Едно нешто моментално - девојчињата кои ставаат разголени слики на фб, со големо деколте или сл само за да предизвикаат „внимание“...... Колку патетично! Друго нешто - глупине сликички на фб од типот: Што мислиш за мене? (во коментар пиши го бројот) 1. убава сум 2. добра другарка 3. досадна 4. згодна.... Пх пх пх.... какви глупости!
1.Лажговци , лицемерни , дволични луѓе 2.Типки на кои на фејсбук ставаат разголени слики 3.УЧИЛИШТЕ 4.Оние што ке се убијат ама ке привлечат внимание 5.Луѓе кои оценуваат други луѓе спрема изгледот 6.Озборувачки , оние кои се затрескани во мода , онака многу , 7.ТЕПАЧКИ 8.ФЕЈСБУК 9.Цигари , алхохол , дрога 10.ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД СЕ , САМО ОД ФЕМИНА НЕ
1.Преку глава ми е од здравствените проблеми кои го нападнаа нашето семејство ..и никако да не остават на мира .. 2.Преку глава ми е од ретардирани професори, што си ги лечат своите фрустрации на нас.. 3.Преку глава ми е од ''јаките фраери '' што се мислат дека се мажишта невидени , а уствари незнаат како да се приближат на девојка.. 4Преку глава ми е од дволични луѓе, кои кога имаат корист и га*от ќе ти го бакнат а кога не им требаш нигде ги нема.. 5Преку глава ми е недостиг на финансии.. 6Преку глава ми е од диетите што ги практикувам поголемиот дел од мојот живот.. 7Преку глава ми е од чекање автобус секој ден.. 8Преку глава ми е од мамини мази и татини синови.. 9Преку глава ми е од станување рано наутро за школо.. 10Преку глава ми е од монотонијата која ме опкружува во животов..ми требаат промени ..
1. преку глава ми е од лицемерни луѓе, искористувачи и сите што се прават дека ти се другари а кога ти требаат нигде ги нема. 2. преку глава ми е од глупата другарка што се прави светица и мисли дека дечко и ја сака, а уствари сите знаат дека ја вара со пола град! 3. преку глава ми е од мајка ми што мисли дека имам нешто со братучед ми па ми ги кине живците(како да нема други машки) 4. преку глава ми е од тоа секој месец да ми велат внимавај со парите овојпат нема многу, ке неможеме да го искараме месецов 5. преку глава ми се од глупото школо и од професори што немаат појма и ставаат незаслужени оценки!! 6. преку глава ми е што цел живот се мачам да бидам слаба и секојпат умирам од глад и на крај нема резулатати! 7. преку глава ми е од мојава коса, НИКАКВА е значи. морам секоја недела да ја фенирам и пеглам за да дојде во нормала 8. преку глава ми е од луѓево што ти се мешаат во животот а не си го погледнале својот 9. преку глава ми е што знае дека го сакам и не ми обрнува внимание глупак! а сака да излезе со мојата другарка! 10. и на крај преку глава ми е од СЕ! од овој ништожен живот и тоа што немам дечко каков што сакам!
1. Од мајка ми 2. Од факсот 3. Од цимерките 4. Од мајка ми 5. Од местово 6. Од телефонот 7. Од мајка ми 8. Од мајка ми 9. Од мајка ми 10. Од мајка ми....
1. Од глупави песни кои се возат на славата на некогашни хитови. Оставете ми ги на мира Imogean Heap и песните како Video Killed The Radio Star или I had the time of my life! Не ги силувајте со глупави електронски тонови! 2. Од лицемерие и глумење. 3. Од „сезнајковци“ кои не знаат ни 2 плус 2...ама упорни да бидат, тоа знаат и те како! 4. Од глупави ем арогантни луѓе 5. Од лажговци! 6. Од тоа како голем број на примероци од машки род губат му*а а голем број на женски примероци пак ги добиваат. Сакале или нејќеле. 7. Од намќори. Насмејте се ало! И мене ми било преку, не туку ми кукајте и правете фаци ко да умирате, а веројатно само ноктот ви е скршен! 8. Од тоа што премногу, секаде, во секој муабет го слушам зборот - фејсбук. 9. Од американизирано општество. 10. Од себеси, што воопшто дозволувам точките од 1 - 9 да ме нервираат.
1 - од нетолеранција 2 - од луѓе кои си го уништуваат животот од мали нозе 3 - од замарачи 4 - од сељаци - '' фраери '' 5 - од мене во некои моменти 6 - од едно лицемерно девојче 7 - од злоба 8 - од намќори 9 - од разноразни мои или туѓи проблеми 10 - од луѓе без свое ЈАС
1.Лицемерие 2. Озборување 3.Кога небитни личности си земаат за право да судат ! иако се 5588 пати полоши 4.Кукавици 5.Злоби луѓе ги имаме прееемногу 6.Фејсбук и живеењето за лајк и коментар 7.Изфорсирани, живеење во некој лоооош филм,оние кои ми се понашаат вештачки и нешто што не се. 8.Интриги ,стапици , и други извадоци од шпански сериии ! 9.Безвредно луѓе -мизерни луѓе кои се умислуваат ека се Фраери8 и Мачкици 10.Себичност ...
