1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

10 причини зoшто да престанете со диети!

Дискусија во 'Диети' започната од m.u.t.a.n.t, 17 јули 2012.

  1. m.u.t.a.n.t

    m.u.t.a.n.t Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Сте се запрашале некогаш зошто е тешко да се остане на диета и да се изгуби некој килограм ? Постојат многу причини зошто не работат, а уште повеќе причини зошто да се откажете од нив. Ако веќе не го памтите бројот на диети кои сте ги пробале, време е да престанете со тоа и да почнете да го практикувате стариот и докажан начин за намалување телесна тежина - со тренинг во теретана и мали промени во храната.

    1 - МНОГУ ОД ДИЕТИТЕ НЕ ДЕЛУВААТ

    Проблемот со многуте диети е тоа што многу се специфични за да се прилагодат на нашиот секојдневен живот. Тие ви кажуваат што да јадете и кога, но не се земаат во предвид индивидуалните обврски, начин на живот и работите кои може да се обезбедат, а се потребни од диетата. Запомнете дека намалувањето на телесна тежина и фит форма е нешто што трае долго време, т.е тоа е начин на живот.

    2 - МНОГУ ОД ДИЕТИТЕ СЕ СМЕШНИ

    Привремените диети, како што се диетата со зелка, или холивудските диети, користат методи со гладување за да се ослабе, и доколку не сте знаеле тоа се тотално погрешни и нездрави начини на слабеење. Диети кои забрануваат една или повеќе врсти на храна треба да се последни на листата на диети кои треба да ги практикувате, затоа што ќе имате недостаток од потребни хранливи материи и слабеењето ќе биде само привремено. Зошто да си го трошите времето ?

    3 - НЕКОИ ДИЕТИ СЕ ТОТАЛНО НЕЗДРАВИ
    Не се сите диети нездрави, но има голем дел од нив кои забрануваат цела група на храна да се внесува, со цел да се намали телесната тежина. Научниците често прават забуни дали овие диети се здрави или не, но не треба да сте многу паметни за да сфатите дека се потребни протеини, јаглехидрати и масти во еден режим на исхрана за да слабеете здраво. Диетите кои се ниски со масти или калории не се здрави, и ако диетата е премногу рестриктивна, нема да ја следите.

    4 - ДИЕТИТЕ НЕ СЕКОГАШ СЕ ПРИЛАГОДЕНИ НА ВАШИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

    Многумина од нас се презафатени и немаат време да купуваат специфични видови на храна и да бројат калории како што наложуваат диетите. Ако диетите бараат многу работи од вас кои неможе да ги исполнувате, што мислите колку време ќе ја пратите таа диета ? Може да изгубите килограми без некое посебно броење на калории, да одберете храна која содржи помалку калории, и да вклучите тренинг во теретана или кардио тренинг. Ако ви треба некоја подетална диета, одберете некоја која ќе ви одговара на вашиот начин на живот.

    5 - ДИЕТИТЕ ПРАВАТ ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ НЕУСПЕШНИ

    Голем дел од диетите се толку сложени и рестриктивни, што речиси загарантирано е да неуспеете . Треба да сфатите дека нагли промени во вашите навики преку ноќ нема да сменат многу, за тоа потребен е временски период. Правете постепени и мали промени и дајте си време за да почне да се одвива слабеењето. Дајте си себе време да ги промените лошите навики. Ако пратите некоја диета, одберете еден дел на кој ќе се посветите додека не го промените (на пример, пробајте да имате здрав оброк наутро, додека другите оброци се вообичаени). Потоа продолжете на следен дел.

    6 - ДИЕТИТЕ ГО ПРАЗНАТ ПОБРЗО ВАШИОТ ЏЕБ

    Диетите за намалување тежина се голем бизнис. Запомнете, луѓето кои продаваат книги за слабеење имаат цел да ги земат вашите пари и да направат голема куќа во Беверли хилс. Мислите дека некој е загрижен за вашата среќа и здравје, освен вас ? Не. Бидете скептични околу книгите и диетите секојдневно што ги среќавате.

    7 - ДИЕТИТЕ СЕ ПРИВРЕМЕНИ

    Здрав начин на живот и фитнес не се опција за комбинација со некоја екстремна диета. Дури и ако пратите некоја стрикна диета, многу брзо ќе се откажете кога ќе почнат кризите за вашата омилена храна (а тоа ќе се случи ако диетата е премногу рестриктивна). Ова значи дека ќе изгубите телесна тежина, но веднаш ќе ја вратите од кога ќе ја прекинете диетата. Зашто да го трошите времето на овој начин ?

