1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Девојката со портокали - Јустејн Гордер

    Одлична книга! Се чита во еден здив, навистина не ни приметив кога сум ги поминала страниците. Мислам дека само што почнав се најдов на средината. :lol:
    Ако го заборавиме тоа што е малку предвидлива, навистина многу убава љубовна приказна од соништата. Малку нереална секако, ама волшебна, бајка во вистинската смисла на зборот.
    Покрај тоа, книгава опфаќа и една од моите омилени теми - универзумот, постоењето... Прашањето на крајот беше навистина комплексно, и мило ми беше поради изборот на Георг, бидејќи и јас истото би го избрала. :)
    Навистина уживав читајќи ја, ја препорачувам, ама мислам дека не е книга која би им се допаднала на сите.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Сместена во втората половина на 19ти век, Yellow Crocus ја раскажува приказната за пријателството и приврзаноста меѓу една робинка по име Мети и Елизабет која е дете на богато семејство. Паралелно го следи луксузниот животот на американските семејства, наспроти бедата во која живеат робовите. Со оглед на темата, книгава на моменти е многу болна, дури некои делови сакав да ги прескокнам. Приказната е емотивна, а ликовите се многу допадливи. Единствено имам замерки за стилот, можеби оекував повеќе. На моменти ми делуваше како дете да раскажува. Во секој случај убава книга. Штета што Лајла нема ништо друго издадено, а баш сакав да прочитам уште нешто од неа. Ама на goodreads напишала дека работи на нова книга, така што сигурно ќе ја ставам на листа :)
     
    На MacenceEna и do-re-mi им се допаѓа ова.
  3. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.191
    Пол:
    Женски
    Нешто сино-Емили Гифин
    Нешто сино е топла, комична и крајно романтична сторија.Лично мене ми беше многу интересна бидејќи кулминацијата на книгата е во самиот пресврт кој доаѓа на крајот :)
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ангели и демони - Ден Браун

    [​IMG]

    Фантастично дело! Немам зборови. Разни информации заедно со познати места во Рим и Ватикан преточени во прекрасна, напната приказна.
    Малку ми беше шубе да ја читам по Кодот на Да Винчи, бидејќи хронолошки оваа книга е пред Кодот. Така што знам дека ниту ќе умре, ниту ќе останат заедно со Виторија. :D Многу пресврти кои ме оставија со подзината уста. Особено расплетот на крајот, не ми се веруваше.
    Јас цело време се сомневав на Оливети, а ете излезе самиот коморник кој ја подготвил целата збрка. И го убил сопствениот татко. :x
    Искрено се надевав дека барем последниот кардинал ќе преживее, тој што се удави. :(
    Настрана тоа, изворедна книга, ќе ми остане долго во сеќавање и ќе ја препорачувам на сите. Дефинитивно не оставам ништо од Ден Браун непрочитано сега. Книгава ми стана една од омилените, покрај Кодот на Да Винчи. Не можам да се решам која од нив е подобра. :lol:

    Книгава ја претставува вечната борба на науката и религијата. Се чита во еден здив и буквално ќе ве носи низ улиците на прекрасниот Рим.

    :bow:
     
    На Florenсе, Marossa и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Longest Holiday - Paige Toon

    Книгава одлично ми легна. Баш вакво нешто ми требаше. Стилот на пишување е сосема солиден, не можев да престанам да читам. Не дека постојано нешто важно се случуваше, ама мислите се одлично поврзани и приказната сама те вовлекува. Лесна книга, таман за жештиниве, иако малку тешко ми падна што не бев на плажа додека ја читав.
    Главниот лик Лора ептен ми се допадна, ми беше некако многу човечна, да бев на нејзино место можеби и јас исто би постапила.
    За жанрот во кој се наоѓа книгава и давам чиста петка.
     
