Монотонијата во моето секојдневие што ја трошам платата на половина месец после свиркам ... што некои луге ми ги злоупотребуваат и тие едвај слободни денови Ладното време Сонце да не се видело долго време Скапотијата на денешното време ... и ред ред други работи
преку глава ми е од 'таа што ме родила' ! (не е како сите, се се...но вакво нешто во животот немам видено)
Што не Сакам?! Пардон што ќе кажам, НО мразам: - Полни контејнери во Центар на Скопје на 40 Целзиуси во сред Јули - Тоа што улици се копаат и асфалтираат во 4 саат попладне кога нормални луѓе се враќаат од работа - Поштари што ми ги носат(ако ги донесат) сметките после 20 дена, па ЕВН ми репа камата за задоцнето плаќање и на истата ми мава ДДВ да ми заокружи на 100 денари - Што сите плаќаат сметки во Комерцијална Банка у ГТЦ (не можам никогаш да влезам бре!) - Продавачки што во супермаркет ми ја ставаат фолијата на крајчето од црево - саламата за да ме фати 10 грама повеќе - Теткицата во маркетот карши мене што упорно не носи Coca Cola и Fanta, и ме убедува сека Sinalco-cola е сок! - Луѓе што мислат дека Јустинијан, Ченто и Александар заедно на плоштад се уметничка комбинација! - Луѓе што не знаат кој е Јустинијан а која Јустиција - Што ме тераат у партија за да ми дадат интелектуална работа, да е до мене јас сите ќе ги терам у црква, па да видиме - Директори што здорат на `Че` (не мислам на револуционерот, мислам на `Че ојме, `Че прајме) - Провинцијалки што се запишуваат на факултет у Скопје, за да се омажат тука - Скопјанки што се запишуваат на Правен затоа што таму идат поубавите - Фраери што седат у AњА и зборат на мобилен цело Велимбегово да ги чуе - Манекенки што ставаат парфеми на точење па искачаат у град - Пензионери во автобус на JSP во вторник и петок што се враќаат од хранење голуби во парк во сред шпиц-от и сакаат да им станам за да седнат - Генијалци што возат кола по тротоар и ти свират да се тргнеш - Истите господа што на пешачки додаваат гас (само во Скопје можеш да видиш пешаци што да им е страв да пројдат) - Особи што ми пуштаат покани за на кафе на FACEBOOK и мислат дека ќе прочитам, и после се лутат зашто не сум отишла - Што типката во кинескиот ресторан во Рамстор ми става 3/4 ориз и 1/4 сос во порцијата и мисли дека ми прави финтане приметувам - Браќата у Чаир што не им чуе за ништо кога си пукаат на свадба, за нив нема полиција - Што треба да си го сменам името за да станам Европеец Ма ништо не менувам више, од мене толку, фала за вниманието!
Што не Сакам?! Не сакам кога некој ме нервира, лаже, провоцира и ми се прави паметен Не сакам кога мислам на бившиот дечко Не сакам кога баба ми ми е лута Не сакам инсекти, црви, змии и други врсти на влекачи Не сакам сирење Не сакам машки што глумат дека се тешки да се добијат Не сакам кога ме боли стомакот Не сакам да ја чувствувам оваа болка и овај гнез и желба за одмазда Не сакам да те видам со друга Не сакам кога некој ми се заканува Не сакам пеколно време Не сакам да се мажам Не сакам мајка ми да ме прашува дали имам дечко или дали сум имала Не сакам неуредност Не сакам кога ќе ми ја изедат Нутелата
Преку глава од -Озборувачи (некои стварно немаат граници) -Критичари (као демек они никад немат згрешено) -Лицемери (на кои секојдневно и се покачува бројот) -Лажговци и Манипулатори (на кои им нема број а особено популарни се кај машкиот пол) -Користољубие (не сме сите овци па да не стрижат колку сакаат) -Материјалистите (го губат значењето на животот) -Интернет (постојано си ги заморувам очите беспотребно и го губам трпението и живците чекајќи пола саат да се конектира) -Чистење (колку и да си темелен за еден ден и ајмо јово наново) -Мојот неуспорлив перфекционизам (едноставно губам енергија и време за непотребни детали за после да можам мирно да спијам) -Кавги со дечкото околу ситни работи (таква сум иако ми е дојдено преку глава неможам да го сменам тоа, сепак човек не се сопнува од планини туку од камења! ) -Работи да се вон моја контрола (неможам да се сносам со фактот и е доста лоша особина не сум некој диктатор ако не друго барем преферирам да бидам известена за се што се случува околу мене )
1. од руините од сообраќајници по Скопје 2. од машките возачи, кои секогаш имаат предност, онака агресивно и простачки 3. од машината на која се откуцавам за редовност секое сабајле 4. од лицемерните фаци, кои одма потоа ми кажуваат „добро утро“ со пола уста 5. од телефоните, кои неуморно молчат 6. од дупката во градиве, што не се полни со ништо на свет 7. од спориот бојлер. дур згрее вода температурата надвор е веќе 18 степени 8. од црните хроники по вести 9. од смешните проекти на владата 10.од мене, што сум глупа к`о една ствар... зошто немаше барем уште 10?
