Подобро од камилица е чај од жалфија.Делува антисептички.Само што јас едвај се изборив со проблемот во мојата глава-ако не запени не е чисто.Сега се навикнав на чајот од жалфија,нема носење на секојдневни влошки,освем последните денови на менструацијата,и еднаш месечно со сода бикарбона.Памучни гаќички кои ги пеглам обавезно и тоа е тоа.
Како не сексуално активна, гинекологот, ми рече надворешно да ја ставам кремава, за бело прање. Некако не ми помага, ама планирам сега една целосна депилација, и потоа секој ден со сода бикербона да се мијам, плус канестенот. По два пати на ден. И се андевам ќе се сотре прањево
^Нео пенотран се викаат вагиналетите кои лекуваат широк спектар на бактерии и се стварно ефикасни. Е сега се согласувам и дека убаво е од време на време да се користат бетадин вагиналети и исто многу добри се кантарион вагиналетите. Канестенот е за габични инфекции.И се користи исклучиво доколку белопрањето е бело и без мирис. Во спротивно, знаеме правец на гинеколог. Тоа е што се однесува до медицинските помагала. За камилица обвивките сум за, но исто е убаво и почесто со содабикарбона. Порано користев интимни гелови, но сега сум исклучиво со благата бебешка купка на Корин де Фарм.
^DeMelo Полигинакс се викаат конечно ми текна да ја прашам мајка ми што ми давала Ги има во Зегин,јас ги имам користено нормално по препорака . Имам користено и канестен вагиналети,но воопшто не сум задоволна од нив.Прво не се толку ефинкасни како Полигинаксот,второ ми се напраи алегија од канестенот се одрав од чешање по рацете после тоа. Така да канестен коа ке се спомне ми се крева косата на главата. Со сода никогаш сум слушнала за измивање и не сум практикувала,така да немам некое посебно мислење за тоа. Исто интимни гелови мајка ми никад не ми давала да користам,така да секогаш доле се мијам со камилица и бетадин,бидејки и од обичен сапун се ствараат инфекции и не се препорачува да се користи на интимни места. Исто така и дневни влошки не препорачуваат бидејки не може убаво да дише кожата кај невестичето па се ствара подлога за бактерии и вируси. И за крај и тампони не користам,бидејки памтам примариусов што е на гинекологија еднаш на мајка ми и рекол дека не препорачува тампони,бидејки ја задржувале нели крвта внатре,и тоа исто создавало услови за инфекции и болештии. Се надевам помогнав колку-толку. Иначе еве слика од Полигинаксот.Во Зегин мислам дека се околу 400ден.
Micheleljubov не чини секој ден со сода, мене мајка ми само ми писка за содата не чинела никако секој ден и сеа ќе зеам хиперманган као било каде каде подобро. Плус ја иам читано Анат дека нечини секој ден со сода, ја нарушувала пх предноста на вагината. Така да, хиперманган плус чај од камилица или жалфија, и други ми го имаат зборено. За кремава незнам, ама еве и ти викаш дека не помага. Бедтадинот за дезинфекција се користи така? Може и педатин како замена за кремава. Аман више од овие женски проблеми, аман.
Не се жали, не си ми во гаќи, не знаеш што е за аман. Веќе можеби две три години ми се случува ова, и наводно, се е од „настинка“. Ама неможе у лето минџава да ми е настината. Во лето ли со шал да ја мотам? Незнам што чаре да најдам, приморана сумд ва пати дневно да ја мијам, мачкам, тинтрам. Дури некогаш мислам дека ме заебава намерно, оти и фали „внимание“ кхм кхм. Од утре понеделнички, ќе почнам два пати на ден да се мијам со камилица. И плус, како што ми кажа гинекологот, морало во хулахопчуња памучни, сукњички да носам, бидејќи фармерките ја затегале. Мојава како величенствена да е, се нешо сака. Од друга страна нели во сукњата ќе и фури? Ако ја донастинам? Мора да сменам гинеколог. Иако само за муабет одам.
Micheleljubov ако си склона кон настинки или пиеш често антибиотици и од тоа може да ти е маката.Нареден пат кога ке настинеш а и не само кога ке настинеш пиј Б-комплекс за да ти го појача имунитетот. Со ваков редовен третман би требало да ти ги снема проблемите,штом не си сексуално активна.
Јас се мијам со нане. Во едно шише од литар вода пуштам нане внатре и го оставам така еден ден. Наредниот ден му додавам малце сол пошто е добро за кожата , го мешам и се мијам. После тоа преубаво мирисам мх мх.
Прв пат слушам за ова, знам дека го користат родилки за раната . А не како превентива , мислиш на бетадин што се користи за рани , или некој посебен има за интимна хигиена ? И колку често се користи ?
Обичен бетадин.Многу е ефикасен при спречување инфекции како и при лекување. Јас го користам 2-3 пати неделно.После туширање на памук ставам и се премачувам и однадвор и одвнатре и до сега фала богу не ме спотерала инфекција некоја од типот на Кандида.
^ Тој е за рани, знам од претходната контрола на гин. докторот мене внатрешно ме изнамачка Иначе, за тие редовно што маки си имаат, работете комплетно на имунитетот, зашто ако се третира само местото, а вие пак сте слаби, повторно ќе се појавува проблем. И памучни гаќи, по милионити пат
Океј е ова што го пишува, но еве би додала нешто. Баш пред некој ден читав на нет (а и порано сум читала) дека важно за хигиената е да не се отстрануваат влакната. Да, знам што ќе помислите, дека изгледаат неубаво, но нели не се дадени тие за џабе... Штителе од инфекции. Ако го најдам линкот ќе ви го постирам.
Така е. Повеќето мажи и жени мислат дека похигиенски е да се депилираат влакната, но природата ги создала да бидат таму со некоја специјална намена. Исто како што веѓите и трепките се влакненца на лицето кои ги заштитуваат очите од прашина, микроорганизми и пот, така и интимните влакненца штитат од микроорганизми. Од мое искуство имам приметено дека после бразилска депилација, првите два дена премногу ми се лачи вагинален секрет. Како да препознава телото дека нема друга заштита.