1. Преку глава ми е од турбофолк! 2. Преку глава ми е од луѓе кои те бараат само кога им треба нешто! 3. Преку глава ми е од прости и некултурни! 4. Преку глава ми е од моите 2 кг вишок (никако да ги симнам ) 5. Преку глава ми е од лигави особи! 6. Преку глава ми е од шмизли кои си мислат дека се најпаметни и најубави, иако не знаат да сврзат ни една реченица... 7. Преку глава ми е од луѓе со типичен балкански менталитет според кои на жената кариера и е фамилијата, а мажот е господарот! 8. Преку глава ми е од жешкото! 9. Преку глава ми е луѓе на кои полесно им е да ме осудат отколку да ме разберат! 10. Преку глава ми е од негативната енергија која владее во ова општество!
1.Преку глава ми е од оваа жештина. 2.Преку глава ми е од немање пари,од стискање и чудење на што попрво купам со она што го имам заштедено. 3.Преку глава ми е од караниците со дечко ми,од тоа секогаш јас да сум крива за се 4.Преку глава ми е од овој град, од истите самобендисани,лигави и прости фаци. 5.Преку глава ми е од оваа дневна рутина,секој ден тоа па тоа,амн веќе. 6.Преку глава ми е од оваа соба.Сакам конечно да ми ја средат новата. 7.Преку глава ми е од постојаните кавги на моите дома. 8.Преку глава ми е што неможам да идам на еден одмор со другарките и да се опуштам и уживам како што треба. 9.Преку глава ми е мојот шкаф кој нема ново парче во него сиротиот незнам од кога. 10.Преку глава ми е што сум толкава плачка и што при секоја нервоза незнам да стегнам заби и да покажам колку сум цврста,туку се нервирам и плачам и неможам ништо против тоа
1. Преку глава ми е од другарка ми! 2. Преку глава ми е од другарка ми! 3. Преку глава ми е од другарка ми! 4. Преку глава ми е од другарка ми! 5. Преку глава ми е од другарка ми! 6. Преку глава ми е од другарка ми! 7. Преку глава ми е од другарка ми! 8. Преку глава ми е од другарка ми! 9. Преку глава ми е од другарка ми! 10. Преку глава ми е од другарка ми!
1. Преку глава ми е од тоа што колешките пробуваат да ми наместат дечко по нивен вкус. 2. Преку глава ми е од тоа што истите постојано се фалат за тоа колку совршен им е дечкото а не е. 3. Преку глава ми е од тоа што имам вишок килограми. 4. Преку глава ми е од тоа што татко ми е неодговорно ѓубре. 5. Преку глава ми е од тоа што немам вистински пријатели кои за промена слушаат а не бараат само да бидат ислушани. 6. Преку глава ми е од тоа што не постојат искрени луѓе на светот. 7. Преку глава ми е од тоа што немам дечко. 8. Преку глава ми е од тоа што не постои избор за факултети во Македонија. 9. Преку глава ми е да се каам за работи за кои не сум целосно виновна. 110. Преку глава ми е од глупаците околу мене кои мислат дека знаат се
Преку глава ми е од... 1.Луѓе кои го користат само `рбетниот мозок. 2.Тапкањето во место на државата ни,во сите ја бараме кривицата што не мрднуваме напред без да го погледнеме одразот во огледало! 3.Лагите,лицемерието,злобата...има сепак други начини по кои може да те памти некој! 4.Нервозите-им нема крај ама па не бива и без нив 5.Цеца,Јеца,Шабан и компанија- е доста е веќе,ги затруја децата,за другите-касно е 6.Касандра,Есмералда,Росалинда,Бандини и остала мафија- им ги засушија мозоците на жените со бајковите срцепарателни стории,им ги оставија празни тенџерињата на домаќинките 7.Непочитувањето,дрскоста,размазеноста,нарцисоидноста-Наса сеуште не го открила центарот на светот,ќе се разочараат кога ќе разберат дека сепак не се они! 8.Дождови,калови,чадори, распослани згмечени лисја,испрскани алишта со кал....од есентта! 9.Луѓе кои обожаваат да бидат сожалувани 10.Фејсбук...додуша од него и не ми е,го деактивирав пред два месеца и раат сум!