1.Учење 2.Шетање куче 3.Дволични и тролични луѓе 4.Галамата на комшиите кога сакам да спијам 5.Бабите пред зграда кои немаат попаметна работа и само оговараат 6.Машки идиоти(секогаш јас ја имам " среќата " да ги запознаам) 7.Чистење по дома 8.Одење до продавница по најжешкото 9.Пијани девојки кои се смеат како кокошки во три саат сабајле 10.Муви и комарци
Преку глава ми е од озборувања Преку глава ми е од пријатели кои ме користат Преку глава ми е од најблиските другарки ако негде заминам одма си наоѓааат замена на местото мое! Преку глава ми е од природни катастрофи(пожари,земјотреси...) Преку глава ми е од труење на уличните кучиња Преку глава ми е од она ај плс лајк Преку глава ми е од од најлиската другарка која во се ама баш во се ме копира!!! Преку глава ми е од оние кои ми титкаат на мобилен -.- Преку глава ми е од фалбаџии Преку глава ми е од луѓе што се мешаат во мојот живот THE END
Под број еден, хефе! Под број два хефе! Под број три, хефе! .. четири, пак хефе! .. .. . . и под број десет, од тоа што сум жаба, а се осеќам ко доги, најс доги при тоа.. Ах, и од овој живот кучешки, пошто не е скроен за една жаба .
Преку глава ми е од: 1.Дволични суштества 2.Користољубиви суштества 3.Озборувачки суштества 4.Тоа што цело Скопје е copy paste со една иста ташнаа 5.Целулитот од кој неможам ама баш никако да се ослободам 6.Најдобрата другарка на која денес и е роденден а она во 5 до 12 шо се вика ме покани на роденден 7.Кучето на комшијата што постојано лае 8.Брат ми 9.Тоа што пак немам скршен денар во џеб 10.Досадаа уф имам уштее тоолку многу работи што ми се праку глава..-.- ајде чао.
Преку глава ми е од: 1.Личности што се мешаат каде што не му е место 2.Личности што се прават сезнајковци 3.Од црвената тетка и тие неколку дена пред неа и после неа 4.Од училишните обврски и наставници без совест 5.Од дофрлувањата по улици 6.Од секојдневните и исти лекции од родителите 7.Од личности кои се добиваат со лижење 8.Од болеести 9.Од пожарите 10.Од фб
1. Од немање доволно пари. 2. Од мојата ФБ зависност 3. Од досадниот ноќен живот. 4. Од комарциве 5. Од еден тип на кој мислам 24/7. 6. Од мајка ми и татко ми (неподносливи се последнава недела) 7. Од помислата -Што понатаму- 8. Од мене оти сум најглупава на цел свет. 9. Од проектот Скопје 2014 10. Од проклетата досада.
1. Глупави луѓе 2. Фејсбук глупости 3. Ограничувања 4. Предрасуди 5. Разни карактери на луѓе кои не ми се допаѓаат ( да не набројувам) 6. Курви и оние кои што се поставуваат како такви 7. Искористувачи 8. Врски во државава 9. Постигнување цел без труд 10. Posers
Oд смрдливи луѓе. Луѓе без никаква култура и манири на однесување. Себични луѓе. Од персони кои немаат допирна точка со реалноста. Од луѓе што мислат дека знаат се. Од луѓе кои не знаат ништо. Од луѓе желни за внимание, до тој степен што ништо не е важно оавен нив и вниманието насочено кон нив. Во глобала човечкиот род ми е преку глава.
преку глава ми е од 1.луге што се мешаат у врска 2.фејсбук 3.особи кои ти праат муабет од корист 4. бифши кои јадат гомна и вадат муабети 5.луге кои се праат дигнати а уствари се нула итн итн итн