Домашно си е домашно ај почнаа ајвар да продаваат по маркетиве... Кај не е то то од купечкиве ам ај да ги видам пинџур нека почнет да произведувет или малиџано...
Еве специјално за Жапче Апетитка со везени пиперки и сенф 40 везени лути пиперки (може и со благи за тие што не јадат луто) 4 главици кромид 4 чешниња лук Неколку зрна бибер Ловоров лист 2 супени лажици сол 2 супени лажици шеќер 250 ml вода 250 ml алкохолен оцет Се сецка кромидот, пиперките се сецкаат на кругови, и се заедно се вари околу 15 минути. Поклопено се остава да стои 24 часа. Наредниот ден се цеди. Настрана со миксер се мати 300 gr сенф со 200 ml масло, се заедно се меша и се собира во теглички.
Сезоната почна. Јас денес печев, вечерва се цадат, утре ќе ги љупам и спремам. Топли се уште,по некоја љушпа извадов. Имам уште една цадалка полна. Давајте рецепти за со модер патлиџан!
Највеќе обожавам ајвар и туршија.Мама прави некоја си руска салата во тегли, ја обожавам Порано правевме ајвар, од кога го реновиравме дворот правиме кај стринке/тетке по неколку тегли.Кога ќе потрошиме зимаме од Mama`s фамилијарно си го сакаме. И феферони обожавам ако се рачунаат како зимница @referentka јас знам мајка ми кога правеше ајвар ставаше по 2-3 модри обавезно. Ќе ги испечеше излупеше и ги мешаше со пиперките заедно. https://moirecepti.mk/post/мојот-ајвар ако сакаш ќе пишам рецепт?
А зошто всушност се става модар патлиџан, па нели го губи вкусот на пиперката и му дава малку друга боја??
Мене ми е многу повкусно со модар патлиџан. Ние правиме малиџано - на едно кило пиперки 1 модар. Многу побогат и поубав вкус. Само такво јадам, чист ајвар само од пиперки не ми се свиѓа.
направивме ајвар,малиџано лутеница. овие бабаму на сопругот ги прави - слатко од смокви,сок од вишни мармалад од кајсии. од сливи мармалад. апетитка. модри патлиџани кисели со лукче. Со здравје да јадеме.
Многу тешко. Две години по ред пробувам, ама.... Пиперките мора да се од оние ,,банани,, пшто ги викаат (жолти и меснати) Ама незнам зошто, загорчуваат брзо а и стануваат лигави.
Женски,ми треба проверен рецепт за Царска(Руска) салата. Има неколку по нет,ама сите различни,односно подготовката на солилото.Би ми било идеално без конзерванс
Ај да ја разработиме темава додека не завршила сезоната на зимници Ми донесоа пипер од оној црвениот за ајвар и сакам да го направам во тегли, пола печен а пола "пеглан" како што го викаат. Кажувајте рецепти Се плашам ако го печам во рерната да не ги изгорам и дали ќе имаат убав вкус потоа, оти не е исто како печени на дрва.