Млеково за тело е топ! Не се ни сеќавам дали подобро сум имала некогаш...Мирисот му е толку специфичен и нежен како на ванила и лешници и кожата ја прави ептен ептен мека и нежна...
I ♥ PUNK на Essence. Со тушов имавме on and off врска година дена од кога го имам купено, повеќе беше off, ама сега сме неразделни. Убаво се нанесува, долго трае, не се размачкува лесно, а со марамче се вади без проблем. :up: Кремите на Nivea : Класичната, стара и добра густа кремичка ми е сон за лицето, а baby soft ја користам после депилирање бидејќи ми е поретка, и помрсна, па не ми се предизвикува црвенило.
Омилени продукти за месец мај -Рексона део спреј најубавиот део спреј до сега од рексона , прекрасно мириса и долготрајност -Лакот од евелин за кршливост , лупење и раст на ноктите до сега колко што го користам се покажа неверојатно ноктите зајакнати , пораснати , заштитени .. се нај нај за лаков -Бебешката пудра од бекотан ја користам после депилација и иритација .Ми го намалува црвенилото -Парфемот од авон пур бланка го земав не планирајќи , беше многу ефтин и ај да го земам ама се изненадив од убавиот мирис нежен и совршен за летно време и доста долготраен е. -Моливчињата за очи од авон новите летни бои , ги земав двете и овој на сликата и розевиот magenta max но од него неможев да најдам слика. И од двете сум задоволна многу убаво стоат на очите , убави летни бои. И стоат се додека не ги избришеш не се бришаат
Dior Iconic mascara Маскара на годината! Трепките ги подигнува до веѓите и цел ден така стојат , додека со другиве маскари не сум го постигнала тоа досега лесно се вади , не се рони , нареден пат водоотпорната ќе ја земам 10/10
Имам повеќе "откритија" и омилени производи во последно време ама како фаворит ќе ја издвојам само Božen Wonder Glove на Божен Козметикс. Сега се каам што ја немам од првиот момент кога дознав за неа. Ракавицава е нешто неверојатно, не ми се верува колку лесно и брзо ја отстранува цела шминка со само неколку поминувања и прави нежен пилинг во исто време. Нема потреба од дополнителни средства за чистење, само хидратантна крема после третманот и толку од долгите процедури секоја вечер. Ја имам само неколку дена и лицево буквално ми сјае. За ништо веќе нема да ја променам ниту пак да дадам денар за нешто друго. Ја препорачувам како производ на годината, а не на месецот - прекраснотија е.
Немав време за шопинг месецов, па затоа само ова ми е на листата омилени продукти. Освежителен мирис има, погоден е за во лето.
Оргиналот на ова руменило е Naked Urban Decay Flushed и го нема во Македонија, а како копија може да се најде на алиекспрес за 4 евра http://www.aliexpress.com/item/1PCS-201 ... 44014.html
каде се наога точно ова божен козметикс? имав прочитано во тцц плаза ама никаде не видов да пишува да има реклама дека се наога тука..
Оваа колекција на Garnier Fructis. Со овие продукти ја дотерав до некоја свежина мојата плава префарбана коса. Само регенераторот не го купив, заради тоа што не користам маска и регенератор бо исто време
1.balea gold лосион.. токму тоа што го барав да не личиш на новогодишен лампион а пак да се познаваат светки.плус ми ја омекнува кожата и мириса нежно 2.Генера маска за коса Значи милион спрејови и маски за коси имам користено и ништо друго не ми ја прави косата толку мека и плус лесно се расчешлува.Препорачувам а и ефтина е! 3.Шампоночево од Гарниер толку најнајубаво мириса значи не може да се опише.Препорачувам за на одмор коа ќе одите да си го земете,е баш таков мирис има...на лето ,одмор и уживанции 4.Лакчето на евелин SOS Го земав затоа што ноктите ми де кршеа цело време и ми се лупеа.Од кога го земав до ден денес нокт ми се нема скршено.Уште ми се меки ама ниту се лупат ниту се има скршено.И тоа јас си мачкам од лакчето еден слој па си ги лакирам во каква сакам боја и по неколку дена бришам пак од лакчето...како база си го користам и немам никаков проблем!
Во лето, кога лицето се повеќе поти, мрси, кога е изложено на прашина, сонце итн., порите се пораширени, па со самото тоа имам повеќе потреба за почесто длабинско чистење. Наменет за во борба против митесери, а бидејќи периодов е поволен за развој на црнките, па затоа гел/маска ми е идеално решение. Овој гел и маска за лице (2 во 1) ми е супер периодов. Обично го нанесувам како маска, на секои 3-4 дена отприлика, да постои некоја минута на лицето, а може да се користи и секојдневно за миење на лицето. Го сакам чувството на ладење кога се испере лицето, баш некој разладувачки ефект има, ме потсетува на ментол, и кожата е чиста и глатка.