  6. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Роза за балерината - ЛУРЛИН МЕКДЕНИЕЛ
    Книга што се чита во еден здив. Nothing more! :!:
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Последниот воз за Истанбул-Ајше Кулин
    Прекрасна книга во која Ајше Кулин ги опишува жртвите што се мораа да прават турските државници за да ги спасат Евреите од злобата на Хитлер.Бидејќи имаше стравови за турските Евреи во Франција дека може Хитлер да направи катастрофа во Франција,турските административци правеа на секакви начини да ги спасат Евреите.Тешко е да се има народ,а да немаат татковина.Зошто па Евреите да ги прогонуваат?Зар и тие не се човечко битие,зар немаат тие душа?Во книгата е опишано како некој турски Евреин го зеле во работнички логор и беше страшно да се прочита,а камоли да се замисли таква глетка...беа опишани и разни други судбини на турските евреи со мешани бракови со муслиманки и слично.Книгата вреди да се прочита.Препорака ;)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Marrow - Tarryn Fisher

    Марго Мун е во центарот на настаните. Тарин Фишер не запознава со неа кога има 13 години. Марго живее во The Bone, сиромашно гратче во кое жителите се грижат само за себе, а потоа за своите деца. Наркомани, курви, дилери го населуваат градот. Низ приказната го следиме растењето на Марго, оформувањето на нејзиниот ум, за после да разбереме зашто е таква каква што е и зашто го прави тоа што го прави.
    Како и вообичаено со главните ликови на Тарин Фишер, не можам да се одлучам дали Марго ми е одвратна, дали го оправдувам тоа што го прави...

    Има писмо на крајот од книгата од Тарин Фишер во кое објаснува што ја поттикнало и мотивирало да го напише романов.
    Таа самата не може да се одмазди на оние кои направиле злодело, не може да ги заштити невините, децата кои страдаат, па тоа го прави преку Марго, преку поетска правда.
    Имаше една одвратна сцена во која
    една мајка го тепа бебето безмилосно, могу беше жално, Марго посведочи на настанот и ја уби мајката во налет на бес. Да, мајката си го заслужи, ама па кои сме ние да одземеме туѓ живот? А сепак, можеби мајката до смрт ќе го претепаше детето...
    Одлично и интелигентно напишан мрачен, психолошки трилер. Насловот сосема одговара на книгата, на крај се се сведува на нашата срж, од што сме направени, што има во нашите коски...

    “Life is all about allowing people choices to be who they want. But the majority of people choose to be worthless.”

    "My mother is beautiful in the same way that a storm is beautiful. She is wild and destructive, and in the middle of her fury you feel her God given right to destroy."

    "I fit in with these people the same way an ostrich fit in with the rest of the birds: classified as, but slightly off."

    И мојата омилена: "My hands are shaking, and one of the customers leans in conspiratorially and asks if I need a fix. A fix? I want to laugh. How do you fix evil?"
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ако не постои утре - Гијом Мисо

    Малку сум разочарана, нема ниедна критика за книгава на фемина. Јас ќе да сум таа што ќе ја стави на тапет. :D
    Не ме разочара книгава, секако. Прејак трилер, ептен во стилот на Гијом Мисо, малку одлетан од реалноста, ама по тоа е Мисо познат.
    Како и секогаш ликовите одлично изградени, приказната совршена, немам никакви критики. Барем во оваа немаше некој со потекло од ужасен кварт од градот. :D
    Спека, целото тоа менување на судбината не ми е многу по вкус, претпочитам сепак сите да си останат со своите судбини, ама вака е подобро, во секој случај. :)
    Би ѝ дала 9/10, не знам зошто, не ѝ фали ништо, ама не е нешто вауу.
     
    На MacenceEna и crazylady им се допаѓа ова.
  10. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Дали ме чекаш? Гијом Мисо

    Книга која не смее да остане непрочитана!
    Сплет на околности ,љубов,далечина,неспокој,неизвесност ,судбински пат и доза на мистерија совршено маестрално испреплетени за до крај да ви го држат вниманието!

