А што не можам да ги видам темите на кои сум пишала кога кликам на Нови мислења? А бе до мојата трудноча е или форумов малце се зафркнал?
Па фали се маа... те нема-те нема, ама кога те има... само позитива шириш. Ќе ти честитам во соодветната тема де, туку за ова, да. Малку и мене со темиве ми е тешко да се снајдам во „Нови мислења“ ама кадешто имам дискутирано, приметувам моја сликичка до иконата на темата. Не на сите теми кадешто имам оставено мислење.
На новата платформа има 2 различни листи со нови мислења и тоа: „Нови мислења“ и „Последни мислења“. Нови мислења Овде се појавуваат нови НЕПРОЧИТАНИ мислења. Значи, нема да се појавуваат темите кои сте ги прочитале или во кои сте одговориле. Последни мислења Овде се појавуваат сите нови мислења, вклучувајќи ги и прочитаните. Темите со непрочитано мислење се со задебелени букви и се означени со сина точка. Признавам дека ова не е баш најдобро измислено, ќе се потрудам да го подобриме деновиве. Update: За да биде поразбирливо за што станува збор, Нови мислења е преименувано во Непрочитани мислења.
Мене некако од како го сменија форумот ми кочи многу само мене или???инаку платформава е топ многу поубав форум среден само незнам што е со кочењето
На изглед ми се допаѓа, ама по функционалност е тапа, ништо неможам да се снајдам, и највеќе ми фали опцијата да ги листам само моите теми на кој што сум пишала мислење
секоја промена е добредојдена,ама оваа ми е баш по мерак.. не стварно,многу ми се свиѓат,брзо се навикнав,посебно интересни ми се новите смајлиња
Некако сликата од профилот ми делува позаматено, па еве експериментирам со нови, инаку ок, секоја промена е добредојдена.
Кликни на твоето корисничко име, горе на лентата, и во опциите одбери Твоја содржина. Има многу опции, сè може да се најде
Така ми ги дава моите мислења во секоја тема, јас сакам да ми ги листа темите во кои сум коментирала зошто вака не гледам дали има нови мислења во темата или не..
Башка и таква ти е сликата што ти е за аватар што ептем потсеќа,сега кај што спомна Иначе ова со родендените ,како ги прикажува е многу попрактично од претходното.На претходниот изглед за родендените беше потешко да се снајдеш отколку сега. Има многу попрактични функции,како го проучувам така се` повеќе и повеќе откривам.
^^ А може ради стилот и бојата. Башка Моцарт се`уште неаме, ама Бах имаме, така што, сума-сумарум, крукчињата одговараат. Искрено не сум чоек шо лесно се навикнува на промени и имав многу, многу лошо претчувство и мислев дека нема да постои платформа што ќе ми се допаѓа повеќе од првичната. Ама, оваа, не ја давам бре.
Супер е, ми се допаѓа. Прв пат кога ја видов, ме збуни малку, не можев да се снајдам, ама прочепкав на ваму на таму, сега ми е таман Браво за идејата, во секој случај, убава промена
Средете го и тоа: Овој член има ограничување за тоа кој може да го гледа целиот негови профил. До вчера стоеше: "целиот неговиот". Не сте избришале доволно букви. И да, мислења звучи поубаво од пораки.
Нешто поразлично што ми се допаѓа од претходната платформа е приватноста. Податоците да можат да ми ги гледаат само членови или пак само оние кои ги следам. Друго не сум многу на форумов одкако се смени па уште се привикнувам на новостите. Повеќе отворам од мобилен па и од таму се супер и брзо функционира