
    Искачам се на се со 4-5 девојчиња другото се машки.Имам некој машки потези, и татко ми дома еднаш ми рече дека сум требала мУшко да се родам :)
    Често блиските ми викаат дека сум машко заробено во женско тело.. ок8-|