@daylight мене па ваквите слики, случки пак ич не ми се за верување, ќе речеш што знае дете за реинкарнација или примерот, што беше со тоа детето, кое во претходниот живот бил пилот, ли како беше, не се сеќавам.Зошто не ми се за верување? Затоа што децата, се што прават возрасните, зборуваат, они се регистрираат, имитираат, така да не е тоа нешто чудно за од кај дете да знае што било во претходен живот, дали го имал всушност и сл.Децата се премногу паметни, итри, тешко е да ги излаже човек, да ги надитри, бидејки кај нив не е развиено егото, односно не се дуални, поради тоа, тие повеќе се способни за претходното што го реков и тука не е ништо за чудење, па ете доказ дека има реинкарнација.Плус, дете како дете, се ќе му текне, ќе се чудиш и како некои работи знае, што не би ти паднале на памет.Имам прочитно на нетов такви случаеви, се сомневам дека се вистинити.
Gordana10 зарем не забележа дека сликата е само карикатура, смешка... А за детето пилот кое го спомнавте ниту мене не ми е за верување. Свесноста за минатите животи не случајно ни е скриена, за да не нè оптеретува психички и имаме сили да се соочиме со сегашниов. А и да било вистина тоа со детето-пилот, јас сум прв против лиферување такви информации. Како прво, преку таквите површни прикаски реинкарнацијата се сведува на трач и тотално се промашува суштината на знаењето за реинкарнацијата, како второ (под претпоставка да е тоа вистинито) ако детето навистина било воен пилот, тогаш дотолку полошо за него. (Исусовото предупредување вели: Што сееме тоа жнееме, а неретко воените пилоти сеат бомби...) „Па ниту јас не верував во реинкарнација кога бев на твоја возраст.„
Ок, не забележав, и онака не се осеќам добро, може заради тоа не приметив, но како што кажав претходно, имав приметено, што слики, што случки, не зборам конкретно за сликава што ја постира.Инаку, може со денови да збориме за реинкарнација и се ќе биде на база на претпоставка, како што никој не знае што има по смртта, така и за ова.
Отворен сум за нови предизвици. Затоа ако јас бидам еж, а ти некое друго животинче во шумата, немој да се буниш зашто те боцкам.
Прво го напиша едното и после другото веќе немаше поента да те читам. Како тоа е деградација да се премине од човечка во животинска форма? По кој систем, по кое правило, па дури и по кое сфаќање или идеја го пишуваш тоа? Човечката форма по ниту една основа не е на повисоко ниво од животинската, освен по развиеноста на мозокот. Само затоа што сме способни да излажеме сметаш дека сме некое ниво над едно обично маче или куче кои пак, за разлика од нас, се способни да почувствуваат вибрации и звуци за кои не сме способни. Ако веќе зборуваш за реинкарнација, за душа и виши сфаќања на нештата, тогаш најмалку што треба да ни биде заедничко е фактот дека човекот не е бог и неговото битие не е некакво достигнување во однос на сите други живи организми на планетата. Вториот цитат ми е уште потрагикомичен. Еден од основните закони во универзумот, заедно со брзината на светлината, гравитацијата и масата, е законот кој вели дека материјата не може да исчезне, може само да се претвори од еден вид во друг, според тоа, таа е и вечна. Дури и да ја земам твојата идеја како релевантна и универзумот да се сложиме дека нема да постои во оваа форма во која ја знаеме, то ест ќе отиде на некој друг „свет“, ако добро те парафразирам, тоа пак ќе биде истата енергија, само на друг свет. Последните истражувања на научниците во областа на теоретската астрофизика, нудат толку многу опции за тоа каде оди и како е создаден нашиот универзум, што на човек му се чини дека не само што идејата за реинкарнација е смешна, туку дека е и ноторна глупост. Кога некој ти објаснува дека е возможно целиот универзум во кој спаѓаме и ние, да е само клетка од еден несфатливо џиновски (во однос на нас) организам и дека како нашиот универзум има трилијарди и трилијарди останати такви универзуми, единствената логична работа која може човек да ја помисли е, дај едно пиво да се напијам, и онака ништо од нашиве филозофии не вреди. Како и да е, убави се дискусии и различни размислувања од ваков тип, секогаш, ама некои работи се константи и не може да се пишуваат онака од ракав како погоре.
