1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

10 нешта од кои ви е дојдено преку глава

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lolipop23, 29 мај 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.299
    Пол:
    Женски
    Еве овде можете да ги напишете работите кои ве нервираат и од кои ви е дојдено преку глава. Ајде баш да видиме дали ќе има работи кои ќе се поклопуваат :)
    1. Преку глава ми е од Фејсбук
    2. Преку глава ми е од луѓе кои ме осудуваат, а не ме ни знаат
    3. Преку глава ми е од луѓе кои цел живот земаат, а ништо не даваат
    4. Преку глава ми е од глупите Грци кои мислат дека можат да не држат во раце
    5. Преку глава ми е од овие природни катастрофи и несреќи што се случуваат низ светов, па почнав многу да се плашам
    6. Преку глава ми е од тоа Македонија секаде и секогаш да е на последно место. Еве пример на светсково од што нема за кој да навиваме, па бираме некои сосема трети репрезентации колку да ни биде интересно
    7. Преку глава ми е од тоа што секогаш само по една ме зафркнува на ливче
    8. Преку глава ми е од непотребни работи што се учат на факултет, сместени на фини 300 странички
    9. Преку глава ми е од татко ми кој цел живот очекува нешто од мене и секогаш е незадоволен
    10. Преку глава ми е од детишта кои излегуваат на места за возрасни, па и вечева ќе треба и нив да ги гледам
    Уф, имам уште многу за што да пишувам, ама ајде ќе речете дека многу се жалам
     
    На LadyC, Budala225, rebellious.glory и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со
    1,2,3, 5, 8 само на училиште,
    + преку глава ми е од озборувања и луѓе кои што сакаат секаде да се мешаат кај што не им е место
    преку глава ми е од од 8 часа на школо и тука спаѓа станување рано пред петлите.
    преку глава ми е од луѓе кои се прават нешто што не се и се замислуваат кој знае што
    _||_ лицемерие , злонамерност и љубомора
    _||_ од тоа секој месец да ми иде на гости онаа теткана во црвено, па да не може човек на раат да вежба. :)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Супер тема :y:

    ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД:

    1. Машки мамини галеничиња, плачковци, нафурани типчиња без никаква идеја за себе и светот околу нив (+ лажговци)
    2. Животот со родителите. Си ги сакам, ама што е доста - доста е, најмногу би сакала да си живеам сама
    3. Несуредени девојки + фактор намуртеност = вечно жалење зошто никој не ги загледува :^)
    4. И мене ми е преку таквото од Фејсбук. Кај и да е, ќе се решам од него, ужасно ми кине живци во посл. време
    5. Од т.н. "зачинки" - луѓе што се мешаат во сечија манџа и си го пикаат носето таму каде што не треба
    6. Чекањето на ред за еден обичен пасош! Кај го има ова, освен во Македонија, држави 10 пати поголеми не чекаат година и пол да се сликаат за патна исправа |(
    7. Излегувањето во овој град. И пак се спремам, и пак се нервирам зошто е толку досадно, пак излегувам и се враќам секогаш скисната (+ преку глава ми е од луѓе што солат памет како САМ можеш да си направиш да ти е убаво, не можеш да им објасниш дека си излегуваш ТОП и позитивен, а се враќаш кисел :doh: )
    8. Немањето никогаш доволно пари да се купи се' што се сака, потребата се' уште понекогаш да се зема од родителите и вечниот одговор "Еве за две недели ќе дојде 1ви" ???!!! :@
    9. Луѓе кои еднаш биле "изгорени" од љубов и сега се обидуваат да ви ја појаснат мистеријата на универзумот - Како Љубов не постои, како никој не знае да сака и се прават ладни, нечовечни, недопирливи, силни, надчовечни т.н. Богови без емоции, фрижидерчиња едни, :lol: а дома рикаат под перницата кога никој не ги гледа
    10. Од претходните 9, сфаќам дека во принцип најмногу ми е дојдено преку глава општо од ЛУЃЕТО, станаа изопачени, злобни, лажговци, а за сметка на тоа се' повеќе отупавуваат и се занимаваат со тривијални работи во овој живот.
     
