10 години Форум Фемина: Новогодишни пакетчиња за дечиња од име на целата заедница

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 11 декември 2019.

  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    1.191
    10 години, wow! :party: Фемина Форум стигна до двоцифрена бројка на роденденската торта. :^:

    На грижливо сетирана стаза, пред една деценија, започна „ефектот на снежна топка“ за кој сте заслужни буквално сите. Независно дали споделивте збор-два за првиот бакнеж, скршеното срце или ѝ честитавте роденден на виртуелна пријателка, раскажавте за долгоочекуваното породување, емотивната семејна драма или лошиот ден, си ги тестиравте нервите со политички препирки или побаравте совет за образованието, без да се штедите несебично дадовте препораки за разубавување, утешивте испаничена мајка или личност со хаотични мисли, визуелно го покажавте денешниот ручек, или пак, се забавувавте со меѓусебни игри, вие сте важно делче без кое мозаикот Фемина Форум немаше да биде така колоритен како што е денес.

    Зачудувачки е како замислата за креирање на инспиративна македонска онлајн заедница желна да споделува, едуцира, помага и дебатира стана реалност преку спектар на индивидуи кои умеат да мотивираат, охрабруваат и советуваат, но и критикуваат и иницираат промени. :bow:

    За да го одбележиме јубилејот, а во пресрет на новогодишните и божиќните празници, во име на целата заедница, би сакале да изненадиме дечиња чии родители копнеат, но финансиски не се во можност да обезбедат слатки подароци под елката.

    Доколку познавате семејство во незавидна финансиска ситуација, ве замолуваме пишете ни тука. Ние ќе подготвиме 20 пакетчиња и ќе им ги доставиме пред празниците. :l:


    [​IMG]
     
    Последна измена: 11 декември 2019
    На Ygritte, marinab, zolev и 192 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    21.146
    Пол:
    Женски
    Одличен гест :l:

    Има едно семејство за кое направивме хуманитарен event со една другарка али малку пари собравме и купи она само најосновно за да ја поминат зимава некако.

    Ептен би ми било мило ако успеете да им овозможите вакво нешто, детето е со посебни потреби и мислам дека ептен ќе се израдува.

    Ќе ви ги пишам податоците во inbox :hug:
     
    На SieloLuna, Aesc2000, Охрид88 и 50 други им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    64.653
    Пол:
    Машки
    Фемина ТЕ САКАМ :inlove: :l:
     
    На blady, Anie93, sj *O* и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    10.712
    Допаѓања:
    119.500
    Пол:
    Женски
    Неодамна гледав на Сител за едно семејство од Куманово со 5 малолетни дечиња кои едвај преживуваат и немаат што да јадат, а исто така и речиси немале каде да живеат, куќата им била во ужасна состојба, па имаше апел да се организира помош за нив.
    Мислам дека за овие дечиња ова би било одлично изненадување и гест, бидејќи можеби и никогаш не се израдувале вистински на новогодишните празниците поради состојбата во која се наоѓаат.
    Време е и они да ја почуствуваат празничната магија и приказната за Дедо Мраз кој што носи подароци и пакетчиња, зар не. :inlove:
    Сигурна сум дека ќе бидат пресреќни. :l:
    Во ЛП ќе ви испратам податоци. :inlove:
     
    На mime87, душленце, blady и 35 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    19.505
    Пол:
    Женски
    Може ние како членови секој доброволно да испратиме на некоја адреса и фемина да се погрижи да ги достави.
    Така би се собрале повеќе пакетчиња.
     
    На GirlLove, blady, LittlePinky и 61 други им се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    26.184
    Пол:
    Женски
    Баш нешто слично сакав да предложам.
    Кој е во можност да испратиме и Фемина да ги достават.
    Мислам дека би било фино да ја покажеме хуманоста и емпатијата на дело, а воедно би израдувале и повеќе дечиња. :)
     
    На blady, Anie93, sj *O* и 28 други им се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ми се допаѓа Фемина Форум и нејзините членови! :l:
     
    На Luni, Rama, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Meckicja

    Meckicja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    6.288
    Пол:
    Женски
    Forumot e prekrasen
     
    На Rama и Xana1318 им се допаѓа ова.
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    12.470
    Пол:
    Женски
    Друга опција е да се пушти трансакциска за донирање и фемина да се погрижат да купат со тие пари повеќе од 20 пакетчиња.
    Подобра опција е бидејќи наместо да платам 100ден за карго ќе ги донирам и ќе стават плус две чоколади во некое пакетче за тие пари.
     