    8 - ДИЕТИТЕ ЈА ТРОШАТ ВАШАТА ЕНЕРГИЈА

    Причината зашто намалувате нагло телесна тежина за време на диета е поради големата рестрикција на калории. Иако мислите дека ова е добро, премал внес на калории доведува до изнемоштеност, недостаток на енергија, дури и успорување на процесот на намалување на телесна тежина. На вашето тело му е потребна енергија за намалување телесна тежина, и ако не добие доволно вашето тело ќе ја складира како масти. Јадете неколку помали оброци во текот на денот да бидете сити и полни со енергија.

    9 - ДИЕТИТЕ И ДАВААТ ЛОША РЕПУТАЦИЈА НА ХРАНАТА

    Диетите најчесто ги забрануваат видовите на храна кои ви се омилени. Кога нешто ќе ви се забрани и знаете дека не смеете да го јадете, станувате опседнати дека неможе да ја јадете баш таа храна и вашата потреба е се поголема. Запомнете, нема лоша или добра храна и може да јадете тоа што сакате но ако е умерено и повремено. (За некои) Јадењето храна е едно од најомилените задоволства и може да уживате во неа без грижа на совест кога јадете умерено и повремено.

    10 - ДИЕТИ НЕ СЕ ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА СИТЕ

    За некои индивидуи, диетите се одличен избор ако се прилагодува на нивната цел, буџет и начин на живот. Како и да е, вакви диети не се за секого. Ако имате проблем за да се задржите на диета, тоа не значи дека проблемот е со вас или сте "проколнати" да не успевате. Најдете други начини да ги трошите калориите. Фокусирајте се на една работа во одреден период, и потоа преоѓајте на друга, на тој начин полека но сигурно ќе се навикнете на нов и здрав начин на живот.

    Извор: napumpajse
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.029
    Допаѓања:
    20.701
    Пол:
    Женски
    Го имав ова прочитано на Напумпајсе сега ми текна, видов долу извор :)
    Сите знаеме дека се ова е точно, јас лично сум пробала неколку диети и ниедна не сум ја држела повеќе од 2 дена. Пред месец и пол почнав поактивно да трчам, вежбам и во теретана и плус дома на орбитрек, (и пред тоа вежбав на орбитек и на пилатес топка дома) од прво не држев диета ама :!: не јадев леб и благо имаше резултати-ослабев 3кила за 3 недели, по 1 кило во неделата. После ја најдов Ун диетата и ја почнав. Еве денес 12ти ден ми е и не се осеќам дека сум на диета. Имам енергија за се само малку овошниот ден ми е тежок иначе гајле немам. И ослабев уште 2-3 кила. Јас засега ќе си ја терам УН, имам супер резултати и мислам дека ми одговара овој режим на исхрана, патем го сметам за здрав начин на исхрана.
     
    На m.u.t.a.n.t му/ѝ се допаѓа ова.
  3. m.u.t.a.n.t

    m.u.t.a.n.t Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    супер е тоа што го правиш трчање и се другото али сепак како сакаш има и др начини како да стекнеш здрава секојдневна исхрана а не денови да броиш али тоа е се твој избор.
     
  4. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Mислам.... живи глупости. Одамна немам прочитано нешто толку патетично. :D
    Прво и основно-диета не се почнува туку така. Се одредува според крвната група. Второ,не може да не дејствува,порано или подоцна ќе има резултати. Трето,напротив диетите се препорачливи,наместо неконтролирано јадење. Престогите диети не се препорачливи,ама било каков режим и ред на исхрана-се препорачува и те како. И да не најбројувам уште колку замерки ќе најдам....

    end of disscusion :D:D
     
    На Jowe и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  5. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Bescheiden тотално се согласувам со тебе.
    Да кажеме јас ја држев диетата од моделите на "Victoria's Secret" и многу ми помогна. Во диетата ги има сите видови на храна. :)
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ole13

    ole13 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Jas sum 8 odd i pred okolu edna godina oslabev 11 kg bez nikakva dieta .. Spored mene dieta e pravilna i zdrava ishrana , vezbanje i jadenje vo mali kolicini .Celata maka bese prvite 2 nedeli pripazuvav kolku jadam i sto jadam o na den pravev od 100-200 stomacni. :)
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    фала му на бога никогаш не сум била на диета :D најздрав начин за слабеење е редовно вежбање и конзумирање на здрава храна :)
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Оние правилните диети не се ништо туку здрав начин на исхрана , ама служат да ни воведат ред и да имаме некој план во исхраната, јас лично имам потреба од некој план на кој ќе се држам . А и секако физичка активност со правилно избрана диета . Така да секогаш кога има потреба од намалување килограми сакам добра диета со добар план ,ми треба нешто по кое ќе се водам :D