    На Angela12345, Natali.3, thesweetesttaboo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Klara20

    Klara20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    AAA isto isto ! ne bi dodala nisto :)
     
    На mamas и praski4e им се допаѓа ова.
  5. medicinarce18

    medicinarce18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    totalno se slozuvam so vas a vo vrska so facebook =] jas nemam =] da da edinstvena u klas u drustvo so nema ama....mene toa mi e ..... glupost na denesnicata =] site mi vikaat da napraam but I said no no no =]
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Трендафилка скоро се има кажано од што и мене ми е преку глава во животецов...Преку глава ми е буквално од се! :envy:
     
  7. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Mene se mi e vo red!:)
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Некогаш си викам па добро ми е , ништо не ми фали во животот , но во моментов .. не знам како издржувам.
    1. Преку глава ми е од тоа да гледам среќни семејства , а јас татко ми на секои неколку месеци да го гледам. Не гледаат другите што имаат околу себе.
    2.Преку глава ми е од тоа што за мајка ми сум мрзлива , со лоши оцени. И покрај тоа што завршувам одлична , за нејзе синот ќе и биде најдобар..
    3.Преку глава ми е од професори - продадени души.
    4.Преку глава ми е од тоа што помагам на сите , што им верувам на сите , а завршувам со завртен грб од нивна страна , недоверба и неблагодарност.
    5.Преку глава ми е од караниците со дечко ми. Исто така од неговата недоверба, не му правам ништо лошо. Не сум таква каква што ме мисли , многу подобра сум.Не знам да изразам тоа што чувствувам , ама се трудам.
    6.Преку глава ми е од школото , се е неправедно , сакам да го завршам веќе еднаш.
    7.Преку глава ми е од ова доба на мојот живот . Имам подобри планови за периодот после 6-7 години -Нека дојдееее!
    8.Преку глава ми е од сите околу мене , што ме лажат , што не ми веруваат , што ме нервираат.
    9.Преку глава ми е од килажава моја. Не знам како да се здебелам .
    10.Преку глава ми е од менструацијава.Како да умирам кога добивам .. смртт.
     
    На simpaticnaa, Bubbles92 и praski4e им се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Од препотентни луѓе кои мислат дека знаат се, кои се најпаметни и кои се лутат веднаш ако не е по нивно. Па мајката бре, колку сакаш биди паметен, секогаш ќе се најде некој попаметен од тебе.
    __________________________________________________________________
    Знам дека една работа напишав, ама некако инспирација ми дојде :lol: Морав да се испразнам.
     
  10. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    1. Преку глава ми е од тоа да сум ТУКА за секогу а за мене никој да не е
    2. Преку глава ми е од лицемерни, дволични, себични, искористувачи, луѓе кои мислат дека се препаметни и дека светот се врти околу нив
    3. Преку глава ми е од таканаречени мангупи кои назнаат ни да се однесуваат и намаат општа култура
    4. Преку глава ми е од градов што нема каде да се излезе и ништо интересно не се случува
    5. Преку глава ми е од 13-14 годишни деца кои изгледаат како да се 10 години постари
    6. Преку глава ми е од родителите кои освен да ме критикуваат незнаат друго :@
    7. Преку глава ми е од одредени професори кои незнаат да предадат лекција а не па да отценат ученик + пишуваат незаслужени оценки.
    8. Преку глава ми е од НЕГО што си игра топло-ладно со мене :angel:
    9. Преку глава ми е од тоа што не си го гледаат сопствениот живот а го коментираат мојот :@
    10. Преку глава ми е од тоа да се нервирам за глупости секој ден |-)
     
  11. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Значи темата требаше да се вика 100 нешта ....зошто 10 за мене се малце :)
    1.Дојдено ми е преку глава од безобразие,лицемерие во стилот здраво срцка како си ( правење само лице а потоа оговарање зад грб)
    2.Дојдено ми е преку глава од турбофолк музиката која ечи од сите страни..
    3.Дојдено ми е преку глава од простотилокот на луѓето и нивната безобзирност.
    4.Д.м.е.п.г.од немањето пари (али студентски живот тоа е )
    5.Д.м.е.п.г.од преземањето на лични заслуги и наградување на оние кои не заслужиле.. :envy:
    6.Д.м.е.п.г.од шмизлите и такозваните пуфли шо ги гледам низ град :puke:
    7.Д.м.е.п.г.од лошото време и постојани врнежи(е што да правам кога ме иритираат) :)
    8.Д.м.е.п.г.од целулитот ,аман веќе со негооо :@
    9.Д.м.е.п.г.од комшивките што ѕиркат од зад перде за да видат со кој си,како си!Аман веќе еднаш!
    10.Д.м.е.п.г.од намќорести продавачки и сл.
    Хехехехе па што да правам мн нервен човек сум :D хихихи
     
  12. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е
    1. од мајка ми која мисли дека све знае,и што и да направам во животов пак ќе и биде малце
    2. од лицемерни луѓе,а за жал сум опкружена со такви
    3. од немање пари
    4. од овој глуп факс
    5. од дечко ми,неговата љубомора и неговите испади на хистерија
    6. од баба ми и дедо ми кои само мислат како да се отарасаат од мене (да ме омажат)
    7.од луѓе кои обожаваат да ми се мешаат во животов како јас да не знам што е најдобро за мене
    8.од прости и затуцани луѓе
    9. од комшиите
    10. од симпатијата нека се изјасни више еднаш што сакада има со мене
     