    "Секој од нас барем еднаш си го поставил прашањето: Што би измениле ние во нашиот живот, кога би нѝ се дала можност да се вратиме во минатото? Кога би можеле да почнеме од почеток кои грешки би се обиделе да ги исправиме? Која болка, кои грижи на совеста, која тага би ја одбрале да ја избришеме? Дали би се осмелиле, навистина, да му дадеме нов смисол на нашиот живот? Да погодиме што ќе стане со нас? Каде да одиме? И со кого?“
    Ете ваква шанса да се врати во минатото и за да ја види уште еднаш Илејна(неговата најголема љубов за чија смрт чувствува одговорност), има Елиот(млад надежен лекар).Десет пилули со златна боја ќе му овозможат патување низ времето.
    А дали ќе се промени нешто прочитајте самите :)

    За еден ден ја прочитав ! Вечерта си реков ај, да оставам задоволство и за утре, да ми тргне денот. Ама не се заспивало така лесно штом си на средината, во најинтересното! Па, си станав и до 3 и пол вечерта ја дочитав. Патував, чувствував, треперев,се ежев, плачев(што е реткост!) и најмногу од се уживав!
    Чиста десетка!
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Mud Vein - Tarryn Fisher

    Требаше прво оваа да ја прочитам, а потоа Marrow. Ама не видов дека има поврзаност. Доста работи ми се разјаснија и за Marrow. Сепак, Mud Vein ме разочара. Да, одлично е напишана, ама приказната не ме воодушеви. Бавно се одвива книгата, речиси и ништо да не се случува, а расплетот не е вреден за бавното дејство.
    Писателката Сена се буди затворена во куќа заедно со човек кој го нема видено долго време. Заробени се, а не се знае ни кој ни зашто го направил тоа. Не се ни дознава дури до 80 посто. Не е обемна книгава, ама мачна за читање.
    Уште Never never ми остана од Тарин Фишер, напишана во соработка со Колин Хувер, добри пријателки биле, верувам дека од двете сигурно излегло нешто добро, ама ќе почекам и третиот дел да излезе, па ќе ги прочитам сите одеднаш.

    "I discovered that private things were mostly sour. They sat spoiling in the corners of your heart for so long that by the time you acknowledged them you were dealing with something rancid."
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Alive - Scott Sigler

    Една девојка се буди заробена во ковчег, нема поим која е, ниту пак како воопшто дошла таму. Чувствува болка по телото, вика по помош, но никој не доаѓа да ја спаси. На крајот сама успева да се ослободи и да излезе од ковчегот, но во просторијата каде се наоѓа ја дочекува чудна ситуација - уште 11 други ковчези, сите од нив затворени.

    Иако жанрот не ми е баш омилен, решив да ја прочитам зашто кратката содржина ветува интересна приказна. Арно ама, мене ми даде сосема поинаков впечаток за она што ќе се случува. Воопшто не замислував дека ќе оди во тој правец.
    Првата половина е сиромашна, скоро ништо не се случува, можам слободно да ја прераскажам во три реченици. Потоа на виделина излегуваат многу работи, кои искрено мене ми беа малку смешни.

    Не знам што да кажам за книгава, можеби очекував друго, па затоа се разочарав. А можеби и не ми се допадна толку бидејќи не сум голем љубител на SF. Дефинитивно не е my cup of tea, но можеби на друг ептен ќе му се допадне. Баш ме изненадија многуте позитивни коментари на goodreads, едвај дојдов до овој коментар со низок рејтинг и се изнасмеав додека го читав :D Ако не сте ја читале книгата - не го отварајте. Во голем дел ги опиша моите впечатоци за кои не смеам толку слободно овде да коментирам, зашто премногу ќе откријам. Искрено, не знам дали ќе ги читам другите два дела од трилогијата, мислам дека ќе застанам со првиов дел.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The 5th Wave (#1) The Infinite Sea (#2) - Rick Yancey

    Првата книга не беше лоша, иако подолга од втората побрзо ја прочитав. Втората книга сосема непотребна, долга, развлечена, ме утепа начисто. Третата книга не сум видела дека дури во 2016 ќе излезе.