1. Лицемерие, злоба , караници. 2. Лажни пријателства, вештачко претставување на луѓето! 3. Индиски серии 4. Нервози - за кои нема лек и престанок! 5. Каде и да се завртиш за Фејсбук се зборува - ја виде оваа група ја виде онаа, леле сликите на таа каква е.. бла бла! 6. Турбо фолк - Аца и компанија КАТАСТРОФА НА ВЕКОТ! да го исцицаш мозокот на луѓето, стварно не ми е јасно како успаваат да се пробиваат овие луѓе.. 7. Лажни звезди како Џастин Бибер овие од мјузиклот и цела корпа други од кои човек мора да се откаже и од читање на весници зошто на секоја страна пишува по некој глупав детал од нивниот ден и секоја глупава ситница! 8. Вештачки убавици како Ким Кардашиан и Меган Фокс кои и покрај толку пишување за нив по стани и весници сеуште не можам да сфатам што работат тие всушност во животот зошто од тоа дека имаат убав задник и некој смотан детал од животот друго не можам да видам да има пишувано! 9. Нерешени работи за кои секој почнува да дава мислење и на крај еден ден така пишува наредниот па обратно. 10. Кога некој го кренал носот и не гледа ништо пред него а ни самиот не знае зошто!
1. Преку глава ми е од глупави луѓе. Дерман немам од нив. 2. Преку глава ми е од девојки што одвај чекаат на 19 години да се омажат. 3.преку глава ми е од Фејсбук. 4. Преку глава ми е од мобилниот што постојано ѕвони и се само некој трујачи тоа па тоа. (затоа го исклучив) 5. Преку глава ми е од некултурни луѓе во автобус и од дечишта што мислат на екскурзија одат и во 6 сабајле гракаат ко нездрави. ( а пак ако се погодат некои возрасни кои истото го прават ) 6. Преку глава ми е од прашањето кога ќе фатам дечко. Чекајте бе луѓе не сум престарена. 7. Преку глава ми е од луѓе кои мислат дека се знаат ( а уствари врска немаат од животот) 8. Преку глава ми е од тие турските серии. Мора да си го организирам животот според нив. (ако пропуштат една епизода од Лисјата шо паѓаат што ќе биди) 9.Преку глава ми е од тие шмизлите и кремчината, шлаговите или како и да се викаат самите себе што не гледаат подалеку од својот нос и мислат ако нокт им се скршил пропаднал светот. 10. Преку глава ми е од недораснати кои сториле над 20 години а се однесуваат ко деца од прво одделение. И што мислат дека тоа е слатко. ( не е слатко ако се лигушиш одвратно е ) Има уште мал милион работи од кои ми е преку глава ама да не ја раздолжувам листата. Едноставно таква сум се ми смета.
1. Преку глава ми е од ситуацијава во државава,од тоа што ВМРО и СДСМ само се "ругаат" по ТВ и мислат кој каква реклама да направи за повеке да го избрука другиот отколку за тоа време да размислуваат како барем малку да ја подобрат оваа држава 2. Преку глава ми е од факултетот , што цело време само си измислуваат нови правила и услови како им одговара нив и само некои дополнителни плаќања 3. Преку глава ми е од патолошки лажговци 4. Преку глава ми е од гребатори и гагаџии. Аман веќе еднаш! 5. Преку глава ми е од некој кој се прави дека се знае,а уствари нема прочитано 1 книга во животот 6. Преку глава ми е од луѓе без ОСЕТ и ОПШТА КУЛТУРА-барем општа. Значи сфатете веќе еднаш, осетот е многу битно чувство. 7. Преку глава ми е од снобови, размазени личности и луѓе што по цел ден зборуваат за Фејсбук,како да нема друга попаметна работа да се прави на нет,само тоа па тоа 8. Преку глава ми е од луѓе што ги пеат зборовите на песната порано отколку што всушност треба 9. Преку глава ми е од луѓе што бараат работа,а се молат да не ја најдат 10. Преку глава ми е од луѓе што цело време се со мобилниот во рака и постојано пишуваат смс пораки.