  13. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    да дополнам исто така ми е преку глава од луѓе кои не знаат да ценат што све добро си им направил во животот и колку работи си жртвувал за нив колку пати си им помогнал,а само една мала грешка да направиш ќе ти ја памтат цел живот и постојано ќе ти ја набиваат на нос
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    1. од неблагодарни луѓе кои не се сеќаават не ништо? :^)
    2. од домашната ситуација
    3. самобендисани лица |( алооо па поубава сум бре од вас па не се перчам :rofl:
    4. од напорни ситуации
    5. од тоа што немам доволен џепарлак во последно време
    6. од тоа што секогаш по 5 часа стојам пред гардеробер и мислам што да облечам
    7. од сестра ми која нема навика да се пресоблече кога си иде од некаде, страшно ме иритира
    8. од лаги
    9. од постојана досада во моето секојдневие
    10. од тоа што сите ги ставам пред мене за да не бидам повредени :@
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.310
    Допаѓања:
    200.548
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе успеам да набројам 10 нешта, а ако успеам, тогаш значи дека нешто навистина не е во ред...

    Преку глава ми е од постојано одбивање на моите барања за постојана работа (ало, зошто бре за се треба врски?!);

    преку глава ми е од тоа што постојано слушам дека треба да си најдам работа (ко да не знам дека треба);

    преку глава ми е од злобни и лицемерни луѓе кои не бираат средства да ти го загорчат животот;

    преку глава ми е од седење дома;

    преку глава ми е од тоа нонстоп да им помагам на другите, а мене кога ми треба нешто никој не е тука;

    преку глава ми е од тоа што сите очекуваат од мене без приговор да прифатам се што ќе ми се каже, без оглед на тоа дали мене ми одговара или не;

    преку глава ми е од Скопје, сакам дома во Охрид!
     
  16. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    36
    плус преку глава ми е од мајка ми што постојано ме тера да се мажам, аман веќе :(
     
  17. Kaliope

    Kaliope Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    1. Преку глава ми е од FACEBOOK :@ али никако да решам да го декативирам
    2. Од глупавото време 1 јуни , а како 30 септември е :@
    3. Од лицемрни луѓе и озборувачи , опкружена сум со такви
    4. Од македонската поп музика сум ептен разочарна
    5. Од девојчиња што ги прчат муцките и се сликуваат на огледала и после на фб и коментарите срцка си , супер си ... :puke:
    6. Рано да стануваам
    7. Оние Copy , paste луѓе :@ да не видат нешто |(
    8. Преку глава ми е од предметот музичко и сите тие глупи ноти и скали
    9. 7ми час во петок , бреј луѓе ПЕТОК Е АЛОО |(
    10. Кога некој се смее за глупости " :rofl: "
     
  18. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Баш истото :clap:
     
  19. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    1. фацебоок
    2. Тоа што сум сингле речиси цел живот, а дури и не се замарам со тоа на моменти. Само фантазирам и се оддавам на кариера и дополнително образование, и остварување на моите соништа...
    3. Лицемерието кое го има наоколу
    4. Спонзоруши, а од ново/скоро и оние дојдените од страна за кои веќе сфаќам дека дошле да се омажат со приоритет, меѓу другото
    5. Озборувањето
    6. Дупките по улиците
    7. Тоа што нема работа, воедно и јас
    8. Исфрустрирани луѓе
    9. Каква е целата ситуација со државата
    10. Глупите машки што не знаат да препознаат момент и личност
     
    На Ноах-/ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    1. Од времево! по цели денови ме боли глава, дај веќе да заличи на лето. :rain:
    2. Од мајка ми што е напната да учам за матура!
    3. Од дремење на компјутер од досада. особено нели фејсбук, што планирам да го бришам најкасно за една недела.
    4. Од телевизијава, одн.од програмата на тв. Преку глава од дебилните реклами!
    5. Од “другарки“ што се другарки само коа нешто им треба.
    6. Од фактот што ми е истечен пасошот, а ќе го добијам во јули(се надевам), и ќе треба во Август на одмор да одам! :headbang:
    7. Од глупите антибиотици што ги пијам, зошто ми се преладени бубрезите :headbang:
    8. Од празни муабети...
    9. Од размилувањето каде на факултет! не знам, стварно не знам..
    10. Од тоа што моите другарки ги купуваат работите што ми се свиѓаат мене :@ и што сите наеднаш сакаат тетоважи да си стават! Имитатори!
     
    На Ноах-/ му/ѝ се допаѓа ова.