Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    The Sixth Sense (1999)
    [​IMG]

    Ми се допадна филмов, во ниедна секунда не ми беше досаден. Има неочекуван крај или барем пред самиот крај нема да помислите дека така ке ќе заврши.
    Си има и хорор делчиња ама не се толку страшни.
    Сакам психолошки да ги наречам филмови, бидејќи навистина границите на човековиот ум или имагинацијата и што и да е се големи и знаеме да бидиме вистинска мистерија.
     
    На boomsleng, sia.bella, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    The Stanford Prison Experiment (2015)
    Дејството се случува во 1971,односно направен е според експериментот кој бил изведен во оваа година.
    Учествуваат студенти кои имаат поделено улоги, односно еден дел се затвореници други се чувари.
    Поентата е да се покаже како се менува карактерот под вакви околности.
    Сите го доживуваат различно, и всушност се се одвива многу брзо.Времетраењето на овој експеримент требало да биде 14 дена но сепак после 6тиот ден пропаѓа.
    Лично мене малку ме шокираше на моменти,глумата им е солидна посебно Езра Милер ме воодушеви, фантастичен глумец.
    Би го оценила со 7/10

    Love Is All You Need (2016)
    Oбратен свет,општество каде хомосексуалноста е нормално нешто а хетеросексуалноста е табу тема и се смета како грев.
    Се работи за девојка која игра американски фудбал во познат тим се вљубува во новинар и се прогонувани и малтретирани откако тоа излегува во јавноста.
    Голем дел од приказната се фокусира на помало девојче кое е психички и физички малтретирано од неколку девојчиња од своето училиште поради тоа што делува чудно и што всушност ја привлекува едно момче од нејзиниот клас. Сето тоа малтретирање ја наведува на самоубиство.
    Moжеби звучи глупаво, но всушност филмот те тера да се замислиш и прилично може да те вознемири.
    А поентата е таа, насловот кажува се.
    Глумата ми беше добра, посебно малото девојче кое според мене беше најдоброто нешто во филмот, (мислам дека има глумено во The walking dead).
    Не е лош филмот според мене иако мислам дека малку предолго трае,сепак се убив од плачење.
    Оцена 8/10.
    [​IMG]
     
    На sia.bella, P.S.love, toogood и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Pazza-gioia-1.jpg

    Италијанска комедија, нешто измеѓу нормално и лудило:D Ако има таква средина, еве не знам. Се работи за две пријателки, кои живеат надвор од комфорната зона и се запознаваат во лудница. |( Филмот ми е како трагедија на моменти, премногу спонтан.
    Ќе му дадам 7/10 оценка.
     
    На sia.bella, P.S.love, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Каде го гледаше Love is all you need?
     
  5. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    nisto poseben ,go gledav i prviot i vtoriot del
     
  6. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  7. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
    Го изгледав преубав е филмот, доста емотивен. Добри глумци. Тајлер омилен:l:

    Рецензија има погоре затоа само ќе го оценам 10/10 од мене и го препорачувам.8)
     
    На rhcpfan и Acka22 им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Sully - Чудото над реката Хадсон

    Кратка содржина:
    Летот 1549 слетува на реката Хадсон, маневар кој капетанот Сали го изведува ризикувајќи и верувајќи во своето долгогодишно искуство.За народот е херој кој спасил 155 патници, но за некои други луѓе не е херој.
    Ништо посебно. 5/10
    [​IMG]
     
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The mistletoe promise

    8/10
    Интересен филм со новогодишно-божиќен мотив.
     
    На boomsleng и duffi им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Angel of Christmas (2015)

    Лесно,интересно филмче во знак на престојните празници.
    Романтика на снег, Божиќна магија,прекрасни пејсажи.
    Главната актерка има ептен мил лик.

    Исто во продукција на Hallmark.
     
  11. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    После одличниот документарец од пред некоја година - Citizenfour, доаѓа уште подобрата филмска адаптација на приказната за Едвард Сноуден. Своевремено, бев, а и сеуште сум импресионирана од делото на Сноуден, Citizenfour, но и сите документарци во врска со него ми се добро познати, па и редоследот на настаните во филмот ми беше познат и очекуван. Исто така, очекувано беше дека Оливер Стоун нема промашај кога се работи за овој жанр на филмови кои се негова специјалност.