Во источните учења како на пр. хиндуизмот и будизмот, постои представа дека заслужно делата, душата може да добие животинско, растително или човечко тело. Јас напишав дека според Христовите објави тоа е невозможно. Некогаш постоела таква тенденција но таа опасност е трајно отстранета. Човечката душа, доколку се реинкарнира, може да биде повторно само човек а не животно, растение или (според нeкои сфаќања) минерал. Добро си разбрал. Материјата е само поинаку вибрирачка, огрубена духовна супстанција. Еден ден материјата ќе се асимилира повторно во изворната духовна супстанција. Во таа смисла таа не е вечна, но енергијата е - таа само може да ја смени својата форма. Не гледам ништо спорно во тоа, слично е кажано и во духовната литература од која ги прерсакажувам овие нешта. А пивото никој не те спречува да го испиеш. Твој избор беше да си го протратиш времето и енергијата на нашите постови низ форумов и тука јас ништо не можам.
Сигурна сум дека постои реинкарнација ,во некоии соништа ги познавам некои места и луѓешто никогаш во реалност не сум ги видела и била на тие места,ми се има повеќе пати ова случено тука се крие нешто мистериозно .Човекот нема капацитет да ги открива натприродните работи што ги знае замо Бог креаторот ,човекот сака да види сака докази дефиниции што кај бог тоа го нема .Малечки сме за да знаеме големи работи ,има некој кој знае се
Јас верувам во реинкарнација, да речеме до толку да не се ни сомневам воопшто. Јасно е дека душата е неуништива и дека се канализира од една форма во друга. btw сепак кога постојат куп докази на база на научни истражувања вреди човек бар да се подзамисли.
„Знајте дека од тишината голема јас ќе се вратам... Не заборавајте дека ќе се вратам при вас. По кратко време, кога ветерот ќе стивне за миг, една друга жена ќе ме роди.„ Калил Џибран (1883-1931) либански писател и уметник
Не знам зошто но јас верувам во ова апојава,не ми се има случено нешто посебно за да верувам дека тоа е така,но душата секако дека оди во друго тело без разлика дали ке оди во животно или не
Вчера на тв гледав убава американска комедија: „Groundhog day„ (некаде преведен како „Бескраен ден„) која дава индиректно убава илустрација за смислата на реинкарнацијата, иако директно немаше ниту „р„ спомнато од реинкарнација. Главниот актер под чуден сплет на околности го проживува наново и наново истиот зимски ден во едно мало гратче, сè додека не го искористи правилно и несебично го проживее за заедничкото добро на сите. Спојлер целиот филм го има и на јутјуб, но без превод
Не верувам во реинкарнација а и во религијата не постои реинкарнација.Прочитав на едно место еден тест(за забава)што сме биле во претходниот живот и резултатот беше -диктатор,сум убила толку и толку луѓе и се најлошо...море мајката си велев, што олош сум била Е сега ако малку филозофираме, како може олош како мене да го реинкарнира Бог, па нели треба да горам во пеколот!?Произлегува дека нема ни пекол,нема ни рај,
Во речиси секоја религија има некакво сфаќање за реинкарнација - но деталите околу истата се разликуваат. Некои правци ја прифаќаат можноста за реинкарнирање - особено во хиндуизмот, будизмот, џаинизмот но тие веруваат во можноста душата да се роди дури и во животинско или растително тело. За разлика од тоа некои христијански правци (како на пр. некогашните Богомили) веруваат дека човековата душа може да се роди повторно исклучиво како човек. Некои правци ја отфрлаат реинкарнацијата - на пр. католицизмот, православието, протестантизмот. Некои правци во исламот исто веруваат во реинкарнација. Поентата на реинкарнацијата е токму тоа дека нема пекол во класична смисла на зборот. Учењето за