Ајде психо-терапија Од многу многу работи, на жалост... а што се вели иднината е пред нас 1. Од глупа монотонија, 2. Од трагичната вистина дека не се може се кога се сака.. , 3. Од користољубиви личности кои си водат рачун само за себе, 4. Од чувството кога мислиш дека си безвреден, 5. Од лица кои (не)намерно те повредуваат со зборови... (Зошто не се барем малку внимателни?), 6. Од невработеност , 7. Од пуста немаштија и постојано плачење *Зошто требаше баш вака да биде?*, 8. Зошто баш јас?, 9. До кога ќе се лажемеееее?, 10. Од нашата држава! Сакам да сум во огромна метропола и да си живеам како јас што сакам! Спојлер Кој ќе ни одговори на прашањата? И ајде ќе бидам малу оф топик, ама морав да искоментирам... (однапред се извинувам) забележав на повеќемина дека им е преку глава од фејсбук... луѓе бришете го и завршена работа, нит статуси, нит слики у веце, нит шмизли, фејк пријатели, фалбаџии и слично. Самите сте си криви, ако ви е преку глава ете ви го решението. Или како мене, ставете си една слика колку да се знае кој сте, пријатели само блиски (real, not fake ) и тоа е тоа. Вака и нема да ве нервира ништо.
Хмммм преку глава ми е од: 1. Од фуфи кои глумат "светици" 2. Од тоа некој да ми кажува како да го живеам сопствениот живот. 3. Од тоа кога сакам нешто да имам а нажалост некогаш неможам да си го дозволам. 4. Да барам пари од дома . 5. Од офкање и лелекање. 6. Од монотонијата. 7. Користољубие. 8. Од непотизам. 9. Од неписмени вработини во државни институции каде поради тоа што тие се неписмени ти неможиш да си завршиш работа. 10. Од рекла-казала.
Преку глава ми е од Фејсбук Преку глава ми е од луѓе кои цел живот земаат, а ништо не даваат Преку глава ми е од овие природни катастрофи и несреќи што се случуваат низ светов Преку глава ми е од непотребни работи што се учат на факултет, сместени на фини 300 странички Преку глава ми е од детишта кои излегуваат на места за возрасни (какако на пр.претходната недела глеам шестооделенки излегле некои си клубови,ко да се 18 годишни )
1.Преку глава ми е од љубоморни кучки кои сакаат само да ја расипат туѓата среќа 2.Преку глава ми е од тоа што сум сама кога ми е најтешко 3.Преку глава ми е од богати мамини синови 4.Преку глава ми е од тоа секогаш јас да бидам таа повредената 5.Преку глава ми е од тоа секогаш јас да бидам крива за се 6.Преку глава ми е од наставници кои само лечат комплекси на мене 7.Преку глава ми е од прости луѓе кои незнаат два збора да сврзат 8.Преку глава ми е од седмоодделенки и осмооддесленки кои само плачат по фб 9.Преку глава ми е од лицемерни луѓе 10.Преку глава ми е од учење од школо од се ми е преку глава Ааааааааааааа
1. Преку глава ми е да ги грицкам ноктите. 2. Преку глава ми е од школото. 3. Преку глава ми е од "женски" што сакаат само да ти наштетат 4. Преку глава ми е од дволични луѓе. 5. Преку глава ми е од политика, вести...бла,бла. 6. Преку глава ми е од тоа што мора да станувам у 7 сабалје, и неможам да се наспијам после. 7. Преку глава ми е кога ми кажуваат лекции за тоа како да се понашам, по сто пати. 8. Преку глава ми е да си ги пукам прстите. 9. Преку глава ми е да седам на школо 8 саати на едно исто место. 10. Преку глава ми е од работите што не се по мое
1.Преку глава ми е од него. 2.Преку глава ми е од Фацебоок. 3.Преку глава ми е од протезиве. 4.Преку глава ми е од училиште. 5.Преку глава ми е од Вероника(од моето одд. е и сака да ни го растури пријателството). 6.Преку глава ми е од тоа што живеам во оваа глупава Македонија. 7.Преку глава ми е од љубомора. 8.Преку глава ми е од тоа што за мама сум мрзелива. 9.Преку глава ми е од проблемите дома. 10.Преку глава ми е од СЕ!
Преку глава ми е од утра и станување рано. Преку глава ми е од Електро и од пар уфилмани дебили што сум приморана да ги гледам таму секој ден. Преку глава ми е од сељаци шо тропаат глупости на фејсбук, а уствари си мислат дека се многу јаки. Преку глава ми е од тоа шо стално некој ми мудрува и мора да е по негово, а на крај пак ја испаѓам во право. Преку глава ми е од шмизли, мамини синчиња, и теткици заглавени во пубертет. Преку глава ми е од негативци шо му се муртат на цел свет ако не им е денот. And last, but not least: ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД ЛУЃЕ ШО ПОСТОЈАНО СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ОД СЕ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА!