Преку глава ми е од 1.Многу учење 2.Моите 3-4 кг кои никако да ги симнам 3.Од фејсбук 4.Од дигнати машки 5.Од шмизли 6.Од мојава кратка коса која цел живот ја раснам и никако да ми порасне долга 7.од интернетот кој после 10 е спор 8.Од чекање за се и сешто 9.Од тоа што немам секогаш пари во мене 10.Од СЕ Не ми текнува во моментов се
1. од лицимерие 2. од неодговорни луѓе поставени на одговорни функции 3. од системот и неговото нефунционирање 4.од факултетот 5.од тоа што на сите матерјалното им е на прво место 6. од оние кои ги забораваат долгодишните пријатели 7. од луѓе кои се жалат како неможат да стигнат да направат се, а не прават ништо 8. од оние кои се индиференти и себични 9. Од трачарење 10. Од оние кои се жалат за сосема небитни работи
Преку глава ми е од: 1. Преценетите професори, кои бараат од нас нешто невозможно - да работиме како РОБОТИ! 2. Дигнатите, егоистични, женкари, кои сметаат дека можат да ја имаат секоја женска и дека цел свет се врти околу нив. 3. Тоа да ми недостасуваат пари кога сакам да си купам нешто! 4. Себичните, стиснати личности кои никогаш ништо не дале, а се’ бараат. 5. Незрелите, лигави, разгалени, богати девојчиња кои се однесуваат како петгодишни деца. 6. Тоа да бидам добра, а многумина тоа да го користат. 7. Тоа да немам време за мене, моите желби и потреби од тоа учење. 8. Тоа да сум ненаспана постојано. 9. Телефонот кој ми е расипан и се гаси на секој 15 минути. 10. Постојаното учење!
Преку глава ми е од: 1.Самобендисани луѓе,егоисти кои мислат само на себеси и својот интерес! 2.Лицемерни,користољубиви луѓе 3.Лигави створења 4.Типови кои се преценуваат 5.Луѓе кои само кукаат,а ништо не превземаат да ја подобрат својата ситуација 6.Непочитување,дрскост и арогантност 7.Лаги 8.Неправди 9.Турбофолк 10.Шпански,турски серии..
Преку глава ми е: 1. Од вообразени луѓе што не ценат што и да правиш за нив. 2. Од Фејсбук, компјутер и телевизија 3. Од јадење нездраво, од утре се хранам здраво. 4. Од времево, па дај малце нека залади. 5. Од мојата неодлучност. 6. Од другарите на дечко ми -.- 7. Од грижи и нервози 8. Од лошава состојба на светот 9. Од главоболки (само што не ми се преку глава, туку во глава -.-) 10. Од манипулатори.
1. Турски серии ( аман више, јаз'к да им е ) 2. Шалтери ( обожавам шалтер јас ) 3. Ставови од типот сакам - не сакам ( дај одлучи се више) 4. Забоболка ( има ли крај или треба вилици да си ставам ) 5. "Титни ми , да се видиме , да пиеме кафе на Лениниова, знаеш муабетче , ова- она, што има ново ? " 6. Комшиски муабети тра-ла-ла " Tи уште не се омажи? " 7. " Кредитот на вашата сметка е многу мал " 8. Салце на стомакот . 9. Партии, кодоши , лустратори, Бранко, Никола, предвремени..... 10. Реклами .
1.кога некој ќе ми вети нешто и очекувам да го исполни и ете тој ум нема на глава и ќе ми рече заборавив! -ме вади од кожа! 2.инатот на една претерано вообразена особа! 3.безгранично глупирање! 3.машката глупавост да се направат смешни. 4.миризбата на ПОТ во кафичи,дискотеки!!! 5.неизмиени заби со наслаги на нив 6.кога ми се јавуваат од дома да проверат кај сум 7.кога некој донесува одлуки на мое место. 8.кога некој ми кажува дека секогаш е во право и знае се најдобро. 9.кога ми се дерат на уво! 10.да ме ископира некој у понашање.
1. Патриотизам. 2. Не гледање подалеку од носот 3. Чукање во гради 4. Простотилук 5. Малограѓанштина 6. Неинформираност и неукост 7. Партиски војничиња 8. ВМРО 9. СДСМ 10.немаштија. Не ми се дојдени преку глава, ами ми се блуе од овие.
Во моментов : 1.Газолижачи 2.Деца со врски во школо 3.Губриња од професори- продадени души 4.Нереално оценување 5.Дружење од корист 6.Зборење позади грб 7.Од тоа што не ми доаѓа памет за некои работи 8.Луѓе што мислат дека се во центар на вниманието 9.Математикава 10.Монотонијата во животов
1.НЕГО 2.Учење 3.Од професори кои немаат појма,а делат памет 4.професоти кои се преценуваат,зборуваат со премногу ироганција 5.Лицемерие 6.Прости луѓе 7.занесени 8.оговарање 9.кукавици 10.луѓе кои немаат храброст
1.Станување рано 5 дена во неделата 2.Неправди 3.Шмизли 4.Лицемерие 5.Сезнајковци 6.Математика 7.Себични луѓе 8.Од тоа што скоро сите ме прашуваат "Зошто немаш Фејсбук?" 9.Машки што сакаат да испаднат фраери а не се и нема да бидат ! 10.Искористувачи