пеколот е вметнато за да се пополни празнината откако се исфрлила реинкарнацијата од христијанството. Освен тоа не е Бог тој кој што ги реинкарнира душите, ниту пак реинкарнацијата била создадена од Бога. Можноста за реинкарнирање настапила како последица на отпаѓањето на голем број души од Небесното Царство. Првин, како последица од тој настан од космички размери постепено настанала материјата, потоа човечките тела и реинкарнацијата. Бог не се вмешал во тие процеси бидејќи ја почитува слободната волја на своите деца, и знае дека преку истите се отвора можноста тие постепено да се преобратат и вратат. Според Христовите објави на тема реинкарнација - повторното отелотворување (реинкарнирањето) е избор на самата душа, веќе според тоа колку таа се чувствува врзана за овоземниот свет. Една високоразвиена душа во која нема повеќе завист, омраза, заслепеност од желба за углед и моќ, ниту желба за освета и на која другите души и луѓе реално немаат што повеќе да и простат (кавги, убиства и сл.) нема да тендира повеќе кон материјата и Земјата туку излегува од кругот на повторното раѓање и се насочува кон повисоките светови, кон вечниот Живот. Рајот и пеколот се само состојби на душата која таа самаата си ги наметнала преку правилно или погрешно мислење, говорење и постапување.
"Патот на душите"-Мајкл Њутон Оваа книга е еден вид дневник за духовниот свет. Ни нуди низа стории, вистински случаи, кои разоткриваат во најголеми детали што се случува со нас штом ќе заврши нашиот живот на Земјата. Ќе бидете одведени зад духовниот тунел и ќе влезете во самиот духовен свет за да дознаете што се случува со душите пред конечно да се вратат на Земјата во друг живот. Инаку: Реинкарнацијата е сложена тема, бидејќи за неа се кажани толку будалаштини што многумина денес однапред ја отфрлаат. Повеќето луѓе не знаат дека постојат и приличен број сериозни истражувања што се спроведуваат за реинкарнацијата. Во последните неколку десетици години расте бројот на научници со голем углед кои компилирале голем број на податоци на таа тема. Меѓу нив се Џоел Витон и Мајкл Њутн Главната движечка сила на истражувањата на Витон и Њутн со хипнозата се темели на едноставен и зачудувачки факт. Кога луѓето се ставаат под хипноза, тие често се сеќаваат на она што изгледа како сеќавање на минати животи. Истражувањата покажале дека повеќе од дваесет проценти од сите поединци кои можат да се хипнотизираат, можат и да се сетат на такви сеќавања. Овој феномен во голема мерка го признаваат и скептиците. За да го спроведе своето истражување, Витон собрал група од триесетина луѓе. Во групата имало луѓе од сите слоеви, од возачи на камиони до експерти за компјутери, при што некои од нив верувале во реинкарнација, а други не. Еден по еден ги хипнотизирал и поминал буквално илјадници часови снимајќи сè што зборувале за своите наводни претходни животи. Податоците биле фасцинантни. Еден од зачудувачките аспекти е големиот степен на истоветност на искуствата на испитаниците. Сите зборувале за бројни минати животи, а некои дури и за дваесет или дваесет и пет, иако практичната граница е досегната кога Витон ги вратил во нивните, како што тој ги нарекува “пештерски животи”, кога еден животен век не можел да се разликува од друг. Сите добиени податоци укажуваат дека на душата не ѝ е својствен полот, и многумина барем во еден живот живееле како спротивен пол. Сите исто така зборувале дека целта на животот е да се развиваат и да учат, и дека бројните животи го олеснуваат тој процес. Многумина од испитаниците после трауматските сеќавања од минатите животи на кои се сетиле, доживеале длабоко психичко и физичко оздравување, и дале неверојатно