    Последна измена: 13 декември 2019
    На SummerGirl12, bibiiii, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.083
    Допаѓања:
    64.713
    Пол:
    Женски
    Браво Фемина :clap: Јас познавам едно такво семејство со две дечиња на кои им донирам облека, играчки, од мене и моја пријателка, па би ми било драго на тоа семејство да им се подари, две мали дечиња се од 4г и 2г :inlove:
     
    На Melinda1985, CameliaMiller, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.083
    Допаѓања:
    64.713
    Пол:
    Женски
    Сум згрешила, малото е 1год!
     
  12. Someday

    Someday Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Јас сум за ако може да се отвори ете некоја трансакциска сметка или број па таму да донираме кој колку може. Верувам дека така ќе се соберат повеќе пари за повеќе дечиња.
     
    На Rama и Purplelilac им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    17.941
    Пол:
    Женски
    Дедо Мраз сепак постоел :inlove: . Браво Фемина за овој преубав гест , воедно и среќен роденден , да ти се множат годините форуме :D . Јас познавав две вакви семејства , меѓутоа , децата сега веќе се возрасни и вработени :) . Инаку , деца има многу , особено Ромчиња кои питаат по тетовските улици и кафичи . Не им знам адреса , ниту дали воопшто имаат каде да спијат :( . Јас секогаш кога имам им давам по нешто ( најчесто сочувана или нова облека од децата мои , бидејќи има и доста мајки што со себе ги носат своите бебиња и мали дечиња ) , пари или храна , па не ретко и облека што мене ми е мала или не ми треба . Ако дознаам нешто за овие деца , обавезно ќе ви пишам податоци во порака .
     
    На Rama, Purplelilac и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.311
    Допаѓања:
    90.943
    20 пaкетчињa, немoј дa се истрoшите мнoгу |(
     
    На oblace1, LittlePinky, mal.ecka и 16 други им се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    7.318
    Пол:
    Женски
    Абе убаво ова, ама лоша финансиска состојба на семејство, со пакетче не се подобрува.
    Подобро 20 пакети со храна за цело семејство да протурка некој месец, одошто чоколатца.
     
    На Lattina, Rama, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    5.621
    Допаѓања:
    113.836
    Пол:
    Женски
    Абе најдобро е две-три операции да платат, на дечиња кои мора да се оперираат во странство, ама си кажа врвот.
    Во можност се да подарат 20 новогодишни пакетчиња, а тоа се околу 50 евра во пари.
    Какви пакети со храна , какви чудесии.
    А сите ние кои сакаме да донираме, помогнеме и усреќиме некого, никој не ни брани. На ФБ секојдневно излегуваат објави со апел за собирање донации.
    Има каде да ја покажеме хуманоста:l:
     
    На Lattina, Oxymoron, Melinda1985 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. T.G.

    T.G. Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Femina te obozavam!!! :*
     
    На Rama и fina erika им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    35.632
    Пол:
    Женски
    Ептен скромно како за 10 годишнина.
     
    На oblace1, LittlePinky, SexiLy и 9 други им се допаѓа ова.
  19. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    11.226
    Пол:
    Женски
    ФЕМИНА ТЕ ОБОЖУВАМММММММММММ!!!!!!!!!!!!:l:
     
    На Rama, Milobebence, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    56.568
    Пол:
    Женски
    Не е битно колку ќе бидат ,битен е гестот и нештото направено од срце:l:
    ФЕМИНА уште многу успешни години ви посакувам:party:
     
    На CameliaMiller, Trxmx, Rama и 9 други им се допаѓа ова.