Многу го сакам она удомување во локали кога можеш буквално сам да си идеш во кафичот и да си пивнеш пивце со шанкерот. А уште повеќе ми се свиѓа кoгa не си вдoмен, a се oсеќaш тaкa... . cheers, зa пријaтниoт персoнaл! M,
Nighty night world, потонав во убава книга и плус чоколадна каша од Виталиа. What a wonderful world!!!
Вечерва и утре ќе си докажам себеси дека можам. Ќе успеам. Утре е важен ден за мене. Верувам во себе повеќе од било кога. Патот до успехот е тежок, но не невозможен и успешно ќе го поминам. Можам јас.
Она кога од утрото не јадеш ништо, па потоа си правиш салата, и си велиш јадам здраво, супер. И доаѓа мајка ти и те прашува: Каков тост сакаш? Ветувам, од утре ке јадам здраво, ако не од понеделник. Си калкулирам и си велам: Ако купам од тие малите чоколатца што се, ќе се заситам, бидејќи неколку пати во текот на денот ми се пријадува чоколадо. А, знам дека ќе изедам едно, и нема да ми биде доволно и ќе ги изедам сите. Не, не ми е досадно, воопшто. И така, денес си барам чоколадо, а нема. Отворам фиока и едно мало со кокос, мх мх. Што убаво ми легна! Поздравче!
Сфатив дека една врска нема да опстане ако двајцата партнери се исти или слични по карактер. Едниот секогаш мора да е поактивен, а другиот пасивен и да не му смета кога премолчува работи кои му сметаат кај другиот. Научив на потешкиот начин...
Она кога уживаш во коцка чоколадо. Кога размислуваш да направиш нешто за себе. Не за другите, за себе. Зашто честопати знаеме да потонеме во секојдневните грижи. А времето потрошено на нас самите, никогаш не е бескорисно.
Се' повеќе сфаќав деκа сето ова вρеме додеκа се боρев да бидам силна само го баρав оној вистинсκиот. Оној со κој еднаш засеκогаш ќе си дозволам да паднам, знаејќи деκа сеκогаш ќе има κој да ме фати. И тоа беше тој."
Пред некој ден пијам кафе пред компјутер, уживам во малку слободно време, по навика отворам портали со занимливости и стигнувам до YouTube. Стандард си ја гледам Елен, малку да се насмеам, а меѓу новите видеа имаше неколку од интервјуто со Мишел Обама. На прашањето на Елен за тоа што ѝ недостига од нормалниот секојдневен живот, Мишел одговара: Да можам да го отворам прозорецот од автомобилот додека се возам. Притоа додавајќи дека тоа ќе биде првата работа што ќе ја направи кога повеќе нема да биде првата дама на САД. Неколку секунди се исклучив и ми дојде сцена во глава од Маврово. Летно време, се возиме низ шума, а јас уживам во убавината и сенките од високите дрва додека ѕиркам низ прозорот. Се сеќавам дека мајка ми секогаш ме караше кога ќе ја извадев главата надвор додека се возиме. А мене толку ми беше интересно. Се враќам пак на Мишел и си мислам: Колку едноставна работа, а колку може да ти недостига. Да отвориш прозорец додека се возиш. Или едноставно, да отвориш прозорец дома кога надвор времето е убаво и сончево. Некако, не им обрнуваме внимание на тие ситни задоволства додека ги имаме. Секогаш е така.
СДК дека сум многу мирољубив човек.По мек човек и некавгаџија не сте сретнале.Толерантна сум, трпам досадни и нападни луѓе, можам со секого да комуницирам, не ги делам луѓето. Но... Но.. се си има граница.Кога некој ке го прејде мојот ВИСОК праг, нека се прости од неговата безбедност во мое присуство. Не се карам и карањето го одложувам (ако мора да дојде до тоа) бидејки ми се ,,залемуваат,, клемите во главата и незнам што зборам, вреѓам и лоша сум. Баш една личност ми танцува на работ од трпението и кај и да е ке има циркус. Ако прочитате на насловна страна ,,РЕФЕРЕНТКА фрлила жена низ прозор,,...да знаете дека за мене се работи.