1.Од луѓе што постојано се жалат како немаат пари за ова или она ,божем јас имам повеќе. 2.Од негативни луѓе 3.Од студеново време. 4.Од хроничен недостаток на слободновреме. 5.Од луѓе сто кога ќе ти дојдат на кафе бараат да им ја пуштиш омилената серија.
1. Од германски, а тек е почеток, прв проклет семестар. Ќе почнам да молам некој да ме земе таму на година-две, друг начин да го научам не гледам. И ауф и мауф и дер и дие! 2. Ладноооооо време, зашто нашите мили мали куќички не можат да се стоплат. Па си мрзнам како пингвинче, а размислувам и да си облечам хулахопки и ролка. Тоа го правам само за време на поларни студови. 3. Преку глава ми е и од немањето некоја желба за дружба на ладново, некако сите не фаќа мрза, сите дома си седиме свиткани со ќебенце и убаво ни е. Ама тоа мрзата е опасна работа, морам да се активирам на некој начин, физички мислев. 4. Од колеги кои ти се обраќаат со КОЛЕШКЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, може да ми ги дадеш одговорите да ги исфотокопирам ??! - Не може. Седни си и најди си ги, амеби едни! 5. Од секоја година, истата приказна за НГ. Јас стварно сакам и китење и елки, снег не, ама кога ќе почне да се планира НГ, ме фаќа една нервоза, шта да вам причам. Сум со некој заден, Б план, ако не успее ништо, ќе си одам да чекам со баба и деде, со топли кифлички и вангла руска салата. Најубаво ќе си поминам, да знаете. Па добро, не можев 10 работи да избројам, добра сум значи.
1.Од радознали луѓе 2.Од луѓе кои го пикаат носот во туѓи работи 3.Од љубоморни суштества 4.Од дволични луѓе 5.Од злоба и завист На кратко од лоши луѓе ми е дојдено преку глава...Да се пази човек од сите страни
...Бидејќи се сложувам со ова од горе и на ова додавам еден збор само ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД НЕЛУЃЕ пошто тие се оние кои ни прават се да е тотален ужас.
1.Преку глава ми е од училиштето 2.Од фејсбук 3.Од дволични луѓе 4.Немање доволно пари 5.Од патувањето 6.Од негативни луѓе 7.Од математика 8.Од отечување на прстите 9.Од мозолчињата 10.ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД СЕ !!!
Преку глава ми е од: 1. Луѓе што ги изневеруваат најблиските (сопруг, сопруга, дечко, девојка) 2. Нервоза 3. Луѓе кои солат памет 4. Тоа што сум невработена 5. Луѓе кои викаат ваков-таков тубо фолкот, а ги знаат сите турбо фолк песни, и се кршат по свадби. 6. Неписмени што имаат високи позиции 7. Луѓе кои не ценат ништо. Нон стоп да им вршиш услуги еднаш да одбиеш, не чиниш. 8. Надуени и искомплексирани личности, шмизли,... 9. Луѓе кои се лигават 10. Луѓе кои ветуваат и се фалат и ништо повеќе
1. Разговор за пари 2. Карање за пари 3. Жалење за пари 4. Опседнатост со пари 5. Расположението некому да зависи од финансиската состојба 6.Мислење само на пари 7.Пари 8.Пари 9.Пари 10.Ебани пари!!! Знам дека парите се еден важен дел од животот, ама побогу, ако уште еднаш го чујам тој збор мислам дека ќе се убијам!
1. Математика 2. Професорката по математика 3. Синус, косинус, тангес, котангес, квадратни равенки и се друго. 4. Тамара 5. Јадачи на го*на (Тамара) 6. Луѓе кои не знаат да си ја затнат устата кога треба (Тамара) 7. Луѓе кои си даваат дозвола да навредуваат други личности без никаква основа (Тамара) 8. Тамара 9. Тамара 10. Тамара Мислам дека е јасно кој најмногу ми е дојден преку глава.
1. Рано станување наутро. 2. Од тоа што незнам и немам каде за НГ 3. Од секојдневието. Секој ден едно исто па исто!!! 4. Од мозолчињава по лицето, грбот и рацете кои никако неможат да се залечат. 5. Од дебелеење. Секој ден станувам се поголема и поголема. 6. Од тоа што секој ден јас си немам што да облечам. 7. Од мојата коса која се мрси во рок од 2 часа и имам прша со лопата да ја вадам. 8. Преку глава ми е од тоа што немам кај да излегувам, сегде ме сопираат на врата: НЕМАШ 18 Па одете у пм.... 9. Од слабите отценки во училиште, а ме мрзи да учам 10. Од СЕ!!!!