    Накратко, вонземјани доаѓаат на земјата, десет дена си седат горе во бродот и не прават ништо, а потоа почнуваат со уништување на човечката раса во пет бранови, секој бран носи ново зло.
    Во текот на овие бранови околу 98 посто од населението умира. Оние кои остануваат да се борат се, нормално, деца и тинејџери. Против вонземјаните. Мхм.

    Пишувањето суво некако, премногу детално, сосема непотребно за ваква приказна која бара повеќе акција. Ме нервираше што не беше означено за кого се однесува приказната, па додека да се види треба да се врати човек на почеток од главата. Не му беше до толку различен гласот на авторот за да може да си го дозволи тоа.

    За ликовите можам да кажам дека во првата книга еден ми се допадна, во втората ни тој. Љубовните приказни целосно неуверливи, само колку да се рече дека ги има.

    Третиот дел додека излезе ќе заборавам што воопшто се случувало, па и не ми се верува да го дочитам.
     
  14. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Злосторство и казна
    Фасцинантна книга и фасцинантна психологија која не е толку лесно да се разбере. Колку и да е тешка книгава, уживав додека ја читав, вредеше. Сега само се мислам дали е во ред тоа што се заљубив во Раскољников уште од почетокот и што воопшто не ми беше жал за бабите туку само мислев дали ќе го фатат :tmi:.
    10/10
     
    На realGirl и simonna.a им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Lavender Garden - Lucinda Riley

    Книгава почнав да ја читам во февруари негде, ама ја оставив, изгледа нешто друго ми излезе. Сепак, уште една прекрасно раскажана приказна од Лусинда Рајли. Послаба е за нијанса од Полноќната роза, малку попровидна приказна, речиси од почетокот се наѕираа некои работи. Но стилот на пишување на Лусинда е истиот, лесен, имагинативен, описен и не е возможно да не те вовлече во приказната.

    Во 1999 година мајката на Емили умира и таа мора да се справи со семејниот имот кој воопшто не е мал. Целата изгубена во такво тешко време Емили го запознава Себастијан кој семејни врски го поврзуваат со неа и и' помага со сите тешки одлуки. Таа се заљубува и се мажи за него. Додека решава што да прави со наследството приказната на нејзиното семејство почнува да се одмотува.

    Во Втората светска војна во Франција, бабата на Себастијан и таткото на Емили се запознаваат.
    Дејството не носи во двата периоди додека приказните полека се преплетуваат...

    Не знаев дека дел од приказната е за втората светска војна, тоа ми беше пријатно изненадување. Двата дела добро се вклопуваат и ќе немав никакви поплаки доколку мистеријата беше малку посолидно изведена.
     
    На ph.orhideja, do-re-mi, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    На англиски, мислам дека нема превод на македонски :?:
    Во зависност од тоа на кој јазик ја читам, така и насловот го пишувам :)
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Си зедов неколку постари бестселери за летниот одмор,па супер ми легнаа.

    1.Исчезната без трага-Шеви Стивенс
    Навистина си заслужува и оцени и пофалби.Одличен стил на пишување,описот на целото мачење,киднапирање и силување кој го дала авторката е навистина извонреден,онака баш да се соживееш со главниот лик.
    Толку гадотии,што на моменти ми требаше да подзастанам ,да се приберам малку.
    Крајот ми беше прилично неочекуван,си правев шпекулации,ама сепак бев изненадена.
    Одлично претставување како работи еден психопатски ум и дефинитивно страв да те фати да не ти се случи истото.


    2.Без Збогување-Линвуд Баркли
    Човекот си го обожавам,бидејќи досега ми нема промашено трилер,сите си ги пишува со одлична содржина и многу акција,како и секој детал перфектно склопен.Исто и за книгава си правев многу теории,она што го прочитав беше сосема различно,иако малку останав разочарана,очекував нешто подруго,поинаков,да не речам поубав крај.
    Ликовите беа солидни, не се изгубиле страници на нивна психичка анализа,само површно се прикажани,ама таков е начинот на Баркли,акцијата е битна.
    Ако споредам други негови дела,оваа ми беше за нијанса со побавно дејствие,но сепак одлична.
    Не за друго,и мајка ми беше воодушевена :D