1. Преку глава ми е од школо, натрупаност, искомплексираност на професори. Не ги набројувам сите, има навистина професори на кои им пружам рака, и им ја давам сета моја почит..Но до останатите?! Аман бе луѓе! Не е само вашиот предмет во прашање. Со ова темпо и дадени задачи по 2 часа за одмор ми стасуваат само. И доста со тоа Вие сте Корчагин. 2. Преку глава ми е од партии, митинзи, препукување и замарање. Фатете се за работа. 3. Преку глава ми е од малоумни малограѓанки кои со главчето само маваат по ѕид. Напоменувам, не сте никој посебно, спуштете се малку, земјата ве повикува. Благодариме. 4. Преку глава ми е од воведување на американскиот живот во нашето општество. Знаете тоа е само филм. 5. Преку глава ми е од контролиран живот, немаштија и ограниченост. 6. Преку глава ми е од facebook. Фино ми беше кога се откажав од него, како се навлеков пак? 7. Преку глава ми е од луѓе кои знаат се, односно се прават дека знаат се...Впрочем она кое го кажуваат или не е подржано со факти, или пак е говор украден од друг, затоа што го мислеле за паметен за присвојување. 8. Преку глава ми е од постојано кукање, вреѓање и мрчење. Сите нешто коментираме, се нешто ни смета, а како и останатите и ние ништо не правиме. Utopian Society. 9. Преку глава ми е од мешање во туѓи животи, јадење го*на, распуштеност на женските, повлеченост на машките. Се се врти, а? 10. Преку глава ми е од секојдневни нервози.
1. Од глупавиот фејсбук. 2. Од тоа што се замарам со ситници. 3. Од лаги. 4. Од дождов што врнеше како луд. 5. Од настанот крајот на светот. 6. Од испити. 7. Од ПМС. 8. Од некои луѓе. 9. Од тоа што нема ништо посебно низ градов. 10. ОД сите овие нешта што ги набројав заедно.
1.од бесмислици 2.крај на светот 3.ПМС едноставно го мразам 4.факултет и досадни пофесори 5.родители и нивни глуппави сваќања 6.фејсбук 7.досада 8.лазене 9.глупави телефонски разговори 10.реклами за избори
политичари - туто комплето и влада и опозиција - ме дупнаа со овие нивни херојски реформи, а на крај тикви зелени. фејсбук - ова ко тренд стана, ни мобилен не е више у мода. твитер- набргу ќе биде подосаден од ФБ безработица- ахх у депресија ме фрла. крај на свет- па нека дојде више! аман нека заврши еднаш се кога толку сакаат! завидни, злобни и нападни луѓе- ќе ме задушат. промена на името- мислам во потсвест ми влезе. ЕУ- не можам више ни да прднам од овој збор! Скопските фраери и шмизли, снобови - мислам ќе почнам у фаца да им повраќам. Себичност- ова да не ти се верува колку го заразила светот, како вирус хара. секако дека има повеќе од ова, но некако сум имуна на нив, додека пак горенаведените неможам никако да ги игнорирам.
1 од ПМС-дефинитивно ке полудаааамммм ама веке 2 од моиве дома-само недоразбирања, кавги 3 од тоа што дефинитивно во македонија се е преку партиски или роднински врски, очигледно дека нема шанси нормално да се вработиш 4 од лицемерни и злобни луге кои едвај чекаат да ти забодат нож во грб 5 од сељаци, снобови, шмизли, мамини галеничиња 6 од факултетот-аман веке Господе семокен да се вработам и да го довршам 7 од избори, материјали, митинзи, и триста други партиски глупости(а за возврат нема помош за ништо) 8 од ноктите што ми се кршат,и од стомакот што се дебелее 9 од цела држава, и политичка елита, како и од европската унија во која што никогаш нема да влеземе преку глава ми е од се и од сите(во кратки црти)
Од моиве дома само карање и карање Од целулитов бегај више од мене, па мислиш ли ја летово кратки панталончиња дека треба да облечам? Од факултетов го мразам, ме мрзи да учам, со нетрпение го чекам денот кога ќе заврши годинава, а богами и денот кога ќе дипломирам Од другарка ми многу си ја сакам, ама подосадно суштество од неа нема, само збори нешто Од луѓево околу мене навистина се проста маса,ретки се оние кои имаат бар грам памет Од особи кои мислат дека се над сите а всушност не вредат ни скршен денар Од грди луѓе кои мислат дека се убави па добро бре имате ли вие очи и огледало Од фалбаџии и гаќи кога ќе купат се фалат Од девојките тако звани спонзоруши ии како само се упикуваат на типци со пари и кола Од теткици на 35-6 години кои сеуште мислат дека се во цутот на младоста и бркаат младо "месо"
1.Фејсбук(само си го трошам времето со него) 2.Луѓе кои што мислат дека се најубави, најзгодни, најбогати, најпаметни, а уствари врска немаат ни од убавина, ни од пари, ни од памет 3.Школо(едвај чекам да заврши годинава, премногу ме мрзи да учам) 4.Времево(или нека биде зима, или нека биде лето, вака не можам да му фатам крај) 5.Другарките(понапорни створења не сум сретнала во живот) ...ај 5 доста се, друг пат повеќе ќе напишам
1. Политика и предизборни куродрвења 2. Хронично несогласување меѓу сметките и буџетот 3. Македонскиот примитивен пештерски менталитет 4. Непотизам и вработување по систем "Родовска заедница", само на бато, тато, чичо, вујче 5. Предолг период веќе немам личност со кој можам да разговарам и да се чувствувам дека сме на иста фреквенција. 6. Тоа што ми е тешко да одржам разговор на некои основно, лесно ниво. Секогаш навлегувам во тупаџиски теми. 7. Невработеност 8. Кога ќе ми каже некој “Ќе биде бе, не се секирај“ 9. Од мојот песимизам 10. Фејсбук - додека си таму ништо паметно не се случува, а ако го одјебеш, си се изолирал на некој начин...