mi treba itno nekoj da mi resi edna zadaca po matematika neka mi pise vo lp epten ke bidam blagodarna ama pobrzo mi zavrsuva testot za 20 min
Дадено ти е да донесеш една одлука за момент. Твоите чувства одлучуваат побрзо од паметот.Снемуваш контрола. Се каеш.Во очите читаш сите што мислат за тебе.Те сметаат за чудак. Но,сега размислувам и повторно би постапила исто.Не ми е веќе ни гајле што мислат другите. Некој што ме сака,ке ме сака поради тоа што сум.Ако не му се допаѓам јас со моите особини нека си оди во мојот живот.Нека не ми се обраќа никој на кој му сметам. Не сум мирна,повлечена.Си имам свој начин и сфаќања за живеењето.Личност сум што не ја многу гајле што мислат другите за мене.Сега и тоа малку што ме беше гајле го отстранив.Не ме интересира бидејќи сеедно ке зборуваат и никогаш нема да им удоволиш. Срцке,вдиши длабоко и чекори цврсто.Цврсто и храбро.
Бидејќи мојот сакан мобилен почна да ми откажува послушност ,мајка ми решила да ме изненади и ми купила ЛГ на допир( се разбира ,без мое знаење).Ме изненади нејзиниот гест ,непријатно ,бидејќи сеуште не научила што сака нејзината ќерка ,а што не сака. А не сакам ,т.е. мразам телефони на допир. И за секунда низ главава ми прелета мисла ,како би било добро новиот мобилен да го има мојата слатка и кутра тетка ,која веќе деветта година со ред го користи застарениот Сони Ериксон к300и ,кој нема ни блутут! Ја навив старата ,онака со поусул ,да не се сети и телефонот и припадна на тетка ми! Колку само беше радосна ,и таа еднаш да има нешто ем ново ,ем свое ,ем модерно! А баш е таков тип на човек ,обожавател на новата технологија! И сега пресреќна ми се јавува по 300 пати на ден и ми вели - Чекај јас да ти исклучам ,да се научам како оди тоа ! И веднаш стигнала да го проанализира ,дури сликала слика од слика ,од мојот покоен тетин и си ја ставила на екран. Душенце мое лилјачко ,твоето маче е многу среќно за тебе
Блесна сонце и јас почнав да се сомневам дека формулата на пудрите кои ги користам е променета Ни четка ни бутур помага, на сред бел ден се' се познава. Огледалото во рака и туку го вртам да си најдам агол под кој нема да личам на стара збрчкана баба. Луѓето околу мене ми велат дека не сум арна, дека преувеличувам и дека треба некој скроз да ми се доближи за да види дека имам пудра. Не им верувам, освен за делот дека не сум арна.
МОЈА ТРЕТА ГОДИШНИНА НА ФЕМИНА!!! Пресреќна сум! Ми падна камен од срце кога дознав дека се` е во ред со резултатите. Сега не ми е ништо друго на памет освен да го загреам столчето и најдобро да ги поминам колоквиумите.
Глупи луге со кој памет ми бара скајп пфф не се нормални лугево во денешно време ....ни се знајме ни ке се запознајме некогаш тој скајп бара
Денес не знам кај сум со мисливе. Никого и ништо не гледам, само си плутам. Како нешто да чекам. Колешката 10 минути ми била во истата просторија...не ја забележав... и одма заклучок - тебе нешто не ти е добро? Нешто тешко ти е? Зошто бе мора да ми е тешко ако сум отсутна? Чудни луѓе. Може па и толку сум заљубена. Како нежно ми е се... еве не знам. Мојата сродна душа ме смее во наш стил и ми дава сила за сите планови. Нов договор за работа, нов договор за друга дополнителна... се чувствувам исполнето, ама темпото ќе биде...абе какво ќе биде? Убаво ќе биде. Си барав сама..и среќна сум со своите одлуки, предизвик ми се. Другарка ми ми е ни на небо ни на земја, ми оди да ја истепам и ми прави тензија.
Хах, а кој да знае?! Нема правила мислам ... Во една врска сигурно е само дека едниот секогаш ќе вложува повеќе и ќе е по активен, повеќе ќе мотивира ... Ама пасивноста на другиот партнер води кон разнишуавње на врската. Се' си има лимит.
Незнам што е ова моево,ама едно те исто си продолжувам Сега е 8:10, си велам ќе почнам во 8:20, гледам 8:25, еее сум задоцнила ќе почекам до 8:30, дошло 8:35.... И така цела вечер( и општо секогаш) си се залажувам за на крајот од денот книга да не сум фатила. ‘‘Тоа ти е, човек што кога ќе рече 8:30, 8:30 и ни минута подоцна, одговорноста да цвета‘‘ (ко ружа в бетон)