И јас сум таков канцелариски тип, како што викаат нели. И зелена ми е омилена боја, имам зелени завеси во собата и зелени детали. Сама си средив се пред Нова година и како за прв експеримент, навистина испадна фино. Сега веќе не се ни плашам за да експериментирам повеќе. Најубаво е така, со едноставни и неутрални бои; мене ми е заморно и ми се врти кога некоја боја ми е пренападна. Еднаш влегов во дневна со бордо детали и ми стана мачно и тешко, почна да ми паѓа притисокот и да ми се спие. Со душа чекав да си одам и цело време се прашував чија ли била таа брилијантна идеја, да се стави таква боја таму. Нејсе, кога ви фали нешто или чувствувате потреба за промена, најдобро е да се менуваат детали како завеси, перничиња и такви глупости. И јас не сакам украси кои фаќаат прашина (мразам местење и чистење), ама обожавам едноставни вазни од убаво стакло или со интересна текстура. Причина - непозната, едноставно имам такви периоди кога се приврзувам за глупави нешта. Затоа и ги спомнав. @MADO, мене многу ми се допаѓа, мислам дека навистина убаво ќе изгледа.
Ke se potrudam so pernici,sveki (inaku mnogu sakam sveki),mali crtani crepcinja, da najdam nekoja pogolema umetnicka slika,lampa i mislam deka ke go osvezam prostorot, Vo Skopje osven Jysk,Home Idea,kade da baram takvi stvari? Vi blagodaram
Во Џамбо има перници и свеќи, јас ги гледав пред некој ден. Сега не знам колку ќе најдеш перничиња убави(мали, големи имаше многу интересни и симпатични, а и имаше прекривки) ама за свеќи, има дефинитвно. А ако сакаш некој поголем украс оди на Пластичарска и разгледај може нешто ќе ти фати око.
Позади Градежен, ако не се лажам. Отприлика наспроти Кино Карпош. Како ти текна Кримсон, одамна не сум била.
Оти толκу ги хејтате тапетите моρе, јас паκ обожавам неκој убав оρигинален тапет во ентеρиеρот, само се согласувам си тоа деκа аκо не планиρаш да менуваш изглед на две години дефинитивно тапети тρеба да исфρлиш од планови.Јас κонκρетно најмногу мρазам κанцелаρисκи изглед, најмногу зошто сум човеκ што саκа антиκа, стаρ мебел нешто со душа, саκам уметничκи пρостоρи, си напишав κаκов дом си замисувам во соодветна тема, па ρади тоа сеκогаш одбегнувам бело сива κомбинација, но темно сива со цρна и темно дρво пρ дезен на оρев ми е совρшена κомбинација.Κонκρетно за случајов ќе κажам деκа зелената исто ми е совρшена боја за ентеρиеρи во κомбинација со дρугите земјени нијанси.
Тука е веќе работа на вкус. На пример јас сакам светли бои, па даб ми е совршен за ентериери, плус ми се допаѓа како изгледа и во комбинација со појаки бои. Секогаш цртам и препорачувам такви ентериери. За тапетите, зависи и какви ќе одбереш, ама многу е лесно да погрешиш со нив и можеш да го расипеш цел простор. Не мора да значи дека ако е едноставно и со помалку бои, ќе биде канцелариско. Не дека не може да изгледа фино, мене баш ми се допаѓа кога еден ѕид или дел од ѕидот има некаква апликација, или е во поразлична боја.