1. Шефови за кои едукацијата, до-образувањето и усовршувањето запрело многу пред да станат шефови па заборавиле дека има и такви кои што просто се палат на такви работи и имаат потреба да научат тоа што не знаат 2. Од избори, дал редовни дал предвремени ма у бестрага со вас и со себе што морам да следам вести, а ги избегавам демек и пак вртејќи по каналите на нив запирам и ги слушам и ги ругам, али ги слушам и подоцна пак истите вести ги гледам, да не се сменило нешто недај боже од прееска, јас да не чујам.. ма како тоа смее 3. Од „пријатели“ кои кога ќе ги видиш имаат фаца чиниш доживуваат оргазам од самото тоа што те гледаат, а одамна сте престанале да комуницирате и иако веќе 4 години си во земјава те прашуваат, тука си или... еј, нели тоа ме праша и пред неколку месеци. Дај да не се повторувам 4. Од туѓите проблеми, пошто очигледно мојата слушачка и сочувствителна страна веќе е пред колапс, немам простор во мозоков да ве соберам сите, посебно не кога јас имам свој хаос кој не знам како да го средам. Ви личам ли на човек што средува хаоси?!? 5. Од сочувствителните, кои секогаш знаат како ми е на мене, пак секое мое нерасположение го поврзуваат со нешто што завршило пред месеци, али не пропуштаат момент да ме прашаат дали има нешто од таа страна. Побогу НЕМА! крај, финито, адиос, фак ју анд хев а најс деј 6. Од друга категорија сочувствителни за кои ова е возраст на која треба да се има деца и маж, пак се што во моментов имаш го поврзуваат со „дали ќе се озакони, ќе си ставите прстенчиња, ќе му изродиш децчиња“... аман, нема прстени човече, не сите сме сањале да сме убаи невести во бели фустани пред 30. Врска бре врска да ти е убаво дур ти е убаво тоа е тоа, кој ти мисли на брак. Глеј си своето не ми се мешај во моето. Секако нема да сме на исто, побогу јас сањам за друго, ти живееш во нешто трето. 7. Од мојата инсомнија. Крајно време е проблемите што ме мачат да се решат бре, што и да се тие и да почнам да спијам ко нормален човек... ааааман. 8. Ех мистер у бестрага иди остави ме намира. Кажано е сто пати, дури и не ти пишувам. Што замараш, да не сум сама ПРЕБОЛИ ГО. можело и без тебе. 9. се буквално се 10. дополнително сето она што не влегува во тоа се. ајде создравје!
1. Преку глава ми е постојано да излегува нешто што ќе ми го закомплицира животов 2. Од моево преоптоварување со иднината 3. Од мојата глупавост и неснаодливост 3. Од негативни, нерасположени луѓе 4. Од егоисити, нарциси и луѓе кои мислат дека се центарот на светов 5. Од немање време да завршам се! 6. Од моето преќутување и нервирање во себе 7. Од дечко ми. Навистина те сакам но остави ме малку да дишам! 8. Од времево! 9. Од предизборниве кампањи. Џабе трошат пари, и малите деца знаат како лицемерно не лажат 10. Од моите преголеми желби и позитивност за во иднина кои постојано нешто ги расипува!
1.Учење. 2.Учење. 3.Учење. 4.Учење. 5.Учење. 6.Учење. 7.Учење. 8.Караници со дечко ми. 9.Замарање од страна на мајка ми и татко ми. 10.Љубоморни фацки.