    3.Девојката од хартија-Гијом Мисо
    И овој автор ми е на листата омилени од својот жанр,секогаш одлични романтични комедии,а не пропушта да внесе акција,малку мистерија и sci-fi.И морам да кажам,иако му имам прочитано 5 книги,сеуште успева со истата јачина да ме внесе во приказната и со крајот да ме шокира.Исто така,непропустливи се одличните цитати,имаше неколку за врската на една книга со читателот што навистина беа прекрасно искажани.
    Не ми се допадна главниот лик,карактерно ми беше премногу слаб и зависен од бившата,барем за мој вкус,ама девојката ја вадеше работата :D

    4.The Italian Girl-Lucinda Riley
    После The MIdnight Rose,која беше преубава,очекував многу од книгава.Не дека беше лоша,за на плажа,за релаксација е доста пролазна,но воопшто не ми се допаднаа ликовите.
    Росана ми беше премногу опсесивна и себична и дефинитивно си заслужи се што се случи,мило ми е што на крајот се опамети.
    За мажите како Роберто,само некоја со каиш,да ги доминира,да ќутат и да седат мирни,бидејќи нималку не ја заслужи таа среќа што ја доби и што не знаеше да ја цени.Ужасно антипатичен лик,во никој случај шармантен и навистина не разбирав што гледаат во него.Во некои книги,едноставно колку некој да е ужасна личност,има некои делови што те привлекуваат,т.е. „there is more than meets the eye".Овде,не беше тој случај.Плиток,арогантен,себичен до бескрај,вуманајзер без кочници.И сега пак ме изнервира :D
    Ама навистина не поднесувам такви мажи,баш ич.
     
    На simonna.a и Jenniffer им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    How it ends - Laura Wiess

    Книгава прилично ме изненади.

    Се состои од два дела, приказната на Хана, 15 годишна тинејџерка и нејзиниот средношколски живот, и приказната на Хелен, веќе жена во години.

    Хелен и нејзиниот маж се соседи со семејството на Хана. Кога Хана има 5 години нејзините ја оставаат кај Хелен на чување бидејќи поминуваат низ тежок период и мораат да си го средат бракот. Хелен и станува како посвоена баба на Хана. Но со текот на времето, не можејќи да и го открие своето минато, Хелен измислува еден куп лаги и бајки со кои ја залажува Хана.
    Во сегашноста Хелен има Паркинсова болест и сака да и ја каже вистината на Хана, но не наоѓа сила за тоа. Затоа пишува книга во која ја раскажува вистинската приказна за нејзиниот и животот на маж и, Лон. Потоа книгата ја дава да се сними како аудио и Хана ја слуша не знаејќи дека тоа е приказната за нејзината толку сакана баба Хелен.

    Мене лично ми беше интересен начинот на кој е напишана книгава, читаш приказна за средношколски љубови и глупости, па потоа за трагичниот живот на едно девојче, а потоа жена. Има некоја длабочина книгава, опфаќа некои тешки теми како
    еутаназија и стерилизирањето од државата на оние кои ги смета за неспособни, или оние кои имаат коефициент на интелигенција под просекот.

    Две работи кои не се разрешија убаво малку ми го поматија целосниот впечаток за книгава, но се на се доста емоционално тешка приказна која тера на размислување.
     
  20. FoodLover

    FoodLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    НАШЕТО ПОСЛЕДНО КАФЕ - Коста Петров
    Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот. WoW од книга!:o Ви ја препорачувам на тие што навистина сакате да извлечете некоја поука и да постигнете нешто во животот.:!:А таквите книги како Го сакам Париз,го сакам овој оној не ме задоволуваат,нит пак можам да извадам некоја поука.Со тие само екскурзии на мозокот можеш да си правиш и да мислиш дека светот е РОЗОВ. Обожавам книги,кои кажуваат колку навистина животот е суров...Тоа е тоа!
     
    На realGirl и Sireni им се допаѓа ова.