Тоа сеκаκо и јас саκам топли и светли бои, но за мој дом попρво би одбρала оваа κомбинација што ја κажав, јас дуρи си пρавам план во последно вρеме деκа κујната саκам да ми е мат цρна, луда сум по цρно значи, а κанцелаρисκи изглед не велам деκа не може да биде фин, може да изгледа супеρ за оноие κои саκаат таκов ентеρиеρ.А и ивеρκи со ефеκт на дρво има еден κуп, плус може и да се фаρбаат за да се добие посаκувана нијанса, лудница е денес што се може.На κρај сепаκ е битно што саκа κлиентот нели, тоа ни е ρабота и сите ќе бидеме баρани од неκого и ценети κон тоа целиме
Не е дека не ве прочитав, ама гледам сте достигнале компромис и сте се разбрале. Јас сум секогаш за детали во монотон ентериер, тие го прават просоторот, и обратно нормално во шарен простор монотон мебел. За мене детал е и прекрасен кауч или прекривка која ќе го направи каучот ДЕТАЛ во просторот, архитектите и дизајнерите во темава ќе го разберат терминот ДЕТАЛ, затоа е потенциран
Дали некој има искуство или совет за кујнска плоча од масивно дрво? На интернет се изначитав, ама во МК нема ни еден столар/фирма што ми рече нема проблем. Најдов фирма што ги продава, ама искрено сакам некој да ме разубеди да ставам дрво пошто од се што прочитав ми е некако страв најмногу од подувување на дрвото. Инаку за флеки, гребнатини од ножеви и слично, не му се замарам многу, тоа му дава убавина и историја на дрвото .
Јас сакам и ми се допаѓа како изгледа плотна од дрво, а што се однесува до надувањето тоа е подеднакво можно и кај класична плотна. Овие плотни кои се продаваат од дрво се третирани со импрегнант и не се дуваат така едноставно, нормално ако поминале низ таа фаза во обработката. Не знам за производителите на овие плотни кај нас, па затоа не би можела да ти одговорам за тоа, побарај од нив сертификати, види можеби и се квалитетни
Ајде и јас за еден совет.гарнитура,маса во крем боја.постолје за тв крем црвено.досега ѕидовите беа бели.сакам да сменам.дали со крем боја или да направам некој ѕид ццрвен.собата е 5*3.тв е на подолгиот ѕид карши гарнитурата.кои ѕидови да ги обојам крем?тие зад тв и гарнитурата или помалите?
Мое мислење е дека на тој простор баш и не можеш да играш со бои. Би ти препорачала да да размислиш за некој тапет и да дефинтивно некоја бордо боја, позади телевизорот, или пак да ти наслика некој нешто на ѕидот.
Како што ветив, слики од скоро комплетно уредената спална соба (фали само клупата/кофчегот со опција за складирање и седнување пред креветот) според предлогот на @AngelOfArh . Целосно го долови нашиот вкус и потреби за уредување на просторот. На жалост не сум профи фотограф и делот со светлината само на една слика беше успешно доловен, но се надевам се гледа одприлика. И за детската соба беа следени советите на Ангел, но секако само здравје и се да мине во ред, првен малата принцеза треба да ја испроба пред да споделам било што. Благодарам . Спојлер
Прво не прашувам кој е твој а кој на Германецот плакарот, знам Многу убаво дошло, прекрасно се поклопило се. Креветов ме потсеќа на приказната за принцезата на зрно грашок Многу ми е мило што сум помогнала
И мене исто дневната и кујната ми се заедно, мебелот на крем, а гарнитурата темно кафеава со крем, зидовите бели, па прво и јас сакав да ставам тапети, но после се предомислив и ставив зелени детали насекаде за да разбијам монотонија (зелено мало чаршавче на клуб масата, зелена прекривка на седечкиот дел од гарнитурата, зелена ламбичка, зелена вазна, голема уметничка слика со зелени кали на ѕидот, еден бамбус до телевизорот...) и многу е пријатно, топла атмосфера во дневниот престој . Прво се мислев меѓу зелената, виолетовата и розевата боја, но на крај се одлучив за зелената, баш ме одмара . Така да, се е во оние малите деталчиња што идат на крајот од средувањето
За туш кабина дали е подобро обично калено стакло или мат калено стакло? И дали висока акрилна када или ниска?