    Она што ме изненади е перфектната изведба на Џозеф Гордон-Левит. Не се сеќавам од кога не сум гледала филм со него, најверојатно од 500 days of summer. Иако физички баш и не наликува на Сноуден, одлично го доловил неговиот лик - глас, движења, манири, начин на изразување. Ми се допадна и тоа што во филмот одлично е прикажана и неговата врска со Линдзи Милс, што го прави филмот не само conspiracy трилер, туку делумно и драма. Бендер погоре напишал одлична рецензија, да не се повторувам, се сложувам во целост со него и препорачувам и јас. (y)

    Од мене има чиста 10ка! Филм кој ја открива вистината, за реалниот свет во кој живееме денес, филм кој тера на размислување, филм кој можеби откако ќе го изгледате ќе ве замисли и ќе станете параноични, па и повнимателно во споделувањето информации и користењето на технологијата.
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Bridget Jones's Baby (2016)
    [​IMG]

    Баш убаво ми дојде филмов. Како и претходните делови и на овај му нема промаршај.
    Не типичен љубовен филм со многу комедија. Бриџет ми е многу слатка, искрена и специфична, секогаш се вплеткува во незгодни ситуации и крајот е секогаш онаков каков што доликува.
    Некако после завршувањето се чувствував ко да ми завршила омилената серија :D Убаво би било да има уште еден дел, често после 2 от дел се извештачува смислата ама за ова има материјал и за 4 дел.
     
    На boomsleng, 1209, Ginger^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Love is all you need?
    http://www.imdb.com/title/tt2259122/
    [​IMG]
    Главни улоги: Briana Evigan, Tyler Blackburn, Kyla Kenedy

    Одамна не сум плачела за ништо, ама си преплакав цела река на филмов, и уште не можам да се соземам. Свет во кој улогите се обратни, а последиците се неискажливи. Тера на размислување. Препорака.
    10/10
     
    На crazylady, 1209 и rhcpfan им се допаѓа ова.
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2016-11-30_18-54-23.jpeg Silver Linings
    4/5
    Prvata tretina od filmot bese interesna. Sto ocekuvav toa i se sluci.
    Nisto posebno.
    Gluma: familijata izglumi dobro, devojkata bese imnogu slaba, duri mislam ona go rasipa filmot.

    upload_2016-11-30_18-57-36.jpeg 500 Days of Summer
    3.5/5
    Poveke za mladi koj sakaat ligavi filmovi, ne bese za mene.
     
  15. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Idiocracy.
    Интересен филм. Направен е во 2005 година со цел исмевање на новите генерации кои следат, и тоа после 5 века односно во 2505 година.
    3,5/5

    Godzilla.
    Римејк на познатиот Годзила од 1998, со додавки од јапонскиот филм Godjira направен во 1954 година. Интересно е што Годзила се појавува како херој кој го спасува човештвото од други две чудовишта (машко и женско) кои сакаат да се репродуцираат. Сигурно ќе има продолжение.
    4,5/5
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  16. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски

    go cekav od pred vekot :inlove:
     
    На Bender Rodriguez, Blue.Sky и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. WinterGirl16

    WinterGirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    651
    Inferno_(2016_film).png Го чекав цела возбудена и нестрплива за на крај да ме разочара.;(
    Книгата е закон!Бев воодушевена,во еден здив ја прочитав.За некој да може да напише ваква книга,да создава такви теории и размислувања,да ги опфати сите можни најмали детали треба да биде ненормално талентиран.Најмногу ми се допадна што во книгата е опфатена реалната состојба во која се наоѓа светот(пренаселеноста и последиците кои секојдневно ги трпиме),проблемите кои ни претстојат,а за кои сеуште се нема решение.Исто така ги разоткрива тајните и сомнежот за големите светски организации и што можеби навистина се случува,а нас тоа ни минува пред очи.Главните ликови се обидуваат да го спасат светот без да превземат екстремни мерки (да се пушти вирус),а од друга страна секако постојат негативците(во овој случај според мене не се негативци) кои се подготовени на жртвување.Филмот го гледав пред неполни 10тина минути.За разлика од книгата филмот е тотално разочарувачки барем според мене,особено крајот,ме извади од памет.(wtf)(facepalm)
     
    На Bender Rodriguez и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Oasis Supersonic (2016) supersonic.jpg

    Филмов го начекав сосема случајно по интернетот и како фан на Оејзис го спуштив. Не сум некој голем фан, имаат песни што ги сакам и не, ниту сум била на концерт, ниту имам купено никој нивни албум, чисто онака, ми се допаѓа нивниот стил, музиката и текстовите=песните.
    Иако у глобала не сакам документарци но овој го изглеав пошо нели, Оејзис :)

    Станува збор за како настанал бендот, како го добил името, сите поголеми кавги и расправии како биле што биле, колку членови се смениле, прв и последен настап, се убаво објаснето и склопено во 2 часа. За некои се можеби многу но мене ми беше баш таман.

    За крај, ќе го препорачам на оние кои ги сакаат Оејзис наравно. :)
     
    На Jeny, do-re-mi и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Come undone [​IMG] Италијански филм, за маж и жена кои иако се во брак се впуштаат во афера.Фино Италијанско филмче,вреди да се погледне, 7,5/10
     
    На boomsleng, Ginger^, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Ride Along 2
    Komedija/Akcija
    dobar film posebno deka so Kevin Hart
    9/10