точни историски податоци за времето во кое живееле. Некои дури зборувале со за нив непознати јазици. Додека повторно проживувал еден свој живот во кој бил Викинг, еден човек триесет и седум годишен бихевиористички научник, извикувал зборови за кои лингвистичките авторитети подоцна утврдиле дека се на старонорвешки јазик. Истиот човек откако е вратен во својот минат живот во Персија, почнал да пишува со писмо на арапски стил, кој стручњакот за блискоисточни јазици го идентификувал како автентичен Сасанид Пахлави, одамна изумрен месопотамски јазик кој бил во употреба меѓу 226 и 651 година од нашата ера. (овие информации се преземени од википедија инаку Мајкл Њутон и самиот бил скептик кога станувалo збор за реинкарнација и неговата прва хипноза со која го вратила хипнотизираното лице во предходниот живот била сосема случајна т.е. се случила одкако Њутон не можел да дознае од каде потекнува проблемот кој го има хипнотизираното лице па изнервиран му поставил едноставно прашање поточно го прашал кога за прв пат имал ваков проблем (не се сеќавам точно за што се работеше но мислам дека беше болка во некој дел од телото),така хипнотизираниот се "вратил" во предходниот живот и раскажал што му се случило).
Јас верувам пошто се сеќавам на доста делови од мојот претходен живот уште од мала. На почетокот мајка ми беше загрижена бидејќи на 4 години плачев за моето дете, но досега се навикнаа и ме прифатија со сеќавањата. Да ги прескокнеме нив, на 3 полни години веќе знаев целосно убаво да читам, собирам, одземам, а знам дека цело време цртав пештера зад водопад. Исто така прочитав негде, во календарче мислам, дека човек се раѓа како човек следниот век откако ќе умре, значи ние што сме родени во 20ти сме живееле во 19ти итн. Инаку, Тоше Проески има кажано дека убаво е ако имаш сенки, односно души што те штитат зашто тоа значи дека си бил добар и вредиш... Всушност мислеше на духовите кои не познавале од претходниот живот, како што кажав, треба да се родат некој следен век, а како души се сеќаваат на сите претходни животи, па поради тоа и те штитат. Секако, вие што не верувате, не ни треба да верувате, не ни сакам да ви објаснувам, не треба. Секое знаење поврзано со ваквите виши нешта и Бог е нешто кое што самиот Бог преку ангелите ни дозволува да го знаеме, па ако треба да знаат и другите, и ним ќе им даде знаење, не треба никој да ги просветлува... Така што вие што не знаете, не ни треба да знаете Важно живејте како што сакате, со кого сакате се додека тоа ве исполнува со енергија која ви носи спокојство.
Според тоа што го читав во литературата објавена од божествениот духовен свет, планетата земја е единствено место каде истовремено можат да живеат отелотворени т.е. инкарнирани души (луѓе) од најразличен степен на свест мешано. Во отадестраните подрачја каде што живеат бестелесните души, тие се групираат само околу исти или слични на себе си. Тука на земјава на тој начин побрзо и полесно имаат шанса да научат и си служат едни на други. На тој начин им се дава шанса и на другите да отидат побрзо понапред духовно во текот на своето материјално постоење. Дали таа шанса меѓутоа ќе биде препознаена и правилно искористена се препушта на слободниот избор на секој поединец. Натамошна можна причина е дека иако некое лице духовно е понапредно од другото, тие се сеуште врзани од еден или повеќе гревови кои едни кон други ги сториле а сеуште не ги препознале и не ги исчистиле преку простување, молење за прошка и поправање на стореното онолку колку што е тоа сеуште можно.
значи јас сум била казанова во претходниот живот и затоа сега ми се враќа кармата - сега многу сум прибирлива и критична кон мажите))